Се мислам дали може или не може сиве овие искуства и обврски со Сетек и/или Анхоч да се амортизираат и префрлат некому друг, а да не ги сноси крајниот корисник којшто ќе избегне директна комуникација со Сетек/Анхоч.
ПРИМЕР, има голем број мали бизниси коишто продаваат компјутерска роба којашто ја земаат од СЕТЕК и/или АНХОЧ и други увозници. Човек со такво продавниче на своја рака набавува продукт за тебе од анхоч и/или сетек и ти нему му плаќаш. Тој ти дава фактура/гаранција и преку него оди и сервис и се. Во случај да има проблем со продукт, тој го праќа продуктот до СЕТЕК/АНХОЧ итн. На тој начин функционираат маливе бизниси за компјутерска опрема.
Ова што го велам е СЕБИЧЕН потег и јас го сфаќам тоа и не намеравам да заебам таков некој човек со таков мал бизнис, НО, ти од една страна ќе бидеш заштитен бидејќи ќе имаш посредник којшто ќе треба да ги средува потенцијалните грешки на АНХОЧ/СЕТЕК. Добиваш еден вид на buffer QA зона, бидејќи човекот што ќе порача за тебе ќе го провери продуктот пред да ти го продаде. Шансите да се средат некоректностите на Сетек и Анхоч се поголеми во тој случај бидејќи комуницираат бизнис со бизнис.

Последна промена: