1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Предлог за КВАЛИТЕТНА USB 3.0 кутија за 2,5" драјв

Дискусија во форумот 'Електроника - гаџети, електронски компоненти' започната од Astro, 28 oктомври 2018.

  1. bajramo

    bajramo
    Gaining Experience

    468
    287
    25 Јуни 2008
    Темава не е за ова конкретно, но од каде во државава да купам кутија за 5.25 инчен сата двд режач? Нормално со надворешно напојување.

    Sent from my Redmi 4 using Tapatalk
     
  2. Astro

    Astro
    Guru

    6,682
    9,375
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Мене не ми е толку битна брзината на SSD-то колку што ми треба стабилна конекција. порано имав едно SPire перфекција беше имаше и надворешно напојување ама се скрши тоа и не можам да најдам друго.

    Сте начекале ли со екстерно напојување 2.5 инчна кутија?
     
  3. alek07

    alek07
    Gaining Experience

    39
    72
    25 oктомври 2010
    Знам дека е стара темава, ама искуствово е ново, па да споделам:

    Го ставив стариот Самсунг Про 250ка во споменатата Natec Oyster2, демек за брз (голем) екстерен (после upgrade на PC-то со 512ка (Crucial M500)). Не беше претерано брз (200 MB/s реални, при Copy-Paste на филм), ама задоволен бев (релативно, на другар Samsung-от T5, 300 MB/s му вадеше како од шала).

    Да не должам, работејќи директно на него (работа-дома а.к.а. “куча-посо“), ми се деси, се' што работев и снимав (до “касно у ночи“), сабајлето да ми го нема (!). Ама баш да го нема, како да не се десило (последни модифицирани фајлови на дискот - тек од ден претходно (!) ). Првите пола саат не ми беше јасно што се случило, ама кога со undelete најдов траги од фајловите, ми стана јасно дека (99,999%) Natecot ме насамарил (Samsung Magician до ден денес тврди дека дискот е супер).

    Како и да е после саати копање по дискот (фала до MiniTool Power Data Recovery), успеав да вратам 90% од изгубените работи (во RAW формат - со класичен undelete т.е. директен file system recovery малтене ништо не најде (неколку трошки од по 1kB)).

    Сума сумарум, по илјадити пат се покажа дека најскап е најефтиниот хардвер. Сега и јас како @Astro пред година ипол барам некој квалитетен (и скап) SATA to USB 3.0 enclosure да не се изложувам на ризик од повторен стрес.
    Во меѓувреме почнав да размислувам и да ја напуштам логиката “Кабел си е Кабел“ и да почнам на Cloud да работам.

    Инаку FYI, на добри PC-ја, со добри напојувања и на задна УСБ порта работев.

    Може Natec-ot си е ОК чисто за storage, ама за директна работа на него, дефинитвно во голем радиус би го одбегнувал, што и беше поента на постов ;)


    Поздрав :)
     
    DarthJe5us, 1s3ct0wN, borcep и на уште 1 им се допаѓа ова.
  4. Astro

    Astro
    Guru

    6,682
    9,375
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Кааај си бе @alek07 лонг тајм ноу си мај френд.

    Инаку правило е кај најголемиот дел на Flash меморија поврзана преку контролери и кабли и слично, тие не се дизајнирани за рандом I/O операции и долготрајна операција. Тие се дизајнирани за I/O кратковремено и интензивно запишување и дисконекција кога ќе завршиш. Затоа ве молам, немојте да работите директно на USB Flash меморија зошто мислам дека и слаб контролер нема да помогне во тој случај.

    едит: „Скап“, наместо „слаб“
     
    Последна промена: 7 Април 2020
    На alek07 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. alek07

    alek07
    Gaining Experience

    39
    72
    25 oктомври 2010

    Хелоу Астро френд :)

    Читам чат-пат, ама ретко се фаќам за тастатура :) Ептен кога нешто ќе ме погоди ;)

    Иначе тотално си во право за не-работење на екстерен, особено не со адаптер-кутија (автентичните екстерни УСБ дискови можеби имаат соодветна електроника па се стабилни). Ама ете немукает - да не копирам, па да преименувам стално - ја направив грешката и богами имав стресни 24 саати :)
    Ама ете барем научив нешто, плус споделив, па може ќе превенираме друга појава на стрес во заедницава :)

    Поздрав и се читаме!
     
    Последна промена: 7 Април 2020
    На Astro му/ѝ се допаѓа ова.
  6. thinking_in_binary

    thinking_in_binary
    Intern

    9
    4
    6 Декември 2019
    Машко
    На borcep му/ѝ се допаѓа ова.
  7. borcep

    borcep
    Practice makes perfect

    892
    1,443
    12 Септември 2013
    Машко
    Одамна го меркам, ако го пазариш пренеси искуства, би биле драгоцени.
     
  8. gokica

    gokica
    Модератор

    8,552
    10,654
    13 Јуни 2009
    Не знам што подразбирате под квалитетна кутија за HDD/SSD. Но генерално овие кутии се базираат на само неколку чипсети кои се произведени од ASMedia и JMicron. Како поквалитетни (побрзи) важат чипсетите на ASM. Се друго е кабел (USB-C/Mini USB итн.) како и кутија направена од алуминиум или пластика.

    Во Сет имаше A-DATA ED600 кутија која е отпорна на помали удари и е со IP54 заштита од влага и прашина. Ги имам вакви кутии и адаптери пет-шест по дома а оваа од A-DATA ми е омилена зашто нема штрафови т.е. е tool-less. Но е погломазна од другите.

    Verbatim во анхоч треба да има понов чипсет заради USB-C интерфејсот. Но тоа никако не значи поголема сигурност од расипување, трајност, безбедност на податоците и сл. Таа гаранција е потполно иста како и кај кутијата од Гембирд која е 490 денари.
     
    На Astro, omegaRED, krema и уште 2 други им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...