освен што не се тие ставки за сите категории на поштаза компјутери и компјутерски делови има ослободувања и давачките се 5%
поголем проблем е ако ти го пратат отпакуван = половен .. тука ќе ти бараат други документи и изјавив
поклон не постои по закон исто
инаку над 800 евра и со обична пошта да е пак ќе треба шпедиција, така да најбрзо и најлесно може би поминал со ДХЛ (најдобро да им се јавиш да ги прашаш директ).
Од триве курирски кај нас главни (ДХЛ, Фекдекс и УПС), ДХЛ ем се најбрзи со постапка ем им се 1560 мкд трошковите (другиве се 2100 мкд негде)
Има, само лошо сум разбрал. Се ослободени ако не го поминуваат лимитот на 45 евра. Значи исто стојко различно пакување.Согласно член 1 став 3) од Уредбата за спроведување на Царинскиот закон и член 2 став 1) точка д) од Уредбата за поблиските критериуми и начинот на спроведување на ослободувањето од плаќање на увозни давачки, како и вредноста, количината и видот или намената на стоката која може да се ослободи од плаќање на увозни давачки, како пратки од некомерцијална природа се сметаат оние пратки кои се испратени од едно на друго физичко лице, повремено се увезуваат и нивниот вид и количина укажува дека се наменети за приватна, лична и семејна употреба на примачот или која очигледно е наменета за подарок.Овие пратки се ослободени од плаќање на царински давачки и ДДВ до вредност од 45 ЕУР.