Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

33% работна сила ќе се замени со роботи наредни 20 години

xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.707
12.587
Skopje
www.wemaxa.com
1781965143496.png

Глобално, како вработени се водат околу 3.6 милијарди луѓе (според податоци на ILO и Светска банка) од кои 30% до 35% на работни позиции технички заменливи веднаш штом процесот кој е актуелен моментално (АИ и автоматизација/роботика) созрее доволно. Тоа се едно 1.2 милијарди вработени луѓе во сектори каде се врти предвидлива рутина како логистика, магацини, фабрички траки, па добар дел од транспорт па се до административни работи по канцеларии каде што само се префрлаат податоци од едно место на друго и се клика у празно. Прашањето не е дали технологијата е способна за ова туку кога економската динамика и цената ќе станат толку агресивни што менаџментот едноставно нема да има избор освен да ги избрка луѓето и да стави машини.

Моментално во јако индустријализираните економии, индустриски робот во фабрика има ROI (враќање на инвестиција) период од 2 до 5 години. Во логистика и големи автоматизирани магацини таа граница веќе паѓа под 2 години. Кога машина се исплаќа за година и пол до две завршува секоја дискусија за етика и се преоѓа на чист капитализам т.е. бројки. Главниот притисок нормално доаѓа од Кина каде (паралелно со САД и Јапан) се пумпаат тешки државни средства во индустриска роботика. Имаат јасна стратегија да ја исфрлат нискоквалификуваната жива сила од равенката. Кинеските производители веќе го десеткуваат трошокот за хардвер. Целта им е во следните неколку години да штанцаат хуманоидни системи по цена од 18.000 до 35.000 евра за парче. Нивните локални фабрики за електроника и авто-индустрија веќе постигнуваат невидени нивоа на автоматизација. Бројот на работници по единица производ континуирано опаѓа.

Реалната временска рамка за првиот голем бран на економски исплатлива замена е следните 3 до 10 години. Ова важи главно за логистиката и производството каде софтверот и техничката основа се веќе зрели, па се чека само масовно производство на евтин хардвер. Градежништвото и транспортот ќе одат нешто поспоро, со хоризонт од 7 до 15 години ама тоа нема да биде заради немоќ на технологијата. Проблемот е/ќе е хаосот на терен, непредвидлива околина и регулаторните кочници (осигурувања, синдикати, закони дрн дрн).

Логиката е проста - ако еден робот кошта 25.000 до 45.000 евра во старт, а заменува работник кој со сите придонеси, боледувања, регреси и давачки ја чини фирмата од 14.000 до 55.000 евра годишно, повратот на инвестицијата паѓа на 1-2 години. И тука има една клучна цака што многумина ја забораваат а тоа е дека оваа математика создава дефлаторен притисок врз платите. Работниците ќе бидат принудени да прифаќаат помалку пари само за да останат конкурентни со машините, што дополнително ќе го одложи колапсот ама должничкиот систем пак ќе пукне бидејќи невработените не купуваат производи. Брзината на реалната имплементација сега зависи исклучиво од тоа колку брзо Кина и САД ќе успеат да ја спуштат цената на хардверот и да ја испеглаат автономијата до ниво на стабилен, масовно применлив систем.

И на сето ова, кога ќе се додаде и политичкиот циркус што се врти во позадина сликата се заокружува. За тие што уште мислат дека теориите на заговор се само за забегани (со тинфоил на глава) - пред некој ден протече инфо за Dialog, тотално неформалн групица, кружок што би рекле, на Питер Тил (екс пејпел, милјардер, коосновач на Palantir, чиј софтвер е многу актуелен моментално во Пентагон/НАТО). По дваесет години играње во сенка, швајцарска хакерка вади листа со 222 членови (колку за инфо, во светот има околу 3100 милјардери, така да, не се сите викнати) и гости поканети на затворен собир во Ирска, во средината на август годинава (без службени мејлови, се иде преку приватни канали, а профилот на луѓето е интересен благоречено - на иста маса се шефот на НАТО за Европа, ген. Гринкевич, Маск, Кушнер, министри за финансии, сенатори и директори на компании како SafeGraph и LiveRamp кои се занимаваат со масовно следење и таргетирање локации). И, за што дебатира оваа затворена групица? - Баш за претходно кажаното т.е. како АИ и роботика драстично ќе го сменат светот и ризиците од масовно отпуштање на работната сила.

Учесници на форумов или што и да е, во пријавите писмено изразуваат страв од "општествена дегенерација", домашен тероризам насочен кон огромните дата-центри па до тоа како да се навигира низ (условна?) Трета светска војна. Значи, додека обичниот народ смета дека AI е чудо за 3 дена и играчка за правење сликици/видевца и пишување состави, ликовите што го движат светот и под кои е глобалниот систем за надзор и воена моќ веќе сериозно се спремаат за социјален колапс и егзистенцијалниот страв што ќе дојде со крахот на пазарот на трудот. Математиката им е јасна, обично човек најверојатно ќе сфати откако веќе ќе биде касно.
 
Последна промена:

Enquito

poweruser
8 август 2017
2.612
1.772
Па ако останат луѓето без работа како ќе ги купуваат производите и услугите што ги испорачуваат роботите. За добра економија мора да има добро платени места. Колку поголеми плати, поголема потрошувачка. Мора да постои high income economy, така да не верувам во целосна замена со роботи.
 

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.635
3.202
Главна доходовна гранка ќе биде социјална помош особено помош за стари и немоќни.
Тоа ќе биде основниот економски двигател на економијата.
Производство на оружје при на распад на системот.
Производство на храна како основа за преживување.
Ќе има војска за одбрана на компании или држави.
На крај ќе мора да се војува за опстанок.
Русија има јасна доктрина: Свет без русија не им е потребен.
Крајното свенарио е дека ако има такви што ќе преживеат, нивните раскажувања ќе бидат бајки по 2-5.000 години.
Исто ко и сега кога некој раскажува за некоја претходна цивилизација која живеела прекрасно и каде сите биле среќни.
Потоа следи дека сме избркани од рајот затоа што некој(а) сакала да знае повеќе од што е потребно (ВИ?)
И пак од почеток. А на почетокот беше зборот (кодот).
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.064
5.998
Секоја репетитивна работа ќе е заменета. И до сега било така, фабриките што можат го прават тоа веќе 50-100 години.
Истото е. Луѓето се многу специфични и ќе си останат во некои сфери каде има потреба од човечка комуникација и понапредна логика и креативност. Но во делот на ОБРАБОТКА на репетитивни работи, тука нема сомнеж дека ќе има сериозна автоматика. Едноставно луѓето се unsustainable.

Прост пример е наплатни рампи за патарина наспрема таг.
Гранични премини.
Проверка на таблици за паркинг.

Тука роботите е чудо како не се веќе 99.99% доминантни. Тоа е навистина ФАСЦИНАНТНО како има уште такви работни места. Ако малку се замислиш - чудо е. Марсовец да дојде и да треба да му објасниш - ќе се збуни како е возможно.

Sent from my SM-S938B using Tapatalk
 

xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.707
12.587
Skopje
www.wemaxa.com
а кој ќе му ги принесе циглите? Кој ќе го донесе количето малтер? Ова е се вака интересно за гледање и правење статија но неупотребливо.

Да не ја пунам темата со слики и клипови, разгледај па ќе правиме муабет. Нормално и одредени техники/принципи/пристап исто ќе се променат да се акомодира нов тип работна сила. Многу уморни пензионери останавме, немаме ни активна тема за роботика а има фасцинантен напредок во секој аспект на полето.
 

TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.768
10.100
Мислам дека повеќе се крева паника од колку што стварно е сериозна ситуацијата.
Вака и во Nokia викаат кога Apple го претстави првиот iPhone.
Мислењето е автоматски споено:

Па ако останат луѓето без работа како ќе ги купуваат производите и услугите што ги испорачуваат роботите. За добра економија мора да има добро платени места. Колку поголеми плати, поголема потрошувачка. Мора да постои high income economy, така да не верувам во целосна замена со роботи.
Си има убаво објаснето @xenon во оригиналниот пост, ако претходно ти даваме (карикираме) 40.000еур годишно за X работа, па ти низ годината си ги „враќал“ назад, сега ќе мора да прифатиш работа за 3 пати помалку, па нема да има потреба тие пари што не ти ги дале да ги враќаш - едноставно ќе си ги задржат за себе уште на почетокот.

Инаку на една друга тема имаше убава дискусија, што ќе се случува ако мнозинството се доведе на раб на сиромаштија/под граница, тогаш настануваат војни, немири итн - освен ако не си направат војска од роботи. :)
 

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.792
33.907
roka.mk
Вака и во Nokia викаат кога Apple го претстави првиот iPhone.
Не знам, мојот план е да го користам во моја полза и кариерата да ја градам во сојуз со него, што веќе и правам. Ако не си прилагодлив ќе изгувиш работа, ако си ќе работите задно.
 

FikanA

hello world
3 април 2025
210
258
Средe никаде...
а кој ќе му ги принесе циглите? Кој ќе го донесе количето малтер? Ова е се вака интересно за гледање и правење статија но неупотребливо.
Па... друг робот..
Инаку на една друга тема имаше убава дискусија, што ќе се случува ако мнозинството се доведе на раб на сиромаштија/под граница, тогаш настануваат војни, немири итн - освен ако не си направат војска од роботи. :)
И да направат војска, еден шрафцигер и готови се..
Не знам, мојот план е да го користам во моја полза и кариерата да ја градам во сојуз со него, што веќе и правам. Ако не си прилагодлив ќе изгувиш работа, ако си ќе работите задно.
Како би можел молерот, бидејќи е конкретен пример од погоре, што може комплетно да е заменет од робот да работи во склоп со роботот...?
Евентуално ќе се унагради и нема да има потреба молерот ни првиот ред да го ѕида, сама ќе прави се.
 

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.792
33.907
roka.mk
Како би можел молерот, бидејќи е конкретен пример од погоре, што може комплетно да е заменет од робот да работи во склоп со роботот...?
Евентуално ќе се унагради и нема да има потреба молерот ни првиот ред да го ѕида, сама ќе прави се.
Кој ќе го пуни роботот со боја? Кој ќе го качува? Кој ќе му мести каде да фарба?

Дали кога го измислија тракторот, земјоделице останаа без работа? Не, туку научиа да го возат тракторот, и наместо да ископа денес 5 ред со мотика ќе ископа 55 со трактор.
 

FikanA

hello world
3 април 2025
210
258
Средe никаде...
Кој ќе го пуни роботот со боја? Кој ќе го качува? Кој ќе му мести каде да фарба?

Дали кога го измислија тракторот, земјоделице останаа без работа? Не, туку научиа да го возат тракторот, и наместо да ископа денес 5 ред со мотика ќе ископа 55 со трактор.
Ова се толку тривијални обврски што не гледам како можат да се споредливи со тракторот.
На крај на краиштата и тракторот евентуално ке може сам да вози, и комбајнот и така натаму. И што ќе му остане на крај на земјоделецот?
 

FikanA

hello world
3 април 2025
210
258
Средe никаде...
Па реално ваков сакразам како да сме 5то одделение гледам дека е стандардот на форумов, али реципроцитет честопати не е добро толериран па нема ни да пробам да вратам.

Никој не кажа дека роботи ќе не заменат сите, дискутираме другар. Реално постои ризик дека машини можат да заменат голем дел од работниот пазар, посебно тоа што се рачуна "grunt work". Фактот што ти не си во тој пазар, можеш малце да погажеш емоционална интелегенција и да упалиме емпатија и да продискутираме како такви технолошки промени ќе влијаат врз тие луѓе.

Има разлика од алатка при помош на работа и нешто што комплетно може да те замени тебе како човек.

На крај на краиштата, едно хипотетичко сценарио. Да речеме под знак прашање се стават работините позиции на енергетските инженери, нели термо/хидро/нуклеарни централи. И да речеме во револт почнат централа по централа да гасат. Кој ќе ги спречи? Џипти? Џемни? Ќе изгасат се и пола форум ќе мора да учи молер плочкар и водовод...?
 

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.635
3.202
Знаете од кога има дилда? Не заменија одамна на најбитната позиција, па сега за редење цигли или за програмирање - небитни работи.
 

Ron26

poweruser
4 мај 2019
2.241
2.678
А сте размислиле како фирмата ќе ги заработи тие 40к за да купи роботи? Кој ќе им ги купи производите ако нема луѓе што земаат плата? Синот на маск Екс Хи или тој другиот Техно Меканикус ќе ги финансираат роботите? :ROFLMAO:
 

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно