Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

MitkoI

hello world
11 јуни 2017
442
202
Го зголемив буцетот до 30000 ден.
Сега мислење од вас...
GREE LOMO GWH 12QC-K3DNB4G
Или
VIVAX ACP12CH35AERI
Или
Ваш предлог до 30к
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992
Попаметно од Ломо Еко! И што подалеку од дрва уште одма.

Подобро грееат овие, не мрзнат и слични проблеми кај поефтините. Само не си во тек Ломото беше на промоција до пред недела две и беше поефтино, сега е пак качено. Да си земеш некоја од овие, ич да не се замараш со глупости. Разотвараш врати, ставаш на греење и пријатно.

П.С. И да палиш дрвце на -10, нека пумпаат топлина климите дома за беспари и тогаш, и со осмина дрва ќе завршиш работа. Наместо цел терет да паѓа на канцерогени чадови, најголемиот дел нека го трпат климите. Повеќе од кубик годишно нема логика да се троши.

Читај ја темава убаво кога ќе дојде време за греење, издувот на климата кога грее мора да е скроз надоле. Инаку нема да грее.
 
Последна промена:

GGTT1

lurker
1 февруари 2017
600
512
Битола
[
Го зголемив буцетот до 30000 ден.
Сега мислење од вас...
GREE LOMO GWH 12QC-K3DNB4G
Или
VIVAX ACP12CH35AERI
Или
Ваш предлог до 30к
По енергетските налепници Вивакс има помал пдизајн од 2.6 kw значи и по тоа излегува дека е чиста 9 ка, помал максимален проток од 520m3/h и декларирана е до -15степени , А Грее Ломо LCLH има поголем пдизајн од 3kw со ист SCOP 4 со што автоматски би греело подобро,повисок максимален проток од 660m3/h и декларирано е до -20 степени . -Значи Ломото до -20 степени е подобар избор посебно за во Битола зошто и јас сум од таму .
 
Последна промена:

MitkoI

hello world
11 јуни 2017
442
202
[

По енергетските налепници Вивакс има помал пдизајн од 2.6 kw значи и по тоа излегува дека е чиста 9 ка, помал максимален проток од 520m3/h и декларирана е до -15степени , А Грее Ломо LCLH има поголем пдизајн од 3kw со ист SCOP 4 со што автоматски би греело подобро,повисок максимален проток од 660m3/h и декларирано е до -20 степени . -Значи Ломото до -20 степени е подобар избор посебно за во Битола зошто и јас сум од таму .
Јас сум од Неготино.
Видов дека Вивахсот е послаб од ломото, ама и разлика во цена.
 
MitkoI

hello world
11 јуни 2017
442
202
Попаметно од Ломо Еко! И што подалеку од дрва уште одма.

Подобро грееат овие, не мрзнат и слични проблеми кај поефтините. Само не си во тек Ломото беше на промоција до пред недела две и беше поефтино, сега е пак качено. Да си земеш некоја од овие, ич да не се замараш со глупости. Разотвараш врати, ставаш на греење и пријатно.

П.С. И да палиш дрвце на -10, нека пумпаат топлина климите дома за беспари и тогаш, и со осмина дрва ќе завршиш работа. Наместо цел терет да паѓа на канцерогени чадови, најголемиот дел нека го трпат климите. Повеќе од кубик годишно нема логика да се троши.

Читај ја темава убаво кога ќе дојде време за греење, издувот на климата кога грее мора да е скроз надоле. Инаку нема да грее.
Убаво ке беше да ја начекав промоцијата, мислам дека била 27к, сега е 30к, би излегла монтажата.
Едино овие од Гремак ако ја дадат и сега по промитивна цена без промоција.
Иначе исчитав се од почеток на темата на форумот и научив што е битно кај монтажата, мин 3м цевки, узолирани посебно со армафлекс, да не се допираат, да се вакумираат, да има оил трап.
Знам и дека перката на греење треба да е надоле.
Едино никаде не сретнав како треба да бидат поставени единиците. По логика внатрешната треба да е повисоко од надворешната за несметано да истекува кондензот. Но колку трба да е висинската разлика.
И прашање. Кога подобро ќе работи климата. Ако цевките се долги 3м или ако се 6 м.
 
MitkoI

hello world
11 јуни 2017
442
202
Да не си грешка со цената друже?
Лани точно пред 1 година мојата 18ка AERI иста ваква ја платив 37500+2500 монтажа.
Инаку квадратурата ти е како мојата, мојот спрат е 3*9 квадрати + 15 претсобје, таман ќе ти дојде Виваксо.
Летото се лади просечно со 24-25 степени во Еко Мод (40+ надвор) = околу 500ден на месец
Зимата се топли со неа на 26-28 степени со "i Feel" на 2 метра оддалеченост (10 до -10 надвор) = околу 800ден на месец
Сега пак проверив. Ми рекоа дека може да ми ја набават за 33500 ден. Барав да видат и да ми кажат која цена би била за 12-ка, па овие денови ке ми јават.
 
3-4метри цевки. 1-2 метри пад е сосем доволно.
Внатрешната ако се користи за греење да е што пониско - да не ја лепиш за таван горе. Ако може околу 2 метри висина рецимо или така нешто зависи од просторот. Рецимо одма над прозор да си се уклопи како целина.
 
darencee

hello world
8 јуни 2017
64
43
Клима до 34000 има ли добра од вивкас. Во фирмата на почек кај што ми даваат само таква има ?
Дали да си земам подсоберам пари и да си земам Грее или да земам поскапа од вивакс. Имаат ли добри модели до 35000 денари кои си вредат за парите или не.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.553
19.226
Сега пак проверив. Ми рекоа дека може да ми ја набават за 33500 ден. Барав да видат и да ми кажат која цена би била за 12-ка, па овие денови ке ми јават.
18-ka AERI е со сосем океј цена и ќе направиш грешка ако не ја земиш неа односно ако не земиш 5,5-ка во тој простор.
Или, ако ти се прави лом со хилта, мести две 3,5-ки.

И да не се лажеме! Тој што е навикнат на комфорот со греење на дрва (или парно) нема да биде задоволен со топлината од клима. Она со што ќе биде задоволен е тоа што нема да мора да ја почне сезоната уште од октомври а може компотно да се шлепа до средината на декември со значителни заштеди на дрва.
 
MitkoI

hello world
11 јуни 2017
442
202
Да не си грешка со цената друже?
Лани точно пред 1 година мојата 18ка AERI иста ваква ја платив 37500+2500 монтажа.
Инаку квадратурата ти е како мојата, мојот спрат е 3*9 квадрати + 15 претсобје, таман ќе ти дојде Виваксо.
Летото се лади просечно со 24-25 степени во Еко Мод (40+ надвор) = околу 500ден на месец
Зимата се топли со неа на 26-28 степени со "i Feel" на 2 метра оддалеченост (10 до -10 надвор) = околу 800ден на месец
Сега пак проверив. Ми рекоа дека може да ми ја набават за 33500 ден. Барав да видат и да ми кажат која цена би била за 12-ка, па овие денови ке ми јават.
 
MitkoI

hello world
11 јуни 2017
442
202
18-ka AERI е со сосем океј цена и ќе направиш грешка ако не ја земиш неа односно ако не земиш 5,5-ка во тој простор.
Или, ако ти се прави лом со хилта, мести две 3,5-ки.

И да не се лажеме! Тој што е навикнат на комфорот со греење на дрва (или парно) нема да биде задоволен со топлината од клима. Она со што ќе биде задоволен е тоа што нема да мора да ја почне сезоната уште од октомври а може компотно да се шлепа до средината на декември со значителни заштеди на дрва.
Понудената цена навистина ме изненади. Повеќе од поволна. Без обзир на цената, а према ситуацијата што ви ја објаснив, и јас мислам дека е подобро две клими, но е финансиски поскапо.
Мислам да го земам Виваксот и да го поставам во ходник. Првенствено намената би била за разладување, и пригревање пред спуштање на ниски температури. Ако шпоретот на дрва поставен во ходник ми ги грее и дневната и трпезаријата со кујна, сигурен сум дека и климата ќе разладува без да ме тепа промаја во глава, а за греење колку ќе грее нека грее, после тоа шпоренцето настапува.
 
sumi

user
8 април 2007
1.137
790
Кавадарци
www.uhost.mk
sumi's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 9 5900HX
Storage
1TB NVMe
RAM
2x16GB DDR4
Video card
nVidia RTX3060
Case
Notebook Lenovo Legion S7
Mouse
Logitech MX Anywhere S2
Monitor
15.6" FullHD 1090x1080 LED
OS
Windows 11
Сега пак проверив. Ми рекоа дека може да ми ја набават за 33500 ден. Барав да видат и да ми кажат која цена би била за 12-ка, па овие денови ке ми јават.
Cenava e ispod nabavna/dilerska. Pazi dane ispadne AEZI ili servisirana slucajno pa da ti ja podmetnat kako nova.
 
sumi

user
8 април 2007
1.137
790
Кавадарци
www.uhost.mk
sumi's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 9 5900HX
Storage
1TB NVMe
RAM
2x16GB DDR4
Video card
nVidia RTX3060
Case
Notebook Lenovo Legion S7
Mouse
Logitech MX Anywhere S2
Monitor
15.6" FullHD 1090x1080 LED
OS
Windows 11
Клима до 34000 има ли добра од вивкас. Во фирмата на почек кај што ми даваат само таква има ?
Дали да си земам подсоберам пари и да си земам Грее или да земам поскапа од вивакс. Имаат ли добри модели до 35000 денари кои си вредат за парите или не.
Колкава моќност бараш ?! 3.5 или 5.5 kW.
Малку повеќе за просторијата ?
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.553
19.226
Понудената цена навистина ме изненади. Повеќе од поволна. Без обзир на цената, а према ситуацијата што ви ја објаснив, и јас мислам дека е подобро две клими, но е финансиски поскапо.
Мислам да го земам Виваксот и да го поставам во ходник. Првенствено намената би била за разладување, и пригревање пред спуштање на ниски температури. Ако шпоретот на дрва поставен во ходник ми ги грее и дневната и трпезаријата со кујна, сигурен сум дека и климата ќе разладува без да ме тепа промаја во глава, а за греење колку ќе грее нека грее, после тоа шпоренцето настапува.
Разладувањето е едно а топлењето е друго. За субјеткивното чувство на разладување во лето влијаат разни фактори но во зима главната фора е да постигнеш добра температура на околу еден метар од подот. Како што знаеш ако ти студи во нозе џабе ти е се :)
На ова поле главниот збор го има парното или греењето со дрва.
Јас сега ако би градел од почеток би ставал подно греење а за другото би употребувал клима за догревање.
 
kooks

Баниран/a
5 март 2016
95
57
Мислам да го земам Виваксот и да го поставам во ходник.
Пред да ги фрлиш парите за нешто што знам дека нема да функционира размисли за ова. Шпоретот нема температурен сензор и не контролира температура во просторот додека климата има таков сензор и се раководи према него т.е температурата. Шпоретот и 50Ц да дигне температура во ходникот нема да угаси, климата ке угаси на онолку колку ке и зададеш на далечинското.
Ако тој ходник треба преку две отворени врати да грее/лади уште два простора климата мора да прави размена на воздух и Т со тие 2 простора, нешто што кај тебе е неостварливо па и 24ка да поставиш а не 18ка. Климата неможе да даде 200Ц како шпоретот, дава 40~55Ц во најладното но дувањето т.е. брзата измена на воздухот го постигнува истиот ефект. Ако ја задушиш размената ладен-топол воздух во тие 4м2 ништо од греењето.
Ако ја поставиш во ходникот, при греење ходникот ке биде најтопол а собите најладни, мислам дека ова не ти е целта на вложувањето во клими.
 
Последна промена:

mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992
Што помалку се труеме со горење дрва тоа подобро за сите нас.
 
Потполно си во право. Читајќи ги сите мислења во врска со темата го сватив тоа дека во мал простор брзо ќе постигнува температура и нон стоп ќе исклучува и уклучува, но ете не размислував во таа насока. Укажувањето ти е на место и ти благодарам Коокѕ.
Благодарност за добронамерните сугестии кои многу ми значат за донесување одлука и до Pinky, Mdeni, Astrion, Ggt1, Flegma, Sumi, и нека извини некој ако испуштив.
Е сега уште ова па да не ве замарам многу.
Значи најдобро решение две клими, една во дневна друга во трпезарија и кујна. Така и ќе биде. Оваа година во дневна да ставам, а догодина другата.
Е сега дали да одам во дневна со Vivax ACP18CH50AERI (ако биде цената 33500) или GREE LOMO GWH12QC-K3DNB4G (која момемтално е 29990,ako начекам пак промоција 26990) или со HAIER TUNDRA AS18TD2HRA/1U18EE8ERA (која е на промоција 31819).
Па да видам како ќе биде оваа година и да знам догодина со која да одам во трпезаријата со кујната.
Уште по ова дилема дајте ваше мислење па да донесам конечна одлука, па после се ќе ви пишам што сум одлучил.[/QUOTE]
 
Последна промена:

mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992
Тундрата има 900м3 издув и е најјака ама и најбучна. Јас не би.
Виваксот 18ка има најголем компресор ама сомнително ниска цена. Ако е се во ред и е 18аери стварно тогаш оваа е супер.
Ломо 12ка ја утна промоцијата. Има најголема гаранција.

Прашај за колку би ти дале парапетна аери 12ка?
 
MitkoI

hello world
11 јуни 2017
442
202
Тундрата има 900м3 издув и е најјака ама и најбучна. Јас не би.
Виваксот 18ка има најголем компресор ама сомнително ниска цена. Ако е се во ред и е 18аери стварно тогаш оваа е супер.
Ломо 12ка ја утна промоцијата. Има најголема гаранција.

Прашај за колку би ти дале парапетна аери 12ка?
И јас ја отфрлив Tundrata не толку поради издувот туку што има многу помал цоп сер од Виваксот.
Чекам цена за Вивскс 12 па ќе видам дали ке биде 12 или 18.
За ломото ја пропуштив промоцијата, не ми се дават 30к за 12, да беше 27 ќе беше во игра.
 
wezzy

read-only
6 јануари 2017
18
2
Што би ми препорачале за 45м2 стан инвертер највеќе ми е за греење зимоска , имам еден трокрилен прозор и врата од балкон стари се не се пвц, кај што се прозорите нема изолација има цигла и гипс табла, али планирам изолација да направам годинава, ходникот и соба до ходникот не би ги греел нонстоп, не спијам баш во топло,значи би било за 30м2 35 макс, дали да земам 12ка или 18ка, и кои би ми ги препорачале, дали виваксот аери 12ка има греачи на тацна и на надворешна или како и да беа како 18ка? Тоа сцоп ау не се разбирам, благодарам.
 
Да земеш една:
1. Mitsubishi FH35VE ~1000еур
2. Panasonic VZ12SKE ~2000еур
3. Gree Hansol 12 ~800еур

Среди си ги прозорите како знаеш и умееш да се перфектно средени до зимоска. Да нема никаде ни дупче ни проѕирче, цакум пакум. Ако можеш и смени некој прозор. Ако неможеш убаво комплет со добри дихтунзи да се средат. И изолација воопшто не е скапа за од внатре кога ставаш со 5цм тервол разликата е небо и земја во однос на 0цм. Климите некоја од горниве би ти препорачал откога ќе се осигураш дека не фурат прозорите.
 
Последна промена:

Последни теми

Последни огласи

На врв Дно