Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Новите Магента пакети?

olikomerc

poweruser
11 декември 2008
4.884
3.812
И да раскинам договор со Телеком (иако сумњам дека може), единствена друга опција ми е Вип. Таму слични пакети што гледав како Магента-М ми излегува 2х мобилни 750=1500 + тв+нет за дома 800 = 2300. А сега плаќам 2547 за Магента-М, така да нема некоја разлика, плус на Телеком далеку подобра ТВ понуда со сите спортски пакети канали, подобар интернет, за мобилните да не зборам исто по 16гб месечно интернет итн.
 
NanoCell

hello world
10 октомври 2011
419
521
Целиот проблем е што нема некоја валидна опција дури и да го раскинеш договорот. Каналите се исклучени низ цела Македонија. Се приближуваме до моментот кога ќе си платиш годишна/месечна претплата на сервисот кој сакаш да го имаш (Netflix/спортски канали и лиги) и ќе ти биде достапна содржината секаде.

Искрено мене ми има изгубено смисла во пакетите при пресметка да има иста цена ТВ пакетот и интернетот, гледано од субјективен аспект.
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.067
7.749
Хм, а смеат на тие што им е истечен договорот да им укинуваат/менуваат канали?
 
NanoCell

hello world
10 октомври 2011
419
521
Хм, а смеат на тие што им е истечен договорот да им укинуваат/менуваат канали?

Малку е нејасно ова ... Ако е истечен договорот, значи немаат никакви законски обврски кон тебе.

Ако мислиш на тоа да ти се истечени 2 години од договорот, немаш потпишано нов, но автоматски се обновува секој месец/(некој друг дефиниран период кој варира од оператор до оператор), пак е истата приказна, имаат дефинирано во договорот дека програмата е подлежна на промени ... и тоа е тоа.
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.177
16.270
99.9999999999999999999999999999999999999999999999999999999999999999% ниеден од корисници на телеком не го чита договорот само летаат одма да потпишат значи прво....дали знаете колку коштаат ОНТ рутерот ресиверите ценовникот го имате ли прочитано има да ве изгорат за секое кабелче и уредче ако не им го вратите :) а не па дали смеат да гаснат канали или не се си смеат они.

Хуавеи рутерот мислам дека им е 6000 денари а ресиверот од 6000 па нагоре со тоа што има цени за уништено изгребено и ред други финти :))

Имам 3 рутери и еден рисивер одкај нив, ги молев да дојдат да си ги земат. Ги боли ташко нив, не е фирмата на мајка им...
 
DemoUser

Баниран/a
27 април 2010
1.457
1.632
Скопје / Автокоманда
Имам 3 рутери и еден рисивер одкај нив, ги молев да дојдат да си ги земат. Ги боли ташко нив, не е фирмата на мајка им...
Нема да ти дојдат никогаш другар ти колку сакаш мавај се од земја и барај ги да дојдат во договорот стои дека опремата треба да се врати назад е сега нејќам да ти објаснувам посложено него ќе ти го дадам мојот пример...Имав ЗТЕ рутер стрикно за бројот на телеком што е за старциве сменив се префрлив на неотел отидов поштено им кажав дека бројот е портиран и дека мене ова не ми треба и нејќам да ми го наплатите за џабе бидејќи знам дека се наплаќа.Таа цурата ми кажа вака....доколку не сте го вратиле се наплаќа 4500 или 4750 денари и она рече поштено не се знае кога ќе ти го наплатат дека системот е катастрофа али дека ќе ти го наплатат тоа е 100000000000% бидејќи на името на мајка ви стои дека има оставено рутер ЗТЕ со тој и тој сериски број.Така да ако отидеш во салон земи си слободен ден отиди најрано али стрикно од понеделник до петок додека гужвата од сабајле ја нема и сите се на работа распрашај се убаво и се ќе ти објаснат ако видите да има 10 15 души во натре или повеќе готово џабе чекате тука има само што побрзо да ве избркаат или излажат за да потпишете договор.

Така да јас си го давам мојот личен пример и мое искуство, а вие размислете дали ќе го вратите или не и не ме сваќајте погрешно али тој рутер НЕ ВРЕДИ 1 долар , а па мене дома од инает да го чувам и да ми седи и некој да ми го наплати 5000 тоа нема да се деси никогаш.Си вратив си побарав документ печат со сериски искуцано од рутерот и ми рекоа дека со овој документ што го имам кој и да ви побара слободно прикажете го и нема што да ви бараат.
 
Едит : Истото беше и со ОНЕ.ВИП се си имаат сериски и мак адреса кој рутер ви е оставен така да ми побараа лучна карта и одма ми кажаа треба да се врати уредот а дундето се зачуди како ја имам и кутијата и упатствата и цдто од нивнито ТЕХНИКОЛОР рутер и рече тоа е тоа еве ви документи и пријатно.
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.067
7.749
Малку е нејасно ова ... Ако е истечен договорот, значи немаат никакви законски обврски кон тебе.

Ако мислиш на тоа да ти се истечени 2 години од договорот, немаш потпишано нов, но автоматски се обновува секој месец/(некој друг дефиниран период кој варира од оператор до оператор), пак е истата приказна, имаат дефинирано во договорот дека програмата е подлежна на промени ... и тоа е тоа.

Има ли толкување од АЕК? Ако АЕК за постоечките го игнорира тоа дека „е подложна на промени“, зошто ние завршените да имаме поинаков третман кога има некаква одлука/пропис дека заувек смееме да си останеме на истата услуга и цена? Приговор му е мајката. Барем за попуст како за нов корисник. Вака ем ме третираат како стар корисник па не ми даваат попуст за нов корисник, ем ме третираат како НЕкорисник па ми кратат канали. Неќе моќи
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.177
16.270
Однеси им ги. Ќе ти стигне од извршител некоја небулоза после 3 години

Па поминаа 6-7 години од тогаш.
Тој што ми ја местеше оптиката не си ги зема старите, ми рече оди во салон врати ги. Ги однесов во салон ми рекоа не ги примале они таму, требало на техничарот да се дадат, ќе пишела налог да дојде да ги земе. типот никогаш не се појави.

Шо ги **ам на крај краева, нема да ги молам.
 
Кога ќе ја чекаш жена ти по продавници, влези во Телеком и прашај да видат што служат на тој и тој број...
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.177
16.270
И сега Телеком смеат или не смеат да ги укинат единствените програми кои ги гледам? Освен Discovery, ID и Animal Planet јас друго не гледам УОПШТЕ!
 
alex-st

hello world
1 декември 2010
155
76
И сега Телеком смеат или не смеат да ги укинат единствените програми кои ги гледам? Освен Discovery, ID и Animal Planet јас друго не гледам УОПШТЕ!

Смеат и веќе го направија тоа. Види го мојот пост погоре со линк до статијата на ит.мк
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.067
7.749
И сега Телеком смеат или не смеат да ги укинат единствените програми кои ги гледам? Освен Discovery, ID и Animal Planet јас друго не гледам УОПШТЕ!
@astro Ама според АЕК и смееш да го раскинеш договорот без пенали (барем уште десет дена)
 
Speedster

hello world
1 јануари 2016
463
427
А дали некој знае ако имаш тел земено на магента претплата да не тогаш неможеш да раскинеш договор дека си ограничен со договор за тел ???
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.067
7.749
Мислам рокот е 15 дена од претходно известување т.е. од промената.
 
Speedster

hello world
1 јануари 2016
463
427
И јас така знам дека магента е ( мобилен број , интернет , тв ... ) и у тој случај дали може или неможе да се раскине договорот . Или АЕК да се јави и праша
 
bidikov

hello world
8 април 2007
53
39
vladislav.bidikov.com.mk
Малце историја (за оние што не ме виделе на форумов со години):

Одамна терав битка со менување на услови во договот (во она време кога наеднаш на супер брзиот АДСЛ од 384 килобита решија да воведат лимит на сообраќај) и процесот одеше бавно (со цел да те разубедат да се откажеш од приговори, и жалби) на крај дозволија да се раскине договорот според тој принцип...

Не толку одамна, откако немав мобилен интернет (при спојувањето на ОНЕ и ВИП) со месеци по истата голгота и жалба прво до операторот, а потоа до АЕК - добив решение со кое се укина анексот на договорот за мобилна телефонија (за правно лице) и договорот се префрли во договор на неопределено време (за кој важи стандарден отказен рок по поднесено барање за раскинување) и тогаш во одлуката на АЕК (која е конечна) операторот го изгуби правото за наплата на договорни пенали, а мене ми останаа сите привилегии (не се променија претплатите, ниту ми бараа да ги вратам бенефициите - читај телефоните од кој еден е Самсумг S6)...

Услови за раскин има корисникот секогаш кога ќе настане таква промена и нема некаков рок бидејќи и рокот на одговорот на приговорот е дефиниран на начин кој е доста флексибилен... (секако има апсолутен рок по кој и ако не добиете одговор веднаш можете да се жалите во АЕК)

Сега малце сегашност:

Работата која потоа е проблематична за потег како овој е што потоа... еве ќе имате договор кој сега вие на неопределено, но нели во истиот ги нема условите кои вие ги сакате (сега каналите, во мојот случај мобилен интернет) и вие продолжувате да плаќате како да имате договор на 24 месеци (значи помалце одошто на неопределено) и тоа е финансиски реално во ваша корист... ама на крајот каналите сеуште ги немате (или во мојот случај мобилен интернет пак со лош квалитет) и немате алтернатива бидејќи бенефициите (каналите) ги нема кај другата опција ...

На крај ќе барате алтернативно решение или ќе се помирите (како во мојот случај поради полоша понуда на новите пакети за бизнис корисници кај сите мобилни оператори) ...

Проблемот е тука поголем и ако не се лажам во Законот за Електронски комуникации има пропишано казни (драконски казни - во рангот на 10% од годишен приход на операторот) за вакво однесување на оператор со значителна пазарна моќ на пазарот (или во нашиот случај два оператори), а последно колку што проверив за телевизија преку ИП и кабелска мрежа тоа се Телеком и ОНЕ.вип ... да бевме некоја културна ЕУ земја (холандија, франција и сл.) ова веќе ќе беше во постапка на испекција по што ако навистина причината не е убедлива и финансиски оправдана (пример 200% зголемен трошок по корисник за секој канал) ќе има драконска казна во Управен суд или налод да се вратат каналите за корисниците (на трошок на операторот)...
Е сега, несакам да помислам дека во минатово операторите пријавувале помал број на корисници од тие што се реално кај имателите на правата, па сега кога дошло време за обнова (а ова не е сигурно еднаш годишно ради финансиски причини за самиот оепратор) застапникот видел (или добил на друг начин информација) во податоците кои се јавни и кои АЕК ги објавува за секој оператор, дека истиот тој оператор сега после 2 години има зголемување на корисниците 10 пати или не дај боже 100 пати па и цената нели скокнала поради тоа (иако реално цената по корисник паѓа кога растат корисниците)... па тука се ојавиле „зголемените трошоци за каналите“...

На крајот на денот, после изјавата на имателот на правата објавени во статијата некако се ми оди кон ова последново бидејќи излегува дека „поскапувањето“ е само за овие 2 најголеми оепратори со значителна пазарна моќ, а тоа некако ми е сиво и нетранспарентно (да не речам многу ми личи сомнително како што беше соопштението на ОНЕ.вип за целосниот колапс во декември на сите сервиси во кое се повикаа на глупост која они ја нарекоја „мегународни линкови за сообраќај во мобилна мрежа“)...

Најлошото што може да се случи е корисниците да побараат раскин на анексот на договорот за верност на 24 месеци и да побараат да важи основниот договор (што ќе доведе до сериозна несигурност на оепраторот) па потоа 2-та оператори да почнат да размислуваат дека доколку се појави подобра понуда имаат ризик овие корисници да си отидат и дополнително овие корисници ќе плаќаат помалце и ке користат привилегии без да има сигурност операторот дека ќе ги има за корисници во наредните 24 месеци... сепак ова ќе бара многу истрајност од корисниците кои ќе треба да ја одат долгата постапка на жалење кај операторот, добивањето на негативен одговор по нивната жалба и ултимативно жалење до АЕК и процедура која во нормални услови (кога нема да има неколку стотици или илјадници жалби) трае околу 45 денови... нешто што мал број на корисници ќе го направат (ради слабата понуда на алтернатива) со што јасно дека оваа мерка нема да даде ефект (нешто што двата оепратори свесно го калкулираат)...

Најдоброто што може да се случи е АЕК да ги искористи своите права и законски можности да им нареди да ги вратат каналите до истекот на договорите на корисниците (значи максимум уште 24 месеци кај некои корисници оние најтазе кои потпишале пример во декември 2017)...

Искрено... не сум сигурен што од овие 2 опции е навистина нлошо/добро ама знам дека корисниците се тие кои губат...
 
bidikov

hello world
8 април 2007
53
39
vladislav.bidikov.com.mk
@bidikov а на нас со истечени договори нели не смеат да ни прават промени?

Искрено, тие со договор на неопределено (или истечени анекси кон договорот со кој се обврзувате на верност и пенали кои по автоматизам неможат да се продолжат) се во најлоша состојба бидејќи за нив најчесто важи она право на програмско менување на каналите...
Треба да се спореди оној договор кој АЕК им го одобрил на операторите со оној кој го имате потпишано и секако во корист на претплатникот се зема оној кој е одобрен од АЕК...

Не би сакал сега во темава да почнеме да анализираме засебни случаи за секој од корисниците...
сепак генералната состојба е повеќе загрижувачка...
 
462 членови онлајн
1.042.106мислења
51.209теми
37.452членови

Нови мислења

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно