Луѓево изгледа сега се плашат да поминат и ако само споредниот семафор е зелен. Еден таксист пред мене кај автобуска ставил трепкачи за десно и си седи, му свирам не реагира, ај реков можеби за некоја грешка се работи, иако тука само десно чинам е дозволено, ако си престроен на таа лента. Може да се случи да се исклучиш на момент ама штом други ти сигнализираат провери мајку му, немаше никој пред него и немаше некоја фреквенција од другата страна да не може да се приклучи. Дремеме 2 минути за џабе и си сврте десно дури кога главниов семафор светна зелено
Плус како таксист тука сигурно илјадници пати има поминато. Абе од едни во други крајности сме кога треба некои правила да почитуваме.
Иако ова со спореден семафор за десно и кога ќе сврти некој отпосле и другите позади чекале за џабе и претходно најмалку 10ина пати сум го видел во Скопје, толку не забележуваат или такво основно нешто да не го разбираат во сообраќај не ми е јасно.