1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Струјомерот ми оди наназад ?!

Дискусија во форумот 'Генерална дискусија' започната од CBB_6, 13 Февруари 2019.

  1. CBB_6

    CBB_6
    Gaining Experience

    44
    96
    9 Декември 2016
    Денес плаќајки ја сметката за струја забележав нешто шо не можам да го објаснам. Сумливо ми стана шо сметката е многу мала, илјада и нешто денари за јануари, па се загледав во состојбата и шо да видам! Кај евтината тарифа старата и новата состојба се исти, односно потрошени се 0,000 kWh.
    S1.jpg
    Не е можно бидејќи дома максимално ја користиме сатницата за евтина струја, тогаш вклучуваме големи потрошувачи, бојлер, рерна, ноќе нон-стоп шибаат двете клими и тн.

    Прво помислив дека од ЕВН нешто згрешиле и заебале, ги проверив состојбите на сметките наназад и сите си се во ред. Но, кога ја видов состојбата на броилото кај евтината тарифа гледам дека е 1692,5, наместо да продолжува од 1744.2 па нагоре!
    S2.jpg
    Уствари испаѓа дека струјомерот кај евтината тарифа куца наназад, шо по некоја си логика од наредната сметка ќе треба ЕВН да ми плаќа мене :D:D:D

    Дали некој имал слично искуство со струјомерот и шо предлагате околу оваа ситуација? Инаку, моделот на броилото е Iskra MT174.
     
    На Futurelakimens, GoCe_, stefan_off и уште 2 други им се допаѓа ова.
  2. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    7,982
    11,811
    2 Август 2012
    Машко
    Веднаш да пријавиш и да не се веселиш на ова во спротивно ќе бидеш обвинет за кражба (иако не е така)

    @omegaRED?
     
  3. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    2,901
    2,653
    24 Септември 2012
    Ти израчунале вишок претходно и сега рамнеле. Пак ќе рамнат додека не стигне броилото до таа бројка. Се си е во ред.

    Човечки фактор е.
     
    На SaleSk, JasSum, Speedster и уште 3 други им се допаѓа ова.
  4. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,127
    8,558
    23 oктомври 2012
    Машко
    Друже иди пак до струјомерот и ке видиш дека си е во ред. Отчитувањето се врши на неколку месеци и се ставаат паушални вредности и едноставно натпишале претходниот месец и сега си во претплата. Не се секирај, неможе да врти наназад, старите, механичките можеа.
     
    На SaleSk, mdeni, SiPy` и уште 2 други им се допаѓа ова.
  5. JunkieMKD

    JunkieMKD
    Gaining Experience

    2,134
    468
    3 Декември 2008
    Машко
    Електричар
    Вршат порамнување на сметките затоа е така, без гајле нема никакви можности да врти струјомерот назад.
     
    mdeni, igor_igor и на Oktar им се допаѓа ова.
  6. lynx

    lynx
    Unstoppable

    3,249
    2,798
    4 Септември 2008
    Не читаат секој месец туку преку еден месец затоа ти е таа состојба и сума.
     
    mdeni, DrMTR и на Oktar им се допаѓа ова.
  7. CBB_6

    CBB_6
    Gaining Experience

    44
    96
    9 Декември 2016
    Кај мене инкасантот доаѓа редовно секој месец, и то точно меѓу 17-ти и 24-ти во месецот, значи со сигурност не се земени паушални вредности, па за сега да има порамнување. Знам дека секој месец чита саат бидејќи му отвараме да влезе, броилата се внатре во куќата.
    Баш ќе пратам состојба и ќе пишам шо како.
     
    На stefan_off му/ѝ се допаѓа ова.
  8. lynx

    lynx
    Unstoppable

    3,249
    2,798
    4 Септември 2008
    Прашај го ќе видиш, во Велес намалија на кадри и самиот човек кажа дека сега ќе читаат на два месеца затоа што неможе да се постигне.
    Може некои помали места може да покријат и ќе читаат редовно на месечна база.
     
  9. krema

    krema
    Professor

    7,604
    7,282
    24 Јуни 2009
    Машко
    Ајде утре направи нова сликица од состојбата на Т2.
    Така ќе знаеме дали оди назад или напред, инаку се сложувам дека ова е порамнување.
     
    На Oktar и igor_igor им се допаѓа ова.
  10. igor_igor

    igor_igor
    Unstoppable

    2,046
    2,843
    2 Септември 2012
    Машко
    Па ќе иде назад кога потрошувачите ги уклучуваш обратно, наопачки во штекер. :p:oh:
     
    На bLaCk AnArChY и stefan_off им се допаѓа ова.
  11. StOrMK

    StOrMK
    Gaining Experience

    572
    318
    25 Јули 2015
    Машко
    Икономист
    Кажи рецепт за рикверц. :) :) :)
    Барем додека трае зимово да го програмирам, после ќе го вратам во нормала.
     
    На CBB_6 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,127
    8,558
    23 oктомври 2012
    Машко
    100% e порамнување, гарантирам.
     
    mdeni, CBB_6 и на JunkieMKD им се допаѓа ова.
  13. wolverine

    wolverine
    On your way to fame

    781
    622
    27 Јуни 2012
    Одма пријавувајте пошто ќе ве обвинат за кражба. На мои блиски им се случи тоа. Нешто не беше во ред со струјомерот и 1000 евра казна.
     
  14. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,127
    8,558
    23 oктомври 2012
    Машко
    Неможе така, струјомерот си има пломби. Ако тие пломби се нечепнати, нема основ за тужба. Ако се оштетени, е тогаш е друг муабет.
     
    SiPy`, mdeni и на CBB_6 им се допаѓа ова.
  15. Futurelakimens

    Futurelakimens
    Gaining Experience

    566
    248
    12 Април 2017
    Машко
    Брат пријави дај тоа, а јас ќе ти пишам ПП колку пари сакаш за бројачот... :D
     
  16. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    7,982
    11,811
    2 Август 2012
    Машко
    Должен е по закон да пријави било каква нерегуларност со броилото иако е пломбирано.

    Карикирам но ако би дошло до судење нивните адв. тимови можат да докажат дека знаел и се правел на Тошо. Неќите да имате работа со Телеком, ЕВН, Водовод, Топлификација..

    @CBB_6
    Јави се на бесплатниот број и разговарај. Љубезни типови се. Ако треба ќе ти се прејават
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,127
    8,558
    23 oктомври 2012
    Машко
    Точно, но многу е едноставно да утврдиш во која насока врти струјомерот. Ако сабајле бројката е поголема тогаш нема простор за паника. Во секој случај може да се јави во контакт центарот и да си направи муабет, па да ни пренесе тука.
     
  18. gOJDO

    gOJDO
    Guru

    7,649
    9,457
    23 Јануари 2008
    Манга
    Сеа граѓаните од АРачин ќе се бунат зошто ЕВН не им плаќа пари за тоа што трошат.
     
    На Grimriper, SiPy`, JasSum и уште 10 други им се допаѓа ова.
  19. bxxxn

    bxxxn
    Practice makes perfect

    915
    1,046
    11 Март 2011
    Снемало струја и се ресетирал :) Веројатно пишал паушал минатиот месец, но пријави за секој случај. Ни се имаат случувано екстремни варијации во сметки, веројатно од слична причина, но не го имам загледано саатот. За струјата не сум сигурен, но за водата редовно си наддаваат по 10 кубика паушал. Еднаш го сретнав инкасаторот за вода и го прашав кога и како чита и ми спомна дека законска обврска била на 3 месеци.
     
  20. itstheigyg

    itstheigyg
    Intern

    29
    10
    21 Мај 2017
    Ако не прочитаат саатот некој месец, од ракав маваат киловати, на следно читање си имал помалку него тоа и за тоа ти е така, ништо страшно.
     
    На Arabian и gOJDO им се допаѓа ова.
  21. Costigan_Jr

    Costigan_Jr
    Unstoppable

    2,703
    3,652
    5 Јули 2013
    Уште некое време и нема ни инкасатори да доаѓаат повеќе. Преку GPRS ќе си комуницираат сите броила...ваљда еднонасочно :D
     
  22. Futurelakimens

    Futurelakimens
    Gaining Experience

    566
    248
    12 Април 2017
    Машко
    Еднонасочно, а по потреба и двонасочно.
     
    На gOJDO му/ѝ се допаѓа ова.
  23. krema

    krema
    Professor

    7,604
    7,282
    24 Јуни 2009
    Машко
    Пишував за тоа.
     
    На CBB_6 и Costigan_Jr им се допаѓа ова.
  24. -={K-O-R-U-N}=-

    -={K-O-R-U-N}=-
    Practice makes perfect

    1,369
    1,379
    6 ноември 2012
    Машко
    Мрежен администратор, IT, BTC
    2019та и сеуште се читаат струјомери....

    Чудно што модемиве не ги читаат на ист начин.
     
    На tupacan и gOJDO им се допаѓа ова.
  25. JunkieMKD

    JunkieMKD
    Gaining Experience

    2,134
    468
    3 Декември 2008
    Машко
    Електричар
    и 2019 и потака.. не се брзаат тие.
     

Сподели

Вчитување...