Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Steam Machine за 150$

DeJaVu

user
21 ноември 2010
1.211
1.679
Скопје
Само што нарачав едно, ме чешаше џебот изгледа... :)
Сега само уште да го склопам 3д штампачот што го нарачав пред некоја година, и да му отштампам куќиште... Што нема да се деси во догледно време. :D
Ај нек се нагоде. Пошто неможам да си земам едно, бар за тебе ќе се радувам :).

Чим го добиеш одма мењање паста/падови. Задната плочка е ладилник за рамот кој нема сензор за температура, така да не би било лошо да го појачаш тој дел. Можеш едноставно да ја избушиш плочката и да заштрафиш некој помасивен ладилник, што сигурно ти се матка по кутии, директно на неа(јас додатно и вентилаторче би бапнал). Покрај рамот сигурно ќе се одрази позитивно и на температурата на останатите компоненти пошто е мала матичната.

Ако отклучуваш CU и додатни јадра кај процесорот и/или оверклокуваш, припази на тоа колку струја влече, пошто над 300 вати прочитав дека можело ако е све на макс и фул оптеретено. Зависно од употребата, ако ти иде натаму потрошувачката, тогаш препорачливо би било да се утилизираат и тие додатните мини конектори за напојување на машинчево. Пошто 300 вати преку еден 8 пински конектор се малку многу, може да се стопи од среќа.

Ај уште еднаш нек се нагоде, па обавезно да споделиш искуство од прва рака.

Едит: Изумив да спомнам дека има модели за 3д принтање на ритеншн брекети, да може да му се монтира пример кулер од AM4 напред, ако имаш некој добар што ти се матка низ дома.
 
Последна промена:
членови онлајн
мислења
теми
членови

Нови мислења

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно