Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Temu

Goran995

Баниран/a
16 ноември 2019
1.495
2.572
Скопје
Ми стигна порака од Карго Експрес, а не очекувам ништо преку нив.
Исто и кај девојката сабајлево.

Имам само порачка од Тему на која има тракинг бројче од Милшпед, баш сабајлево се смени статусот и таму.
Карго Експрес се врзале со Милшпед?
 
Boco1987

hello world
25 март 2017
303
352

Претпоставувам, исто како што по ново ЕЛС се врзани со Трансфера, а ВИП Пошта со М-Оне
 
Viko

hello world
28 јуни 2022
306
283
Остајте што не ме бараа за достава, ама и рок ДО КОГА можам да го подигнам пакетот ми даваат…
 
Атачменти

  • IMG_5569.jpeg
    IMG_5569.jpeg
    227,6 KB · Прегледи: 80

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
Карго експрес се лажговци. Вчера напишале на Тему дека не сум бил достапен. Нарачката направена на 8ми Септември, со Царина се завршува на 18ти. Краен рок за испорака 14-ти Октомври. И... Демек баш на 14-ти пробале да испорачаат нарачка час и некоја минута пред полноќ. Пробале чесно ама не ме нашле дома. А работно време им е до 16:30, дури и прекувремено работеле заради мене. :)

Нормално дека им пишав поплака на Тему. Да не изедеа гомна дека ме барале/не ме нашле последниот ден пред полноќ, немаше ни да се сетам ниту ќе се жалев. Едноставно ќе почекав. Ама вака си попија поплака до custommer support.

Не ги трпете никој од куририве, одма поплаки. Ќе се научат да забушаваат и уште ние ќе испаѓаме криви. :-/
 
Chiller

user
8 март 2012
1.556
1.164
Скопје Аеродром

chroot

lurker
12 ноември 2021
768
1.101
Скопје
Нарачана на 27 Септември, стигна денес ми ја достави курир од Карго Експрес, презадоволен од организаторот за утичница под биро супер е :)
Погледнете го атачментот 154677
Сега за сега преку приватните пошти и преку Холандска пошта за пратките од АлиЕкспрес стигаат за 2 до 3 недели, што е одлично споредено со 3 месеци кога чекавме пред некоја година.
Ќе видиме колку ќе ја зацапаат работата кога ќе воведат даночење на сите пратки.
Мислењето е автоматски споено:

Можда после избориве ќе применат додатни давачки... јебига секогаш така прават за поголеми срања.
Крај на Ноември се очекува да е изгласан законот и да почне да се применува, точно после изборите.
 
Ron26

poweruser
4 мај 2019
2.245
2.682
Некако од Тему нарачав све што ми треба. Сеа на Али се навртев. Но таму се поскапо, иако има квалитет.
 
VerGer

poweruser
9 ноември 2016
2.027
1.842
Скопје
Карго експрес се лажговци. Вчера напишале на Тему дека не сум бил достапен. Нарачката направена на 8ми Септември, со Царина се завршува на 18ти. Краен рок за испорака 14-ти Октомври. И... Демек баш на 14-ти пробале да испорачаат нарачка час и некоја минута пред полноќ. Пробале чесно ама не ме нашле дома. А работно време им е до 16:30, дури и прекувремено работеле заради мене. :)

Нормално дека им пишав поплака на Тему. Да не изедеа гомна дека ме барале/не ме нашле последниот ден пред полноќ, немаше ни да се сетам ниту ќе се жалев. Едноставно ќе почекав. Ама вака си попија поплака до custommer support.

Не ги трпете никој од куририве, одма поплаки. Ќе се научат да забушаваат и уште ние ќе испаѓаме криви. :-/
зезаат и со локалниве, мене за враќање оштетена нарачка, три пати ми враќаа на мејл дека јавиле на курирот и дека курирот ме исконтактирал и сум одбивал да ја вратам пратката :D па да сум се решел дал ја враќам ил не ја враќам ..
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
зезаат и со локалниве, мене за враќање оштетена нарачка, три пати ми враќаа на мејл дека јавиле на курирот и дека курирот ме исконтактирал и сум одбивал да ја вратам пратката :D па да сум се решел дал ја враќам ил не ја враќам ..
Не знам зошто не си барал отштета без ништо враќање. Ако имаш видеа и фотографии секако... Генерално за поддршката на потрошувачи немам замерки, само треба убаво да објасниш и да аргументираш. Не ни бараат видеа/фотографии, кога сум нагласувал дека ги имам.

Само не им ја прифаќај првата понуда.
 
VerGer

poweruser
9 ноември 2016
2.027
1.842
Скопје
Не знам зошто не си барал отштета без ништо враќање. Ако имаш видеа и фотографии секако... Генерално за поддршката на потрошувачи немам замерки, само треба убаво да објасниш и да аргументираш. Не ни бараат видеа/фотографии, кога сум нагласувал дека ги имам.

Само не им ја прифаќај првата понуда.
за локална фирма е мојов случај не за тему иако улетав у темата :D за куририве дека подлажуваат муабетот .. си вратија пари и се што требаше
 
15 септември 2012
1.161
1.300
Нарачав од тему батерии за Nikon дигитален фотоапарат EN-EL 15. Две парчиња 1070 денари со достава до дома. Останува да се провери квалитетот
 
123456

poweruser
12 април 2013
2.072
1.596
Naselba Dracevo, Kisela Voda, Macedonia
за локална фирма е мојов случај не за тему иако улетав у темата :D за куририве дека подлажуваат муабетот .. си вратија пари и се што требаше
па ако е за локална фирма што воопшто коментираш на темава??
 
bicikle

poweruser
3 март 2018
2.061
1.013
„Почитуван/а, тој и тој за Вас пристигна пратка VIP199999483453MK која можете да ја подигнете во пакет шоп Вип Пошта Скопје во Скопје, на адреса ул.Апостол Гусларот бр.6 (ул.Апостол Гусларот бр.6). Пратката можете да ја подигнете во наредните два дена, во временскиот интервал од 9h до 16:30h.“ демек после 2 дена ќе ја достават или аривидерчи ? :D
 
Денес на сопругата и се јавиле од Карго Експрес, да сме си ја подигнеле пратката (погора напишав, за нарачката направена на 8ми Септември). Претходно напишале на Тему дека не сме биле достапни (демек навечер после 10ч барале а нема никаков повик и работно време им е до 16:30ч).

Пази, и рекле на сопругата дека можел да истече рокот за испорака додека они биле во состојба да ја достават пратката. Демек ние треба да им мислиме за нивните рокови... Ај баш ќе видиме што ќе се дешава.

Да знаеш и ти и сите. Ако ги научиме вака да идеме сами до магацини да им ја вршиме нивната работа за која веќе ги плаќаме пошто вклучена е достава во цената на Тему - тогаш навистина треба да сме глупи. Највреден ресурс во животот е времето и јас секако немам намера да го трошам со идење по магацини на разни сервисчиња за достава на пратки од Теми. Посебно не со скопскиве гужви.

Посебно нема да ме мрзи да потрошам неколку минути со customer support за да си заштедам време во иднина. Пратката нема да ја подигнам, а ако пратката не стигне до мене Тему ќе мора да се справи со ваквите девијации. И верувајте дека се справуваат ама идат по линија на најмал отпор. Нив им е битно пратките да стигаат а ако купувачите се глупи да им идат по газот на куририте, тогаш сѐ е добро. Ама ако пратките не стигаат и купувачите си бараат достава до дома како што е платено и договорено - тогаш Тему ќе се разбере со куририте. Во тоа сценарио најмногу последици имаат куририте што не си вршат работата.

И да знаете, пошто ова е cost cutting техника на куририте - кога еден ќе почне успешно да практикува вакви девијации - потоа сите едноставно мораат и они го прават тоа. За да останат конкурентни.
Затоа ако си го цените времето и живците, никако не идете по пратките туку барајте си достава до дома.
 
Ron26

poweruser
4 мај 2019
2.245
2.682
кој ги носи на ова iMile? Го отупија многу, 10 дена откако им е превземена и 2 дена у поштарот е.
 
Bizra

hello world
15 јуни 2024
151
77
кој ги носи на ова iMile? Го отупија многу, 10 дена откако им е превземена и 2 дена у поштарот е.
Брза пратка ги носи и катастрофа карго се мене ми се јавија само демек да ме потсетат то првпат ми се јавија и ми рекоја да си ја земам сама и не доставувале само пратката дека можат само уште тој ден да ја држат утредента на апликацијата на тему ми беше апдејт со доставено јас им пишав на тему дека не ја добив пратката и тие ми вратија парите
 
Boco1987

hello world
25 март 2017
303
352
Скопје
„Почитуван/а, тој и тој за Вас пристигна пратка VIP199999483453MK која можете да ја подигнете во пакет шоп Вип Пошта Скопје во Скопје, на адреса ул.Апостол Гусларот бр.6 (ул.Апостол Гусларот бр.6). Пратката можете да ја подигнете во наредните два дена, во временскиот интервал од 9h до 16:30h.“ демек после 2 дена ќе ја достават или аривидерчи ? :D
Истата порака ми стигна сабајле, сега само што бев до каргото ми рекоа дека оваа е автоматска порака што стига само дека е кај нив (наводно наредниве денови ќе ја сменеле, друга ќе стигала) но пратките ќе ги носел доставувач до адреса така да нема потреба од паника
 
acekorg

hello world
5 октомври 2010
414
673
Затоа ако си го цените времето и живците, никако не идете по пратките туку барајте си достава до дома.
Абе ок ама во периодот 8:00 - 17:00 често не сум дома и полесно ми е да појдам до пакет шоп, што еве во комшии на помалце од 5мин. пешки имам од скоро сите поголеми курирски служби, отколку 3 пати да се договарам со доставувачот кога може да ме најде дома.
Малце не е фер да му речам “утре сум дома од 8:00 до 11:00 тогаш донеси ми ја”.
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

На врв Дно