Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Safe City - Камерите за казнување

Noumenon

hello world
14 ноември 2009
220
164
Луѓево изгледа сега се плашат да поминат и ако само споредниот семафор е зелен. Еден таксист пред мене кај автобуска ставил трепкачи за десно и си седи, му свирам не реагира, ај реков можеби за некоја грешка се работи, иако тука само десно чинам е дозволено, ако си престроен на таа лента. Може да се случи да се исклучиш на момент ама штом други ти сигнализираат провери мајку му, немаше никој пред него и немаше некоја фреквенција од другата страна да не може да се приклучи. Дремеме 2 минути за џабе и си сврте десно дури кога главниов семафор светна зелено :mad: Плус како таксист тука сигурно илјадници пати има поминато. Абе од едни во други крајности сме кога треба некои правила да почитуваме.

Иако ова со спореден семафор за десно и кога ќе сврти некој отпосле и другите позади чекале за џабе и претходно најмалку 10ина пати сум го видел во Скопје, толку не забележуваат или такво основно нешто да не го разбираат во сообраќај не ми е јасно.
 

InSides

lurker
21 февруари 2009
771
2.046
  • Payload: 150,000 kg (typical for large industrial/heavy‑equipment moves with specialized permits and multi‑axle trailers)
  • Loaded gross mass: 175,000 kg

Провери да се поткраднала некоја грешка во бројките погоре, па пак да се ревидира равенката.

Највисока дозволена влечна бруто маса во ЕУ е 40 тони (40,000 килограми), за мулти-оскени приколки, во меѓународен превоз, а во домашен превоз некаде до 44 тони.
 

zoran.europe

hello world
15 јули 2024
155
97
Луѓево изгледа сега се плашат да поминат и ако само споредниот семафор е зелен. Еден таксист пред мене кај автобуска ставил трепкачи за десно и си седи, му свирам не реагира, ај реков можеби за некоја грешка се работи, иако тука само десно чинам е дозволено, ако си престроен на таа лента. Може да се случи да се исклучиш на момент ама штом други ти сигнализираат провери мајку му, немаше никој пред него и немаше некоја фреквенција од другата страна да не може да се приклучи. Дремеме 2 минути за џабе и си сврте десно дури кога главниов семафор светна зелено :mad: Плус како таксист тука сигурно илјадници пати има поминато. Абе од едни во други крајности сме кога треба некои правила да почитуваме.

Иако ова со спореден семафор за десно и кога ќе сврти некој отпосле и другите позади чекале за џабе и претходно најмалку 10ина пати сум го видел во Скопје, толку не забележуваат или такво основно нешто да не го разбираат во сообраќај не ми е јасно.
Мислам дека ти не разбираш дека додека ти е тебе споредно зелено, чисто зелено им е на сите пешаци и велосипеди кои поминуваат на преминот. И дека со возилото ќе им го блокираш поминувањето. Како велосипедист ова го знам од прва рака и беше редовна појава а сега станува поретка кај што има камери но ја има сеуште. Да се прашувам јас за ова веднаш треба одземање на возачка дозвола, затоа што никој не гледа дали се приближува некој со велосипед на кој му е зелено и нема што да застанува заради тебе.
Во суштина ова засекогаш би се решило со комплетно укинување на помошното зелено.
Во нормални земји и не може да биде зелено за двајца чии патеки се вкрстуваат, тоа го има само кај бананџии, што одговара на нас
 

moongose

poweruser
19 јули 2013
4.395
5.548
Провери да се поткраднала некоја грешка во бројките погоре, па пак да се ревидира равенката.

Највисока дозволена влечна бруто маса во ЕУ е 40 тони (40,000 килограми), за мулти-оскени приколки, во меѓународен превоз, а во домашен превоз некаде до 44 тони.
Важно е дека резултатот му е во прилог.
Занемари тоа што влезните параметри немаат логика или се штелувани.
 

JamesKirk

poweruser
12 февруари 2015
3.807
3.998
Струга
www.facebook.com
JamesKirk's setup  
Processor & Cooler
i3 1315u
Motherboard
ASUS
Storage
WD SN5000S 512gb + Samsung QVO 870 1tb
RAM
16GB
Video card
Intel UHD Graphics
Mouse
MSI
Keyboard
Genius
Monitor
Samsung LS24C310EAUXEN
OS
Windows 11 PRO

Riku

lurker
27 ноември 2021
586
257

kirev

senior
31 мај 2010
9.081
7.769
Ќе биде. РадарБот вика дека во Македонија има 117, во Србија 440, а во Хрватска 1.350 камери (почнаа некаде 1997г.).
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.776
6.484
SK
Провери да се поткраднала некоја грешка во бројките погоре, па пак да се ревидира равенката.

Највисока дозволена влечна бруто маса во ЕУ е 40 тони (40,000 килограми), за мулти-оскени приколки, во меѓународен превоз, а во домашен превоз некаде до 44 тони.
Па не зборуваме за ЕУ легислативи.
Даваме примери со растојанија за кочење, колку потешки возила (и поголема носивост) толку поочигледна е поентата со маса/инерција (кинетичка енергија).

Ама ако инсистираш еве конкретни примери... И не, не знам дали се легални според ЕУ легислативите. :)

Итн.
Мислењето е автоматски споено:

Важно е дека резултатот му е во прилог.
Занемари тоа што влезните параметри немаат логика или се штелувани.
Физиката не е точна во примерите?
Мислењето е автоматски споено:

Некад сериозно се прашувам дали некои од вас се адвокати дојдени за мајтапење. :)
 
18 август 2019
1.233
1.214
Некад сериозно се прашувам дали некои од вас се адвокати дојдени за мајтапење. :)
Не сум адвокат, ама и понатаму ова не ми влегува во глава.

Фиќо е 600 кг, Мерцедес е 1800 кг. Мерцедесот со три пати поголема кинетичка енергија треба ли да има три пати поголемо растојание на кочење (под услов ако е пропорционално со тежината)? Ако го разделиме на три дела, тогаш секој дел засебно ќе има ли многу помало растојание на кочење? Што правиме со огромен шлепер со приколка? Треба да почне со кочење на еден семафор, за да застане пред другиот. Ако ги разделиме камионот и приколката, зарем ќе се смали тоа растојание?

Уште еднаш ќе нагласам дека сум возел 15-тонски камион, не сум забележал драстична разлика во патот на кочење во споредба со автомобил. Навистина има поголема кинетичка енергија, ама и триењето со асфалтот е пропорционално со таа енергија (со тежината).
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.776
6.484
SK
Мислам дека ти не разбираш дека додека ти е тебе споредно зелено, чисто зелено им е на сите пешаци и велосипеди кои поминуваат на преминот. И дека со возилото ќе им го блокираш поминувањето. Како велосипедист ова го знам од прва рака и беше редовна појава а сега станува поретка кај што има камери но ја има сеуште. Да се прашувам јас за ова веднаш треба одземање на возачка дозвола, затоа што никој не гледа дали се приближува некој со велосипед на кој му е зелено и нема што да застанува заради тебе.
Во суштина ова засекогаш би се решило со комплетно укинување на помошното зелено.
Во нормални земји и не може да биде зелено за двајца чии патеки се вкрстуваат, тоа го има само кај бананџии, што одговара на нас
А ти си бил таму и као сведочеше дека цели 2 минути непрестано поминувале „пешаци и велосипеди„?

Помошното зелено не значи дека имаш првенство на поминување, туку дека имаш право да завртиш десно АКО можеш безбедно да го направиш тоа. Притоа не само пешаци туку може и за автомобилите во попречен правец да има зелено светло. Има такви семафори, ете на пример Рузвелтова кај што го сече Гологанов. Имаш тука помошно зелено за десно, и (ако нема некој што се ставил да чека за право) можеш да завртиш десно накај Млечен. Нормално ако е безбедно да го направиш тоа од аутата што тогаш може да поминуваат накај Тафталиџе.


Некад се прашувам сите што коментирате дали воопшто сте возеле автомобил.
Мислењето е автоматски споено:

Уште еднаш ќе нагласам дека сум возел 15-тонски камион, не сум забележал драстична разлика во патот на кочење во споредба со автомобил. Навистина има поголема кинетичка енергија, ама и триењето со асфалтот е пропорционално со таа енергија (со тежината).
Милион комбинација има, камиони каде товарот е помал дел од целиот товарен камион, гумите повеќе ги пумпаш кога си товарен (и разликите во „триењето“ не се толкави за да направат толкава разлика), итн.... Сеедно се анедготални искуства за нашиот пример затоа што резултатите зависат од физичките закони и може да се пресметаат. Во конкретниот пример имаш дупло разлика во растојание на кочење. Во друг пример може да биде 20-30%. Зависи од масата на камионот и масата на товарот. Но равенката на растојанието на кочење секогаш е иста, ако ме разбираш. :)
 
28 јануари 2017
2.075
4.772
Ресен
На Локван хоби му е да пиши и објаснува, не ретко теории кои благе везе немаат во пракса.

Во Европа (освен Скандинавија) законите за шлепери се тие што ги пиша @InSides.

Кај ќе најдиме на нашиве патишта потешки возила?
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.776
6.484
SK
На Локван хоби му е да пиши и објаснува, не ретко теории кои благе везе немаат во пракса.

Во Европа (освен Скандинавија) законите за шлепери се тие што ги пиша @InSides.

Кај ќе најдиме на нашиве патишта потешки возила?
Сѐ кул, фала што ме наоаѓате интересен за дискутирање... Ама јас не сум тема на дискусијата.
Дали физиката во примерите е точна, или не? Тоа е релевантно за дисусијата. Не моите хобија и пасии.
Мислењето е автоматски споено:

Не е ни важно, кога не е практично применлива.
Скроз е важно, пошто истите физички закони важат за сите возила... Со најтешките возила најлесно (pun intended) се прави пример за инерција, затоа се одбрани.
 

zoran.europe

hello world
15 јули 2024
155
97
Im davas idea kade da bidat slednite kameri?
Не може да има камери на секои 100 метри. Мора и скапаното МВР нешто да работи. А тие не мрдаат со стапот. Платите им биле мали. Не треба ни да земаат плати...
А ти си бил таму и као сведочеше дека цели 2 минути непрестано поминувале „пешаци и велосипеди„?

Помошното зелено не значи дека имаш првенство на поминување, туку дека имаш право да завртиш десно АКО можеш безбедно да го направиш тоа. Притоа не само пешаци туку може и за автомобилите во попречен правец да има зелено светло. Има такви семафори, ете на пример Рузвелтова кај што го сече Гологанов. Имаш тука помошно зелено за десно, и (ако нема некој што се ставил да чека за право) можеш да завртиш десно накај Млечен. Нормално ако е безбедно да го направиш тоа од аутата што тогаш може да поминуваат накај Тафталиџе.


Некад се прашувам сите што коментирате дали воопшто сте возеле автомобил.
Мислењето е автоматски споено:


Милион комбинација има, камиони каде товарот е помал дел од целиот товарен камион, гумите повеќе ги пумпаш кога си товарен (и разликите во „триењето“ не се толкави за да направат толкава разлика), итн.... Сеедно се анедготални искуства за нашиот пример затоа што резултатите зависат од физичките закони и може да се пресметаат. Во конкретниот пример имаш дупло разлика во растојание на кочење. Во друг пример може да биде 20-30%. Зависи од масата на камионот и масата на товарот. Но равенката на растојанието на кочење секогаш е иста, ако ме разбираш. :)
Немој да се правиш поумен од што си. Јас секојдневно се среќавам со коли кои се застанати на велосипедскиот премин затоа што сакаат да поминат на помошно, а не можат затоа што има возила на улицата кај што сакаат да се приклучат и стојат така. Не ни гледаат дали има велосипеди или пешаци. Мене ми е зелено и со пешаците не можам да поминам заради нив. Што сакаш да ми кажеш, дека јас треба да ги чекам ако стасаат да се тргнат затоа што не им се чекало, а зелено ми е?
Во нормални земји ова не е дозволено. Тврдам, не треба да има помошно зелено во вакви незрели средини
И не, само ти возиш автомобил, нема други...
 

InSides

lurker
21 февруари 2009
771
2.046
Ама ако инсистираш еве конкретни примери... И не, не знам дали се легални според ЕУ легислативите. :)
Итн.

Со задоволство ги разгледав линковите, ама не најдов ништо што го оспорува она што го пишав.

Волво може да влече 750 тони, но никаде во ЕУ (и EU-adjacent) не смее да надмине 45 (најчесто 40 тони) со полн товар. Тоа е бруто маса што го вклучува и товарот, и влекачот, и приколката.

Ме поттикна да истражам и во САД:


Максималната бруто маса е пониска од ЕУ, типично 36 тони. Најочигледен исклучок е Алабама, каде со специјална дозвола може бруто масата да достигне 68 тони, што е сепак ретко.

Австралија е секако исклучок со Road Train кој може со 4 приколки (!) да достигне 150 тони.

Е сега, видеото кое ја поттикна дискусијата не покажува Road Train, туку стандарден европски тип на влекач кој не може да надмине 40 тони.

Физиката може е во ред, затоа и реков да се реевалуира. Ама примерокот што го користеше за пример е еднаков на 4.5 (четири и пол) камиони.

Дополнително, секое возило мора да има (затоа хомологација) соодветни системи за кочење на силата која ја произведува и аплицира и конфигурацијата.

И тука ќе запрам да не ја тегнам дискусијата во неважен правец, ама бателете ги камионите - не се репер во дискусија во однос на масата и димензиите. Полесно (и за пократко) ќе закочи нов и оддржуван 40-тонски камион отколку 40-годишен Wartburg.
 

moongose

poweruser
19 јули 2013
4.395
5.548
Скроз е важно, пошто истите физички закони важат за сите возила... Со најтешките возила најлесно (pun intended) се прави пример за инерција, затоа се одбрани.
Одбра екстремен пример кој нема врска со реалноста, затоа што првата пресметка не ти беше точна.

Следно пресметај на танкер колку ќе му треба да застане на семафор.
 
18 август 2019
1.233
1.214
Милион комбинација има
Комбинации има, ама патот на сопирање не може да зависи од тежината. Теоретски е ист за секоја тежина. Од брзината е зависен на квадрат. Тоа се законите на физиката.

Во пракса има многу фактори. Квалитет на гумите, квалитет на системот за кочење, состојба на подлогата, брзина на реакција на возачот...
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.776
6.484
SK
Да ама нели се согласивме дека не дискутираме за ЕУ регулативи за макс тежина на возила, туку за параметарот „растојание на кочење“.

Истите физички закони важат и за електричен тротинет и за монструм од 4 цифрена сума во тони тежина.


Физиката може е во ред, затоа и реков да се реевалуира. Ама примерокот што го користеше за пример е еднаков на 4.5 (четири и пол) камиони.

Дополнително, секое возило мора да има (затоа хомологација) соодветни системи за кочење на силата која ја произведува и аплицира и конфигурацијата.

И тука ќе запрам да не ја тегнам дискусијата во неважен правец, ама бателете ги камионите - не се репер во дискусија во однос на масата и димензиите. Полесно (и за пократко) ќе закочи нов и оддржуван 40-тонски камион отколку 40-годишен Wartburg.
Неспорно, но ова ниту додава ниту одзема од муабетот со кој почна дискусијата: Во многу случаи ако некој при дозволена брзина на возење (окулу ~50 км/ч) наеднаш закочи пошто испаничил од казна на семафор, нема во Скопје растојание кое реално можеш да го држиш, а кое ќе те спаси да не го удриш кочничарот.

Како е ова за дигресија назад на онтопик? :)
Мислењето е автоматски споено:

Не бе Локван, сакаме да ти кажиме дека не си интересен со тоа што не тераш да дискутираме за нереални сценарија со цел да испадниш во право.
Пак ништо не кажа за физика. Или дека примерот ми е од друг универзум, со различни природни закони.

Повторно: Не зборуваме за „сценарија“.
Илустрираме растојание на кочење.


Аман бе, што дискутанти бевте... Повеќе вас ме цитирате, ниеден не успева ја побие тезата ама сите зборуваат што сум правел како сум правел и зошто сум правел. Ок, продужете видете до каде ќе стигнете. :cool:

Еве пак:
Немој да се правиш поумен од што си.
Мислењето е автоматски споено:

Јас секојдневно се среќавам со коли кои се застанати на велосипедскиот премин затоа што сакаат да поминат на помошно, а не можат затоа што има возила на улицата кај што сакаат да се приклучат и стојат така. Не ни гледаат дали има велосипеди или пешаци. Мене ми е зелено и со пешаците не можам да поминам заради нив. Што сакаш да ми кажеш, дека јас треба да ги чекам ако стасаат да се тргнат затоа што не им се чекало, а зелено ми е?
Во нормални земји ова не е дозволено. Тврдам, не треба да има помошно зелено во вакви незрели средини
И не, само ти возиш автомобил, нема други...
Јас кога се движам низ градов 66% сум без кола. Па сега ти види... Не дека јас сум тема на дискусијава ама ок. :D

И конфузен си. Помошно зелено е за ако имаш услови безбедно да завртиш десно - тогаш - безбедно да завртиш десно. Што не ти е јасно? Да се обидам по 5ти пат да објаснам. :)
 

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.836
5.536
Комбинации има, ама патот на сопирање не може да зависи од тежината. Теоретски е ист за секоја тежина. Од брзината е зависен на квадрат. Тоа се законите на физиката.

Во пракса има многу фактори. Квалитет на гумите, квалитет на системот за кочење, состојба на подлогата, брзина на реакција на возачот...
Зависи, зависи и тоа како може да зависи од масата. НО, финтата е што при мали маси како како кај велосипеди...втомобили....па и камиони со соодветно дизајнирани системи за сопирање, многу добра и прилично точна апроксимација е равенката каде патот на сопирање не зависи од масата бидејќи најголемиот дел од сопирањето оди во триењето и нема нема многу губење на енергија како топлина. Но при менување на тие предвидени параметри и те како масата почнува да има врска. Пример, земи на автомобил натовари дупло товар од предвиден по спецификација. Нема баш да поминеш по формулата на Локван . Баталете го човекот, освен да пребарува на гугл и по ново со АИ, реално не разбира многу од тоа што ќе најде.
 

krema

OG
24 јуни 2009
15.747
15.838
youtu.be
Во пракса има многу фактори. Квалитет на гумите, квалитет на системот за кочење, состојба на подлогата, брзина на реакција на возачот...
Еден од факторите е и колку ракии имаш фрлено! ;)
 

Noumenon

hello world
14 ноември 2009
220
164
Мислам дека ти не разбираш дека додека ти е тебе споредно зелено, чисто зелено им е на сите пешаци и велосипеди кои поминуваат на преминот. И дека со возилото ќе им го блокираш поминувањето. Како велосипедист ова го знам од прва рака и беше редовна појава а сега станува поретка кај што има камери но ја има сеуште. Да се прашувам јас за ова веднаш треба одземање на возачка дозвола, затоа што никој не гледа дали се приближува некој со велосипед на кој му е зелено и нема што да застанува заради тебе.
Во суштина ова засекогаш би се решило со комплетно укинување на помошното зелено.
Во нормални земји и не може да биде зелено за двајца чии патеки се вкрстуваат, тоа го има само кај бананџии, што одговара на нас
Мислам дека донесуваш заклучоци врз твои додадени претпоставки а прилично добро ја објаснив ситуацијата. Недела беше и прилично растеретена фреквенција, ни пешаци ни велосипеди имаше, најмалку пак за 2 минути да чекаме да треба да се пропуштаат, конкретно во случајот ниеден пешак ни велосипедист немаше. Нормално дека би имале предност како и возилата на лентата која се приклучуваш, во ситуацијава 20 пати имаше време да се приклучи, ама од не знам која причина дури и при звучна сигнализација од моја страна реши да го игнорира, од која причина стварно не сум му во глава да знам.

И ова ми е изненадувачки честа појава како што спомнав за нешто олку банално. Често без трепкачи и мислиш чека за право одеднаш ќе сврти десно а имал време 2 минути предтоа. Тоа дали треба да постои или не е друг муабет и дека има нелогичности како се сетирани.
 

InSides

lurker
21 февруари 2009
771
2.046
Да ама нели се согласивме дека не дискутираме за ЕУ регулативи за макс тежина на возила, туку за параметарот „растојание на кочење“.

Како е ова за дигресија назад на онтопик? :)

Има два начина да се затвори муабетов.

Првиот е да речам ОК, така е, јас сум преспал пораки + форумот ми се вчитува селективно.

As you were.

Ама па другиот е поинтересен.
  1. Кога ќе се обидеш да користиш формули со цел илустрација на сопствената поента, многу е важно (всушност клучно е) да ти биде прецизен контекстот;
  2. Твојот контекст споменува товар од 175 тони, и врз основа на тоа пресметуваш должина на кочење;
  3. Тој контекст е неточен - не е само непрецизен - туку е грубо преувеличен со цел шокантен резултат на формулата;
  4. Не верувам дека во било кој момент си помислил дека повеќеоскен камион може да влече бруто маса од 175 тони, и затоа претпоставив дека ти се протнала грешка кога си консултирал AI (претпоставувам) за пресметката;
  5. Европската регулатива, и останатите, се клучни за да покажат колку е дозволивата бруто маса - камионските ваги постојат на секоја влезна + излезна точка, и масата која е дозволена не смее да се надмине со ризик од многу високи казни;
  6. Дури и да се надмине, нема да биде повеќе од 10% од дозволеното;
  7. Бруто маса од 150 тони постои единствено кај друмски возови (Road Train) кои имаат влекач + 4 (четири!) приколки;
  8. Видеото кое ја потегна дискусијата за должината на кочење прикажува типичен влекач од европски тип со една приколка;
  9. Оттука, со голема веројатност може да се претпостави дека вкупната бруто маса на возилото не надминува 40 тони.
Ова е веќе прецизен контекст.

Сега, ако ова го впишам во AI промпт со барање да ми пресмета должина на кочење при просечна брзина од 60кмч, го добивам следново:

Контекст:

1770675324199.png
Резултат:

1770675355502.png


Јас сум заборавил физика (последно беше биофизика пред 20+ години), ама еве памти ChatGPT, па да речеме дека е солидна формулата и нејзината имплементација.

Се уште не е тривијално.

Ама не е 90+ метри.
 
Последна промена:
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни теми

Последни огласи

ИТ маркет

На врв Дно