Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

33% работна сила ќе се замени со роботи наредни 20 години

xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.706
12.584
Skopje
www.wemaxa.com
1781965143496.png
Глобално земено, како вработени се водат околу 3.6 милијарди луѓе (според податоци на ILO и Светска банка). Реално, добар дел од тие позиции се чист вишок штом процесот кој е актуелен моментално (АИ и автоматизација/роботика) е доволно созреан. Ако го тргнеме настрана битово/социјално-етичкиот момент и ја погледнеме структурата на трудот, негде 30% до 35% од целата светска работна сила е технички заменлива уште утре. Тоа се едно 1.2 милијарди (моментално вработени) луѓе. Збориме за сектори каде се врти предвидлива рутина како логистика, магацини, фабрички траки, па добар дел од транспорт па се до административни работи по канцеларии каде што само се префрлаат податоци од едно место на друго и се клика у празно. Прашањето не е дали технологијата е способна за ова туку кога економската динамика и цената ќе станат толку агресивни што менаџментот едноставно нема да има избор освен да ги избрка луѓето и да стави машини.

Моментално во јако индустријализираните економии, индустриски робот во фабрика има ROI период од 2 до 5 години. Во логистика и големи автоматизирани магацини таа граница веќе паѓа под 24 месеци. Кога машина се исплаќа за година и пол до две завршува секоја дискусија за етика и се преоѓа на чист капитализам т.е. бројки. Главниот притисок нормално доаѓа од Кина каде (паралелно со САД и Јапан) се пумпаат тешки државни средства во индустриска роботика. Имаат јасна стратегија да ја исфрлат нискоквалификуваната жива сила од равенката. Кинеските производители веќе го десеткуваат трошокот за хардвер. Целта им е во следните неколку години да штанцаат хуманоидни системи по цена од 18.000 до 35.000 евра за парче. Нивните локални фабрики за електроника и авто-индустрија веќе постигнуваат невидени нивоа на автоматизација. Бројот на работници по единица производ континуирано опаѓа.

Реалната временска рамка за првиот голем бран на економски исплатлива замена е следните 3 до 10 години. Ова важи главно за логистиката и производството каде софтверот и техничката основа се веќе зрели, па се чека само масовно производство на евтин хардвер. Градежништвото и транспортот ќе одат нешто поспоро, со хоризонт од 7 до 15 години ама тоа нема да биде заради немоќ на технологијата. Проблемот е/ќе е хаосот на терен, непредвидлива околина и регулаторните кочници (осигурувања, синдикати, закони дрн дрн).

Логиката е проста - ако еден робот кошта 25.000 до 45.000 евра во старт, а заменува работник кој со сите придонеси, боледувања, регреси и давачки ја чини фирмата од 14.000 до 55.000 евра годишно, повратот на инвестицијата паѓа на 1-2 години. И тука има една клучна цака што многумина ја забораваат а тоа е дека оваа математика создава дефлаторен притисок врз платите. Работниците ќе бидат принудени да прифаќаат помалку пари само за да останат конкурентни со машините, што дополнително ќе го одложи колапсот ама должничкиот систем пак ќе пукне бидејќи невработените не купуваат производи. Брзината на реалната имплементација сега зависи исклучиво од тоа колку брзо Кина и САД ќе успеат да ја спуштат цената на хардверот и да ја испеглаат автономијата до ниво на стабилен, масовно применлив систем.

И на сето ова, кога ќе се додаде и политичкиот циркус што се врти во позадина сликата се заокружува. За тие што уште мислат дека теориите на заговор се само за забегани (со тинфоил на глава) - пред некој ден протече инфо за Dialog, тотално неформалн групица, кружок што би рекле, на Питер Тил (екс пејпел, милјардер, коосновач на Palantir, чиј софтвер е многу актуелен моментално во Пентагон/НАТО). По дваесет години играње во сенка, швајцарска хакерка вади листа со 222 членови (колку за инфо, во светот има околу 3100 милјардери, така да, не се сите викнати) и гости поканети на затворен собир во Ирска, во средината на август годинава (без службени мејлови, се иде преку приватни канали, а профилот на луѓето е интересен благоречено - на иста маса се шефот на НАТО за Европа, ген. Гринкевич, Маск, Кушнер, министри за финансии, сенатори и директори на компании како SafeGraph и LiveRamp кои се занимаваат со масовно следење и таргетирање локации). И, за што дебатира оваа затворена групица? - Баш за претходно кажаното т.е. како АИ и роботика драстично ќе го сменат светот и ризиците од масовно отпуштање на работната сила.

Учесници на форумов или што и да е, во пријавите писмено изразуваат страв од "општествена дегенерација", домашен тероризам насочен кон огромните дата-центри па до тоа како да се навигира низ (условна?) Трета светска војна. Значи, додека обичниот народ смета дека AI е чудо за 3 дена и играчка за правење сликици/видевца и пишување состави, ликовите што го движат светот и под кои е глобалниот систем за надзор и воена моќ веќе сериозно се спремаат за социјален колапс и егзистенцијалниот страв што ќе дојде со крахот на пазарот на трудот. Математиката им е јасна, обично човек најверојатно ќе сфати откако веќе ќе биде касно.
 

Enquito

poweruser
8 август 2017
2.612
1.772
Па ако останат луѓето без работа како ќе ги купуваат производите и услугите што ги испорачуваат роботите. За добра економија мора да има добро платени места. Колку поголеми плати, поголема потрошувачка. Мора да постои high income economy, така да не верувам во целосна замена со роботи.
 

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.633
3.200
Главна доходовна гранка ќе биде социјална помош особено помош за стари и немоќни.
Тоа ќе биде основниот економски двигател на економијата.
Производство на оружје при на распад на системот.
Производство на храна како основа за преживување.
Ќе има војска за одбрана на компании или држави.
На крај ќе мора да се војува за опстанок.
Русија има јасна доктрина: Свет без русија не им е потребен.
Крајното свенарио е дека ако има такви што ќе преживеат, нивните раскажувања ќе бидат бајки по 2-5.000 години.
Исто ко и сега кога некој раскажува за некоја претходна цивилизација која живеела прекрасно и каде сите биле среќни.
Потоа следи дека сме избркани од рајот затоа што некој(а) сакала да знае повеќе од што е потребно (ВИ?)
И пак од почеток. А на почетокот беше зборот (кодот).
 

Нови мислења

Последни теми

ит маркет

На врв Дно