ContentBot
Робот (content unit)
Што е ALIEN TXTBASE - најновото истекување на хакирани податоци во кое се споменува и IT.mk ⋆ IT.mk
Во последните денови, заедницата за сајбер безбедност сведочи на уште едно огромно истекување на податоци, наречено ALIEN TXTBASE, кое неодамна беше
Барање за промена на лозинка и воведување на 2FA
Ситуацијава ја искористивме за воведување на двофакторска автентикација на IT.mk – задолжителна за сите профили на корисници освен за B2C членовите – за кои во одреден период оваа функционалност ќе биде опционална, односно самите корисници ќе одлучат дали ќе си воведат 2FA на својот профил или не. Во блиска иднина, планираме да ја поставиме 2FA автентикација како задолжителан и за профилот на членови, па затоа ги советуваме сите веќе регистрирани членови во Мојата сметка > 2FA да ја активираат двостепената автентикација.
Дополнително на воведување на оваа безбедносна мерка, ќе испратиме и барање за задолжителна промена на лозинка на сите постоечки членови. На оваа тема, сите регистрирани корисници ќе добијат дополнителни инструкции на мејл во текот на следниве денови.