Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Дали имате свој веб лог (блог)?

Дали имате блог?


  • Вкупно гласале
    268

varelg

hello world
13 декември 2007
67
0
Немам блог, можеби во блиска иднина ама не сега. Ем шо ако отворам сега тоа ќе биде права турлитава од записи на потполно неповрзани теми ем ќе се чувствувам виновен што сум утепал време блогирајќи а не на пример спремајќи се за испит. Повеќе ми лежи ако на некој форум напишам некој howto, блогот сака редовно одржување...
Се ОБИДОВ да водам блог пред некоја година, ама освен првиот запис друго ништо не се напиша. Не е изгледа блог за секого...:rolleyes:
 

VixA

read-only
9 септември 2009
27
5
Јас имам блог на WordPress (сам си го хостирам на платен хостинг) и премногу сум задоволен... Многу опции, прегледност, widget-и, plugin-и, милион бесплатни теми, со многу параметри за подесување што 1о0% ќе ти ги задоволат потребите... Јас лично сам си ја преведов платформата, темата, 2 plugin-а и еден widget, што значи дека е лесно да се направи повеќејазичност и локализација.

Ако некој има проблем со WordPress слободно нека пише ;)

Линк моментално нема да ставам (не зошто не сум дружељубив и такви фори) зошто едноставно нема потреба за рекламирање на сопствен блог, нели? (иако како што гледам другите не мислат така).

Поздрав,
Викса
 

maximilian

user
26 март 2008
1.064
74
^ Тоа шо ќе си оставиш линк од блогот на тема како оваа, не е ни во најмала рака некаква реклама. Едноставно, споделуваш мислења, ставови, работи со коишто се бавиш и сл. со останатите. Е сеа, ако се најде некој како тебе со слични размислувања и активности, ќе ти го прати блогот и ќе споделувате искуства, идеи и сл. Тоа е всушност целта на блогерајот.
 

VixA

read-only
9 септември 2009
27
5
Па сега кој како си го гледа :)

Иначе ја знам толку блогови, и македонски и странски, и на кирилица и на латиница, и од 2010 и од 2002 па искрено знам колку (не) се трудат македончињава за да напишат некоја квалитетна статија или да се изрзам со помодерниот термин, пост. Сите ќе видат на некоја странска страна (која според нив никој не ја знае) нешто како „НОВО НОВО НОВО Лејди Гага се самоуби“ и сите само го преведуваат тоа, одат на Google Images колку да има некоја поразлична слика и сите после „ау ау види го постов, нигде немам видено нешто слично“. Признај дека е така? Имам видено само 2-3 квалитетни македонски портали/блогови кои што нудат „ексклузивни“ материјали.

Како и да е поентата ми беше дека на сите блогови има исти постови со две-три зборчиња сменети, а чат-пат ќе се најде и некој „забеган“ добар пост...

Измена: Додека „скролав“ нагоре за да се вратам на почетокот, го забележав pipelin кој го имам сретнато на милион форуми (хипербола) и заслужува барем една посета. Дечкото си направил "страна.wordpress.com" и потоа направил пренасочување (redirect) на http://pipelin.ws.mk што е добро, за разлика од другите кои не им ни текнало на памет да го направат тоа. Интересен блог само најновиот пост, што беше за ладно кафе е украден (на другите не ми текнува) од http://www.kafepauza.mk, али како и да е се потрудил барем малце дечкото. А колку што знам е активен на 5+ форуми, мафиа.мк и е плус нешто како семи-администратор на мафиа.мк што е доста напорно. Секоја чест.
 

VixA

read-only
9 септември 2009
27
5
Значи ова е официјално последно мое мислење во темава, зошто ова веќе станува дебате помеѓу мене и тебе и не е соодветно за оваа тема.

Кажав портали/блогови зошто во Македонија разликата помеѓу бројот на блогови и портали е 10:1 (ако има 100 портали, има 1000 блогови), и само реков дека има 2-3 блогови И портали кои имаат ексклузивни соодржини. Ги напоменав и портали и блогови зошто како што гледам нема веќе типичен блог туку „чисто онака“ содржини (т.е. random) како што е и на порталите (само определени во категории секако)...
 

NIKE

hello world
18 јули 2010
202
8
Имав блог за Челзи затоа што сум нивен голем навивач
chelseafc.blog.mk
Но,не го работам веќе затоа што никој не го посетува,па се префрлив на официјалниот фан клуб на Челзи од Маќедонија-chelseafc.mk
Повелете и уверете се:p:p
 

anti-spam

hello world
9 септември 2010
200
10
Некаде во универзумот
@anti-spam
products ti e razlicen od drugite inace vaka fino e ,odlicni boi (zelena mojata omilena) i lesno i ednostavno

@daci92 не те разбирам како е products различен од другите?, инаку не знам дали го имаш посетено но друг темплејт е поставен бидејќи имав многу проблеми со претходниот. инаку се спрема и новогодишно издание на сајтот(само ова откривам, другото е тајна:D) ако успеам да ги средам проблемите со претходниот темплејт ќе го вратам ако не овој останува until further notice уствари останува овој сега за сега само со новогодишни измени. после новогодишните празници ќе видиме што ќе се случува со сајтот.
 

NIKE

hello world
18 јули 2010
202
8
newsfortehnology.blogspot.com
Блог наменет за новостите од технологијата. Свежи информации во секое време
Повелете и уверете се:p:))
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно