Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Mеханички тастатури

Insanious

hello world
18 јануари 2025
328
409
linktr.ee
Не, свичот си излегува сам кога ќе го покренеш спејсот. На неколку копчиња е така, прелесно излегуваат.
Сменив друг свич од Fn копчето, сеа за сеа е ок, па ќе видиме.
Чудно ми е за тестатура од 60 евра да те заебава... јас земав од 30 евра и ева а вози а сакав да земам ко твојата иста..
 
Ron26

poweruser
4 мај 2019
2.368
2.791
чкљ квалитет значи. Што се замарате со овие кејкрон, при кинези подобри за поефтино.
 
DeltronZero

hello world
6 декември 2014
50
66
@DeltronZero @DraganIron се ли ви е ок со C3 Pro после неколку недели користење?
Приметувам дека Space копчето е како потврдо, односно не се притиска добро поради тие двата држачи од страната.
Ако скроз го притиснам до доле, работи некое време, после некое време знае пак да „стврдне“.
Се си е супер. По препорака на @DeJaVu земав од Анхоч палм рест, се залепија како кисела вода на бело вино :)
 
Атачменти

  • viber_image_2026-03-06_21-00-06-340.jpg
    viber_image_2026-03-06_21-00-06-340.jpg
    234,7 KB · Прегледи: 76

architect

poweruser
27 ноември 2008
2.742
4.363
Скопје
architect's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 7 9800X3D / NZXT Kraken Elite 280 RGB (White)
Motherboard
Gigabyte X870E AORUS Elite WiFi 7 1.2 (White)
Storage
SSD 2 x Samsung M.2 990 PRO 1TB
PSU
Gigabyte PSU AORUS Elite P850W PG5 ATX 3.1 850W 80+ Platinum
RAM
Kingston 32GB 5600MHz DDR5 CL40 DIMM
Video card
Gigabyte nVidia GeForce RTX 5070 EAGLE 12GB 192BIT (White)
Case
NZXT H7 Flow RGB (2024) Case (White)
Mouse
Logitech G Pro X Superlight 2 (White) / Logitech G502 RGB / Deskpad World of Warcraft Shadowlands
Keyboard
EPOMAKER x AULA F75 / ROG STRIX SCOPE NX TKL Moonlight white
Audio
Logitech Z625 2.1 THX Speaker / Logitech G335 (White)
Monitor
LG 27GL850-B
OS
Windows 11 x64
Се си е супер. По препорака на @DeJaVu земав од Анхоч палм рест, се залепија како кисела вода на бело вино :)
бро зачисти тастатурата пред да фатиш некоја болештина, или не пуштај слики жити се.
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.120
14.255
Легендарните Gateron Oil Kings

108 свичеви. Купени од тука:

Ставени на тастатура еден ден и вратени во кутија. Имаат уникатен звук кој го нема ниту еден друг свич. 0 клатење на стемот. Одличен квалитет.

Не ги користам зашто не пропуштаат RGB светлина од ледовите на тастатурата. Таков им е дизајнот. А јас сакам новогодишни елки од тастатури.

За да не стојат и збираат прашина, ако некој е заинтересиран може да се договориме за цена. Некаде упола од цената на алиекспрес.

Локација Скопје. Извинете но по карго не праќам.

Edit: продадени!
 
Последна промена:

DeJaVu

user
21 ноември 2010
1.238
1.745
Скопје

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.120
14.255

Немаат простор за да се стави водилка за светло. Дизајнот е намерно таков за да има што помало течење на звук од самото куќиште на свичот.
 
DeJaVu

user
21 ноември 2010
1.238
1.745
Скопје
Немаат простор за да се стави водилка за светло. Дизајнот е намерно таков за да има што помало течење на звук од самото куќиште на свичот.
Е јебига, ми се видоа како да може на прв поглед.

Него што е следно? Дај земи TTC Neptune да ми кажеш дали се добри :), пошто чим ми стигнат тие полувисоките Outemu се мислам за Нептјун како следна варијанта. Гледам убави цени за нив, помалку од $30 за 110 парчиња, им прошол хајпот.

Освен ако не легнат ептен добро овие полувисокиве. Покрај црвени, и плави и кафени ќе има за проба, демек не биле како стандард плави/кафени.
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.120
14.255
Не сум ги разгледал. Но со TTC генерално нема промашај. 30 долари за квалитетен свич е џаба'лк. Во квалитет се многу далеку од стандардните што доаѓаат со повеќето тастатури.
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.120
14.255
Уште да додадам и нови Outemu Silent Peach V3. Купени од тука:

Доземав и уште десет свичеви па вкупно се 110 парчиња.

Не ги користам зашто претежно сум со гласни свичеви. Но ете од мерак само нарачувам се и сешто. Овие не се скапи а се меѓу најпопуларните сајлент свичеви.

