DarthJe5us
poweruser
- 2 јануари 2012
- 3.098
- 2.341
Примарно е за к*рташак, за играње со хардвер. Немам баш време за гејминг, а ако гејмам тоа е DotA2. Ретко да уклучам нешто друго. Во останато време се служи за сурфање и прегледување офис документи.
Генерално би сакал да осетам Level UP на перформансите во однос на примарниот систем кој го користев еден (за мене) подолг период (околу една година), а тоа беше: i9 9900K @5GHz/32GB DDR4-3600/2080Ti/1TB 970 Evo Plus/120Hz 3440x1440. Таргет систем ми е клокнат 5900X/32GB DDR4-3600/клокната 3080Ti/1 TB 980 Pro/160Hz 3440x1440. Проблем е што сум сум со mATX куќиште, а не успеав да најдам саглам mATX матична плоча, па ќе мора и куќиште да менувам за да го скоцкам новиот систем. Порачав бело NZXT H510 Elite, кое треба да пристигне за 10 дена и Gigabyte 3080 Vision да одговара со боја на куќиштето. RTX 3090 е соодветен избор за системот меѓутоа цената и е неоправдано висока дури и за ентузијасти кои можат да си ја дозволат. Ќе почекам да излезе 3080Ti па да направам надградба.
On topic, процесоров на сток буста до 4.85GHz на 5 јадрa и 4.5-4.55GHz на останатите 3. На сите одеднаш работи бустнат на 4.45GHz. Користам водено ладење NZXT Kraken X62 во куќиште со релативно доволно проток на воздух(вградени 2x140mm + 1x120mm exhaust фанови покрај двата од воденото кои се intake). Не знам како котира во однос со други примероци, не сум проверил на нет. Kако се движат кај тебе на сток?
Каков монитор користиш?