автоматикава на честички не е на ПМ10, може на некои покрупни или на поголема конценнтрација. Денес частам конечно по 5 мин отворен прозор светна црвено надвор е 150 ПМ2.5 и 200 ПМ10.со автоматика која е заснована на сензор за пм честички.
Не знам каде виде дека сакам јонизатор - тоа беше главниот аргумент што се мислев за стариот модел на Грее, и тоа што ми се допадна кај новиот. Твојот има, кој патем не ти е сигурен, мојов нема така да фала за понудата. Додадов и линк каде фино се гледа какво филтри треба да се избегнуваат. По тоа што се извадиле, цената можела 10% максимум да се качи и филтерот 100% покачен сега е 2000ден.На @Nevena и на другите кои сакаат јонизатор,
Kaко кажа @ JasSum погоре, „капитализам“?По тоа што се извадиле, цената можела 10% максимум да се качи и филтерот 100% покачен сега е 2000ден.
Три прочистувачи за воздух донирани за децата во Карпош
Карпош донирала прочистувачи(јонизатори) за најмалите во градинките...
Проверете во Home pageЈас планирам да купам 'хепа' филтри од алиекспрес, колку што видов 30*30 цм се 10-15 евра... Ќе треба само да се најде филтер за кој некој го пофалил или можда и напраил мини тест за тоа колку прочистува..
Sent from my Redmi Note 2 using Tapatalk
Според муабетов боље да не се користи никаков прочистувач на воздухот или да живееме во болница со квалитетни филтри за воздух (и ова го нема Шупакленд) = најдобра заштита од штетен воздух е да се живееме на планина со 0 комшии во радиус од 10км?ШТО Е ПОТРЕБНО ДА СЕ ЗНАЕ ПРИ ИЗБОР НА ПРОЧИСТУВАЧ НА ВОЗДУХ
Заради зголемување на свесноста на луѓето за високата загаденост на воздухот како и за негативните ефекти од загадениот воздух, во Македонија се зголеми побарувачката за прочистувачи на воздух, а со самото тоа и понудата на вакви уреди на македонскиот пазар.
Зголемената понуда на различни прочистувачи на воздух како и нивните претерани маркетиншки тврдења ги ставаат потрошувачите во недоумица и конфузија кој е вистинскиот модел?
Насекаде во светот па и во Македонија се нудат различи брендови од кои најголемиот дел на произведувачите се концентрираат на масовно производство на прочистувачи со низок квалитет, со лоши компоненти и технологии кои ни од далеку не ги задоволуваат пропишаните стандарди за прочистување на воздухот како и основните цели: ефикасно и безбедно прочистување на воздухот.
При изборот на вистински ефикасен и безбеден прочистувач на воздух потребно е да се знаат неколку работи:
1. Пред се, потребно е да се согледа кои се загадувачите на внатрешниот воздух?
Се работи за два типа на загадувачи:
a/ Загадувачки честички во кои спаѓаат: алергени, вируси, бактерии, спори од мувла, дизел саѓи, честички РМ2.5, РМ10 и Ултра ситни честички РМ 0.1 и
б/ Гасовитите загадувачи и мириси - во кои спаѓаат хемиските супстанци настанати од различни согорувања како што се индустриските постројки, сообраќајот, ложењето со цврсти и течни горива, вградените синтетички градежни материјали, мебелот, човековите активности,средствата за одржување на хигиена и др.- како што се испарливите органски соединенија, озонот, азотните оксиди, сулфурните оксиди, формалдехид, бензене, полицикличните ароматични соединенија и други.
2. Дали прочистувачот на воздух односно вградените филтри и компоненти ги задоволува минималните стандарди пропишани од Европската Унија, ASHRAE и другите меѓународни институции кои се занимаваат со оваа проблематика?
Воздухот што го дишеме освен кислород, содржи јаглерод диоксид, јаглерод моноксид, неколку благородни гасови и извесен процент на влага и цел дијапазон на загадувачи. Овие загадувачи имаат три физички состојби: цврста ( како на пример прашина, алергени, бактерии и вируси ), течна ( како на пример: измаглица, магла, аеросолни распрснувачи) и гасна ( како на пример VOXs - испарливи органски соединенија, азотни и сулфурни оксиди, бензене).
Додека цврстите и течните честички може ефикасно да бидат одстранети со употреба на високо ефикасни медија филтри, технологијата која што е потребна за ефикасно отстранување на гасовитите загадувачи е сосема различна од таа што е потребна за филтрирање на многу ситни честички и аеросоли од причина што гасните загадувачи и миризбите се со различна физичка состојба и со екстремно мала големина ( <0.001 микрони).
Постојат илјадници студии кои ги докажуваат негативните ефекти од загадениот воздух врз човековото здравје и од таа причина, релевантните европски и светски институции со години наназад донесуваат мерки и стандарди за прочистување на воздухот во деловните и станбените објекти.
I. Стандарди за филтри за воздух:
Во Европа и во светот, филтрите за прочистување на честички се класифицирани според два стандарда:
1. Европскиот стандард EN779:2012 кој стапи во сила во 2012 година и со кој се класифицираат филтрите за воздух врз основ на нивната најниска ефикасност на филтрација.
Во најниската група, со најниска ефикасност спаѓаат грубите филтри класа G1 до G4, средна група класа М5 до М6 и во групата со висока филтрациона класа спаѓаат филтрите во класа F7 до F9.
Минималната класа на филтри за пред филтрација која гарантира прифатлив квалитет на внатрешниот воздух во станбени и деловни објекти е класата F7.
2. Европскиот стандард EN1822:2009 со кој стандард се опфатени Високо ефикасните филтри за воздух од класите Вистинска HEPA со класа H10 до H14 и ULPA филтрите со класа U15 до U17. Овие филтри, чии материјал е од болнички вид, заради нивната висока ефикасна филтрација претставуваат витална технологија во прочистувањето на воздухот. Овие филтри за да бидат класифицирани како Вистинска HEPA и ULPA мора да се тестирани во независни лаборатории каде што се тестира нивната вистинска ефикасност на филтрирање на честички со големина од 0.3 микрони при најголема пенетрирачка моќ на честичките (MPPS).
Производителите на собна опрема за прочистување на воздухот треба да обезбедат документација за ефикасноста на Вистинската HEPA филтрација која доаѓа во форма на независен извештај од тестирање или во форма на Цертификат кој покажува дека целиот систем за прочистување на воздух бил тестиран и цетртифициран посебно и дека има постигнато ефикасност од 99,97% за честички еднакви или поголеми од 0.3 микрони.
На сметка на имиџот на високите перформанси кои ги имаат HEPA филтрите, а со цел да се заработат големи пари, некои производители на прочистувачи на воздух користат енормно неефикасни и ефтини филтер медии или полипропиленски филтер материјали (со ист физички стил) и ги нарекуваат HEPA или HEPA-type филтри. Нивната вистинска ефикаснос е помала од 50% за честичките од 0.3 микрони. Тоа се таканаречени Лажна HEPA филтри.
Овие производители, го употребуваат зборот HEPA и процентот на ефикасност 99,97% за да ги залажат потенцијалните купувачи на прочистувачи на воздух, да веруваат дека системот може да обезбеди иста ефикасност на филтрирање како и Вистинската HEPA филтер. Ваквите постапки се штетни кога се работи пред се за болни лица на кои им се потребни ефикасни прочистувачи на воздух или пак ако прочистувачот се користи за контрола на инфекции кои се пренесуваат преку воздухот. На овој начин тие им создаваат лажна сигуност на корисниците.
Исто така, прочистувачите на воздух несмеат да користат никакви токсични хемикалии или штетни течни адитиви од причина што постои реална можност истите да се реемитираат во внатрешниот воздух и да предизвикаат несакани краткорочни и долгорочни здраствени проблеми.
Филтрирањето на воздухот мора исклучиво да се потпира на ефикасноста на филтрите. Единствено докажана и одобрена технологија е механичкото филтрирање на воздухот со високо ефикасни цертифицирани филтри класифицирани според стандардите на Европската Унија.
Но и покрај тоа, некои производители за да ги привлечат потенцијалните купувачи, во своите рекламни пораки потенцираат дека нивните филтри се: “антибактериски третирани“, “бактерицидно обложени“, “препорачани особено за деца, трудници и стари лица“ итн., а се со цел купувачите да поверуваат дека ќе бидат ефективно заштитени. Но производителите не објавуваат кои антимикробни хемикалии или адитиви ги употребиле така да потрошувачот нема сознание дали се употребени токсични хемикали.
PДруги производители рекламираат дека во своите прочистувачи применуваат таканаречена плазма технологија со која наводно се разградуваат вирусите, бактериите и други хемикалии и мириси со помош на позитивни и негативни јони.
Потребно е да се знае дека јоните се прилепуваат на честичките во воздухот. Честичките во суштина не се отстранети. Еден дел се прилепуваат на површината на ѕидовите, завесисте итн., а друг дел се вдишуваат и се таложат во човековите бели дробови. Очигледно е дека ова таложење може да предизвика големи краткорочни и долгорочни здраствени проблеми. Исто така, јоните не ги филтрираат гасовитите мириси, а воедно некои јонизатори испуштаат штетен озон како нуспродукт. Дури и во многу мали концентрации озонот го оштетува имуниот систем, го надразнува ткивото на белите дробови и може да ги влоши здраствените состојби како што е Асмата.
Трети производители рекламираат таканаречени електростатични/Електронски прочистувачи на воздух. Потребно е да се знае дека максималната ефикасност на оваа недокажана технологија е цца. 55% која се намалува од првиот момент на употреба дури до 10%. Овие уреди бараат редовно и често сервисирање, не ги отстрануваат гасовите и мирисите и неможат да ги контролираат микроорганизмите.
3. Портребната технологија во еден прочистувач на воздух за да ги отстрани Гасните Загадувачи и Миризбите е сосема различна од таа потребна за филтрирање на прашина која содржи многу ситни честички и аеросоли. HEPA филтрите имаат 0% ефикасност за гасни хемиски соединенија. Овие соединенија едноставно поминуваат низ HEPA филтерот.
За ефикасно филтрирање на гасни загадувачи и мириси содржани во воздухот со децении се користи докажаната ефикасна технологија со квалитетен гранулиран активен јаглен. Овој јаглен потребно е да е тврд и да не испушта прашина. Активниот јаглен се состои од јаглеродна текстура која е прочистена со жешка пареа за да се добие екстремно порозна текстура. Како порозен сунѓер, гранулираниот активниот јаглен (во форма на пелети) содржи илјадници ситни пукнатини и пори. Тие се одговорни за многу големата внатрешна површина. Оваа површина дава физичка сила која привлекува многу гасни молекули и ги врзува истите за површината на јагленот. Овој процес се нарекува абсорбција. За да би можел филтерот со гранулиран активен јаглен да работи ефективно, треба да има доволна количина квалитетен јаглен, така да воздухот кој поминува низ филтерот може да ги наталожи загадувачките молекули во активниот јаглен.
Но и за овие гасни загадувачи, многу производители на прочистувачи на воздух, наместо далеку поскапиот но ефикасен гранулиран активен јаглен, користат неквалитетни и ефтини замени со мала ефикасност, а некои дури можат да предизвикаат и несакани здраствени ефекти.
- Најголем број производители користат влакнеста подлога (текстил) која е импрегнирана само со неколку грама Јагленов Прав. Ова е најмалку ефективен начин за филтрирање на гасовити супстанци. Кај овие таканаречени карбонски филтри, многу често се случува да заради големата пенетрација на воздухот кој поминува низ нив, јагленовиот прав да се распрсне во просторот со што може да предизвика несакани здраствени ефекти.
- Други производители користат јаглен направен од Кокосови Лушпи. Овој јаглен е ефтин и го има насекаде но кај многу луѓе јагленовиот прав од кокосовите лушпи предизвикува алергиски реакции. Кокосовиот јаглен е многу мек и создава прашина за време на транспортот на прочистувачот но и за време на неговата употреба. Заради неговата мекост лесно се разложува во прашина и се распрснува во внатрешноста на просторот.
- Други производители користат материјал наречен Зеолит. Зеолитот заради неговата неефикасност никаде во светот не се користи за индустриско или комерцијално филтрирање на воздухот. Производителите на прочистувачи на воздух за домашна употреба го користат затоа што е поефтин дури и од кокосовите лушпи.
- Намалената и за кратко време целосна не ефикасност на филтрирање на гасните загадувачи настанува и од причина што најголем број од производителите како пред филтри користат груби филти од класа G1 до G4 наместо минималната класа F7. Овие филтри неможат да ги запрат Ситните честички ( PM2.5) кои веднаш ги полнат порите на активниот јаглен и доведуваат до негово запушување. Тоа значи дека ефикасноста на активниот јаглен многу брзо се намалува и за кратко време овој филтер станува неефикасен.
Важно е да се разбере дека вистинските филтри со квалитетен гранулиран активен јаглен можат да се справат со голем број гасни загадувачи и миризби, но постојат хемикалии и соединенија за кои активниот гранулиран јаглен не е ефикасен како што се полу испарливите органски соединенија или голем број на органски гасови како хидроген и сулфурдиоксид. За овие соедниненија е потребна хемиска реакција за да бидат разложени. Најдобри резултати при отстранување на овие соедниненија се добиваат со зрнестите хемиски активни абсорбциони материјали, наречени “ Хемисорбери“. Хемисорберите се состојат од алуминиум оксид импрегниран со калиум перманганат. Од оваа причина, вградените филтри за филтрирање на гасни загадувачи и мириси потребно е да ги применуваат двата процеса адсорпција и хемисорпција.
II. Дали сите прочистувачи на воздух се безбедни за употреба?
Не сите прочистувачи на воздух се безбедни за употреба.
- Прочистувачи на воздух кои користат озонски генератори, јонизатори и електроски прочистувачи на воздух може да произведуваат наелектризирани честички и штетен озон и се небезбедни за употреба.
- Прочистувачите за воздух кои користат различни хемиски супстанци и течни адитиви како средство за антибактериско третирање не се безбедни за употреба.
- Прочистувачите на воздух кои наместо квалитетен гранулиран активен јаглен користат јаглен од кокосови лушпи, зеолит или користат филтри импрегнирани со јагленова прашина, неможе да се сметаат за безбедни заради можноста од предизвикување алергиски реакции и други несакани симптоми.
- Прочистувачи на воздух кои користат неквалитетни мотори (вентилатори) како нуспродукт ослободуваат хемиски супстанци, озон и честички.
- Прочистувачите на воздух со метално кучиште можат да бидат одговорни и за испуштање (реемисија) на гасови заради внатрешните синтетички меки заптивки, заптивни соединенија кои се користат помеѓу металните делови и филтрите.
- Прочистувачите кои се изработени од ABS се безбедни за работа со оглед да ABS не испушта гасови (од ABS се изработуваат и компјутери, медицински помагала, лего коцките и други квалитетни производи).
- Поголем дел од кучиштата и компонентите на прочистувачите се изработени од ефтина небезбедна пластика која содржи средства за омекнување како PVC. Инаку главна опасност од овој вид пластика е нивното "off-gassing"-реемитирање на испарливи органски соединенија бидејќи се изработени од пластика која се базира на јаглеродни материјали. Многу од овие материјали кои се базираат на PVC емитираат пластификати, растворувачи и алкохоли. Докажана е врската со респираторни инфекции, астма, алергиски ринитис, отежнато дишење, упорна кашлица и пневмонија. Некои од употребените пластификатори се однесуваат како хормоните естроген и андроген и можат да направат штета на еднокриниот систем на телото. Затоа тие се наречени уништувачи на ендокриниот систем.
- даДали уште функционира прочистувачот,
како се справува со чад од цигари
и дали е доволен за 15 квадрати соба?
Знам дека последново напишано е пред 100 години, ама да си прашам...
Дали уште функционира прочистувачот, како се справува со чад од цигари и дали е доволен за 15 квадрати соба? Имам дома нов неотпакуван некој ми го купил за свадба, па сакам да го искористам пошто глеам дека истиот за кој се збори у темава...
@Lokvan ??
COOLERS CASE FAN 140mm LIAN LI UNI SL-INFINITY REVERSE BLADE ARGB 1600 RPM PWM, White, 14RSLIN1W
2.010,00 ден
COMBO KEYBOARD AND MOUSE WIRELESS GEMBIRD SILENT KEY PRO, White, KBS-WMS-01-W
970,00 ден
KEYBOARD WIRED USB GEMBIRD SLIM LED backlight, Black, KB-UML-04
650,00 ден
MEMORY USB 3.2/Gen.1 Type-C, 64GB SANDISK ULTRA SLIDER, Black, SDCZ480-064G-G46
1.300,00 ден
WEB CAMERA LOGITECH MX BRIO 4K/30fps USB Type-C, Grey, 960-001554
15.270,00 ден
VGA ASROCK RX 9060 XT STEEL LEGEND OC 16GB GDDR6 2xDP, HDMI, 90-GA5JZZ-00UANF
34.390,00 ден