Ете ако некој сака тивка механичка тастатура пишете понуда слободно.

Edit: Продадени!
 
Последна промена:

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.120
14.255
BTW ако некој реши да продава Keychron C3 Pro 8K нека пише. Ми треба за еден проект со VIA. Но веќе ја нема во Анхоч.
 
boksata

Fast & Curious
27 декември 2017
578
945
BTW ако некој реши да продава Keychron C3 Pro 8K нека пише. Ми треба за еден проект со VIA. Но веќе ја нема во Анхоч.
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.120
14.255

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.120
14.255
Имав можност да ја пробам Lemokey X3 RGB со црвени свичеви. Бидејќи е достапна во нашите продавници сакав на кратко да наведам мое мислење.

Доаѓа со црн најобичен кабел кој не е плетен. Исто во пакувањето има неколку дополнителни капачиња како и свич пулер.

Tастатурата нуди хот свап менување на свичеви. Внимавајте кога купувате зашто овој модел се продава и во варијанта со црвено осветлување и на неа не се менуваат свичеви.

Куќиштето е ефтина и лесна пластика. Нуди ограничување па дури и апсорпција на звукот од внатрешноста. Но според мене недоволно. Она кое најмногу ја спасува кога станува збор за звукот е поликарбонатната плоча и нејзината поставеност на гумички. Дури и ваквиот помодерен дизајн не е доволен звукот целосно да го надмине оној ретро фил кој го нудеа механичките тастатури во минатото. Со тоа што сепак Lemokey е многу потивка споредено со старите тастатури.

Црвените свичеви (кои се најверојатно Super Red на кикрон) се мазни и тивки. Но оставаат многу простор за рафинирање. Најмногу пречи клатење и тик звук при најмало задвижување лево, десно, горе или доле на било кое копче освен стабилизираните. Едноставно ова е некоја постара и бејзик верзија на подмачкан црвен свич.

Стабилизаторите се добри, подмачкани. Но сепак заради дизајнот или самите свичеви, спејсот и ентерот имаат примеси на звук од минатото.

Капачињата се OEM профил и според производителот се од ABS пластика. Рапави се и имаат убава текстура. Да не гледам во спецификации ќе речев дека се PBT. Но се изработени од многу тенка пластика. Дабл шот се. Но долниот проѕирен слој на капачето е само на врвот. А не и преку ѕидовите. И затоа имаат помалку пискав звук. Легендите си имаат мали фалинки како на пример 9, 0, О каде на врвот како да има мал прекин при лиењето на пластиката. Но ова не е многу забележително како кај некои но нејм кинески капачиња и тастатури.

Lemokey X3 има брз контролер кој дозволува VIA/QMK. Исто како и сите Keychron тастатури со QMK и оваа се мапира и средува преку онлајн лаунчер. И можеби ова е најдобрата карактеристика на тастатурата.

Најголемо разочарување за тастатура која има северно осветлување е јачината на осветлување. Keychron a очигледно и Lemokey користат матични плочи и фирмвер кој го ограничува ледот во поглед на јачина. Ова не е никаков проблем кај тастатури со јужно осветлување зашто странично проѕирни легенди се директно на удар на ледот. Но кај северно осветлени тастатури мене ми е несоодветно. Во осветлена просторија легендите сметам дека не се доволно светли на маскимум брајтнес за да бидат употребливи за секого. Со оглед дека капачињата и плочата се црни, нема никаков отсјај и тоа додава на проблемот. Прашање е на навика, но сепак оваа тастатура не е најсоодветна за користење во светол простор од овој аспект.

Ценовно, од се она што се нуди кај нас, мислам дека горе доле е позиционирана соодветно. Пред се заради тоа што нуди QMK/VIA искуство доколку на корисникот тоа му е значајно или пресудно. Но нема дилеми дека ова е најосновен модел на механичка тастатура од секој друг можен аспект.

Доколку сте се решиле да купувате побарајте од дечките во салон да ви ја отворат па дури и приклучат за да оцените дали осветлувањето за Вас е доволно добро.
 
DeJaVu

user
21 ноември 2010
1.238
1.745
Скопје
Успешна трансплантација на 5 пински MX стил на свичеви(powered by @gokica) на тастатура(Genesis Thor 230) со Outemu сокети.

20260323_171557.jpg

Валидно решение за апгрејд доколку се има некоја од поефтиниве нови или постара тастатура, а единствен аргумент за менување на истата е некомпатибилноста со поновите модели на 3/5 пински свичеви кои имаат пошироки пинови и не пасуваат. И нормално се има алат и време/желба.
Мене ми одзема отприлика половина час, без да го рачунаме времето потрошено на вадење/ставање на свичеви и капачиња кое е дел од процедурата при секое менување. Ова со 5 пински, каде што дополнително треба да се сецнат двете пластичиња(кои ги викаат пинови), со 3 пински времето би било ваљда пола од тој половина час.

Тргнав со засецнување, како на примерот од видеово:

View: https://www.youtube.com/watch?v=S7AOIQEMgow

Првите 5-6 ми беа беа успешни што ми влеа оптимизам, али па ме зареди после некој малер и едно 5-6 по ред неуспешни. Дали аголот на засецнување ми беше премал јебемлига, ми се набиваше едниот пин назад во куќиштето на свичевите. Или можеби ради дебелината на самиот пин, можеби поскапи свичеви имаат подебели/покрути пинови кои не би се виткале толку лесно. Во секој случај резултатот беше од 18 сецнати 6 заебани, резултат кој си бараше нова стратегија.

Следна стратегија, инспирарна од следново видео:

View: https://www.youtube.com/watch?v=0SAWy7rYIxA

Освен што моменталниот зен не ми беше на ниво на типот од видеово, па не ми се стругаше на шмиргла 4 саати.
Користев ротирачки алат(дремел) со камче за стругање на него, стругнувајќи ги пиновите по цела должина, околу 5 секунди по свич работа.
Тука нормално треба да се внимава зависно од тоа колку фино/грубо е камчето, пошто алатот кој работи на големи вртежи може одма да го лапне цел пин.
И да се претера со стругање и се истанчи превише некој пин, пак ќе работи, пошто сочувана е цела должина со методава и сака нејќе негде ќе чепне за да оствари контакт во цефчето(сокетот).

Со вторава метода со стругнување на пиновите, од 87 само 2 не ми работеа од прва. Едниот го корегирав, а вториот го тргнав на страна, но сигурно и тој може да се досреди.

Го сметам потфатов за успешен, и више не го викам торов Југце. Пошто сега поддржува и нови 3/5 пински свичеви, кое мислам дека веќе го класифицира бар во Голф категорија :)
 
Последна промена:

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.120
14.255
Успешна трансплантација на 5 пински MX стил на свичеви(powered by @gokica) на тастатура(Genesis Thor 230) со Outemu сокети.

Погледнете го атачментот 159898

Супер што имаш нерви за ваков потфат.

Одлично испаднало. А и сега можеш било кои свичеви да ги вдомиш во тастатурата.

Но јас се надевам дека оваа комбинација ќе ја задржиш подолго време. Свичевите се одлични и баш одговараат на овој билд.
 
Ron26

poweruser
4 мај 2019
2.368
2.791
Нарачав Ajazz AK820 Pro од Тему со Гифт свичеви. Веќе ја имам обичнава AK820 и презадоволен сум. Едвај чекам да стигне. :geek:
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.120
14.255
Нарачав Ajazz AK820 Pro од Тему со Гифт свичеви. Веќе ја имам обичнава AK820 и презадоволен сум. Едвај чекам да стигне. :geek:

Не сум имал прилика да ја куцнам ни едната ни другата. Но про верзијата треба да е значаен апгрејд. Како од аспект на свичеви така и капачиња. Добар избор ти е про моделот.
 
Ron26

poweruser
4 мај 2019
2.368
2.791
Не сум имал прилика да ја куцнам ни едната ни другата. Но про верзијата треба да е значаен апгрејд. Како од аспект на свичеви така и капачиња. Добар избор ти е про моделот.

Брат, неверојатно мека и пријатна за куцање. И за гејминг одлична. Гифт свичевиве треба да се апгрејд над sea salt, али ќе видиме. Овој пат црната ја земав за другиот компјутер.
 
DeJaVu

user
21 ноември 2010
1.238
1.745
Скопје
Супер што имаш нерви за ваков потфат.
Ја чим подмачкував и мењав федери, ова е гола вода :).

Мада тоа мењањето федери и подмачкување веројатно нема да го повторам веќе никогаш. Тргнав и на овие со подмачкување, али се вразумив после 5-иот свич и баталив.
 
ivmartina

read-only
4 октомври 2022
28
54
Hello, може прашањево не е за тука, се извинувам. Дали некој може да ми посочи од кај да си купам Keychron V1 Max Jupiter Banana, неотпакувана? Во Анхоч ме известија дека немаат неотворена, дека сите биле изложени по салоните зошто биле популарни и луѓе сакале да ги пробаат пред да купат. Што е супер, ама не разбирам како не можат да имаат неотпакуван производ? 7200 ден. за тастатура што ја има испочепкано пола Скопје што се вика, ми нема смисла :)
 
Neksio, најверојатно ќе ти ја порачаат.
 
Ако може да прашам, зошто баш таа тастатура? Што е посебно кај неа за тебе?
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно