Нарачувам онлајн од 2011 година. Не е точно дека некогаш на вака масовно ниво имало застој во пратките, не ваков и не без обнова на статус по неколку месеци. Имало застој за време на празници, ама ова се решавало брзо откако ќе излезе во јавност. Измените во границата за наплата на ДДВ се главна причина за застојот овојпат. Проблемот е што недоволно од нас реагираат во надлежни институции/медиуми и затоа никој од горе не притиска да се реши ситуацијава. Еве еден медиум нека објави (другите ќе препишат), ќе видите како ситуацијава ќе се реши за 2 недели. Овие нарачки секако се направени пред донесување на измените во законот и за нив не треба да се применува. Само треба некој од горе да каже, пуштајте ги пратките. Ама тој некој од горе треба да почне да губи политички поени за да реагира.