1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

"Неограничен интернет" и "Политика за фер користење"

Дискусија во форумот 'Телеком' започната од dekomote, 6 Јуни 2019.

  1. flashgordon007

    flashgordon007
    On your way to fame

    476
    510
    15 Септември 2012
    Машко
    Ангажирај адвокат, тужи ги и израдувај не сите тука дека си им објаснил што значи зборот неограничено.
     
    На prichina му/ѝ се допаѓа ова.
  2. prichina

    prichina
    Cuda 5.5

    7,827
    5,008
    24 Мај 2009
    Машко
    Мултимедиа (Филм и Тв)
    Јас кога прекорачив 1тб на Телеком, не ми ја намалија брзината, туку комплетно ми го исклучија интернетот. Околу 2 дена бев без интернет...
     
    Последна промена: 14 Јуни 2019
    На DrMTR му/ѝ се допаѓа ова.
  3. TheMarshal

    TheMarshal
    Gaining Experience

    113
    109
    3 Јануари 2019
    Машко
    Телеком во случајов се малку пофер од ВИП бидејќи они барем ставаат фуснота на нивната вебстрана дека постои таков лимит. Додека кај ВИП не постои ништо такво.

    ВИП прават доста contract loopholes со цел максимално да му го турат на потрошувачот. Приемр, кај мене во договорот стои дека домашниот интернет е неограничен, но со понатамошно право на операторот да го промени тоа. Мислам дека ВИП се најиновативни во категоријата крадење на крајнот потрошувач.

    Претходно од правник ми беше објаснето што значи тоа неограничено на вип, односно имање на неограничен пристап до интернетот и од како ќе ги потрошиш твојот лимит. Ама како што напоменаа неколку од вас, гледам дека веќе ни тоа не им е изговорот.

    Најверојатно пак ќе си се вратам на телекабел од кога ќе истече договорот со VIP. Барем Телекабел ако те зезаат можеш одма да ги откачиш. Ма да, сега за сега сум доста задоволен од нивната оптика што ја користам како втора конекција исклучиво за работа и уплоад на фајлови.

    Лично пишав допис за ова до корпоративно ниво на A1Group, ама не добив никаков одговор.

    Во принцип, додека не се собереме повеже корисници и не направиме class-action тужба против операторите нема ништо да се промени.
     
    На Rukfash му/ѝ се допаѓа ова.
  4. 123456

    123456
    Gaining Experience

    743
    356
    12 Април 2013
    Машко
    тие п.дерите од вип па сеа скроз го тргнале проверка за потршен нет, не се нормални скроз, им пишав одговорот моментално таа опција не е достапна за овие пакети. Истото е веќе пријавено и се работи на имплементирање за да биде пуштено во некој од наредните update-i на апликацијата. /Никола
     
    На prichina и -={K-O-R-U-N}=- им се допаѓа ова.
  5. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,821
    2,661
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    Не е точно ова, може не те разбрал овој Никола. Можеш да си провериш преку Мојот Вип, само треба да ти овозможат напредни привилегии, јави се и ќе ти средат, само треба тој што е потписник на договорот да биде до тебе (ако не си ти) зашто бараат матичен број за проверка на идентитет.
     
  6. 123456

    123456
    Gaining Experience

    743
    356
    12 Април 2013
    Машко
    имам целосен пристап на мој привилегии, и немам опција да проверам колку имам потрошено на Вип нет М пакетот, ајде прати ми скриншот каде имаш кај тебе?
     
  7. -={K-O-R-U-N}=-

    -={K-O-R-U-N}=-
    Practice makes perfect

    1,497
    1,570
    6 ноември 2012
    Машко
    Мрежен администратор, IT, BTC
    Мене ми одговорија дека не постои таква опција за следење на трафик.
     
    На 123456 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,821
    2,661
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    Лелеле, кои смешки се овие ВИП :D

    Прво, извинете што избрзав со претходниот пост, јас сеуште немам пристап, ама во саботата зборев со оператор и ми рече дека може да гледам колку трошам, ама треба потписникот на договорот да го потврди идентитетот за да може да ми дадат некаква лозинка. Јас бидејќи не сум потписникот ја оставив работата за друг ден.

    Е сега, само што завршив поласаатно јавување и зборење со 3 оператори на ВИП, и сите 3 ми нудеа различни процедури за решавање на "проблемов".

    Првиот, исто како и тој од саботата, ми рече дека кога сум логиран на Мојот Вип, во делот МОЈОТ ПРОФИЛ, кај полето Напредни привилегии треба да ја внесам лозинката што се наоѓа во прилог 1 од договорот. Кога му реков дека сум пробал да ја внесам но не ја прифаќа, ми ја побара да му ја кажам. Му реков да почека да идам да го земам договорот, кога се вратив линијата беше прекината.

    Ѕвонам втор пат. Ми се јавува некој друг оператор, му викам пак - вака и вака, внесувам лозинка од договорот не ја прифаќа, он ми вика "Aј кажете ми ја лозинката што ја внесувате". Почнувам да му ја диктирам и он инстантно ме прекинува и ми вика "Ааа не не, не е таа, внесете ја оваа" и ми кажува 4 цифрено бројче. Јас внесувам и нормално не сака. Му повторувам дека сакам за ВИП Комбо да гледам остварен сообраќај за фиксен интернет. Он на тоа ми вика "Ааа извинете, јас не ве разбрав дека сакате за фиксен, тогаш внесете ја оваа лозинка" и инстантно ми дава ново, исто такво четири-цифрено бројче. Го внесувам и - пак ништо.
    Ми вика "Извинете почекајте малку" и ме става на mute. После 30-тина секунди се јавува и ми кажува дека сум требал да направам нов профил на Мојот ВИП, користејќи го фиксниот број. Јас, веќе изморен си викам океј, sounds easy enough, му се заблагодарувам и спуштам. Одам на ВИП и гледам дека можеш само со мобилен број да се регистрираш, никако не и со фиксен! Едноставно ти вика invalid format. Го пцујам операторов и вртам пак.

    Третиов пат ми се јавува една женска, јас од почеток и објаснувам дека сакам да имам увид во остварениот интернет сообраќај за фиксниот интернет од мојот ВИП Комбо пакет. Очекувам и она да почне да ми објаснува каде и која лозинка да ја внесам, да ми бара потврди на идентитет итн., ама не. Она само ми вика откако ќе се логирам на Мојот ВИП, да кликнам на некоја стрелка под мобилниот телефонски број што се наоѓа горе десно и ќе ми се појавело да го одберам фиксниот број од каде што ќе можам да ги гледам фиксните услуги.
    Откако и објаснив дека немам никаква стрелка, она рече дека ќе направи налог за техничката екипа да ми додели привилегии за пристап кон преглед на фиксните услуги и ми кажа да очекувам повик од техничките лица во текот на денешниов ден, а може и утре или од понеделник.

    Па ајде сега ќе видиме дали конечно ќе се разреши сагата. Битно ниеден од операториве, вкупно 4, не ми рече дека не постои опција за преглед на сообраќај.
     
  9. krema

    krema
    Professor

    8,808
    8,558
    24 Јуни 2009
    Машко
    Нема ни таму, само има инфо за потрошени разговори од фиксниот телефон.
     
    На prichina му/ѝ се допаѓа ова.
  10. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,821
    2,661
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    Тоа веќе можам да го видам под табот "Тековен Период" кај што ми се излистани сите броеви опфатени од договорот, меѓу кои и фиксниот.
    Моја претпоставка од ова до сега е дека ни операториве од контакт центарот појма немаат, само рандом кажуваат некои процедури. Чекам да се јават овие од техничка, ако уопште се јават.
     
  11. moongose

    moongose
    Unstoppable

    1,808
    2,039
    19 Јули 2013
    До скоро се проверуваше на clients.blizoo.mk. Тоа го тргнаа и направија редирекција на мојот вип со тоа што имаше подолу на страницата за најава на близу, но не функционираше. По некој ден го тргнаа и тоа. Сега нема никаде за проверка.
     
  12. petkotrajko

    petkotrajko
    Intern

    24
    18
    16 Јуни 2017
    ...и јас имав слична одисеја како тебе, и мислев дека до мене е проблемо, дека можда незнам шо сакам?
    Како и да е, имам комбо пакет, и сакам да имам увид во сите услуги од тој комбо пакет (пред се ТВ, за евентуално да додадам услуга од тие со платно, и ете за интернет, да видам колку е изарчено...)
    Ама изгледа сеуште немаат „технички можности“?

    ...е ова истото го забележав и јас!
    (стар корисник сум на многу стара понуда за нет+ТВ, уште од кејбл тел, преку близу па сеа на вип - со стар непроменет договор барем 6-7 години. инаку за да не смешаме нешто, овај погорниот КОМБО пакет е друг договор за друга адресна локација).
     
  13. Ragnar

    Ragnar
    On your way to fame

    651
    689
    9 Декември 2015
    Машко
    Во Америка ова се решава со class action lawsuits. Една организација (на пример здружение на потрошувачи) ги тужи Телеком или ВИП во име на повеќе оштетени корисници. Дефинитивно има елементи кои овозможуваат покренување тужба (лажно рекламирање на пример, не е толку комплицирано да објасниш што е НЕОГРАНИЧЕНО, на пример во нашето право има стандарди како на пример ДОБАР ДОМАЌИН, да оставено е на судот да одлучи што конкретно значи тоа, но на пример ако си кираџија и не си фрлил ѓубре од станот месец дена или си оставал славини да течат тогаш сигурно не си добар домаќин). Е сега дали некој би се нафатил тука за такво нешто со оглед на нивото на судовите и улогата на Телеком во нашата економија не знам.
     
    123456, omegaRED и на SmartGuru им се допаѓа ова.
  14. tonidn

    tonidn
    Intern

    19
    9
    13 Март 2016
    Машко
    И јас го приметив истиот проблем со “фер“ политиката на користење. Користам 100/5 пакет на ВИП и до прошлиот месец обично 2–3 дена пред крај на месец знаеа да успорат. Овој месец ме рокнаа веќе на 16ти демек веќе сум потрошил 500гб и еве место 100че шибам на 30мб. Кај и дае со ова темпо ќе ме рокнат и на 10мб со 90% од максималната брзина. Одамна не се ебавам со торенти и исклучиво користам Јутјуб , Нетфликс, ХБО и сл. а со претходниот пакет 50/3 го немав овој проблем.

    Од муабетот што го напраив со некој од нивната подршка уште од 2016 е воведена оваа фер политика на користење кај сите провајдери. Со тоа што нели кај нив на сајтот нигде не може да се најде колкави им се лимитите а фино лепо на пример кај Нео Тел си пишува дека се со 1000гб односно 5000гб за побрзите пакети. А пример имаше погоре и за Телеком.

    Имаат среќа што во овој дел од Ѓорче се ебан монопол па нема друго чаре, а нема ни абер од оптиката на Телеком. Од не знам која причина бапнаа само кај Јурија зградине и тоа беше тоа.

    п.с не знам за кој курац само Телеком најавува 5г интернет за некоја год. ако бапнат слична политика на користење.
     
  15. imortel

    imortel
    Gaining Experience

    91
    117
    18 Февруари 2012
    Машко
    Јас кога ќе им се јавев ми спомнуваа некоја регулатива од АЕК, што нема благи везе со ограничувањето, но сепак тоа го спомнуваат за да звучи професионално.
    Еднаш дури и му реков на агентот дека таква регулатива од АЕК не постои и дека на вас ви е нарадено истата непостоечка регулатива да ја спомнувате. Човекот занеме.
    Како и да е, фер политиката е стапена на сила и внимавај колку пати го надминуваш лимитот, имаше некаде стоеше дека доколку 3 месеци по ред го надминуваш лимитот операторот има право да ти ја зголеми сметката. Јас поради овој факт ги напуштив ВИП.
    Наскоро ги напуштам и во мобилната телефонија.
     
  16. moongose

    moongose
    Unstoppable

    1,808
    2,039
    19 Јули 2013
  17. imortel

    imortel
    Gaining Experience

    91
    117
    18 Февруари 2012
    Машко
  18. SmartGuru

    SmartGuru
    Gaining Experience

    317
    278
    27 Јануари 2013
    Машко
    Junior Ruby on Rails Developer
    Пред повеќе (7-8?) години имаше вакво нешто против Телеком или таканаречен "class action suit" за незаконска наплата при преслушување на говорни пораки. Телеком тогаш беше казнет со 100-на илјади евра (лол) иако беше утврдено дека незаконски се стекнал со милионски суми. Банана држава си е банана држава.
     
    На Ragnar му/ѝ се допаѓа ова.
  19. tonidn

    tonidn
    Intern

    19
    9
    13 Март 2016
    Машко
    Јас сега правев муабет пак со нив и типката си кажа дека нема такво правило односно за 70% се намалаува брзината со трансфер над 500гб трансфер и за 90% над 750гб. До сега на писмено ништо не сум добил нит мејл нит смс порака. Како и да е ова е памет за понатака. Ако имам опција да користам Неотел после истекот на договорот со сигурност ги баталувам ВИП. До сега сум немал никакви проблеми со нив но после ова срање може да изгубат корисник што е со нив од сам почеток.
     
  20. Ragnar

    Ragnar
    On your way to fame

    651
    689
    9 Декември 2015
    Машко
    Е и тоа ми беше муабетот, казните се мали.
     
    На SmartGuru му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...