Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Македонски Пошти - Општа Дискусија

Како сте задоволни од услугите на Македонски Пошти?

  • Вкупно гласале
    722

Manis

hello world
14 јануари 2026
147
58
Да прашам, има некој во последно време добиено било каква пратка од заглавените
(не оние со RR...HU), другите што се преку Пошта, од било каде?
ЗА RR****HU станаа 90 дена...тие ич нема да дојдат.Од останатото имам LZ****UZ од алиекспрес..Тие одат со обична СРМ пошта.. И тие заглавени повеќе од 40 дена. И од тему и од ebay со обична пишта исто така имам, и тие доцнат како све...

Проклета да е ЕУ. на стаклени нози е. Само ние сме на железни нози како дисфункционална држава и ко бачило стадо овци 35години.
 
kloki

hello world
24 јули 2015
331
74
Дали некој подигнал пратка ако вредноста и е 0? Дали му наплатиле некој трошок и колку од мкд пошта?
 
denko55

hello world
8 ноември 2025
58
60
Не, јас само ти се чудам на умот
ПР за пратки кои лежат кај нив со месеци без да ги чепнат навистина не знам како се води. Знам како се лаже без срам
Освен тоа, малку ти се измешаа брзините
Ние плаќаме откако тие ќе ја пропуштат пратката кон пошта со нивната пресметка, не чекаат на нас да платиме
Толку
Тие не лажат ! Тие сушат од лажење не прават бидали во здрав памет , само не ми е јасно како ова не го чувствуваш .
Не ми се чуди на умот. Јас ја гледам ситуацијата од повеќе перспективи, како би реагирал вработен во ПР служба при царинска управа, не сите таму се безгрижни за своето работно место како што мислите. И не, не се плашат дека јавноста ќе си шепка меѓу себе дека лажат. Не ми се измешаа брзините, за да една пратка биде пуштена во слободен промет, треба врз основа на документ да ти изготват пресметка и да ја пуштат до подрачна единица на пошти каде што треба да се плати. Инаку, пак не ми одговори на најважното прашање или реши само овде да си го истураш гневот.
Нашата пошта е по развиена за разлика од ЕУ...Толку сме развиени што чекаме 3 месеци обични пратки да ни оцаринат...Готово ЗЛОБНО ЕУ ПРОПАСТ...Хахахахха лелеле готово нека му умре козата на комшијата..... ЕУ се распаѓа на стаклени нозе..татарско ЕУ срам да и е..сите се виновни само ние не сме виновни за овие 35год. човек да ви се чуде на паметот...сите се татари, цигани, арапи, турци...само ние сме рајски небесен народ што 35години политичари не стрижат како овци.

ЕУ воведува ФИКСНА ЦЕНА од 3 ЕУРА на сите пратки до 150 ЕУРА..ЗНАЧИ ФИКСНО 3 ЕУРА Е КАЈ НИВ...Не е 18% како кај нас 3-та светска економија СРМ-Бановина.....
зошто и кај нас не воведоа само фиксна цена 3 ЕУРА за сите пратки до 150ЕУРА...ШТО СМЕ НИЕ ПО РАЗВИЕНИ ОД ЕУ ПА ДА ПЛАЌАМЕ десеткратно дупли трошоци од ЕУ граѓаните? Зошто кај нас се воведоа 18% ДАНОЦИ на пратки до 90 ЕУРА, а после 90 ЕУРА плус и царина и шпедиција трошоци. ЗОШТО НЕ ВОВЕДОА САМО ФИКСНА ЦЕНА ОД 3 ЕВРА ЗА СИТЕ ПРАТКИ ДО 150ЕУРА КАКО ВО ЕУ?

Сега кого пропаѓа прашањето е? ЕУ ПРОПАГА ИЛИ НИЕ ОВДЕ ВО СРМ-БАНОВИНАТА што поштата ни е мизерија и сите се партиско вработени како некоја секта?
Правиш суштинска грешка. ЕУ веќе наплаќа ДДВ на пратките при купување на самите платформи т.н. VAT. Овие 3 евра ќе бидат плус за царинска давачка. Сигурно не сакаш и овде освен ДДВ да ти стават и царинска давачка од 3 евра на твојата нарачка од 1 евро. Ако сакаш како ЕУ земјите ќе биде 1 евро+18% ДДВ+3 евра фиксна царинска давачка.
 
zoran.europe

hello world
15 јули 2024
155
97
Дали некој подигнал пратка ако вредноста и е 0? Дали му наплатиле некој трошок и колку од мкд пошта?
Биди среќен ако некогаш ја добиеш, каков црн трошок. А и кој може да ти одговори во оваа луда земја недојдија....
 
