Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Анхоч - Генерална дискусија, информации и искуства

Генерално кое е вашето мислење за Анхоч?

  • Позитивно

    Гласови: 385 82,3%
  • Негативно

    Гласови: 40 8,5%
  • Немам никакво мислење

    Гласови: 43 9,2%

  • Вкупно гласале
    468

SiPy`

poweruser
23 јуни 2015
3.115
5.321
Не другар, прашај ги родителите што имаат по две деца дали можат да им купат два лаптопи од 25.000-30.000 денари а потекнуваат од средно ниска класа и плаќаат други кредити, како што се верувај 80% од учениците. За тие 30.000 до сега ке земеа 2 лаптопи. Поентата не ми е да го хејтам Анхоч бидејќи сме на оваа тема, за Анхоч имам само пофални зборови.
Се слагам, затоа наместо ваучери за летување, треба да се дадат ваучери за лаптопи/таблети.
Нема оправдување за поскапување на техниката, небаре производителот е затечен и неможе да ја следи побарувачката. Не се ова компири па не се погодил родот. Набавените уреди се платени по некоја цена и се продава по цена која ја израчунал продавачот. Тука спаѓа и ќарот, а кој во овој случај е дуплиран и нема друго име туку лакомост и "сега му е мајката". А тоа што го исчистија ѓубрето што им стоело 3-4 год по рафтови и магацини и фаќало прашина нема везе, а?
Лагерот на лаптопи во Македонија беше и претходно критичен, увозот беше премногу мал и ограничен. Онлајн предавањата и самата побарувачка го направи она што го направи. Истото се случува со новите графички на nVidia, а да не заборавиме како беше кога копањето со АМД графички беше актуелно и слично. Зошто никој не ги спомна веб-камерите кои исто така се 5 пати поскапени, а за тоа не е никој друг крив освен покачената набавната цена кога побарувачката е зголемена. Истото го спомна некој погоре, колку пати е зголемена цената на хируршките маски и ракавици. Едноставно тоа е економија, понуда и побарувачка. Кој е спремен највеќе да плати тој ќе го добие производот/услугата.

За "ѓубрето" што било исчистено некој си го одбрал, никој не му ставил пиштол на чело и му рекол купи го.
 
gego

hello world
6 декември 2009
333
360
Скопје
gego's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 5 3600 & stock cooler
Motherboard
MSI B450 TOMAHAWK
Storage
SSD 500GB & WD 2TB
PSU
Chiftech 750W
RAM
16GB
Video card
AMD RX 580 8GB
Case
NoName
Mouse
Blaody V5
Keyboard
A4Tech X7 G800W
Monitor
Asus VA24EHE
OS
WIN10
Збориме за продавачот, а не за производителот. Графичките во цел свет ги бараа, не само тука. Ракавици и дез.средства исто. Лаптопите глеам по другиве земји не се поскапени, значи нема нагла побарувачка и недостаток па да се зголеми цената од страна на производителот. А камерите...сироти Логитеч, Траст или Шиомигаѓуро неможат да постигнат со производство за да ја задоволат побарувачката.

П.С. Можеби треба да оди дискусијава во општи теми, на се само Анхоч за критика, туку општо за сите.
 
Последна промена:

koki

hello world
3 март 2010
276
154
@Astro Е така треба да излега еден објективен коментар без симпатии према никого, а не како оној погоре нема благе везе од животот а се расфрла со проценти, само да ги одбрани анхоч, али нема везе со Астро се сложувам целосно, класична себичност и злоупотрба на ситуацијата во која сме затекнати.
 
Banjifiko

poweruser
28 октомври 2008
3.961
6.054
Skopje
@Astro Е така треба да излега еден објективен коментар без симпатии према никого, а не како оној погоре нема благе везе од животот а се расфрла со проценти, само да ги одбрани анхоч, али нема везе со Астро се сложувам целосно, класична себичност и злоупотрба на ситуацијата во која сме затекнати.
Можеби тој нема благе везе од животот, а можеби и има конкретни информации. Како знаеш дека не е во право?

Инаку, како што рече еден член погоре, ова треба да биде општа тема , бидејќи кај сите е иста ситуацијата.

Со ризик да бидам погрешно сватен: настрана социјалната состојба во земјава, online наставата беше неминовна. Ама сите некако лежерно се однесуваа и чекаа до последен момент. Мене устата пена ми фати кажувајќи им на сите во мојата околина, купете на време, после ќе ви биде доцна. Ама чорба.

Конкретен пример: ме прашува еден познаник што да земе да не е премногу скапо, да му врши работа. Му викам тоа и тоа (околу 18000 денари) Ауу, па многу е тоа, дај нешто до 100 евра. А го гледам дека пуши Честерфилд. Му велам, една кутија е 85-90 денари, така? По една кутија на ден, тоа ти се 500 евра годишно. Не е сакпо туку не ти се даваат пари. Оттогаш веќе не ми збори...
 
Последна промена:

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.153
16.244
@Astro Е така треба да излега еден објективен коментар без симпатии према никого, а не како оној погоре нема благе везе од животот а се расфрла со проценти, само да ги одбрани анхоч, али нема везе со Астро се сложувам целосно, класична себичност и злоупотрба на ситуацијата во која сме затекнати.

Види Коки, иако Анхоч ми се пример за компанија во домашни услови, се мој прв избор за се од хардвер, имаат најспремни и најуслужливи екипи, сепак се подложни на одредени нечесни тактики и се дел од тоа друштво што игра на тој начин, како и сите други кај нас. Овде не правевме муабет за штитење или не него правевме реален вистинит муабет.
Кога ќе заслужат пофалба ќе ја добијат, кога ќе заслужат критика исто така ќе ја добијат. Критиката е повредна од пофалбата кога се цели кон подобрување. Иако малопродажбата им е врвна сепак залужуваат критика за одредени работи од областа на високиот менаџмент. Иако можеби нивниот менаџмент лично можеби не се служува со конкретните методи, сепак они се главни играчи, мораат да се грижат за стабилноста на фирмата и да играат како им наложуваат други авторитети. За овој исказ секако не сум 100% сигурен дека е точен и во која мерка ама хипотетички и објективно тоа е така,
 
koki

hello world
3 март 2010
276
154
Можеби тој нема благе везе од животот, а можеби и има конкретни информации. Како знаеш дека не е во право?

Инаку, како што рече еден член погоре, ова треба да биде општа тема , бидејќи кај сите е иста ситуацијата.

Со ризик да бидам погрешно сватен: настрана социјалната состојба во земјава, online наставата беше неминовна. Ама сите некако лежерно се однесуваа и чекаа до последен момент. Мене устата пена ми фати кажувајќи им на сите во мојата околина, купете на време, после ќе ви биде доцна. Ама чорба...

Извини друже не се однесуваше на тебе моабетот туку на ликот што е активен само во огласи и во теми каде што треба да се брани анхоч. Знае кој е да не му спомињам име.

Види Коки, иако Анхоч ми се пример за компанија во домашни услови, се мој прв избор за се од хардвер, имаат најспремни и најуслужливи екипи, сепак се подложни на одредени нечесни тактики и се дел од тоа друштво што игра на тој начин, како и сите други кај нас. Овде не правевме муабет за штитење или не него правевме реален вистинит муабет.
Кога ќе заслужат пофалба ќе ја добијат, кога ќе заслужат критика исто така ќе ја добијат. Критиката е повредна од пофалбата кога се цели кон подобрување. Иако малопродажбата им е врвна сепак залужуваат критика за одредени работи од областа на високиот менаџмент. Иако можеби нивниот менаџмент лично можеби не се служува со конкретните методи, сепак они се главни играчи, мораат да се грижат за стабилноста на фирмата и да играат како им наложуваат други авторитети. За овој исказ секако не сум 100% сигурен дека е точен и во која мерка ама хипотетички и објективно тоа е така,

Тоа го зборам, објективност. Твојот пост е објективен, а не само затоа што имаш добро искуство и мислење за нив да ги штитиш и кога не се во право. Се извинувам ако ја расипав темата, ама сметам сепак треба да се каже своето мислење на јавен форум и да се прифати нешто што е различно од вашете размисливање.
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.045
7.719
12 тина нарачки направив прошливе 2 месеци, најдолгата пратка што ја чекав беше 20 дена и тоа јас ја нарачав во петок вечер, и фати продолжен викенд кога ми пристигна тука. Постапката е едноставна, Нарачуваш онлајн со наша картица. Ти стига во пошта, ти носат дома картонче, одиш да подигнеш пратка и си плаќаш царина на самото место и си ја подигаш. Гаранција имаат, и според мене е многу поважечка неголи овдешните
Ова за лаптопи збориш? Од каде имаш најдобро/најбрзо искуство?
 
TheMarshal

user
3 јануари 2019
1.759
2.770
Лошо си ме разбрал, јас само му појаснив на членот што е картел, а што е понуда и побарувачка. Еве ти го имаш подобро елаборирано од мене тоа. :)

Сеа приметив и јас се имам лошо изразено, сум требал да пишам "пазарна економија"и да ја тргнам придавката слободна. Слобоната пазарна економија со потполна конкуренција сега за сега постои само на папир.

Картелот и слободната пазарна економија се исклучуваат едни со други и се спротивни еден на друг во нормални економии.

Картелот или монополот може да се јават и во "нормална" економија. Разликата е што во таква економија државата ќе реагира. Нели се постојат antitrust закони и комисии за заштита на конкуренцијата. Али па со самото регулирање од страна на државата е контрадиктроно на слободна пазарна економија. Too many theories, too many schools of thought - сите се косат едни со други.

Доколку на страната на понудата стојат мај број моќни понудувачи а на страната на побарувачката стојат поголем број немоќни побарувачи, тогаш имаш една појава што се вика притисок на понудата. И доколку не изврши државата рација и истрага и не докаже дека понудувачите навистина се состанале и договориле да ги контролираат цените тогаш нема начин да се знае дали цената ја диктира картел или надворешен притисок врз понудата, односно недостаток на електроника од надвор.

Ни ние немаме доказ за ова. Затоа реков, дека најдобар начин објективно да се објасни оваа појава без да се покажува прст или да извукуваме некоја фирма е со класичната теорија на понуда и побарувачка. Моментално сите бараат лаптопи, а добабувачите немаат многу лаптопи. Цената на лаптопите расте. Толку.

Кога ќе имаме доказ дека увозниците се собрале во кафана и се договориле да ги покачат цените може да збориме за колузија и картел. Во спротива, најдобро е да се рачуна како класичен школски пример за понудата и побарувачката во акција.

Имаш мал милион понудувачи на бурек. Сите суровини се произведуваат во Република Македонија

Добро ја долови на поентата. Но, во Македонија за жал не се произведуваат сите суровини ни за бурекот, туку само мал дел од нив. :cry:

Единствено нешто што глобално недостасува се камери.

За ова потполно се согласувам. Инаку, како што гледам надвор од државава и камерите имаат горе-доле стабилни цени.

Исто беше и со цената на маските, алкохолот, дезинфектантите, лабораториските услуги и ковид тестовите.

Ја како што знам цената на маските, дезинфициенсите, реганесите и лабароториските услуги низ цел свет поскапеа. Особено од почетокот на Март до средина на Мај. Тоа најмногу се должеше на осакатената логистика, затворените граници и lockdown-от. На ова додади го и паничното купување и правење на залихи кои се случуваа веднаш по прогласувањето на пандемијата.
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.153
16.244
Ја како што знам цената на маските, дезинфициенсите, реганесите и лабароториските услуги низ цел свет поскапеа.
Не баш секаде. Во белгија и Холандија не поскапеа туку државата тампонираше фармациите кои имаа зголементи трошоци да не ги покачат цените. Исто беше и во Италија, Шведска, Германија, чешка и други места.

Али нејсе, се разбираме.
 
Piedpiper

hello world
26 август 2019
247

Точно така
 
Последна промена:

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.153
16.244
Конкретен пример: ме прашува еден познаник што да земе да не е премногу скапо, да му врши работа. Му викам тоа и тоа (околу 18000 денари) Ауу, па многу е тоа, дај нешто до 100 евра. А го гледам дека пуши Честерфилд. Му велам, една кутија е 85-90 денари, така? По една кутија на ден, тоа ти се 500 евра годишно. Не е сакпо туку не ти се даваат пари. Оттогаш веќе не ми збори...

Тоо брате. Така треба и ич да не ти чуе што не ти зборат такви луѓе.
 
  • ми се допаѓа
Реакции: Avid

dino

lurker
5 јули 2009
663
249
А да ги советувате блиските што ви бараат да си нарачаат од Computer Universe Лаптопче, 5% само е данок, а стига за нецели 2 недели. И разгледав има на залиха лаптопчиња со и3 од 10 ген, со солиден ипс 1920х1080 за некој си 350 еура, и со лиценциран, преинсталиран Виндоус хоум 10
Со регуларна пошта или ДХЛ?
Во план сум macbook pro да порачам ама сакам со ДХЛ, ми се исплати и помоќен да купам и да останат пари за некој гаџет, ме просветли со сајтот :)
 
Sludge.Factory

Баниран/a
7 февруари 2014
1.225
1.901
Gostivar
Регуларна пошта е ДХЛ
Арамиите се ДХЛ експрес.
Трошоци за лап топ ти се само 5% од тоталната сума на испораката. Пратките доаѓаат по наша пошта. Ако нарачуваш пиши ми ПП да ти испратам Реферален код, ќе земеме по 5 евричи
 
dino

lurker
5 јули 2009
663
249
Регуларна пошта е ДХЛ
Арамиите се ДХЛ експрес.
Трошоци за лап топ ти се само 5% од тоталната сума на испораката. Пратките доаѓаат по наша пошта. Ако нарачуваш пиши ми ПП да ти испратам Реферален код, ќе земеме по 5 евричи
Мислев на ДХЛ Експрес :)
Пуштај по ПП за секој случај нека го има, наредна недела може да падне одлуката :)
 
TheMarshal

user
3 јануари 2019
1.759
2.770
Регуларна пошта е ДХЛ
Арамиите се ДХЛ експрес.
Трошоци за лап топ ти се само 5% од тоталната сума на испораката. Пратките доаѓаат по наша пошта. Ако нарачуваш пиши ми ПП да ти испратам Реферален код, ќе земеме по 5 евричи

Исто ќе му дојде дали ќе нарача преку DHL Express или обична пошта, затоа што ако пратката надминува 800 евра, таа подлежи на шпедитерска процедура дури и преку обична пошта да му стигне. :)
 
InSides

lurker
21 февруари 2009
760
2.019
затоа што ако пратката надминува 800 евра, таа подлежи на шпедитерска процедура дури и преку обична пошта да му стигне. :)

This.

За нарачка од тој калибар, многу полесно (и побрзо) ќе се разбере човек со DHL доколку има проблем при транспорт.
 
kristijan1001

hello world
29 септември 2014
130
112

Rukfash

Баниран/a
24 јануари 2019
1.496
1.101
Неврленд
Zosto se grafickive 10.000+ denari poskapi od toa sto treba da bidat.... 570$ graficka tuka e 815$..... Moze 3080 da kupis so tie pari..

Кој тоа дека треба да бидат толку? У америка треба да се толку и па не се толку.
 
fuzzjaw

poweruser
13 јануари 2014
2.062
3.832
Zosto se grafickive 10.000+ denari poskapi od toa sto treba da bidat.... 570$ graficka tuka e 815$..... Moze 3080 da kupis so tie pari..

Едно, $570 е MSRP цена, на неа се додава данок. Друго, supply and demand - во моментов едвај се наоѓа на залиха RTX 3070 Gaming OC под $750. Додај на тоа просечен sales tax од некои 7%, и доаѓаш до $800. Ако влезе во игра и тоа колку парчиња купуваат продавниците во USA, а колку нашиве, ќе испадне и дека сме ефтини во моментов.
 
gamon

user
15 септември 2014
1.669
1.951
orgrimar
Не купувајте им па ќе ја паднат цената, иначе ако во иноземство цената е 750 и таму ставаат маржа ама тука мора на таа заработка уштѕе 10-20% да се оди.
 
Rukfash

Баниран/a
24 јануари 2019
1.496
1.101
Неврленд
Туку нешо на анхоч сајтот не ги прави промените, како промена од 12 на 64 артикли на страна, одбирфање на бренд. Менуваше аутоматски. А сега како а сака ентер да нѕ стиснеш! Кај другите слично?
 
28 ноември 2014
1.224
820
Скопје
Антониј.К's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 5600
Motherboard
Asus Prime B550M-K
Storage
Samsung SSD 980
PSU
Cooler Master
RAM
ADATA 2x8gb
Video card
MSI N750TI/OC EDITION
Case
Cooler Master MB511 RGB
Keyboard
GHOSTWRITER CLASSIC | RIOTORO
Monitor
SAMSUNG C24F396FHU 24" Curved AMD Freesync Monitor
OS
Microsoft Windows 10 Pro

Да не е претерана ценава, за лаптоп стар 2 години?
 
TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.764
10.096

Да не е претерана ценава, за лаптоп стар 2 години?

Овој е купен февруари 2019 за 23.000 ден од Анхоч...така да ценава е лудо висока.
 
Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно