Tоа и ми беше поентата. Настрана штрафот кој по сопствено (лоша) одлука си решил да го занемариш како фактор за навремено реагирање, заглавен хинџ е дизајнерска грешка, не е така невообичаен проблем и не го карактеризира самиот продукт за репариран или слично.Не би можел да тврдам. Само знам дека првпат увидов оти нешто не чини гледајќи филм, кога при темна сцена сфатив дека во тој ќош сликата е побледа.Сфатив дека екранот е одвоен од пластиката. И доволно беше само едно спуштање на екранот докрај за да се расчепи уште повеќе. Потоа и веќе не го затворав тие неколку дена пред да го однесам (а во истиот миг не можев зашто морав да работам, да правам бекапи, да ажурирам софтвери на стар лаптоп и сл.).
Да дополнам - сигурно имало показатели пред тоа, ама воопшто не ми паднало на памет дека вакво нешто може да се случи. Немам навика на секое отворање и затворање да гледам дали дошло до некаква промена на маската...