Последна промена:

zokidac

read-only
6 април 2024
13
8
Дали некој подигнал пратка ако вредноста и е 0? Дали му наплатиле некој трошок и колку од мкд пошта?
вредност €/$0 може да помине без давачки ако се работи за обично тенко плико како обично писмо. секој предмет има вредност и ќе се плаќаат давачки, дури и ако е декларирано како подарок со вредност 0
 
JamesKirk

poweruser
12 февруари 2015
3.787
3.964
Струга
www.facebook.com
JamesKirk's setup  
Processor & Cooler
i3 1315u
Motherboard
ASUS
Storage
WD SN5000S 512gb + Samsung QVO 870 1tb
RAM
16GB
Video card
Intel UHD Graphics
Mouse
MSI
Keyboard
Genius
Monitor
Samsung LS24C310EAUXEN
OS
Windows 11 PRO
Да се надоврзам на муабетов.

Не стигнав да отидам до база да пробам да ја земам пратката, пошто сабајле(16 Февруари) ја дале на курир за достава. Му се јавив на дечкото и за пола саат- саат беше на паркинг.
Кога би барале идеално, според мои потреби пошто на 50 метри ми е базата, сметам дека би требало да ја остават таму пратката и само да ме известат да ја подигнам, и да го прават истово за адреси кои се во радиус од пример 1км или слично. Според ова, процесот на работа не им баш најоптимизиран.
Би можеле ем курир да не ангажираат, кој за тоа потрошено време би услужил други клиенти кои се подалеку, ем јас ќе ја земев некој саат порано(што е реално небитно, али правиме муабет за идеално).

Се на се ОК прво искуство со ЕЛС дечкиве, ништо надвор од нормала.
Интересно ова со ЕЛС Скопје, Струга пример праќаат смс 1 ден порано дека ќе имаш пратка и утредента се јавуваат на мобилен за дати кажат да ја подигнеш пратката од кај нив. Не носат до адреса, барем не од тему и алиекспрес.
 
zoran.europe

hello world
15 јули 2024
155
97
Интересно ова со ЕЛС Скопје, Струга пример праќаат смс 1 ден порано дека ќе имаш пратка и утредента се јавуваат на мобилен за дати кажат да ја подигнеш пратката од кај нив. Не носат до адреса, барем не од тему и алиекспрес.
Самоуправување....
Слушам и во Битола е исто
Кај нас и приватните фирми се мизерија
Ние не припаѓаме на овој континент
 
18 август 2019
1.227
1.202
Сте се фатиле за Тему, Али Експрес... Тие не вршат достава на писмени пратки од државни институции (она што треба да им е приоритет), вие сакате да ги средат овие комплицирани случаи со царини и даноци...

Сметки за струја, за интернет се губат некаде.
Службени документи од министерства, од суд се враќаат назад како неиспорачани...

Зошто???
Па таква е „државата“.
 
"Државата“ е и основната причина што тоа е така
За сите овие свињарии што ни се случуваат вината е само во “државата“
Тему, Алиекспрес и сите други може само да бараат начини како да ја намалат ретардираноста и нефункционалноста на “државата“. И гледаме, некои се во тоа поуспешни и побрзи, некои не
А го јадеме нормално секогаш ние
На “државата“ не и ни чуе

Гледаме како “државата“ деновиве ги реши и превозниците.
СО ЛАГИ. И нормално, го изедоа и тие
Испаѓа дека оние што беа поумни, порационални и посвесни каде се наоѓаат, си зедоа со време БГ пасоши и сега немаат гајле. Всушност читам дека добар дел од превозниците се и регистрирани во БГ. Се заради “државата“
Останатите? Кој ги е..
Само е важно да не ја омаловажуваме “државата“

За оние што не разбираат:
СИТЕ НИЕ СМЕ “ДРЖАВАТА“ и тоа е нашата слика. Не ви се допаѓа?
Жал ми е
 
Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.803
33.939
roka.mk
@Manis Прочитај правила, политика е забрането на форумот....исто така внимавај како ја нарекуваш мојата држава. Ова второво како граѓанин не како админ.
 
the old man

read-only
17 февруари 2017
6
1
Имам нарачано дресови од Mystershirt, од 26.12.2025 пишува дека стојат на царина во пошта, имате некој предлог каде да се обратам?
Инаку пратката е 45 евра и треба само ДДВ да платам.
 
zoran.europe

hello world
15 јули 2024
155
97
Имам нарачано дресови од Mystershirt, од 26.12.2025 пишува дека стојат на царина во пошта, имате некој предлог каде да се обратам?
Инаку пратката е 45 евра и треба само ДДВ да платам.
Пушти документи од плаќањето на [email protected] со трекинг бројот на пратката во субјецт
И оди во црква помоли се да ги добиеш некогаш
Ништо друго не можеш да направиш
 
the old man

read-only
17 февруари 2017
6
1
Пушти документи од плаќањето на [email protected] со трекинг бројот на пратката во субјецт
И оди во црква помоли се да ги добиеш некогаш
Ништо друго не можеш да направиш
Им испратив се што треба на 14.01, и еве уште чекам да се јават или пишат, било што...
 
JamesKirk

poweruser
12 февруари 2015
3.787
3.964
Струга
www.facebook.com
JamesKirk's setup  
Processor & Cooler
i3 1315u
Motherboard
ASUS
Storage
WD SN5000S 512gb + Samsung QVO 870 1tb
RAM
16GB
Video card
Intel UHD Graphics
Mouse
MSI
Keyboard
Genius
Monitor
Samsung LS24C310EAUXEN
OS
Windows 11 PRO
Луѓе без лутење ама не ви е мака секој ден да верглате едно та исто за пратките и поштиве? Тоа е што е...пратките се заглавени, пошта е спора, царина мува не ги лази. Краен случај не нарачувајте онлајн кога знаете дека пратката не ќе стигне или ќе касни месеци..
 
zoran.europe

hello world
15 јули 2024
155
97
Луѓе без лутење ама не ви е мака секој ден да верглате едно та исто за пратките и поштиве? Тоа е што е...пратките се заглавени, пошта е спора, царина мува не ги лази. Краен случај не нарачувајте онлајн кога знаете дека пратката не ќе стигне или ќе касни месеци..
Луѓето тука и пишуваат затоа што имаат мака
Да немаа немаше да пишуваат
И да знаеле што ги чека, како што очигледно ти си знаел (блазе си ти) немало да нарачаат
Но ете не знаеле. Згрешиле
И мудро ти е решението.
Во оваа “држава“ не нарачувајте онлајн. Решен проблем
И вашите дедовци не нарачувале, па што им фалело?
Одлично
 
kikomir

hello world
30 јуни 2015
193
221
Дали има некој искуство со пратка која нема тракинг бројче а најверојатно е заглавена на царина? На кој начин да се добие информација и да се плати царина/ддв?
 
18 август 2019
1.227
1.202
Луѓе без лутење ама не ви е мака секој ден да верглате едно та исто за пратките и поштиве? Тоа е што е...пратките се заглавени, пошта е спора, царина мува не ги лази. Краен случај не нарачувајте онлајн кога знаете дека пратката не ќе стигне или ќе касни месеци..
Ете, тоа ќе го решиме. Нема да нарачуваме. Но што правиме со домашните пратки? Судски материјали не се доставени на противникот. Рочиштето се одлага, а адвокатот (доаѓа од Скопје) си бара трошоци. 200-300€ отидоа заради поштата која не ја врши услугата. Зошто тогаш воопшто постои поштата?
 
JamesKirk

poweruser
12 февруари 2015
3.787
3.964
Струга
www.facebook.com
JamesKirk's setup  
Processor & Cooler
i3 1315u
Motherboard
ASUS
Storage
WD SN5000S 512gb + Samsung QVO 870 1tb
RAM
16GB
Video card
Intel UHD Graphics
Mouse
MSI
Keyboard
Genius
Monitor
Samsung LS24C310EAUXEN
OS
Windows 11 PRO
Ете, тоа ќе го решиме. Нема да нарачуваме. Но што правиме со домашните пратки? Судски материјали не се доставени на противникот. Рочиштето се одлага, а адвокатот (доаѓа од Скопје) си бара трошоци. 200-300€ отидоа заради поштата која не ја врши услугата. Зошто тогаш воопшто постои поштата?
Све е јасно ама ништо нема да се реши со секој дневни жалби и поплаки на форумов.
Мислењето е автоматски споено:

Луѓето тука и пишуваат затоа што имаат мака
Да немаа немаше да пишуваат
И да знаеле што ги чека, како што очигледно ти си знаел (блазе си ти) немало да нарачаат
Но ете не знаеле. Згрешиле
И мудро ти е решението.
Во оваа “држава“ не нарачувајте онлајн. Решен проблем
И вашите дедовци не нарачувале, па што им фалело?
Одлично
Епа само продолжете со пишување, може проблемот од нигде никаде ќе се реши. Кој сака нека прави онлајн нарачка иако знаете каква е моменталната ситуција...тапа...
 
RagingDemon

senior
24 март 2009
6.484
5.591
@Manis Прочитај правила, политика е забрането на форумот....исто така внимавај како ја нарекуваш мојата држава. Ова второво како граѓанин не како админ.
Why are you booing him, he's right :)))))))))

why-are-you-booing-me-im-right.gif
 
Martin04

read-only
30 јануари 2026
4
2
После долг период барем статус променија, се помести од место работава. Инаку до срединава на март ќе се стабилизирал цел процес велат. 1771337220958.png
 
videoton

read-only
15 февруари 2026
4
0
вредност €/$0 може да помине без давачки ако се работи за обично тенко плико како обично писмо. секој предмет има вредност и ќе се плаќаат давачки, дури и ако е декларирано како подарок со вредност 0
Mene mi dojde prazen kovert so edno malo livce vo nego za platena licenca za softver i plativ 800 den ddv
 
462 членови онлајн
1.042.106мислења
51.209теми
37.452членови

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно