Користите застарен прелистувач. Тој можеби не ја прикажува оваа или други интернет страници како што треба. Би требало да го надградите или да користите алтернативен прелистувач.
Јас ја имам варијантата со Tenda рутерот и 3G USB модем и можам да кажам дека функционира одлично. Пробав и јас прво само со постар телефон меѓутоа не е тоа тоа, хотспотот на телефонот има слаб домет, нема скоро никакви опции за администрација итн... Со рутерот добив многу поголем домет. Има...
Не е ништо фенси, ама ите како ми се допадна а досега не сум видел кај нас нешто вакво. И сега за сега нема веќе повремени чудни вибрации/фреквенции од куќиштето за што морав да го потчукнувам со нога секој пат кога ќе почнеше да зуи.
Анти-вибрациона подлога/гумичка за 80мм вентилаторчиња (...
Да, дефинитивно проблем со графичката, само ако имаш посебна графичка би требало да остане исправна интегрираната од процесорот. Каква точно графичка имаш ?
Не се исплати за едно зимање на телефон за некоја илјадарка поефтино да се врзуваш две години со договор со оператор, така да ите како има потреба од понуда на телефони надвор од понудата на операторите, а која во последно време е се послаба во избор , т.е. ги носат само најактуелните модели ...
Бидејќи гледам спомнавте репарирани/поправани дискови, јас лично ќе го додадам моето искуство и причина зошто многу пазам ако треба да купам нешто од СЕТ.
Досега ништо не ми се расипало ( имам 2-3 стварчици земено ) и сум немал никакво искуство со сервисот за да можам да коментирам за сервисот...
Наместо магнетни плочи отсега најновата генерација на хард дискови користи штрафови и мутери...
http://off.net.mk/pisma-na-chitateli/kineski-pisma-na-chitateli
Сеуште нема официјални податоци за брзината но се верува дека новите „штраф“ хард дискови се 6-7 пати побрзи од SSD дисковите.
Па тоа е така било каде во трговија мислам, секаде на дребулии и ситни работи има поголема маржа. За мене поим за баснословна маржа на поситни делови сепак е Логинг Електроникс, без конкуренција.
Пристигнаа Skylake vo Анхоч, ги имаат на сајт веќе:
http://www.anhoch.com/products/search?search=1151+cpu#stock/2/page/1/
Цените според она што тука се пишување очекувани цени изгледаат доста пониски !
@boro Е да, можеби има некоја разлика , не споредував до толку детално, сепак разликата во цена остава голем впечаток :)
@emet Извини шефе ако ти згрешив. Незнам зошто толку бурно реагираш на една проста критика, ама некако од постовиве ме убеди дека си вработен во Макпетрол :) Ќе те барам...
Јас кога и да сум погледнал во Макпетрол секогаш биле поскапи од останатите. Они работат повеќе во бизнис сегментот со сервери и десктопи од DELL а за лаптопите колку што знам не ги ни зимаат директно од DELL туку локално а лаптопите се исти.
Незнам за другите цени, мене ми се виде се поскапо...
Има во Анхоч убави модели масички и со вградени кулери ( ако не ти е битно да се од дрво ).
Овие на пример:
http://www.anhoch.com/product/36377/notebook-stand-omega-smart-table-white
http://www.anhoch.com/product/35695/notebook-standtable-cooler-deepcool-e-desk-up-to-184-black
Зошто би ја изгубил гаранцијата ако ставиш пиратски Win10 ??? Софтверот нема врска со хардверот и гаранцијата мора да важи . А инаку која цена го зема ?