1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Електронски цигари

Дискусија во форумот 'Електронски цигари' започната од ARMac, 12 Јуни 2014.

Статус на темата:
Затворена за нови мислења.
  1. kjosmofon

    kjosmofon
    Баниран/a

    3,764
    5,730
    7 oктомври 2011
    kalfa
    4-8 dena se tuka i use 15 dena da sozree miksot
     
    На Nikola Sone му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Nikola Sone

    Nikola Sone
    Practice makes perfect

    1,236
    1,350
    31 Јануари 2014
    Машко
    ауу профи! од фастек нарачав деканг 18mg/100ml ама ова одма, ем поефтино ем поинтересно :D фала ти за инфо!
     
  3. Nikola Sone

    Nikola Sone
    Practice makes perfect

    1,236
    1,350
    31 Јануари 2014
    Машко
    а зашто така на колку се плаќа царина? не е за над 25е?
     
  4. kjosmofon

    kjosmofon
    Баниран/a

    3,764
    5,730
    7 oктомври 2011
    kalfa
    22e nekogas so shiping nekogas ne zavisi ot denot
     
    На Nikola Sone му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Nikola Sone

    Nikola Sone
    Practice makes perfect

    1,236
    1,350
    31 Јануари 2014
    Машко
    денеска ми стигна стартер китот од fasttech па да прашам - за прва употреба колку како да ги полнам батерииве? се полнеа 3-4 саати ,си работат и се супер, ама тоа индикаторот цело време свети плаво... како да знам кога се полни?
    upload_2014-9-18_22-21-58.png
     
    На ТАТА_МАТА му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,826
    6,401
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Зависи од моделот. Моите се гасат кога се скроз пуни. 3-4 саати е малце. Моиве на послабиот полнач се пунат по 8 а на појакиот по 4-5 саати.
     
    На Nikola Sone му/ѝ се допаѓа ова.
  7. tomaso

    tomaso
    Practice makes perfect

    1,060
    1,564
    25 Јануари 2008
    Машко
    Оставија едната преку ноќ да се наполни скроз.Претпоставувам другата веќе ја користиш.
     
    На Nikola Sone му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Nikola Sone

    Nikola Sone
    Practice makes perfect

    1,236
    1,350
    31 Јануари 2014
    Машко
    фала ви за одговорите! два сета нарачав, едните ги полнев околу 4 саати, пред малце ги истестирав, еве сеа кафето стига :D другиве ќе ги оставам преку ноќ. Инаку брзо стигнаа од сингапурскава пошта, 16 дена, плус и течност нарачав од 100мл деканг и од 10мл арома, двете си стигнаа без проблем.
     
    На Metuzalem му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,826
    6,401
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Не ти е ова многу заебавање? Ај некако се помирив што треба батерии да пунам, да мењам греачи, да планирам течности ама и ова ќе ми биде капак. Златни цигари купи пали вози :)

    Едит: Сега гледам зошто е баниран?
     
    На Nikola Sone му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Nikola Sone

    Nikola Sone
    Practice makes perfect

    1,236
    1,350
    31 Јануари 2014
    Машко
    абе интересно е вака у старт, а и немора ептем да се забегува :D си има и готови течности, али ќе се направи и некој експеримент секако
     
  11. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,140
    11,132
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Сум видел секакво однесување од батерии кога се на полначи: некои светат, некои не, некои трепкаат цело време, плус и полначите се однесуваат различно во поглед на светкање/трепкање... Гледај да полни, а за трепкањето не се секирај многу. А, да, и повеќето батерии ми стигнале наполнети до даска, директно да чуриш.;)

    Уште едно однесување што ме извадило од памет, полначот свети наизменично секунда црвено, секунда зелено. Така работат најчесто овие УСБ полначи (не адаптерите што се брцаат во штекер), секунда полни, секунда мери. Овој бил нешто некомпатибилен со електрониката во батеријата и така работеше, но ја полнеше и и двете траеја долго (и уште траат).

    Најчесто, кога полнењето ќе заврши, ќе смени боја/трепкање/однесување.

    @ARMac: Тоа е уште едно задоволство при ова така наречено хоби. Главни предности се:

    1. Знаеш што има внатре
    2. Можеш да си дозираш и експериментираш со ароми
    3. Многу е поевтино
    4. Во купечките како да штедат на арома, односно не доаѓа до полн израз аромата
    5. Имаш поголема резерва за не дај боже

    и така натаму. Мене не ми одзема многу време, за 5 минути ќе ги измешам компонентите и ги оставам во плакар најмалку две недели. Отпрвин ги мучкав (протресував) и ветреев оти ми беше интересно, сега не ги чепкам и топ се.

    ЕДИТ: @Nikola Sone Ако имаш можност/време/трпение, отвори го Декангот, пак затвори го и остави го со затворен капак во темница неколку дена, да се направи steeping (зреење). Периодот што го поминал во пат не се важи затоа што е вакуумиран од фабрика.

    И вака е добар, но така е симфонија.
     
    Последна промена: 19 Септември 2014
    На Nikola Sone и ТАТА_МАТА им се допаѓа ова.
  12. Nikola Sone

    Nikola Sone
    Practice makes perfect

    1,236
    1,350
    31 Јануари 2014
    Машко
    јас ги ставив да се полнат на штекер, ова упатството што дојде со нив вика дур се полнат треба да свети црвено - кога се наполнети зелено, ама кај мене адаптерчето свети црвено, USB-то зелено и ништо не трепка lol
    Исто вика дека треба да се полнат 8 часа пред првата употреба, e сега пишува и дека е за модел EGO-LED/V7 кој уствари е VV ама нема везе :) неможев да чекам толку.
    Инаку нарачав два EVOD 6-во-1 сета, различни по боја само, и течности Dekang Marl-bo-ro Flavor 100ml + Cappuccino Flavor 10ml.
    Го пробав само Marl-bo-ro-то тоа повеќе ме интересираше - и профи, прво се изненадив не очекував толку пареа, па и загребува малце ко цигара, па и вкусот убав... мераци, а гледам и течноста некако споро се троши, еве веќе меркам нешто на inawera :D
    Поздрав и фала ви за помошта и советите!
     
    На ТАТА_МАТА му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,140
    11,132
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Ај да напишам нешто за течностите, изгледа дојде време и кај нас да се мешаат...

    Состав на течноста за електронска цигара

    Ќе пишувам повеќе од практичен аспект, за хемиски состав, здравствени аспекти и друго ја имате тетка Вики и цел интернет.

    Основата (базата), односно најголемиот дел од течноста, се состои од две компоненти:

    1. Пропилен гликол (PG) е носител на вкусот (за што се користи и во лековите/сирупите во фармацијата). Раствора многу работи што ќе се стават во него, а дава многу помалку пареа.

    2. Растителен глицерин (VG) е главен за пареа, мрсен е и носи помалку вкус (ако течноста има поголем процент VG, треба да се стави повеќе арома). Тоа „растителен“ се однесува на начинот на добивање. Американци обожаваат течности со 100% VG за Cloud Chasing (имаат и натпревари кој поголем облак ќе направи):

    [​IMG]

    Во кој сооднос да се мешаат, тоа ќе одредиме според желбата за вкус/облаци. Многу често читам, кога почетници имаат некои проблеми, им се вели дека не им одговара PG или VG, па да намалат едното или другото, но најчесто случајот е лоша опрема или лошо местење, или пак се работи за почетно приспособување на организмот. Случаи на „алергии“ кон едното или другото се ретки, но ги има.

    Јас ги мешам во сооднос 50/50, многу често и од око, или дотурам некоја компонента, па така не може да ми „избега“ соодносот многу далеку. ;)

    А да, за малку ќе заборавев, VG-то најчесто се растворува со 5-20% дестилирана вода за да му се изедначи густината со PG-то и да се постигне оптимална работа на атомизерите како што се предвидени. Со ова може и да си играме, на пр. во лето да додаваме помалку вода -> погуста течност -> помалку ќе протекува. Некои го разредуваат и со вотка, за поголем throat hit, но јас не сум љубител на такви работи. Додаваат и засладувачи, мене тоа исто така не ме влече.

    Овие две компоненти (PG и VG) сум се обидел да ги набавам кај нас, нема шанси. Глицеринот што се продава во аптеките најчесто е за мачкање, најдов и преку пријател од една наша фабрика за лекови демек 100% чист, сепак имаше некој мирис. Веројатно не е растителен.

    [Edit (02.04.2018): Веќе и кај нас има од каде да се купи, со подобар или полош квалитет, или квалитет што варира. Сепак најсигурно е од вејперски продавници.]

    Никотинот за оваа намена го купуваме растворен во базата, мислам дека во Европа не ни може да се купи чист никотин затоа што е отров, и тоа многу силен, може да те отруе преку кожа. :eek: Тоа што доаѓа во базите, макар и најголема концентрација, сепак е доволно слабо да не можеш да умреш ако го испиеш (многу пред да ја постигнеш потребната концентрација, ќе ти дојде нагон за повраќање).

    Аромата исто ја купуваме од специјализирани продавници и за неа немам што многу да кажам. Може да се користат и прехрамбени ароми, само да се на база на алкохол, не маслени, и да бидат многу чисти.

    Практично, јас правам вака:

    Купувам PG со никотин во концентрација двојна од саканата (ако сакам 9 mg/ml, земам со 18 mg/ml), мешам во шишенце пола/пола со чист VG, додавам арома (мерено со капки како што спомна kjosmofon погоре, одамна се откажав од мерење со шприц), протресувам силно и оставам во фиока да узрее. Некако се` така ми се погодува (или веќе и потсвесно така барам) да земам PG со никотин + чист VG, готовите бази измиксани во некој сооднос најчесто ги нема на лагер. Многу често и во готовите течности додавам VG, затоа што имав една голема порачка од пролетта при што се залетав се` со јаки течности, па никако да ги потрошам.
    :) При ова додавање во готови течности, се разбира, се губи аромата, односно би требало да се додаде и арома, ама бидејќи ја немам оригиналната, трпам. :p

    [Edit (02.04.2018): Нема потреба од комплицирање, наједноставен начин за почетници е да се купи база со посакуваната јачина на никотин и сооднос ПГ/ВГ и само да се стави арома во неа.]

    За периодот на зреење, апсолутен минимум е 4 дена за тутунски ароми, средно е 2 недели, а најдобро месец или за по некои 40 дена. Овошни може да се парат скоро веднаш. Има различни препораки што да се прави во тој период, некои ги оставаат отворени 24 часа, па „мучкање“ секој ден... Како што реков, веќе не правам ништо од тоа и супер ми е. Инаку, дел од тој процес на „зреење“ е и оксидацијата на никотинот, кога течноста може многу да потемне, што не е ништо страшно.

    Рок на траење е многу голем, би рекол повеќе од година, нема што да се расипе внатре, единствено може процентот на никотин да се намали, но тоа е многу малку. А сите течности што доаѓаат со рок на траење, тоа е поради бирократските регулативи, и кај нас ставаат рок на кисела вода, па мерак е кога ќе начекаш во некоја (европска) продавница голем попуст на течност што скоро ќе и` помине рокот.

    [Edit (02.04.2018): линк кон сличен пост со информации]
     
    На Tom Ford, Astraion, Ile bocev и уште 4 други им се допаѓа ова.
  14. Nikola Sone

    Nikola Sone
    Practice makes perfect

    1,236
    1,350
    31 Јануари 2014
    Машко
    како оди нарачувањето? има некој проблем со царина заради содржината на праткиве, вредноста и сл?
    мене ми дреме ова од inawera се мислам дали да направам ваква нарачка или помала.
    upload_2014-9-19_5-25-8.png
     
  15. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,140
    11,132
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Јас од Inawerashop не сум нарачувал, се регистрирав на времето кога немавме Пејпал и се откажав од нарачка. Ќе нарачам некогаш, кога ќе ги потрошам залихите.

    Порачката ми изгледа добра, внимавај на царинскиот лимит од 22 Евра сосе шипинг и искористи го попустот за прво нарачување од Inawera. А и да надминеш 22 евра за малку, мене понекогаш ми прогледале низ прсти (или не ме фатиле :)), па и да платиш царина не е страшно...

    Само јачината да не ти е голема? (38) Земи си уште една 0 за разредување за секој случај. ;) Појаки се правените од купечките, што кажува нешто за вторите. :rolleyes:
     
    На Nikola Sone му/ѝ се допаѓа ова.
  16. vaskoboya

    vaskoboya
    Gaining Experience

    142
    169
    17 Септември 2014
    Машко
    Здраво дечки и големо благодарам за сите информации!

    да се претставам, јас сум непушач ама затоа жена ми на времето чадеше по 3 кутии дневно. последниве години по една ама откако ги откри електронските, спадна на 2-4 дневно, на моја голема радост. На почеток мислев дека нема да има ефект, но откако ги намали решив да и помогнам. нејзината потрага и истрага ја донесе до его-CC од 3000 ден. уште после втората недела почна слабо да чади, сменив атомизер (имаше во комплетот) ама и тој брзо се затна. едниот го отворив и го скршив порцеланскиот дел (после видов на youtube како треба) а другиот амо го измив и му напраив dry burn. пошто ја фати паника дека на одмор нема да има ел. цигара отидов на битпазар и најдов еден тип што продава комплети ама и само клиромизери (ми лиат на CE3 ili 4). земав еден за проба (100ден!) и се покажа 100 пати подобар од его-то, чади супер. е сега малку тече од негде (во меѓувреме и тоа го средив) ама какде каде е подобар од егото.
    на одмор го открив форумов, го прочитав направив порачка и денес ми стигна.
    IMG_0014.JPG
    ова е нарачката: New Picture.jpg
    првпат прикачувам слики, се надевам не се преголеми.
    е сега се спремам да нарачам мод и батерија пошто его батеријата е 1100мА и ми се гледа слабичка. работата е што не ми се чека уште месец па прочепкав низ форумов за батерии од компјутери. имам еден стар мек кој е скршен па се мислам да ги извадам. работата е што немам ни полнач за нив, мислев нешти да склопам ама откако прочитав колку се опасни се мислам дали да експериментирам..... она шти ми текнува е да прашам тука дали има некој вишок мод, батерија (18650), полнач па да се погодиме за цена. ем јас нема да чекам ем некој ќе се ослободи од вишокот. па се надевам не нарушувам некои правила со постов, ако да слободно бришете па ќе се корегирам.

    Поздрав,
    В.
     
    Metuzalem, kirev и на Nikola Sone им се допаѓа ова.
  17. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,140
    11,132
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    По муабетот со @vaskoboya еве да постирам и линкови што препорачувам јас за прв електронски мод, а се надевам дека ќе им користи и на другите. Веројатно ќе се повторам од претходно, а и сигурно има подобри/поповолни работи од овие, но овие се најпопуларни и со најмалку пријавени проблеми. Уште еднаш, не препорачувам чиста механика на почетници, еве и јас уште користам кик затоа што имав инцидент кога ми се прегреа модот до точка да не може да се држи. И уште една причина - константна јачина на парење. Механиката е супер кога батеријата е полна, ама кога ќе се испразни до половина, веќе забележувам пад на перформанси (некои викаат и дека не забележуваат).

    Варијанта 1: Стариот добар Vamo V5 (6-ката се појави пред неколку дена и нема variable voltage, а оди до 30 W; сепак непроверено за почетник). Втор избор: zmax (малце поскап затоа што е оригинал; немам искуство со него, но побајаѓи го фалат). Трет избор: SVD кого го имам и сум супер задоволен, но сепак премногу луѓе пријавуваат проблеми со копчето.

    Варијанта 2: Nemesis кој е доста квалитетно направен и ќе може понатаму да се користи и за чиста механика (поефтините Немезиси на Фасттек имаат некои ситни мани, не се исплати да се нервираш за неколку долари) плус кик (или овој или овој; се` уште не можам да се решам меѓу нив, ги користам и двата и не гледам разлика) плус магнети за прекинувачот, кој со федерот не може да го држи исправен на копчето модот + некој потежок атомизер. Втора варијанта: освен Немезис, има милијарда други модови на ФТ, но треба да се провери на кои е можно да се монтира кик, а повеќето имаат пријавено ситни мани (најчесто со прекинувачот).

    Варијанта 1 и 2 се многу слични по функционалност, предноста на 1 е што има дисплеј со мерач на отпор на атомизерот и прикажување/менување на моменталната снага, на 2 што е поотпорна на паѓање.

    За модот ќе треба и полнач, не гледајте подалеку од i2 кој е многу квалитетен, а евтин полнач. Нема потреба од 4 слота. Можеби евентуално неговиот помлад брат d2 кој се разликува единствено по тоа што има дисплеј.

    Батерии (ако не биде ништо со вадените од лаптоп) некои од нкон како најповолни по цена, поштарина и време на испорака. По овој редослед: Sony VTC5 (за жал ги нема моментално на лагер), Sony VTC4, некоја Efest, некоја Panasonic (да биде без заштита и да не биде А)... Другите марки не ги познавам, веројатно меѓу нив има и некои подобри од овие.

    А за женско, од естетска страна, тука сум немоќен да препорачам... :(
     
    Последна промена: 26 Септември 2014
    На krema и Nikola Sone им се допаѓа ова.
  18. tomaso

    tomaso
    Practice makes perfect

    1,060
    1,564
    25 Јануари 2008
    Машко
    Да те надополнам со innokin mvp за почетници е најдобро јас мислам.
    Нема потреба од батерии и полнач.
    Вградената во него има капацитет од 2600mha што во превод би значело 2-3 дена со едно полнење.се подесува волтажа/ватажа до 5v и 11w.Лесен за одржавање и попрактичен од vamo за носење.А има и за женски shine edition.Ако планира некој да нарачува нека земи верзијата со iclear 16 ќе си има еден атомизер резерва.
     
    На Metuzalem и Nikola Sone им се допаѓа ова.
  19. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,140
    11,132
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Супер е mvp, само не го препорачав затоа што не работи со 18650 батерија и не може да се замени батеријата кога ќе и` падне капацитетот.

    А за второто, ме потсети дека многу луѓе ги замотуваат своите уреди во самолеплива фолија, има и специјализирани фирми што продаваат такви работи.

    И да бидам офтопик на темава, а онтопик на форумов... :)
     
  20. ТАТА_МАТА

    ТАТА_МАТА
    Practice makes perfect

    1,332
    1,450
    25 Март 2013
    Машко
    Бидејќи темава има многу корисни постови и за да не мора почетник да ги бара ќе ги издвојам по број на пост за полеснa навигација. Не ми замерувајте ако некој пост сум испуштил или на било каков начин згрешил

    пост број
    13 и 14-----------Чистење,
    22------------------атомајзери,
    35------------------видови атомајзери со слика,
    36------------------видови глави со слика,
    48-----------------од каде може да се купат ел.цигари и препораки,
    49-----------------видови батерии,
    50-----------------адаптери,
    51-----------------youtube видеа со корисни информации,
    54-----------------историја на електронската цигара,
    60-----------------препораки,
    65-----------------ел. луле,
    69-----------------течности,
    71-----------------форуми од каде може да се начи повеќе за ел. цигара,
    73----------------врвки за ел. цигара за околу врат,
    92----------------фитли со жица,
    127--------------течности и друго,
    136-137---------нарачки од членови,
    141---------------совети за потрошен материјал,
    151---------------фитиљ,
    156--------------чистење на CE4 испарувач,
    160--------------чистење на VSS глава,
    169--------------количество на никотин во аналогна и електронска цигара,
    176до192------течности, вкусови и брендови,
    245и246--------препораки за батерии и полначи,
    258--------------препораки за starter kit,
    260--------------3D dripper,
    по 260----------препораки,
    266--------------топла и ладна пареа,
    293-294-------препораки за течност,
    299-------------препорака за дозирање на течност,
    311-------------полнење на батерии, полначи и состав на течностите
    317-------------искуство и нарачка
    318-320------препорака за прв електронски мод


    All credits go to the authors of the posts.
     
    Последна промена: 26 Септември 2014
    psyside, Metuzalem и на Nikola Sone им се допаѓа ова.
  21. vaskoboya

    vaskoboya
    Gaining Experience

    142
    169
    17 Септември 2014
    Машко
    Aууу ова се вика attention to detail- нешто што го немам и додек реботев за шпиуните ми го земаа за маана ;). Инаку пофалба до @Metuzalem за 555, одлична, и ја ко нељубител на вапање си ја чурам. Веќе нарачав од инавера количина за мучкање. А кангерот и аспајр мини се одлични, и минито го модифицирав, извадив еден греач онака да видам како ќе се однесува.
    Следно е мод батерии и полнач, ќе пишам подоцна за ова сега имам работа...
     
    На psyside и Metuzalem им се допаѓа ова.
  22. tomaso

    tomaso
    Practice makes perfect

    1,060
    1,564
    25 Јануари 2008
    Машко
    Збор два за Vamo V5

    Модот го користам повеќе од месец дена.Си функционира нормално.Изненаден бев пријатно од квалитетот на изработката.
    Делува ептен цврсто тежок е и имаш чувство дека ќе трае, навојот е фин и длабок добро му се изрежани и без проблем се завртуваат.Дугмињата се цврсти не пропаѓаат воопшто како не механичка тастарура да кликаш :)

    Модот има опција да се користи со 18650 батерија или со две 18350 или со една 18350.Од она што читав не е препорачано да се користи со две 18350 поради различен напон во истите.Јас го користам со 18650 ќелии од лаптоп.Батериите ми издржуваат еден ден.Обично менвам батерија на сабаје и цел ден ми држи.

    Го користам на 8-w10w зависно од течноста што ја парам.Константно дава добра пареа е сега се осеќа малку пад кога е послаба батеријата.Модот има дисплеј со сите потребни информации состојба на батерија, мери отпор на атомизери и не пали модот ако е 1,2ома атомизерот има заштита и од ниска волтажа кога е при крај батеријата не пали.

    За батерите користам nitecore l2 полнач сосем доволен е за нив, ги полне прилично брзо неколку саати 3/4 му требаат
    да ја наполне батеријата од 3,7V до кај 4,17V.

    Проблем би била неговата големина само не е баш лесен за носење по џепови.
     

    Прикачени датотеки:

    На Metuzalem и Nikola Sone им се допаѓа ова.
  23. tomaso

    tomaso
    Practice makes perfect

    1,060
    1,564
    25 Јануари 2008
    Машко
    еве го и со протанк 3
    [​IMG]

    Батериите и полначот

    [​IMG]

    edit
    Да надополнам за модот имам и адаптер порачав нахнадно некои корисници се жалеа за навојот бил нежен се оштетувал лесно.Ама со правилно користење нема проблем никаков.
    Го користам понекогаш со атомизери кој течат по малку за да не ми оди течност на контактот со модот.
     
    Последна промена: 26 Септември 2014
    psyside, Metuzalem и на Nikola Sone им се допаѓа ова.
  24. Nikola Sone

    Nikola Sone
    Practice makes perfect

    1,236
    1,350
    31 Јануари 2014
    Машко
    помош - проблем dry hit?
    значи вака, после недела дена користење менував фитиљ на двата евода и мислам дека направив се прописно, со се живо изгледано испрочитано - измив прво со топла вода, па dry burn па пак вода па да се исушат... арно ама сега има повеќе чад што супер и е ваљда зашто префрлив од 2.5Ω на 1.8Ω, но гребе и вкусот не се осеќа, односно на нешто лошо има вкус, ваљда тоа е dry hit ко што разбирам... имам и вакви готови глави ама несакам да ги менувам пред да прашам дали пропуштам нешто, а и ова што неможам да го средам во склоп со моево OCD... не ми е интересно :mad:
    може ли да е до flavor wick-от проблем, зашто користев вакви па од нив сечев за wick, иако ми нема некако тоа логика... чаре ?
     
  25. vaskoboya

    vaskoboya
    Gaining Experience

    142
    169
    17 Септември 2014
    Машко
    Јас сум ептен нов во ова ма сменив и јас коил на два атомајзери (ce4 и aspire nutilus mini) двата чадат ок, ја додуше земав 2.2 ома коили ама сумњам дека е до омажата мирисот, дсли ги изгоре со упаљач пред да ги ствиш? Може има нешто машинско масло на нив од обработката па затоа мириса? Или ако си го затнал со дебел флејвор вик?
     
    На Nikola Sone му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Затворена за нови мислења.

Сподели

Вчитување...