mdeni
senior
- 24 септември 2012
- 6.058
- 5.989
На истиот на кој постои "медиор". Ако е логично медиор, така и апер и лоуер медиор. Ако е бал...Брат на кој јазик е ова што го напиша?
Sent from my SM-S938B using Tapatalk
На истиот на кој постои "медиор". Ако е логично медиор, така и апер и лоуер медиор. Ако е бал...Брат на кој јазик е ова што го напиша?
Не да ја водам темава офтопик ама коа више почнавте.На истиот на кој постои "медиор". Ако е логично медиор, така и апер и лоуер медиор. Ако е бал...
Sent from my SM-S938B using Tapatalk
Го нема во речник. Ниту во англиски речник. Во холандски го има. А сега дали ќе имаме или не зборови преземени од холандски...Не да ја водам темава офтопик ама коа више почнавте.
Што точно е проблемот со терминот “медиор“?
Ако место Junior/Medior/Senior ги викаме Entry-level/Intermediate/Expert тоа поише одговара?
Не е доволно транзитивно значење ако имаме Сениор и Јуниор да иаме Медиор?
Баш ова.да го валидира аутпутот а не слепо да стиска Accept All changes
всушност идеално е да не ни го користи auto fill и auto accept туку тој аутпут од ВИ чак и да е добар
да земе да го прекуца рачно, зашо со самиот процес на прекуцување ќе научи
Многу се сложувам со ова, го користам четГПТ и Копилот и двете платени верзии за систем инженерство на дневна основа, многу сум изненадно разочаран... од не сфаќање на пролемот, до тотално утнување на командимногу преувеличување е ова со АИ. АИ во моментов не е на ниво на калфа, а камо ли на некој експерт. Го користам секој ден, халуцинација му е средно име, и тоа халуцинира од првиот ден. За некои ствари што се повторуваат милион пати можеби може да ги повтори точно, но нешто што е ретко или невозможно да се најде некаде абер нема. Дури и кога му даваш концизни инструкции не знае да прати па мора да се вратиш неколку чекори или да почнеш од ново.
Многу се сложувам со ова, го користам четГПТ и Копилот и двете платени верзии за систем инженерство на дневна основа, многу сум изненадно разочаран... од не сфаќање на пролемот, до тотално утнување на команди
ако знаеш да направиш „хирушки точен промот“ тогаш воопшто не ти ни треба LLM-базиран-таканаречен-AI.Со хируршки точен промпт, ќе видиш разлика во одговор.
ако знаеш да направиш „хирушки точен промот“ тогаш воопшто не ти ни треба LLM-базиран-таканаречен-AI.
Вака малку почнувате да изгледатеНа ова мислеше @Isak Keyten кога рече дека треба да се преви ревју пред да се пушти на prod репо....
Да, треба да биде контролиран и надгледуван затоа што не само што не си ја завршил работата туку и маестрално зезнал работа.@TylerMkD мојето размислување на темава го кажав во колумната, затоа не учествувам во дискусијата. Али сликата погоре само е доказ дека аи не си ја обавил добро работата и дека треба да биде исконтролиран, во оваа денешна даза. Што ќе биде за 5 години ќе видиме.
Во случајов, кој ќе ги сноси последиците? Вештачката интелигенција? Што ќе напраат, ќе му намалат на рам или 3 дена ќе го изгасат како казна?На ова мислеше @Isak Keyten кога рече дека треба да се преви ревју пред да се пушти на prod репо....
LLM-базиран-таканаречен-AI.
Мене повеќе ме плаши фактот дека луѓе се ослонуваат на алаткиве и мислат дека им помагаат и тоа ги прави многу продуктивни, а до сега никој никаде нема докажано дека навистина се продуктивни во пракса (на лајвстрим да работи и да го гледаме сите).
Начинот на решавање проблеми е креативен дел што нема никогаш да се замени.
Мене повеќе ми е страв затоа што се помалку и помалку има квалитетни луѓе што се навистина вешти во тоа што го работат и тешко се наоѓаат истите.
Исто така, да не заборавиме дека одржавање на постоечки проекти е многу потешко и покомплексно од градење продукти од нула.
Јас сеуште барам да најдам решение каде што вештачката интелигенција е целосно искористена без да прави грешки и да враќа исти податоци за истиот промпт. Пример: Сите компании имаат направено чат бот ама некако немам многу доверба во истиот дека ќе ми ги даде правите одговори и автоматски ми станува безкорисен.
Дајте некои навистина практични примери за користење вештачка интелигенција. Тоа агенти да ти пишуваат код или проверуваат код е само теорија, во пракса тешко дека ќе стигне до ниво каде што навистина ќе биде корисно.
Околу искуството со вештачка интелигенција, многу малце ја користам, за лични проекти најчесто или за да ми генерира по некој случаен текст наместо лорем ипсум но тоа што го имам чуено од колеги што фрлаат еден тон пари на најскапите алатки е дека сеуште не се сигурни дали навистина би им било интересно да работат на овој начин и дали воопшто се продуктивни.
Нешто што ќе му дадам некакви податоци и ќе ми врати обработени форматирани податоци назад.Што подразбираш под вештачка интелегенција?
Ова не е ништо уникатно, веќе има такви сервиси што луѓе ти прават слики за 5-10 долари или си купуваш веќе готови слики. Супер е да можеш и сам да си го направиш тоа ама за сериозен проект сепак нема да ти врши работа ова толку многу.Буквално сега за еден продукт, промо фото да направиш, да речеме сакаш шише вода во пустина да ја ставиш, ја правиш во 3 минути (зборам само за 1 пример од можни 10000) - а врска да си немаш од графички дизајн. Не треба ни Фотошоп да имаш дома во ПЦ, а можеш да имаш цел каталог од промо слики.
Повеќето луѓе се ослонуваат бидејќи реално за некои работи, ако знаеш што правиш, те прави побрз или дел/процент од работата можеш да ја завршиш побрзо. Да, се согласувам дека креативноста ќе биде клучна бидејќи човечкиот фактор е многу битен, ама истово може да биде и обратно кажно: кога креативноста ти е на минимум, ова може да ти отвори врати, за било која дејност (идеја, решение, постапка, чекори итн итн итн). Ако не ти текнува, ќе ти даде насоки..
Викаш дека сеуште бараш решение каде АИ направил проект без грешка... а кој човек направил проект без грешка? Кој е тој инжинер што направил било каков проект, од прва, седнал дома на компјутер, изградил било каков проект/апликација/веб, било што, и немало ни една грешка?
Секако дека ќе има грешки, но ако си добар во тоа што го градиш или знаеш што градиш, се разбираш од проблематиката, АИ може да ти помогне полесно да дојдеш до финалниот продукт.
Супер технологија е ама е за уникатни сценарија што се помалце од 10% од секојдневието.Моето размислување е дека човечкиот фактор ќе има важна улога во контрола на АИ, но како технологија/иновација како сакаш крсти ја, треба и мора да се користи. Сите вие што ги викате нови деца што мислат дека се програмери и со АИ почнуваат да работат/градат, тоа ќе биде краткотрајно. Тие што навистина знаат што прават, ќе останат и ќе „преживеат“, другите сами ќе се тргнат кога ќе видат дека не е тоа тоа.
Ова е најважниот и најдобриот совет што некој го дал на форумов. Апсолутно се сложувам и самиот го практикувам истото.Учете и надоградувајте си ги вештините што ќе ви користат во работата во која што работите за да бидете тешко заменливи. Вештачка интелигенција не ви треба до толку колку што мислите.
Професионален сленг. Зборува за работата, зошто да не го употреби речникот со кој се изразуваат. Во пошироката ај-ти сфера одамна имаме полн таклабас англицизми, и така ни е кога на времето им се смеевме на Хрватите за преведените компјутерски термини. Сега разбираме, ама касно е... И така медиор, кога веќе има сениор и јуниор.Го нема во речник. Ниту во англиски речник. Во холандски го има. А сега дали ќе имаме или не зборови преземени од холандски...
Ако е од англиски или латински, во ред е, ако е од холандски не е во ред...Ненене, јун-иор и сен-иор се од латински по-млад и по-стар. Медиор не е од латински зашто нема споредбено по-среден (од средина). Или е среден или не е. Има дискусија погоре.
Никогаш не сум се смеел на зборообразување. Напротив. Но ова нема смисла. И затоа ми пречи.
SSD M.2 256GB KINGFAST F8N NVMe , 1.988/1.522MB/, KF2321DCS25BF-256
3.370,00 ден
MOUSEPAD BLIZZARD World of WarCraft 20th Anniversary XL 900x420x4m
1.690,00 ден
MOUSE WIRELESS USB HAMA MW-500 RECHARGE, BLUE, 173034
800,00 ден
WALIKING PAD XIAOMI KINGSMITH X21
48.990,00 ден
HDD 3,5" 4TB WD PURPLE IntelliPower 5400RPM 128MB 24x7 SATAIII WD44PURZ
10.970,00 ден
PHONE CHARGER XIAOMI TURBO CHARGING (USB-A) 45W, charging cable not included, BHR07SLEU
790,00 ден