Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Safe City - Камерите за казнување

18 август 2019
1.212
1.182
50%+ од мажоретките за Безбеден град не се од Ск, а после астрономските цени на квадрат и грозјето е кисело, темава им дојде како добар вентил :)
Безбеден град не е само за Скопје. Веќе стаса до Крива Паланка.

Во Скопје да ми подариш стан, не доаѓам. Грозјето е кисело, ама и многу загадено.

Кој ли го измисли името „Безбеден град“? Поставиле камери и надвор од градовите.
 
Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.505
3.106
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro

Целосното име е Безбеден Град, Безбедна Држава :)
 
xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.694
12.537
Skopje
www.wemaxa.com
Поента не беше кој каде живее или каде треба да живее, но кога луѓе што не се директно засегнати дремат дежурно на темава, што кажува тоа...

Или кога некој со дигитрон дреме на ИТ форум, нема никаков придонес на ниедна тема која паѓа под главниот фокус на форумов (ИТ) ама на вакви и остали споредни темици и те како има што да вергла, не е за тука, за пред кооперација е, кладилница, фемина, кајгана.

Се помачи некој да побара со оваа грешка што ја пријавуваат луѓе - мотор кој поминува со поголема брзина а се препишува таа брзина на најблиското возило?
Еве, ајде Џипити

1771924942428.png

Него, лаже овој Џипити, познат проблем со него, фантазира да ми удоволи. Буџетарите што одат на 50 во пензија се експерти.

1771925144924.png
 
Titanium

hello world
1 март 2024
349
193
Него мене нешто не ми е јасно. Нема гужва на раскрсница. На семафорот треба да се изгаси зелено за некоја секунда (хипотетички пошто нема бројчаник). На другиот крај претрчува пешак на црвено на пешачки. Треба да закочам и да го пропуштам со ризик да платам казна или треба со ескиважа да го избегнам за да ја напуштам навремено раскрсницата?
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.149
16.235
Поента не беше кој каде живее или каде треба да живее, но кога луѓе што не се директно засегнати дремат дежурно на темава, што кажува тоа...

Или кога некој со дигитрон дреме на ИТ форум, нема никаков придонес на ниедна тема која паѓа под главниот фокус на форумов (ИТ) ама на вакви и остали споредни темици и те како има што да вергла, не е за тука, за пред кооперација е, кладилница, фемина, кајгана.

Се помачи некој да побара со оваа грешка што ја пријавуваат луѓе - мотор кој поминува со поголема брзина а се препишува таа брзина на најблиското возило?
Еве, ајде Џипити

Погледнете го атачментот 159060

Него, лаже овој Џипити, познат проблем со него, фантазира да ми удоволи. Буџетарите што одат на 50 во пензија се експерти.

Погледнете го атачментот 159061
За мене единствена логика има само ако системот ја мери брзината на движење на самата табличка, во слулај кога казнувањето се одредува според табличка. Табличката стоела а системот измерил брзина... тогаш тој систем не е добар и пркоси на секаква логика, и формално и правно.
 
gdamjan

poweruser
3 април 2008
4.055
3.492
Скопје
damjan.softver.org.mk
gdamjan's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 Pro 4650G / Cooler Master Hyper 212 Black
Motherboard
MSI MAG B550m Mortar Wifi
Storage
NVME: 1TB AData XPG SX8200 Pro / HDD: 2x 2TB Toshiba P300
PSU
Gigabyte G750H
RAM
G. SKILL Ripjaws V Series 2x 16GB / DDR4 3200Mhz/CL16
Video card
Vega 7 on APU
Case
Bequiet! PureBase 500
Mouse
Logitech MX Anywhere 2S
Keyboard
ThinkPad USB Keyboard With TrackPoint (sk-8855)
OS
Arch Linux
А и мене нешто не ми е јасно возам накај раскрсница, паѓа астероид и вртам лево, вртам десно да го избегнам, газам нешто пешаци … ќе платам ли казна?
 
mihovkris

poweruser
1 јуни 2016
4.763
4.482
Неготино
А и мене нешто не ми е јасно возам накај раскрсница, паѓа астероид и вртам лево, вртам десно да го избегнам, газам нешто пешаци … ќе платам ли казна?
Да. По закон, астероидот има предност. Глобата е 150 - 500 евра во зависност од големината.
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.510
Ако се навратиме на техничките карактеристики на камерите од почетокот на темава, никаде не е спомната можноста на регистрирање возила кои поминале на зелено и (под)застанале на раскрсница. Напротив, тие возила се веќе регистрирани дека поминале на зелено.

Ниту па фигурираше оваа ситуација во најавите за системот. Прв пат е спомната од министерот на некоја телевизија.

Така што, џабе везење.
 
18 август 2019
1.212
1.182
А и мене нешто не ми е јасно возам накај раскрсница, паѓа астероид и вртам лево, вртам десно да го избегнам, газам нешто пешаци … ќе платам ли казна?
Нема да платиш... ако астероидот те убие.
Мислењето е автоматски споено:

Да. По закон, астероидот има предност. Глобата е 150 - 500 евра во зависност од големината.
Астероидот има предност само ако доаѓа од десната страна...
 
xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.694
12.537
Skopje
www.wemaxa.com
За мене единствена логика има само ако системот ја мери брзината на движење на самата табличка, во слулај кога казнувањето се одредува според табличка. Табличката стоела а системот измерил брзина... тогаш тој систем не е добар и пркоси на секаква логика, и формално и правно.

Композитен е системот.

"Системот „Безбеден град“ е комбинација од повеќе синхронизирани хардверски и софтверски компоненти поставени по крстосници и булевари во Скопје. Највидлив дел се видео камерите (ANPR камери) кои снимаат континуиран видео стрим и прават препознавање на регистарски таблички. Паралелно со нив работи и радарски или лидарски сензор за брзина, кој независно ја мери брзината на објект што се движи низ мерна зона. Овие сензори се синхронизирани со камерата преку локален контролен модул (edge processing unit), кој содржи процесор, меморија и специјализиран софтвер за анализа. Тој модул ја „спојува“ сликата со измерената брзина, го извлекува бројот на табличката преку OCR алгоритми, и создава еден настан со податоци: време, локација, брзина, фотографија.

Потоа доаѓа комуникацискиот дел. Секој уред има мрежен модул (Ethernet или 4G/5G) преку кој податоците се праќаат до централен сервер или дата центар. Таму, на повисоко ниво, работи систем за валидација и складирање, кој дополнително проверува дали прекршокот е валиден, го поврзува со база на возила и сопственици, и генерира запис за казна. Значи, архитектурата е слоевита: сензорски слој (камера + радар/лидар)процесирачки слој (локална логичка плоча / edge unit)комуникациски слој (мрежа)централен систем (сервери и софтвер). Проблемите што луѓето ги пријавуваат, како погрешно припишување брзина, најчесто се случуваат ако во ист момент има повеќе возила во мерната зона и системот мора да „одлучи“ кое возило одговара на измерената брзина, што не секогаш е тривијално ако конфигурацијата или калибрацијата не е идеална."

Таму, на повисоко ниво, работи систем за валидација и складирање, кој дополнително проверува дали прекршокот е валиден => Ова кај нас, клати клати земи плати, нели се тера ретроактивно, по пријава, поплака и сл. за да има повеќе време за клатење врата за да не зариба, и за гуглање огласи за работа како обезбеџење во кладилници/казина/агенции за "обезбедување"(возикарање низ град) - после 50че/пензионирање.
 
Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.505
3.106
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
ЧетГПТ е океј работа, ама често не зема предвид факти или пак ги извртува. Во идеален свет, секој посериозен прекшок (а зошто да не и обичен?) би подлежел на проверка пред да биде финализиран - пратен како казна спремна за наплата до прекршителот.
Сепак, да не се правиме недоветни. Еден од најголемите проблеми кај нас е фаќањето врски. Затоа и целата поента е на оставање што помалку простор за контакт и потегнување на роднинско-пријателски, партиски или пак интересно-услужни врски во МВР. Замисли за секој прекршок да можеше секој полицаец да одлучува да се поништи. Вестите ќе беа во стил - вчера камерите уловија 4 прекршоци (јадници кои за чудо немале никакви врски).
Вака, оставам простор да има спорни 0.01% случаи кои неправедно ќе се извлечкаат навака натака за да оспорат, но големата слика е поважна, а уште поважно е што откако ќе се намали бројот на казни, може да се направи еден таск форс со неколку одбрани луѓе кои би решавале посериозни прекршоци кои во тој случај не би се решавале автоматски од страна на камерите. На тој пат сме според бројот на прекршоци - ако има 10-20 идиоти што поминуваат на црвено дневно, мислам дека не би било проблем и "рачно" да се проверуваат во блиска иднина пред да се прати казна (во рок од 24-48 часа). Секако, опцијата за оспорување на казна останува достапна за секого.
 
gdamjan

poweruser
3 април 2008
4.055
3.492
Скопје
damjan.softver.org.mk
gdamjan's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 Pro 4650G / Cooler Master Hyper 212 Black
Motherboard
MSI MAG B550m Mortar Wifi
Storage
NVME: 1TB AData XPG SX8200 Pro / HDD: 2x 2TB Toshiba P300
PSU
Gigabyte G750H
RAM
G. SKILL Ripjaws V Series 2x 16GB / DDR4 3200Mhz/CL16
Video card
Vega 7 on APU
Case
Bequiet! PureBase 500
Mouse
Logitech MX Anywhere 2S
Keyboard
ThinkPad USB Keyboard With TrackPoint (sk-8855)
OS
Arch Linux

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.466
SK
Повеќемина да го читаа Орвел, немаше сега да биде користен како упатство за употреба.
Мислењето е автоматски споено:

За мене единствена логика има само ако системот ја мери брзината на движење на самата табличка, во слулај кога казнувањето се одредува според табличка. Табличката стоела а системот измерил брзина... тогаш тој систем не е добар и пркоси на секаква логика, и формално и правно.
Баш е логично, еден алгоритам (софвтер) е за мерење брзина, друг е за поврзување со аутото/таблицата и таму сѐ зависи толеранцијата колку ќе ја подесат. Ако сакаат да има помалку "can not compute" тогаш ќе подигнат толеранцијата и оп, ете ја твојата таблица поврзана со брзината на моторот кој прошишал покрај тебе... Чекај само идиотите да дознаат дека сеуште не ги фаќа закон, па ќе испаднат и аута со 100+ км/ч како возат низ градов.

Не се ова нови системи, слабостите секако се познати. Џипити често ги посочува изворите, па може и тоа да се провери или едноставно да се пребара... Проблемот е само кој ќе го прочита после тоа. :)
 
petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.481
2.929
Еј, а некој да искоментира и подобјасни кои импликации се кријат позади овие откритија на Џоко (со модрото око?):
 
Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.505
3.106
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Еј, а некој да искоментира и подобјасни кои импликации се кријат позади овие откритија на Џоко (со модрото око?):
Прв коментар на програмер што го консултирав - и шо?
 
dddragan

hello world
12 август 2014
435
596
Еј, а некој да искоментира и подобјасни кои импликации се кријат позади овие откритија на Џоко (со модрото око?):

Првиот линк - ако корисникот не го избрише/деактивира сам default акаунтот, ќе може било кој да се логира на таа камера, ако ја дознае адресата. Може да биде проблем, ама не мора да значи. Обично овие акаунти се деактивираат одма или им се менува лозинката.

Вториот линк - ова може да е проблем, ама пак треба некој корисник да се "лизне" и да му ги украдат колачињата, па со нив да се логираат во име на корисникот. Иако токенот не истекува, тоа не значи дека не можат во позадина да ги деактивираат и дека немаат систем што ги деактивира овие на друг начин. Ова го гледам јас ко "ако ти го украде пасвордот некој, ќе може друг да праи глупости". Фала богу дека ќе може :)

Третиот линк - освен што "напаѓачот" би глеал коли на улица како се движат во живо и да "троши" интернет, друго не глеам што би можел да направи.

TL;DR - интересно што се пронајдени "пропустиве", ама не мењаат ништо во безбедност
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346
Нели толеранцијата беше до 6км на час на брзини до 100км на час?
На татко ми вчера му стигнала порака за 77км на час како опомена на место каде е дозволено 70км на час.
Edit сепак било 9км на час на брзини од 50 до 100км на час.
 
xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.694
12.537
Skopje
www.wemaxa.com
Eве што се дешава на улици во Црниче/Пржино кај мене, пишав во некој претходен пост, испаркирани возила и дивеење. На буџетарите им имам пријавувано, ама нема кој да клати врата ако дојдат.

1772025241649.png
 
Ron26

poweruser
4 мај 2019
2.220
2.655
Приметувам дивеат многу кај што нема камери. Се тепаат исто со боксови низ сообраќај низ град, само месецов 2-3 видеа искочија.
 
18 август 2019
1.212
1.182
Нели толеранцијата беше до 6км на час на брзини до 100км на час?
На татко ми вчера му стигнала порака за 77км на час како опомена на место каде е дозволено 70км на час.
Edit сепак било 9км на час на брзини од 50 до 100км на час.
Промашил за 3 км/ч. На 80 км/ч не му гине казна.

Јас промашив само за 2 км/ч. На излез од Скопје наивно влетав под камерите. Доцна забележав дека се приближувам кон 60. Поминав со 55 км/ч и опомена. По брзинометарот бев малку под 60 км/ч, што значи дека тој намерно покажува поголема брзина.
 
xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.694
12.537
Skopje
www.wemaxa.com
Ау, буџетар бил инволвиран, што го боли не е негова колата...

Сите се на телефон ако некој ги приметува, пошто треба да се договори каде ќе се работи после пензионирање на 50, дали ќе се клати врата на казино или на кладилница.

1772027942032.png
 
FikanA

hello world
3 април 2025
198
244
Средe никаде...
Ау, буџетар бил инволвиран, што го боли не е негова колата...

Сите се на телефон ако некој ги приметува, пошто треба да се договори каде ќе се работи после пензионирање на 50, дали ќе се клати врата на казино или на кладилница.

Погледнете го атачментот 159079
Би очекувал барем во нивното “паркинг маало“ да возат покултурно, али очигледно многу очекувам
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно