Chiller
user
Гарант знаат за манава и Анхоч и Самсунг.Здраво на сите, имам Samsung Odyssey G5. Денес воопшто нејќеше да се упали со клик на тоа доле џојстикот што е. Свети сино ама воопшто не реагира на ништо, и исклучување и вклучување од штекер ништо не помага, си се вклучува сино тоа доле ледот и толку. Го поврзувам на лаптоп, лаптопов го препознава дека е поврзан и модел и резолуции и се и преку DP и преку HDMI. За среќа имам уште некоја недела од гаранцијава, на 26-ти месецов истекува (2 години) и бев спремен утре да го однесам. Купен е од Анхоч.
У меѓувреме прочачкав по нет за некој проблем дали има познат за овој модел и од редит што најдов пост сите препорачуваа да се ,,лупне,, од позади и од доле неколку пати и да се проба, го читам ова и бев као втф е ова. Идам да пробам го лупнувам 2-3 пати, го притискам џојстикот, оживува и тек тогаш сум као wtf. Го гасам преку истото работи, пробувам да го упалам, нејќе, го лупам пак, проработува, еве од тогаш работи цело време најнормално без лупање никакво.
Идеа совет што да правам, да го носам, да не го носам, до што може да е, ако да како воопшто да ги натерам да го отворат да видат, пошо ако им го однесам 99% сум сигурен (марфи јбг) дека се ќе работи и ќе ме вратат назад. Буквално се си работи топ, нема проблеми само на клик на џојстикот ете цел ден не рагираше ништо, лупни го се оправи... @Daniel86 би бил благодарен ако има идеа што може да биде да даде совет до што може да е, знам се бави со вакви работи електроники а и лично позитивно искуство имам со него.
Благодарам однапред на сите.
Можно е Самсунг да им има пратено резервни делови затоа што е најверојатно фабричка грешка и да ти го заменат цел дел бесплатно.
Додека работев за Самсунг 500 телевизорски електроники испратија за бесплатна промена зошто имаше слични проблеми...
Однеси го во сервис, се надевам дека Анхоч се увозници и да ти го решат проблемот.