Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Safe City - Камерите за казнување

389mk

hello world
16 јануари 2020
281
306
Изгледа ги немаш прочитано законските измени, признај.

Не, каде во законот го прочита тоа. Филозофијата на сите закони со некоја форма на казна е, се е дозволено, освен овде наведените работи. Немој да ги правиш, бидејќи ако те фатиме ќе те казниме.

Глупости, каде исто ова го прочита.

Не. Се што наброја важи само додека преминува или се движи по коловоз, печаки премин или велосипедска патека. И повторно погледнунвање на часовник не е „користење“ на електронски уред, слушање со ЕДНА слушалка не се казнува, итн... така да не ги преувеличувај работите.
Измените ми се прочитани, анализирани, затоа толку жестоко сум настапил, сум се изнапишувал хаха

Еве линк ако ги немаш прочитано. Се јасно е напишано. Нема погледнување на часовник, казна 50 евра!! Оди кажи му на џандарот дека погледнување не е користење. За колите нема воведено такви правила.
Ова не се мои анализи, сум читал стручњаци во областа кои ги критикуваат, и коментарите на ЕНЕР во кои се објаснуваат сите овие нелогичности.
 

Necromancer

poweruser
24 февруари 2012
4.233
5.546
Скопје
Епа од такви изреки гинат пешаци, од балкански шоферишта полни со его. :)
Твоја должност е да застанеш на пешачки и да го пропуштиш пешакот ако веќе го собереш, си има кривична одговорност за ова и се лежи затвор.
Абе јасно дека е така, муабетот е не се потпирај дека „јас како пешак имам предност“, туку се отвораат очи бидејќи секако има будали ќе те соберат. Не за тебе, општо.Знам каков хаос е по патиштата на нашата земја.
Знам каков хаос е по патиштата на нашата земја.
Токму заради ова.
 

389mk

hello world
16 јануари 2020
281
306
1) Пак комплетно ја утињаш поентата
Не е дека у МВР им текнало пешаците да ги казнат пошто не им се свиѓаат, туку некој попаметен, надвор од Македонија, уште пред 20 години кажал дека пешакот е дел од сообраќај и сето ова што си го изнапишал, се спроведува чисто и само за негова безбедност (директно само за негова безбедност).
Пошто бараат од него да биде присутен во сообраќајот - бидејќи ако не е, ќе умре. Не знам како не разбирате, дека автобус ако те мавне, автобусот ќе го сменат од линија, ти ќе заглавиш у болница.

2) За возачите се менува премногу.
Има да пазиш да не надминеш 55км - никаде. Ниту на празен пушка булевар у 4 сабајле
Ќе пазиш кај стоиш со 4, нема веќе „абе само до Силбо сум бурек зимав“
Ќе пазиш на жолто.
Нема полукружно кај што ќе ти текне
итн итн итн итн итн...

Не знам у кое време сте живееле, ама мене ме растеа со чврги и ми викаа кога одев сам накај школо, кога ќе поминуваш улица 2 пати ќе видиш лево-десно.
Очигледно денес егото е посилно па ќе удираме глава у ѕид дека и ќе викаме „јас сум у право“... и ако има камион од 20 тона на 90 сантима од тебе, ти ќе пројдеш пошто е пешачки и ти имаш предност. А ако те фукне со пинцети ќе те собираат...
Ти ја утнуваш поентата. Разбирам дека аргументот за безбедност е примарен и дека пешакот е ранлив. Меѓутоа, проблемот не е во целта (безбедност), туку во неправедните и нелогични методи за нејзино постигнување.
Законот се фокусира на ситници (дали пешакот има слушалка) наместо на вистинските причинители на незгоди: брзина, агресија и невнимание на возачите. Главната причина за несреќи со пешаци е грешка на возачот. Секоја енергија потрошена за пишување казни на пешаци е енергија која не се троши на спроведување на брзина и возење под влијание.
Точно, за негова безбедност е да внимава, ама шо ако внимава кога од едната страна со 80 км/ч ќе го изгази пијан залетан возач, ако не носи слушалки ќе има шанса во таа милисекунда да си ја чуе смртта. Значи тоа е придобивката од ова решение, пешакот нема механизам како да влијае на СВОЈАТА безбедност СЛЕДЕЈЌИ ги овие мерки. ПОВТОРНО зависи од возачите.
Казните за слушалки се евтин популизам и неефикасен начин да се симулира активност, додека се игнорираат коренот на проблемот.
Не се противам на безбедност. Против сум на хипокризија и лоша регулатива. Ако безбедноста навистина е цел тогаш казната за велосипедист од 50 евра треба да соодветствува на таа за возачот во споредба со ризикот кој го носат, а не за возачот на телефон да биде 40 евра.
 

Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346
Абе јасно дека е така, муабетот е не се потпирај дека „јас како пешак имам предност“, туку се отвораат очи бидејќи секако има будали ќе те соберат. Не за тебе, општо.Знам каков хаос е по патиштата на нашата земја.

Токму заради ова.
Така де, јас не викам сеа како мува без глава да леташ било каде, ваљда на секој пешак животот му е мил :)
Али ако удриш пешак на пешачки недај боже, тогаш законот е јасен.
 

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.791
5.509
Измените ми се прочитани, анализирани, затоа толку жестоко сум настапил, сум се изнапишувал хаха

Еве линк ако ги немаш прочитано. Се јасно е напишано. Нема погледнување на часовник, казна 50 евра!! Оди кажи му на џандарот дека погледнување не е користење. За колите нема воведено такви правила.
Ова не се мои анализи, сум читал стручњаци во областа кои ги критикуваат, и коментарите на ЕНЕР во кои се објаснуваат сите овие нелогичности.
Не пишува нема погледнување часовник, туку користење на смарт часовник. Едно да видиш колку е часот на момент, а друго е да провериш порака или кој те бара или колку ти е пулсот баш тогаш. А и за часот не знам дали баш мораш на сред пешачки да видиш колку е. Ама да не е напамет еве и од законот:

„Пешакот е должен кога се движи по коловоз под услови утврдени со овој закон или кога преминува преку коловозот и велосипедската патека или лента, да се движи и преминува внимателно, без притоа да користи електронски уреди, како што се слушалки во двете уши, мобилен телефон, таблет, смарт часовник или друг вид на електронски уред, со кои би му се намалило вниманието додека го преминува коловозот и велосипедската патека или лента.

И 40 евра е за печаците (ова колку да видиш кој читал а кој не).

(2) Записник за сторен сообраќаен прекршок со прекршочен платен налог со глоба во износ од 40 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на пешакот кој постапува спротивно на одредбите од ставот (1) на овој член.“

А за џандарот ич не ми е гајле и не ми паѓа на памет да му објаснувам што е а што не е користење со кое се намалува вниманието согласно законот. Он нека си работи што му е работа, за докажување на суд ќе се видиме. А „Стручњаците на ЕНЕР“ (како ли само процени дека се стручњаци ама нејсе) ги видовме, двајца без тројца. Повеќе овде „стручњаците“ се испењавеа со мислења, знаење, и толкувања отколку каде што треба на ЕНЕР.
 

kirev

senior
31 мај 2010
9.054
7.726
Децата и младите, старите, генерално пешаците се најлесни за казнување. Одат полека, не можат да избегаат... И тоа се злоупотребува. Особено со „изедначувањето“ како да се рамноправни учесници. А не се. Исто и за бициклистите, па ...

Духот на законот за БЕЗБЕДНОСТ на сообраќајот е да се почитува БЕЗБЕДНОСТ и ЗАШТИТАТА. Сето ваше трескање за правата за движење не се темели ниту на Устав ниту на Закон ниту на Повелбата за човекови права на ООН ниту на здрав разум, туку „како мали Џокица замишља дека колата што ја платил 2-200 илјади евра треба да ја користи насекаде а сите да му се клањаат и да пазат да не изгинат“.

Седи кец. Заклучено за полугодие и крај на година. Промашена тема.
 

Avid

senior
21 јануари 2009
6.439
11.493
Скопје
Што правиме во ситуациите кога јас застанувам на пешак, но возилото позади мене наместо да закочи, ме заобиколува. Потенцијално можеш да утепаш пешак со тоа што си застанал да го пропуштиш. Нажалост ова и многу често се случува.
Ќе имаш грижа на совест до смртна постела. Животот ќе ти стане пекол, постојано ќе се јадеш себеси, нема да можеш да функционираш. Сонот ќе ти стане мисловна именка, луѓето околу тебе нема да можат да те трпат, семејството ќе ти се распадне.

