Нема скриншот, одиш во пошта да ја земеш пратката и ти викат да платиш толку и толку, не добиваш документ, нема пораки. Има само список со име презиме, број на пратка, вредност на пратка и колку ддв треба платиш.Стај фото или скриншот бе другар, нека отиде вирално. Колку повеќе мајтап и резил толку повеќе шанси некој нешто да направи (чисто теоретски, се разбира).
Побарав да проверат, да не е грешка, дојде шефот, морам да кажам многу коректен и учтив, го најде списокот и не е грешка, некој од горе ги задолжил да наплатат точно толку за таа пратка.
И тој е свесен дека е напишано од ракав за вредност 0.45$, ддв 366,84, но задолжен е да ги наплати тие пари. Кажа дека има повеќе такви пратки кој одбиле да ги земат, видов ги собираат во една кутија, и ќе ги враќале таму од кај што они ги добиле.
Тракинг статусот е: Delivery Failed, Reason: Other
Не биди толку сигурен, ете пишав погоре.преку државна пошта олкави давачки нема шанса да платите. Највеќе што сум платил е 900 денари за нешто што кошта 6000. Сигурно некои мучки се праат од овие брзи пошти како ЕЛС.
Инаку од последните пратки кој ги добив, точно пресметан данок беше само на една.
Ај да пишам тоа што памтам, оприлика колку би требало да биде данокот го пресметував грубо 20%, според вредноста на пратката, (кинезот на сите пратки имаше напишано точно толку колку што сум платил, точно до цент)
Преку карго експрес една со точно пресметан ддв и една ефтина ддв 0 ден
Преку пошта една треба околу 200 ден наплатено 270 друга треба 180 наплатено 65
ден. две стари од ноември нема ддв.
Со Елс вчера пристигна една вредност 1,88$ ддв 0 ден.
Пред овие добив неколку преку пошта сите беа со точно пресметан ддв.
Мене ми изгледа дека на почеток рачунаа, сега пишат како ќе им текне.