Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Недостиг на меѓусебна поддршка во македонскиот ИТ екосистем?

xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.779
12.756
Skopje
www.wemaxa.com
Може да ми кажеш, според тебе кој мк стартап или ИТ компанија заслужува да добие поголема поддршка и ете барем мини хвалоспевка?

Дефинирај поддршка, премногу е општ поим. Во политичко-економски контекст беше употребен за кампањите за купување македонски производи (кои и да беа тоа, киргистански грав препакуван тука со сонценце, но нејсе да не бидам до толку циник ај) и со тоа немав спор (начинот на употреба на терминот маркетингшки). Во случајов треба подобро да дефинираш поддршка.

Форумов ко за пример на чиј си сопственик еве, наидува на поддршка, преку партиципација на членови (во смисол посетенеост, ангажман итн) па дури и во поново време со платени членства, општо прифаќање на имплементација на промотивни содржини итн. Никој не покажал со прст кон тебе и форумов, критиките се најчесто конструктивни во насока да се подобри корисничко искуство итн итн.

Хвалоспевки и слични чудесии т.е. усилена валидација е феномен на новото, инстаграм време. Никој не ги заслужува. Идолизација не треба да постои за никој и кон никој, најмалку кон оние кои се компензирани за својот ангажман (спортисти, актери, пеачи итн) а уште помалку кон деловни ентитети. (Епл фенбојс, Самсунг фенбојс, Нвидиа, АМД, бла бла бла фенбојс и остали стадо феноменомени).
 
metahuman

hello world
23 септември 2019
111
82
Што е работата со недостигот на меѓусебната поддршка во ИТ екосистемот и игнорирањето на локалните успеси? Ја отворам дискусијава, со мала доза на страв дека ке забега, ама сепак мислам дека треба да постои.
Обично е завист, бидејќи малку е зезнато како просечен закоравен код мајмун да гледаш како дваесет и кусур годишни заработуваат милиони со свои продукти, а ти си останал закован во туѓа канцеларија, осуден до крај на живот да работиш за фиксна плата и туѓа среќа и интереси. Оттука се јавува и потребата да се кења и бара влакно во јајце. Синдром на клето македонче.

Така да, треба поголема видливост за успешни македонски стартап приказни, да можат новите генерации да видат дека може и поинаку, дека не е само 9-5 единствениот избор, дека може да се успее со свој продукт и од Македонија.
 
  • ми се допаѓа
Реакции: D

TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.814
10.132
Е сега, на паралелната тема на форумот има нула реакции за ова. Ниту лајк. Ниту коментар. Ниту едно „браво, момци“. Ниту прашање како успеале да го направат тоа или пак вчудоневидување дека ете со ваква-таква алатка може да се дојде до такви приходи... Практично, како воопшто да не се случило. Не е до видливоста, темата е прегледана скоро 200 пати до сега. Единствен лајк на неа е мојот.

Секој си го бере своето гајле, кога ке има успех од еден - нема поддршка и гордост со тоа, и покрај тоа што успехот на еден може да донесе многу и за другите... по автоматизам тој што успеал, поради тоа што нема осетено поддршка од заедницата, се дистанцира од неа и генерално оди надвор и нема никаков интерес да придонесе назад.

Еве примери на што мислам:
  • Porsche Digital во Загреб кое вработува и нуди топ услови за работа за 150+ луѓе е отворено благодарение на контакт од Мате Римац,
  • најуспешните бугарски стартапи поттекнуваат од успехот и капиталот створен од еден стартап - Телерик,
  • Најголемите моментално српски стартапи потекнуваат од успехот на неколку, пр. ManageWP продажбата влијаеше врз развој на пар стартапи
  • Гејминг индустријата во Србија порасна драстично и доби знаење поради успехот на Nordeus,
  • Словенија доби куп успешни крипто проекти поради успехот на Bitstamp - една од најголемите европски крипто-берзи
  • и многу други...
Значи сакаш да кажеш дека нашите компании и успешни бизнисмени не враќаат на заедницата бидејќи не осетиле поддршка од заедницата на почетокот?

Што го спомнуваш Мате Римац - па имаш ли прочитано како почнал и дали воопшто добивал поддршка од Хрватска или од сограѓаните на почеток? Воопшто не, дури и поделени мислења има понатаму и пак и дава поддршка на НЕГОВАТА ЗАЕДНИЦА.

https://www.reddit.com/r/askcroatia/comments/1ktd5p7 View: https://www.reddit.com/r/askcroatia/comments/1ktd5p7/za%C5%A1to_mate_rimac_ima_toliko_podeljenih_mi%C5%A1ljenja/?tl=en

Како можеше да ја смислиш теоријата дека нашите успешни бизниси не даваат поддршка на МК заедницата - и заедницата е КРИВА за тоа?

Не знам што има за дискусија тука, сам си го постави прашањето и сам си го одговори со примериве што ги наброја.

П.с. Кај вашите статии не е воопшто проблем што не сте критички настроени - не знам од каде го извади ова. Немате никаков сенс за сторителинг, тоа е како да правиш автомобил а да немаш појма од мотори за коли.
Мислењето е автоматски споено:

Може да ми кажеш, според тебе кој мк стартап или ИТ компанија заслужува да добие поголема поддршка и ете барем мини хвалоспевка?
Што е со прашањево? Па нели ти треба да ни кажеш ова, ти тврдиш дека стартапите немаат доволно поддршка?
 
D

Администратор
31 март 2007
4.067
4.269
www.aqtos.com
Значи сакаш да кажеш дека нашите компании и успешни бизнисмени не враќаат на заедницата бидејќи не осетиле поддршка од заедницата на почетокот?

Да, тоа сакам да кажам. Дека има сериозен недостиг на меѓусебна почит и поддршка во ИТ секторот меѓу сите инволвирани. Не е така? Сподели го твоето размислување... пробај да напишеш пост во кој нема да нападнеш некој, туку концизно ќе го срочиш твоето мислење и ќе споделиш што ти мислиш или знаеш.

Што го спомнуваш Мате Римац - па имаш ли прочитано како почнал и дали воопшто добивал поддршка од Хрватска или од сограѓаните на почеток? Воопшто не, дури и поделени мислења има понатаму и пак и дава поддршка на НЕГОВАТА ЗАЕДНИЦА.

Јас споделив пример што значи успех на еден за успех на многу други... инаку добро ми е познат хрватскиот ИТ екосистем и ти гарантирам дека систем за поддршка постои, а секако дека има несогласувања, меѓутоа има многу поголемо единство, пласман на капитал директно и промоција на своето.

Не знам што има за дискусија тука, сам си го постави прашањето и сам си го одговори со примериве што ги наброја.

Ок, штом е така, супер. Си добив одговор.

П.с. Кај вашите статии не е воопшто проблем што не сте критички настроени - не знам од каде го извади ова. Немате никаков сенс за сторителинг, тоа е како да правиш автомобил а да немаш појма од мотори за коли.

Во право си.

Мислењето е автоматски споено:

Што е со прашањево? Па нели ти треба да ни кажеш ова, ти тврдиш дека стартапите немаат доволно поддршка?

Јас не кажувам, јас дискутирам. Првиот пост ми е споделување на моја перцепција и прашална форма и покана до другите да ја споделат и својата перцепција и причините. Отворив тема зошто сакам да чујам мислење и од други, еве извини за тоа...

Ај еве истото прашање и за тебе: кој македонски ИТ бизнис мислиш дека заслужува да му кажеме браво вака јавно? Според тебе и твоите лични критериуми? Не го игнорирај прашањево плс.
 
xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.779
12.756
Skopje
www.wemaxa.com
Бизниси не се хуманитарни организации (не дека вакви па реално постојат). Упорно бараш емотивна реакција за субјекти чија единствена цел е профит. Деловен ентитет што прави милиони (или барем тврди дека прави) нема потреба од емотивна поддршка. "Πоддршка" и валидација им се парите а сe друго е обичен нарцисизам. Идолизирањето на брендови е ментално осакатување. Да се биде фенбој на било кој бизнис и да се бара од луѓе идолопоклонство макар и затоа што се маалско - локални - наши е веќе комично.
 
D

Администратор
31 март 2007
4.067
4.269
www.aqtos.com
Дефинирај поддршка, премногу е општ поим.

Баш тоа го направив во пост погоре:
И не зборам само за поддршка во форма на лајк и браво дечки иако тоа го користам како оригинален пример... зборам за основна љубопитност како нешто било изградено и кој стои позади тоа (голем дел од вас го потврдуваат ова со тоа што не ги знаете децава што со години постојат на сценава и за кои имало куп медиумско покривање од сите страни), конструктивна критика на производот и бизнисот (потенцирање на конструктивна), споделување контакти и промоција на тие бизнис, да се даде препорака на добар локален производ, приоретизирање на купување локален продукт кога понудата е конкурентна, отворање врати за луѓе што се обидуваат да направат нешто одовде. Еве најмалку нека биде конструктивна критика, тоа лично го сметам за форма на поддршка. Цинизмот по дифолт не е.

Форумов ко за пример на чиј си сопственик еве, наидува на поддршка, преку партиципација на членови (во смисол посетенеост, ангажман итн) па дури и во поново време со платени членства, општо прифаќање на имплементација на промотивни содржини итн. Никој не покажал со прст кон тебе и форумов, критиките се најчесто конструктивни во насока да се подобри корисничко искуство итн итн.

Колку и да не ти е верно, темава не ја почнав за да го свртам муабетот кон IT.mk. Инаку партиципација во смисол посетеност не значи и поддршка. За платеното членство, моментално имаме 150 активни членства од 37к регистрирани, зарем не е доволен пример тоа? Ама ај, да не ја фокусираме темава на ИТ, нека биде тоа друга.
Хвалоспевки и слични чудесии т.е. усилена валидација е феномен на новото, инстаграм време. Никој не ги заслужува. Идолизација не треба да постои за никој и кон никој, најмалку кон оние кои се компензирани за својот ангажман (спортисти, актери, пеачи итн) а уште помалку кон деловни ентитети. (Епл фенбојс, Самсунг фенбојс, Нвидиа, АМД, бла бла бла фенбојс и остали стадо феноменомени).

ОК, фер став. Не се согласувам со истиот меѓутоа ти го почитувам ставот.
Зошто не се согласувам: за мал екосистем многу значи да се добие искрена поддршка во било која форма, а успехот на еден што осетил поддршка може многу да допринесе. Може да отвори врати, да даде капитал за развој и куп други ствари. Оној што не осетил поддршка, при таков успех бега. Има многу добри примери кои не би ги именувал вака јавно кои имаат добиено светски успех и првата работа им е да искочат од тука и да не гледаат назад, бидејќи цинизам, сарказам и слично им било секојдневие наместо поддршка.

Стартап во големата 2026 е instant skip за мене.

Зошто? Стартап = ИТ компанија со големи амбиции.
Што има скип тука? Особено за локален ИТ сектор кој зависи од оутсорсинг (кој почна масовно да отпушта луѓе последниве 2 години и ќе продолжи со тој тренд)? Спротивно на тоа, продуктно ориентирани компании нудат многу подобри услови за работа, подолгорочно размислување и многу повеќе можности.
 
xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.779
12.756
Skopje
www.wemaxa.com
Ама ај, да не ја фокусираме темава на ИТ, нека биде тоа друга.

Отвори нова тема да се дискутира околу монетизација на Ит.Мк екосистемот, верувам таму ќе добиеш искрени и конструктивни забелешки и ставови па можеби нема да се 157 членови туку 15700. Намерно го именував екосистем а не форум затоа што приметувам новиот дизајн барем тоа и го таргетира со интегративниот пристап. Не верувам дека темава ќе може да оди во вистинска насока бидејќи е базирана на лоша премиса, рамката е од старт упропастена.
 
D

Администратор
31 март 2007
4.067
4.269
www.aqtos.com
Не верувам дека темава ќе може да оди во вистинска насока бидејќи е базирана на лоша премиса, рамката е од старт упропастена.
Не гледам лошо во разумна јавна дискусија и споделување на ставови (секако ако поединци кои лечат лични фрустрации не ја преземат).

ОК е да има различни мислења, ок е да има различни ставови, здраво е тоа. Нит гледам потреба за навреди нит за лечење лични фрустрации... седиме позади тастатура, дебатираме и разменуваме мислења и ставови. Нити гледам крај на темава - во смисла дека ете дојдовме до заклучок.
 
xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.779
12.756
Skopje
www.wemaxa.com
Не гледам лошо во разумна јавна дискусија и споделување на ставови (секако ако поединци кои лечат лични фрустрации не ја преземат).

ОК е да има различни мислења, ок е да има различни ставови, здраво е тоа. Нит гледам потреба за навреди нит за лечење лични фрустрации... седиме позади тастатура, дебатираме и разменуваме мислења и ставови. Нити гледам крај на темава - во смисла дека ете дојдовме до заклучок.

Класична пасив-агресив дефлексија. Одма дежурни карти "лечење лични фрустрации" и "навреди", шаблонски пиар, секој што не плеска со рачињата и пробува да покаже дупки во логика по автоматизам е "фрустриран поединец зад тастатура". Ти си знаеш, реално темава вака како што е е завршена уште пред да почне затоа што базалната премиса и е девалвирана т.е. темава е иницирана од недостатокот на интеракција со првичната тема Хеј хај хол рич или како и да се викаат и првобитниот пост/објава на главната страна. Исто ригиден став имаше и првиот пат кога ти забележав во вибер групата во однос на членствата дека е погрешен пристап. Ок е чим знаеш се терај, не знам чуму е тогаш прогласов за дискусија, повеќе личи на усилен маркетинг, исто како со Јутуб и рекламите последниве 6 месеци.
 
Само што ти пишав погоре дека ти го почитувам ставот, иако е спротивен од мојот, ама барем сподели став на темата и фер е тоа.

Нити дефлектирам нити те напаѓам, реално тоа за личните фрустрации не се однесуваше на твоите постови.
 
TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.814
10.132
Не верувам дека темава ќе може да оди во вистинска насока бидејќи е базирана на лоша премиса, рамката е од старт упропастена.
Ова е проблемот кој пробувам да го воочам на креаторот на темата.

Ај еве истото прашање и за тебе: кој македонски ИТ бизнис мислиш дека заслужува да му кажеме браво вака јавно? Според тебе и твоите лични критериуми? Не го игнорирај прашањево плс.
Не знам како не ја согледуваш иронијата на ова. Ти ја отвараш темата дека македонските стартапи не се доволно „сакани“ и сега ти мене ме прашуваш како јас да го тврдам истото?

Па првиот пример што го даде со Hey Reach беше катастрофален од повеќе аспекти. После ти го даде примерот со РИМАЦ каде што дечкото безрезервно споделува кон заедницата, тотално контра од твојата премиса.

Ти треба да дадеш повеќе примери за твојата премиса и размислување, така ќе направиме дискусија базирана на податоци, факти итн.

Вака сега еве јас ќе ти пишам дека според мене не постои проблем со меѓусебна поддршка во ИТ заедницата. Па ти дадов примери со игри и гејминг студија уште во првата моја реплика. Или тоа не се важи?

После ти ме цитираше со реплика на тоа што тотално нема врска со заедница, ги мешаш постојано нивоава на поддршка од заедница до бизнис - што има врска гејминг асоцијации со пошироката заедница која дава поддршка?

Дај конкретни примери како сме фејлнале како заедница, да видиме како може да се подобриме со меѓусебна поддршка, дефинирај на која група точно мислиш (обични луѓе, соработници, конкуренти итн) и да видиме некоја точка на дискусија.
 
TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.814
10.132
Нити дефлектирам нити те напаѓам, реално тоа за личните фрустрации не се однесуваше на твоите постови.
А така ли?

Не знам од каде ти дојде ова, но ок, ветувам веќе на ниедна тема или иницијатива што ја имате нема да реплицирам, односно веќе и на форумов нема да учествувам активно.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.094
6.035
И не зборам само за поддршка во форма на лајк и браво дечки иако тоа го користам како оригинален пример... зборам за основна љубопитност како нешто било изградено и кој стои позади тоа (голем дел од вас го потврдуваат ова со тоа што не ги знаете децава што со години постојат на сценава и за кои имало куп медиумско покривање од сите страни), конструктивна критика на производот и бизнисот (потенцирање на конструктивна), споделување контакти и промоција на тие бизнис, да се даде препорака на добар локален производ, приоретизирање на купување локален продукт кога понудата е конкурентна, отворање врати за луѓе што се обидуваат да направат нешто одовде. Еве најмалку нека биде конструктивна критика, тоа лично го сметам за форма на поддршка. Цинизмот по дифолт не е.
Wait what? Со кое АИ е пишуван постов? Смени модел, не се разбира ништо.
1. Основна љубопитност за спамот?
2. Сликите со Њубаланс патики?
3. Слики со бродче?
4. Слика со рацете под брадата? - Мислам ова е врвот!
5. На кого да го препорачам „ПРОИЗВОДОВ“, жити се?
6. Локален продукт е ова спамов? Ете има тема за македонски производи и јас лично одма шернав што сум купил и што знам. Пошто било топ, а не затоа што било македонско само - башка што е македонско.
 
D

Администратор
31 март 2007
4.067
4.269
www.aqtos.com
А така ли?

Не знам од каде ти дојде ова, но ок, ветувам веќе на ниедна тема или иницијатива што ја имате нема да реплицирам, односно веќе и на форумов нема да учествувам активно.

Од кај си сигурен дека не мислев на постот на @Ron26, кај па виде дека тоа се однесуваше на тебе? Или, мувата и капата муабетов…
 
D

Администратор
31 март 2007
4.067
4.269
www.aqtos.com
Wait what? Со кое АИ е пишуван постов? Смени модел, не се разбира ништо.
1. Основна љубопитност за спамот?
2. Сликите со Њубаланс патики?
3. Слики со бродче?
4. Слика со рацете под брадата? - Мислам ова е врвот!
5. На кого да го препорачам „ПРОИЗВОДОВ“, жити се?
6. Локален продукт е ова спамов? Ете има тема за македонски производи и јас лично одма шернав што сум купил и што знам. Пошто било топ, а не затоа што било македонско само - башка што е македонско.

Тие беа примерот што го посочив. Еве ок, не ти се ок. Сосема во ред е тоа.

Дали има друг ИТ продукт, стартап или компанија од локален пазар кои ти се ОК или со кои ете ти е кеф дека успеале и би сакал да ги поддржиш, макар и со еден лајк?

И не, нема иронија во тоа што барам примери и од вас, сакам да видам дали воопшто имате некој на радар со кој ете ви делува како да заслужува да му се каже продолжи така, немора ни браво…

Секако фер е да се има и став ко @xenon кој не сака хвалоспевки да дели на фирми, спортисти и сл.
 
Trtka

Gaining Сало
11 април 2018
712
1.017
Апатија и да му умре козата на комшијата се две различни реалности.
99% од членовите баш ги заболе за но нејм бизнис кој со квази ПР пробува да се наметне како приказна.
Јесте се успешни но за приказна треба да јадат малце повеќе сомуни.
А за македонски ај ти екосистем тешко дека постои, кога 99% од фирмите се аутсорсинг... Убаво е посочено погоре: се е сведено на spreadsheets ...
И заборавив, нешто што е многу поважно: сите договори се со NDA...
 
Последна промена:

mdeni

senior
24 септември 2012
6.094
6.035
Тие беа примерот што го посочив. Еве ок, не ти се ок. Сосема во ред е тоа.

Дали има друг ИТ продукт, стартап или компанија од локален пазар кои ти се ОК или со кои ете ти е кеф дека успеале и би сакал да ги поддржиш, макар и со еден лајк?

И не, нема иронија во тоа што барам примери и од вас, сакам да видам дали воопшто имате некој на радар со кој ете ви делува како да заслужува да му се каже продолжи така, немора ни браво…

Секако фер е да се има и став ко @xenon кој не сака хвалоспевки да дели на фирми, спортисти и сл.
Еве еден осврт ќе ти дадам ваков. Искрено се што се нуди сега е смешно и за мене како ИТ лице е нешто кое можам да го направам сам или да се договориме 2-3 луѓе и да го направиме сами.

Истото го прават и сите овие фирми. Целиот муабет е АИ и програмирање со АИ, и јас ќе го направм тоа со АИ и тие. Ќе врземе една две претплати со клод, 5.6гпт и дипсик в4 и тоа е тоа.

Е сега фирма ќе ми го продаде "тоа", што и да е тоа. За 20х над цената на чинење. А неѓа да ми понуди скоро ништо плус од тоа да го направам сам. Башка со интеграцијата секако јас ќе се окозам. Е тоа е тоа. Маржата не убива сите. И нив и нас.

Нема никој што не нуди нешто што вреди, а парите се баснословни и ROi е смешка.

Македонски ИТ фирми дур можат да се нудат себе си на Америка и Осрелија, нека се нудат и тоа е тоа. Или да понудат решенија за разни бизниси кои го бараат тоа со добар сапорт и за достапна цена. Од типот на софтвер за редење на камионски приколки. За редење бродски контејнери. За оптимални рути за достава. Софтвер за Е-фактура асален. Софтвер за кафани со оптимизација на позадински нарачки.

Знаеш што? Има една стара изрека "Добар сметководител, сам си ја вади платата.". Тоа е и софтвер. Тој мора да има ROI, тоа на наши луѓе не им е јасно. А после ковид на никој не му е јасно освен на кинезите. Сите се решени да работат што помалку и да продаваат што поскапо. Дали се тоа VW кои пропаѓаат, дали се тоа фризери во Скопје кои закажуваат по 10 души на ден и преку 2-3-4 дена чекање за 500-1500 денари. Едноставно многу мрза има завладеано на планетарно ниво. Многу. Ако BYD го купи VW веќе јасно ќе е се.

А за македонски ИТ, јас искрено се надевам дека сите овие легаси софтвери за се и сешто ќе се рефакторираат во јасен пајтон веб базиран код. Ништо повеќе не им треба на македонски ИТ. Ништо.

Еве ова која фирма го правела браво. Целиов сајт е бонбона и вебсервиси пристап бонбона. Стварно прошлава недела ме импресионираше. https://e-uslugi.katastar.gov.mk/wmsServices30
 
Последна промена:

kirev

senior
31 мај 2010
9.068
7.750
Не прочитав дека добиле некоја награда за борба за работничките права од синдикат или нешто сл.
Колку што сфатив они се некакви дисруптори, работат нешто против закоравените правила на игра. Така почнуваат и Uber, Revolut, Airbnb, … И намлатиле пари. Не се социјалисти или синдикалисти туку капиталисти. Ако е така, тогаш браво и само напред!
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Нови мислења

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно