Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Wise (Transferwise) - општа тема

Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.542
3.143
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Дали (и колку) е провизија за трансфер на средства од Wise кон наша банка(сметка)?

Дали има разлика од банка до банка (пример Стопанска со НЛБ)?

До сега работев само со свифт и не сакав да се замарам премногу но Стопанска не е нормална. Имаме као договори со некои платформи за аеродромски трансфери а исплатата идеше еднаш месечно кон Стопанска.

Прво почнаа на 70 евра да зимаат 1евро + 4 евра односно 60 + 250 денари; Тие 4 евра се фиксни на секој прилив девизен. Тие малите пред нив не знам што се, али си постојат. Па после само рандом глеаш 1.5 + 4, или скоро 2 + 4...
За сега да дојдеме до ситуација каде 40 евра ги снемува при трансфер поради причина „банкарски провизии на банката примател“.

Нема резон.

Плус, тие 250 денари т.е 4 евра фиксно си ги зимаат. Платформава ми вика не е до нас, пуштена е цела сума, Стопанска вика нема како да ми помогне провизии имало. Невиден рип оф е ова. И не правам муабет 2000 евра да сум примил па 40 ако нема да ги прежалиш. За трансфери од 100/200 евра збориме. Па уште си играат курташак на супорт, стави си Пејпел ми вика, немаш провизија никаква:ROFLMAO: Како да им кажам дека сме озрачени тука...
Трансферот од Wise е исто како од трансфер од странска банка (нели преку банка и они ги праќаат), така да нема посебна тарифа за примање пари од Wise според мене.
Сега ги гледам изводите од НЛБ од нова година до сега, некои девизни приливи ми се директно од странска банка некои од странска банка преку Wise. Сумите варираат од 80 евра до 1,000 евра и за сите ми имаат земено НЛБ провизија од 50 денари. Чудно ми е што за два од нив (еден од Wise еден директно од странска банка) немаат никаква провизија земено, ама секако нема да се бунам :)
P.S. Сепак моја грешка. За Wise земаат и дополнителни 5 евра на тие 50 денари. Сега ги анализирав налозите. Не сум ги приметил бидејќи не стигаат како посебна ставка во транскациите туку само на изводот стои.
 
AlexTaurus

read-only
5 август 2018
2
0
Дали на некој му успева да префрла пари од Wise на Payoneer?
Заради ограничувањето на Payoneer и неприфаќање на приливи од индивидуални сметки...
 
Mimiqrt

read-only
26 април 2017
2
1
Здраво дечки,

Пробав да направам некаков skim на темава за да сфатам која опција ми функционира најбољи, ама сепак ќе напишам пост со надеж дека некој сличен го знае точно процесот и би ми ја сфатил ситуацијава боље бидејќи ситуациите на секој еден се доста шарени (од праќање мали/големи суми, до даноци, до праќање пари кон Македонија и така натаму), ќе ја напишам мојата подолу.

Јас сум од Македонија, но живеам во Шпанија - и имам средства во Македонија кои би сакал да ги префрлам како физичко лице (од македонска моја сметка), кон физичко лице (кон Шпанска моја сметка). Се работи за сума од околу 20K евра.

Е сега, гледајќи на темава - и читајќи проблеми со замрзнати пари - претпоставувам дека баратење вакви суми со FinTech компании не е многу пожелна позиција, ради голема веројатност дека ќе се деси голем стрес и парите да не можам да ги видам некое време ако одлучат дека јас како нов клиент треба да им се докажувам на триста начини.

Дали некој друг бил во слична положба? Сте искористиле на крај банка? Имате препорака за која банка би била најпожелна? (во Македонија имам само трансакциска сметка на НЛБ, но не би гледал како голем проблем да отворам во друга банка такоѓе)

Благодарен однапред за било какви информации и помош
 
Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.542
3.143
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Од македонска банка во шпанска банка не е опција? Не разбрав.
 
Mimiqrt

read-only
26 април 2017
2
1
Секако дека е опција - мислев кои се најпожелни банки за да се изврши таков трансфер.

Доколу успеав да изнајдам некакви информации на тематика праќање од МК кон ЕУ, од банката која ја користам НЛБ, би било овој рачун:
1718186250257.png

Доколку ова е пола процент, тоа би биле 100 евра (од 20 илјади евра). Но дали е пола процент, или е 5%? (пола процент не е голема сума, 5% од друга страна потешко се проаѓа)

Што би значело овде трошокот 310 МКД (во рамки на НЛБ Групација)?

Побитно прашање е - дали ова е трошок којшто е сличен во сите банки (и е регулиран на државно ниво на некој начин), или секоја банка си има свои регулации на тематикава, па друга банка потенцијално може да е пооптимална во однос со трошоци?
 
DonFrozex

user
9 јуни 2011
1.409
1.643

Погледнете го атачментот 138087

Било која регуларна МК банка ќе те изгоре, со какви-се-не провизии.
Најдобро ти е да се јавеш да прашаш да ти дадат точни бројки, но прилично сум сигурен дека ќе ти речат „тоа зависи од посредничките банки колку ќе земат“.

Дали ти се итно потребни парите и дали мора сите на еднаш?
Можеш да си пробаш со сервисите за брзи пари, WesternUnion, MoneyGram, Ria etc, да ти ги прати некој од МК на твое име таму во Шпанија.
 
Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.542
3.143
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Секако дека е опција - мислев кои се најпожелни банки за да се изврши таков трансфер.

Доколу успеав да изнајдам некакви информации на тематика праќање од МК кон ЕУ, од банката која ја користам НЛБ, би било овој рачун:
Погледнете го атачментот 138087

Доколку ова е пола процент, тоа би биле 100 евра (од 20 илјади евра). Но дали е пола процент, или е 5%? (пола процент не е голема сума, 5% од друга страна потешко се проаѓа)

Што би значело овде трошокот 310 МКД (во рамки на НЛБ Групација)?

Побитно прашање е - дали ова е трошок којшто е сличен во сите банки (и е регулиран на државно ниво на некој начин), или секоја банка си има свои регулации на тематикава, па друга банка потенцијално може да е пооптимална во однос со трошоци?
Праќав околу 1,800 евра во Грција преку НЛБ (ова беше пред околу две години да напоменам). Провизија ми земаа околу 30 евра плус на примачот 5 евра. Само се случи застој два дена парите стоеа. Се јавив ми рекоа фактура да приложам и ги пуштија после еден саат. Се друго беше електронски.
Трошоците се различни по банките ама мислам не драстично. За НЛБ Групација се мисли трансфер на НЛБ сметка во друга држава поштои нели имаат во Србија, Босна, Словенија итн.
НЛБ ја препорачувам затоа што се експедитивни - брзо ги решаваат евентуалните проблеми и застои.
 
Majestic

hello world
25 јули 2008
199
196
Битола
Секако дека е опција - мислев кои се најпожелни банки за да се изврши таков трансфер.

Доколу успеав да изнајдам некакви информации на тематика праќање од МК кон ЕУ, од банката која ја користам НЛБ, би било овој рачун:
Погледнете го атачментот 138087

Доколку ова е пола процент, тоа би биле 100 евра (од 20 илјади евра). Но дали е пола процент, или е 5%? (пола процент не е голема сума, 5% од друга страна потешко се проаѓа)

Што би значело овде трошокот 310 МКД (во рамки на НЛБ Групација)?

Побитно прашање е - дали ова е трошок којшто е сличен во сите банки (и е регулиран на државно ниво на некој начин), или секоја банка си има свои регулации на тематикава, па друга банка потенцијално може да е пооптимална во однос со трошоци?

Секоја банка има свој тарифник за различни услови и надоместоци за плаќање во странство.

Мислам дека овој линк од Народна банка би ти бил од помош, како за почеток, да не ги бараш ценовиците на секоја банка посебно (што и само по себе бара голем труд).
Барем кај мене гледам дека бавно го вчитува, така да трпение.

Се избира банка со кликање на истата, може да избереш максимум 3 банки, кликаш на Спореди.
Оттука ќе можеш да ја побараш услугата што те интересира, и ќе споредиш како се давачките за истата измеѓу избраните три банки.
 
tasikk

read-only
17 август 2024
1
0
Здраво дечки, работам како студент во Германија и третата плата планирам да ја префрлам преку wise на стопанска банка АД Скопје, на девизна сметка на моите родители дали некој знае колку време се чека за трансферот колкава е провизијата и какви документи ќе ми бараат во банка.
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.059
7.733

Отвори си Revolut (5 минути работа) и префрли им инстантно на дебитна картичка за провизија околу 1%
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.059
7.733
Здраво дечки, работам како студент во Германија и третата плата планирам да ја префрлам преку wise на стопанска банка АД Скопје, на девизна сметка на моите родители дали некој знае колку време се чека за трансферот колкава е провизијата и какви документи ќе ми бараат во банка.
Или ова https://paysend.com/auth/send/mk/eur/BANK_CARD - 1% над 150 евра, под тоа е 1,5 евро по трансакција. НИКАКВИ ДОКУМЕНТИ...
 
coNNectMKD

user
13 март 2017
1.308
1.546
Skopje
Или ова https://paysend.com/auth/send/mk/eur/BANK_CARD - 1% над 150 евра, под тоа е 1,5 евро по трансакција. НИКАКВИ ДОКУМЕНТИ...
Го имаш користено во последнава недела/две? Ми даде нотификација дека трансферот кон мк картички е одбиен (како да не сака кон македонски корисници да испраќа пари).

Неколку пати го имам користени за директ трансфер до дебитни ама сеа задњово ме одбива.
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.059
7.733
Го имаш користено во последнава недела/две? Ми даде нотификација дека трансферот кон мк картички е одбиен (како да не сака кон македонски корисници да испраќа пари).

Неколку пати го имам користени за директ трансфер до дебитни ама сеа задњово ме одбива.
Не сум имал потреба. Кога Revolut почна да праќа дознав дека и ова постои (очигледно веќе подолго време), а ми стигна и некакво известување па ми текна тука пишам :)
 
Viktork11

read-only
17 ноември 2020
48
38
Здраво, дали има некој начин да го одмрзнам акаунтот, имам само Македонски документи. 1725011845606.png
 
pipelin

Caffeine & IT.mk
8 мај 2010
2.711
3.374
Skopje
pipelin's setup  
OS
macOS
Единствена опција е да направиш фалсификат од сметка за струја или телефон ако адресата која ја имаш ставено е некоја од државиве како Хрватска на пример, каде што можеш полесно да смениш податоци. Ова мислење се коси со правилата на форумов, ама тоа е единствениот начин за сега.
 
DonFrozex

user
9 јуни 2011
1.409
1.643
Можеш со македонски документи
Има разлика од „отварање и користење на Wise акаунт“ и „користење на нашите Wise картички“.
Ти можеш да отвориш Wise акаунт со МК документи, но не можеш да ја користиш картичката пошто не можеш и да ја порачаш у прв план.

Е сега многу од нас ја прават таа финта: регистрирај се во ЕУ, прати ја таму картичката, направи неколку трансакции таму и врати си се у МК (потенцијално и смени адреса на Wise у МК).
 
nezgodniot

read-only
1 септември 2023
3
0
Здраво, сакам да ве прашам дали некој од вас го има добиено овој мејл?
Доколку го имате ако сакате да ме советувате како да постапам?
Ја искористив фината да ја порачам картичката во Германија кај мој пријател и моментално немам документи дека живеам во Германија.
1728233313826.png
 
dino

lurker
5 јули 2009
663
249
Здраво, сакам да ве прашам дали некој од вас го има добиено овој мејл?
Доколку го имате ако сакате да ме советувате како да постапам?
Ја искористив фината да ја порачам картичката во Германија кај мој пријател и моментално немам документи дека живеам во Германија.
Погледнете го атачментот 141827
Кога го имаш регистрирано акаунтот? Каква адреса користеше за регистрација?
 
coNNectMKD

user
13 март 2017
1.308
1.546
Skopje

Ова ако се деси очекувајте во многу брзо време Револут и Вајс да влезат на пазарот во Мк
На Wise мислиш?

Го имаме веќе, функционира кај нас. Едино картички што неаме, ама не е некој минус тоа.

Револут ако влезе, огромен чекор напред ќе биде.
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.059
7.733
Лани требаше еден пријател да плати аванс за смештај кај ружниот сосед. Онаа недомаќинската банка од кај ружниот сосед мислам му бараше некои 15 евра или сл. А Револут со НУЛА провизија... А и максималната провизија според СЕПА правилата мислам е некои 20 денари по трансакција. И не мора одма да стигнуваат пари, Револут одма ги праќа хахаха
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

На врв Дно