А овој што вистински го убил пешакот, ќе фати врски и ќе се спаси и ќе му е гајле.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.475
SK
Ќе те сопрат, ќе видат дека си глувонем и ќе те пуштат. Нема некаква филозофија.
Mислам дека поентата му беше друга, не дека глувонемите ќе ги казнуваат туку дека импликацијата од одредбава е дека глувонемите не се безбедни за сообраќајот. :)

Сериозно, јас општо ги поддржувам одредбиве и општо се чекор кон подобро. Има тешки забеготини од лузери со слушалки и со телефони, што не гледаат каде одат. Ама па воедно мислам мислам дека џабе се сите одредби и регулативи на светов во држава каде истите не се спроведуваат или се спроведуваат спорадично. Ова со слушалкиве е смешно небитно во однос на текстингот од шоферите, а и двете подеднакво нема да се санкционираат. Тоа ми е замерката.

Плус ретардираните велосипедски патеки кои не се велосипедски патеки. Практично ако ставиш слушалки на тротоар стануваш криминалец. Додека на коловозите дивљаат имбецили со модифицирани ауспуси (да бучат што повеќе).
 

xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.704
12.583
Skopje
www.wemaxa.com
Ружните соседи воведоа драконски казни за возење со мобилен, 4000+Е казни плус одземање возачки затвори и чуда, веќе кога се навива за најостри мерки, да се постават и сигнал џамери на секои семафори.

1757518932355.png


Oва е реална мерка од која ќе има резултат, затоа што по моја слободна проценка 50% користат мобилен нон стоп додека возат/одат, пошто нели центар на случувањата сме, мора да сме во контакт, го движиме светот/векот/универзумот.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.475
SK
Јас никако не можам да ја сфатам логиката за казнување ако слушам музика додека минувам пешачки.

Гледам пред мене, е сеа ако има некој со кола позади мене што треба да го помине пешачкиот и ми свири а јас не го слушам, тоа е друго.
Има некоја логика, не слушаш или послабо слушаш надоаѓачки сообраќај ниту свирење од аута. И искрено не е проблем да се извадат слушалки, јас и без закон на пешачки ги вадам од уши кога сум големи слушалки (посебно тие со ANC)... Не за друго туку пошто и не поминувам пешачки секогаш на зелено. :)
Мислењето е автоматски споено:

Еве линк ако ги немаш прочитано. Се јасно е напишано. Нема погледнување на часовник, казна 50 евра!!
Ова е фул ретард, не дека ќе се применува туку како и зошто воопшто би се применувало... И иди објасни се со глуп џандар дека носиш обичен часовник. :p
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.235
Мобилните се реална закана и грците се во право за онакви драконски казни.

Преминувањето на пешачки трае макс. 30 секунди и ќе издржиш без хебаниот мобилен и смарт вач.

Колку што памтам во законот во врска со преминувањето пипувсше нешто како "без задржување и најбрзо што може" исто така "должен е да види дсли автомобилот има намера да запре"

Сите имаме разум и не е тешко да видиш такво нешто. Ако сме пешаци на пешачки не значи дека треба да се фрлиме под автомобил, нели?

Понекогаш намерно не пропуштам пешак на пешачки ако проценам дека тој што иде зад мене во другата лента нема да го види. Ниту пак пешакот може заради мене. Ќе пцуе малку ама ветер дупка не отвора.

100% почитување таму во Норвешка, Швајцарија и сл. Ние не сме такви. Нема ни да бидеме се додека не не казнуваат како неразумни животни.
 

fcwizard

hello world
26 март 2018
63
69
Темава е жив доказ зошто се вози како што се вози во РСМ.
Егоизам до плафон, посебно позади волан.
Уште потрагично е што дискусијава се одвива на Ит форум ама како да е на исто ниво со они што гледаат турски серии и се јавуваат на утрински емисии ама тоа е крушата под круша паѓа, а тоа што си технолошки писмен не значи дека си побегнал од менталитетот на просечен балкански ропак.
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.235
Уште потрагично е што дискусијава се одвива на Ит форум ама како да е на исто ниво со они што гледаат турски серии и се јавуваат на утрински емисии ама тоа е крушата под круша паѓа, а тоа што си технолошки писмен не значи дека си побегнал од менталитетот на просечен балкански ропак.
Ох, проштевај што не те познавме. Ти, морална вертикало..
 

Chiller

user
8 март 2012
1.555
1.163
Скопје Аеродром
Ружните соседи воведоа драконски казни за возење со мобилен, 4000+Е казни плус одземање возачки затвори и чуда, веќе кога се навива за најостри мерки, да се постават и сигнал џамери на секои семафори.

Погледнете го атачментот 153596


Oва е реална мерка од која ќе има резултат, затоа што по моја слободна проценка 50% користат мобилен нон стоп додека возат/одат, пошто нели центар на случувањата сме, мора да сме во контакт, го движиме светот/векот/универзумот.
Овие по затвори не ги ставаат, ти сакаш на семафори.... Не зезај, на крај некој ќе се пожали дека неможел да повика брза помош поради нив.
 

Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346
Уште потрагично е што дискусијава се одвива на Ит форум ама како да е на исто ниво со они што гледаат турски серии и се јавуваат на утрински емисии ама тоа е крушата под круша паѓа, а тоа што си технолошки писмен не значи дека си побегнал од менталитетот на просечен балкански ропак.
Буквално истото сакав да го пишам. Да е фемина или кајгана па ајде.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.475
SK
Овие по затвори не ги ставаат, ти сакаш на семафори.... Не зезај, на крај некој ќе се пожали дека неможел да повика брза помош поради нив.
Не на семафори, ова треба да биде задолжителна опрема во аутата.
Сакаш да се јавиш? Застани и искочи надвор.

На крај сите ќе го јадат заради неписмени кои не знаат да стават хендс-фри слушалки, и што пишуваат пораки додека возат.
 

Chiller

user
8 март 2012
1.555
1.163
Скопје Аеродром
Не на семафори, ова треба да биде задолжителна опрема во аутата.
Сакаш да се јавиш? Застани и искочи надвор.

На крај сите ќе го јадат заради неписмени кои не знаат да стават хендс-фри слушалки, и што пишуваат пораки додека возат.
Во кола задолжителна опрема ГСМ јамер ќе не има по вести низ цел свет со цел исмејување... :D
 

dekomote

Скептик
11 ноември 2014
2.846
6.401
Скопје
dekomote's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 9 9950x + Arctic Liquid Freezer ||| 360
Motherboard
X870 Aorus Elite WIFI7
Storage
Samsung NVME 980 Pro, Synology DS 920+
PSU
NZXT C850 ATX3.1
RAM
2x16GB G-Skill 6000 CL32
Video card
EVGA RTX 3080Ti FTW3 Ultra
Case
Fractal Design North XL
Mouse
Razer Basilisk v3 Pro, Logitech Master MX 3
Keyboard
Keychron Q1 Max
Audio
Presonus Eris 3.5, Mackie CR8S
Monitor
Dell S2721DGF 165Hz HDR
OS
Fedora
Јас ќе застанам, дедото позади што има 67 години и едвај гледа, ќе ми искрши колата пошто нема рефлекс да застане.
Vo pravo si, bolje utepaj go peshakot nego da treba po limari da idesh
Мислењето е автоматски споено:

Просечен автомобил е ~1300kg. Просечен пешак е ~70kg. 1300 > 70.

Ние сме општество од луѓе, не од автомобили. Како се ставате бе под автомобилите по важност бог да чува??
 

coNNectMKD

user
13 март 2017
1.308
1.546
Skopje
Кога ги читам коментариве, гледам 2 пати дали сум на ит форум каде претпоставував дека има момци со поголемо IQ.

Искрено очекував дека тука има корисници кои користат поголем дел од сивата маса на мозокот и би искористиле логика - во реални ситуации - за реални проблеми.
Ама очигледно... не е така.

Јас, кога ќе поминувам пешачки, ќе застанам, ќе видам лево (па десно), ќе земам ваздух, па ќе поминам (Партизанска, Капитол, Илинденска, МАВРОВКА...)
А вие... терајте си по своето.

Да се убедуваме дека пешакот е во „право“ ако решил да проаѓа на пешачки без да согледа ситуација на булевар дали некоја будала вози 200 или не, и со глава во ѕид да идеме поради тоа што некој си рандом шофер може или не може да застане за да те препушти ... а ти како пешак имаш РЕАЛНИ шанси да загинеш... не знам, можеби сум глуп, ок е, ама другачие сум растен.

Мене, најискрено, животот ми е мил. И затоа колку толку пробувам да пазам. Се трудам бар...

Егото не ми е плафон и знам да попуштам. Безразлика дали возам или сум пешак. И кога возам (а возам 10+ саати), коли препуштам кога гледам дека се напалени, начукани, 5 души загреани за проблеми итн итн итн... но и како пешак, застанувам, не брзам никаде. Темава да е на Редит па да ве разберам. Деца родени 2010та, тротинети купени од чале па летаат у облаци, они се главни, другиве кој ги ебе.

ИТ форум, повеќето со 30/35+ години... и се убедуваме во глупости. Ако си пешак, ако ти е „мил“ животот, сите глупости што ги напишавте погоре паѓаат у вода. Не сме Јапонија, Македонија на јебени Балкан сме. Кај нас треба уште 200 години да поминат за да се смени општа култура.
А посебно сообраќајна култура не се мења преку ноќ пошто некој некаде пишал на лист папир дека пешакот е главен...

Ова со камери е позитивен чекор за да напредуваме кон тој европски сон. А тоа ќе го стигнеме, ако секоја влада у наредни 20 години го применува овој закон и казнува. Сега у овој момент, далеку сме.

Затоа, нека работат камерите, нека казнуваат се што (во овој момент) замислиле да казнуваат, па нека се адаптираат за идни сценарија.
 
Последна промена:

gdamjan

poweruser
3 април 2008
4.058
3.501
Скопје
damjan.softver.org.mk
gdamjan's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 Pro 4650G / Cooler Master Hyper 212 Black
Motherboard
MSI MAG B550m Mortar Wifi
Storage
NVME: 1TB AData XPG SX8200 Pro / HDD: 2x 2TB Toshiba P300
PSU
Gigabyte G750H
RAM
G. SKILL Ripjaws V Series 2x 16GB / DDR4 3200Mhz/CL16
Video card
Vega 7 on APU
Case
Bequiet! PureBase 500
Mouse
Logitech MX Anywhere 2S
Keyboard
ThinkPad USB Keyboard With TrackPoint (sk-8855)
OS
Arch Linux
Кога ги читам коментариве, гледам 2 пати дали сум на ит форум каде претпоставував дека има момци со поголемо IQ.
на грешен форум си, а и ја утна темата скроз.


Јас, кога ќе поминувам пешачки, ќе застанам, ќе видам лево (па десно), ќе земам ваздух
поише треба да дишеш и кога не си на пешачки



Во темава ЗБОРИМЕ ... ВЕРГЛАМЕ 500 дена ... како да биде сообраќајот ПОБЕЗБЕДЕН. Во скопскиот сообраќај сите 98% повреди и смртни случаи се предизвикани од автомобили или мотори. Ама ти и друштво мудреци најдовте дека пешаците биле криви. Па нешто кои решенија би требало да се направат за пешаците да не прават тешки сообраќајни незгоди.
 
15 септември 2012
1.159
1.300
Џабе везете веќе 50 страни овде на форумов.

Додека некој не им објасни на децава дека како пешаци, скутерџии, ролери, ромобилсти, велосипедисти (па и шоферишта)... се најмалку заштитени и дека треба самите да внимаваат на себе и да не се курчат по асфалтов, (оти асфалтов е за движење на моторни возила - тротоарот е за движење на пешаци), па фактот дека авто паркот е застарен во државава и дека техниката не се одржува и секој момент може да откаже, па се до најважното:
АБЕ АКО ТЕ ЗГАЗАТ И ПРЕЖИВЕЕШ, КОЈ ДОКТОР ЌЕ ТЕ КРПИ БЕ???
И ДАЛИ ЌЕ ТЕ ЗАКРПИ БЕ???
ДА НЕ ОСТАНЕШ СО ЕДНАТА НОГА ПОКРАТОК???
И ДАЛИ ЌЕ ГИ МРДАШ СИТЕ ПРСТИ НА РАКАТА???
КОЛКУ ЌЕ ТЕ ЧИНИ ТЕБЕ ИЛИ РОДИТЕЛИТЕ, РЕГУЛАРНО ИЛИ СО МИТО???
И ДАЛИ ЌЕ ИМАШ ПАРИ ДА ПЛАТИШ???
КОЛКУ ВРЕМЕ ЌЕ ТРАЕ ЛЕЧЕЊЕТО, РЕХАБИЛИТАЦИЈАТА???
НЕ ТИ КАЖАЛЕ ДЕКА ЦЕЛ ЖИВОТ ЌЕ ПИЕШ АНАЛГЕТИЦИ ПРИ ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО, ОТИ ТАА РАНАТА БОЛИ МАМЕ И ЕБАМ???

Имале по закон право... Ене го во Бутел лежи оној што имаше право...
 
Последна промена:
  • ми се допаѓа
Реакции: marv

dekomote

Скептик
11 ноември 2014
2.846
6.401
Скопје
dekomote's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 9 9950x + Arctic Liquid Freezer ||| 360
Motherboard
X870 Aorus Elite WIFI7
Storage
Samsung NVME 980 Pro, Synology DS 920+
PSU
NZXT C850 ATX3.1
RAM
2x16GB G-Skill 6000 CL32
Video card
EVGA RTX 3080Ti FTW3 Ultra
Case
Fractal Design North XL
Mouse
Razer Basilisk v3 Pro, Logitech Master MX 3
Keyboard
Keychron Q1 Max
Audio
Presonus Eris 3.5, Mackie CR8S
Monitor
Dell S2721DGF 165Hz HDR
OS
Fedora
оти асфалтов е за движење на моторни возила - тротоарот е за движење на пешаци

Револуцијата заврши, машините победија.

Имале по закон право... Ене го во Бутел лежи оној што имаше право...

Еве извештај од аутопсијата

1757574916293.png
 
Последна промена:

xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.704
12.583
Skopje
www.wemaxa.com
Не верувам дека никој на форумов се става во одбрана на нездраво возење, аздисување, возење на пијано, возење над дозволено особено на фреквентни булевари и на точки каде редовно има премин на пешаци како и околу училишта градинки и сл.

^ Престапници како горенаведеното најчесто, според мене се делат на 3 главни категории:

1. Неотесани кромањонци, проста маса падната од некоја сопствена реалност
2. Отесани кромањонци, ликови кои живеат со некаков грб/под нечија сенка што може да се јават во секое време на некој и тој/таа некој/а да ги извади од лајната
3. Емотивни испади кај нормални индивидуи - возење под афект од Х причини, но во суштина овие индивидуи без овие услови се однесуваат нормално

Под 3/ имало и ќе има, овие мерки што се носат камери-мамери, најверојатно ќе влијаат на рационалниот аспект и ќе бидат добра кочница овие индивидуи се помалку да вентилираат и да возат под афект.

Под 1/ и 2/ што заради Бадентер, што заради Карпентер, што заради Џими Хендрикс, не знам колку протекционистички договорни рамки имаме за заштита на бели мечки, фазани и сл. фауна, кај нас нит камери нит св. камери ќе ги реши, па како што многу пати реков до сега, 99.99% од времето ќе служат по автоматизам да се штанцаат казници за возење 56км/h наместо 50, па немање појас, кацига и слична егзотика.

Возење со мобилен во рака / бурек во друга и сл нема да се реши, пошто овие курсистичкиве штрумфови што ги запишуваат со 3 недели т.н. обука на бенефицирано работно место истото го прават, барем 30% од нив од тоа што имам забележано.

Аздис на моментален локал-паша чие име и името на неговите другарчиња во моментот е актуелен "страв и трепет" такуѓере нема да се реши, пошто таквите "снагатор" битанги се составен дел од секој систем, имаат далеку поголема употребна вредност од штетата што ја прават ако не знам согазат некој.
 

Нови мислења

Последни теми

ит маркет

На врв Дно