Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења во прв пост)

maci

poweruser
2 април 2008
3.390
977
Треба да спушти под 400,незнам кај си прочитал дека 400 е мин?

Sent from my RMX2002 using Tapatalk
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.101
6.046
330W e минимум, а заштедата е во целиот ранг на 6те месеци, а не на тие 2 недели. 3.6COP на 0 степени и слично. :) Како и да е едната е замена на другата и се одлични и двете. Со задоволство би зел ЛН сега ако треба.
 
DelphiUser

user
2 март 2011
1.709
1.637
Drachevo
Сопствениците на стовариштата и плацовите за продажба на дрва вчудоневидени објаснуваат дека само во текот на изминатиот месец регистрирале продажба која е за 20 пати поголема од истиот период минатата година. Во моментов е неизвесна и цената на еден кубик. Сегашната цена на буката е 4500 денари за кубик.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.604
19.322
вчудоневидени објаснуваат дека само во текот на изминатиот месец регистрирале продажба која е за 20 пати поголема од истиот период минатата година.
Ова го кажав уште од старт. Ќе се труеме во висок стил.
А во грејната сезона 2023/2024 очекувајте катаклизма.

Не седат сите во Скопје и не седат сите во згради. Тетово, Велес, Кавадарци, Прилеп, Битола итн. погодете во што живеат во 80% од луѓето и кога се градени куќите.

Тие едвај успеале да стават и обична фасада со ПВЦ а ваму стручњаци од темава ти викаат "стави пвц, стави термо фасада" или во грото ид случаите се нафрла констатацијата "па, доаѓа само 3000 денари поскапо"

Ее, проштевај Марија Антоанета! Не те познав.

И не! Греењето со клима во неизолиран објект не е поевтино од дрва.
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.861
5.569
Не седат сите во Скопје и не седат сите во згради.
Јас навистина не знам што си му е турил толку на Скопје и зградите во Скопје. Најмалку 50% се со катострафална изведба од пред 40-50-60 години, без фасади и изолации. ПВЦ ако си стаиле сами. Руските згради низ цело скопје што ги има се градени од чисти бетонски блокови и ако не им се напраени термо фасади се мила мори мајко. Скоро се што е направено новоградба е или без приклучок на топлификација или не се користи. Пола скопје исто и да сака нема мрежа за топлификација. Така да немој да мислиш дека е се прекрасно овде, не си прошетал изгледа убаво насекаде. Или оди на 9ти, 13ти, 15+ спрат да видиш колку е интересно зимно време со ветерон.
Или доста е тој под тебе и надтебе да не грее на парно или уште бетер да не живее тука (а има колку сакаш полупразни згради) исто ти доаѓа ко куќа отворена од секаде да грееш.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.604
19.322
Јас навистина не знам што си му е турил толку на Скопје и зградите во Скопје
Ниту на Скопје ниту на зградите во Скопје.
Им се турувам на поединци заради по малку арогантниот и надмен однос спрема ситуацијата.

Јас сум роден и израснат во зграда (градба 1955) Покасно се преселивме во куќа и многу добро знам која е разликата во греење на тие два објекти.

Како што кажав претходно, имам стан во Скопје (градба 2015) со изолации и се што треба. Тоа пак е неспоредливо со било што.

Само малку емпатија треба да се покаже спрема сите оние кои беа насанкани да стават клима во неизолиран простор.
Дел е крив овој форум/тема дел се криви оние шљајмови од кајгана кои профитираа од неинформираноста на луѓето.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.101
6.046
Не не си разбрал. Напротив немора да излага на отворен пазар, туку може да остане и на регулиран под универзален снабдувач.

Sent from my Telefon using Tapatalk
Колку си сигурен во ова? Мислам дека е назначено дека не можеш да продаваш или враќаш струја во мрежата ако си во универзален.
 
Riku

lurker
27 ноември 2021
587
257
Само малку емпатија треба да се покаже спрема сите оние кои беа насанкани да стават клима во неизолиран простор.
Дел е крив овој форум/тема дел се криви оние шљајмови од кајгана кои профитираа од неинформираноста на луѓето.
Што подразбираш под неизолиран простор? Да нема стиропор, пвц?
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.861
5.569
Колку си сигурен во ова? Мислам дека е назначено дека не можеш да продаваш или враќаш струја во мрежата ако си во универзален.
Ако излажа мијистерот кога најавуваше онда и јас. Инаку и до сега беше како велиш ти и беше една од пречките.

Sent from my Telefon using Tapatalk
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.861
5.569
Скопје има топлификација.(барем дел има)

Што пола од тие што можат не ја користат.

Само малку емпатија треба да се покаже спрема сите оние кои беа насанкани да стават клима во неизолиран простор.
Дел е крив овој форум/тема дел се криви оние шљајмови од кајгана кои профитираа од неинформираноста на луѓето.
А емпатија кон оние кои не можат и да сакаат да стават изолација, фотоволтаици, немаат субвенции за клими и слично, пошто се у згради од пред 90ти, кои се генерално изолационо катастрофа, а треба да се расправаат со 50% буљаши и теории на заговор.
Или емпатија кон тие што плаќаме парно повеќе од што треба поради пола зграда што решила дека и е доста цел стан да го грее со една една клима, тамам било, не мислејќи дека јас го догревам под него, над него, до него, со парното, цевките итн.
Е сега ако некој опнал циглите на три спрата и дреме дома и не фасадира, и не се греело никој не му е крив. Можел да дигне спрат помалку.
Некако премногу генерализираме, им а и од едната и од другата страна и други моменти надвор од немаштија која ми е единствената валидна причина зошто некој со години не инвестира во својот дом.

Sent from my Telefon using Tapatalk
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.281
2.379

Ама имаат можност, стои како опција. Другите градови немаат.
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.861
5.569
Ама имаат можност, стои како опција. Другите градови немаат.
Другата опција во згради е подгревање на струја, цимолење и шлепање на комшии. Во куќи е дрва, плачење за цената на струјата итн...
Пред некое време го прашав еден у Топлификација Запад (од универзална до влае) колку им е искористен системот. Се разочарав. Помалку од 50%.

Sent from my Telefon using Tapatalk
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.101
6.046
Ако излажа мијистерот кога најавуваше онда и јас. Инаку и до сега беше како велиш ти и беше една од пречките.

Sent from my Telefon using Tapatalk
Не излажал, така рекол, во право си. Иако друго беше напишано во ЕВН, сега гледам дека е тргнато тоа од ЕВН. Така да има шанси да е точно и да може и со универзален.
„Исто така ќе се овозможи секое домаќинство, мал потрошувач и буџетски корисник да склучи договор за снабдување и предавање на вишокот на произведена електрична енергија со кој било снабдувач со електрична енергија, вклучително и со универзалниот снабдувач. Тоа досега не беше возможно, односно ако едно домаќинство кое се снабдуваше од универзалниот снабдувач сакаше да стане потрошувач-производител мораше да го раскине договорот со универзалниот снабдувач и да склучи договор со друг снабдувач“, објаснуваат од Министерството за економија.
 
Последна промена:
  • ми се допаѓа
Реакции: marv

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.861
5.569
Не излажал, така рекол, во право си. Иако друго беше напишано во ЕВН, сега гледам дека е тргнато тоа од ЕВН. Така да има шанси да е точно и да може и со универзален.
Им стоело по старо сѐ уште најверојатно.
Она што сака да го каже Флегма е дека стар стан во Скопје во кој има парно е 18 степени во зимо со исклучено парно. Нелепенка куќа без греење е 0 степени и замрзнува водата.
Грешка си за станот, не баш дека држи 18. Ова ти го гарантирам. За куќа да можда, но тоа е така секаде, поготово ако водата не се користи.

Sent from my Telefon using Tapatalk
 
Aowek

user
14 април 2012
1.220
1.182
Скопје има топлификација.(барем дел има)
Секаде каде што има згради Скопје има топлификација. Ретко која населба во Скопје каде што има згради нема топлификација. Можеби со градежнава експанзија населби како Драчево , Илинден , Ново село немаат топлификација ама веројатно и тие ќе добијат.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.101
6.046
Со градежната експанзија повеќето објекти се со каква таква изолација и со ПВЦ, така да тие имаат мали потреби од загревање.
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.861
5.569
Секаде каде што има згради Скопје има топлификација. Ретко која населба во Скопје каде што има згради нема топлификација. Можеби со градежнава експанзија населби како Драчево , Илинден , Ново село немаат топлификација ама веројатно и тие ќе добијат.
Многу си грешка. Топанско има многу малку згради кои имаат приклучок, Бутел нема (згради има од после земјотресот), Ѓорче само минимално, Кисела вода минимално, Гази Баба тук таму (тие што се на Железарското). Илинден и Ченто имаат згради исто од после земјотресот а и од 80-десетите.
А за да добијат и нови корисници покрај инсталација доводна и во зградите (што во многу нема) ќе требаат богами и нови Топлани.
 
maci

poweruser
2 април 2008
3.390
977
Ѓорче само минимално?
До Порта Влае има,после кон Ѓорче нема.
 
  • ми се допаѓа
Реакции: marv

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.861
5.569
Ѓорче само минимално?
До Порта Влае има,после кон Ѓорче нема.
Има малце Хром у линија позади Порта влае и има у старите згради как пазарчето, црвените. И мислам толку. Затоа и реков минимално.
Иначе спинот беше дека кај што имало згради у Скопје (освен Драчево, Илинден,...) имало сегде парно. Луѓево или не се од Скопје, или слабо со шетање низ градот.

Sent from my Telefon using Tapatalk
 
kolesk

lurker
6 февруари 2016
789
1.225
Многу си грешка. Топанско има многу малку згради кои имаат приклучок, Бутел нема (згради има од после земјотресот), Ѓорче само минимално, Кисела вода минимално, Гази Баба тук таму (тие што се на Железарското). Илинден и Ченто имаат згради исто од после земјотресот а и од 80-десетите.
А за да добијат и нови корисници покрај инсталација доводна и во зградите (што во многу нема) ќе требаат богами и нови Топлани.

До топланата во Топанско, само 1 зграда има парно. (50% од зградата се исклучени.) Скопје север, скоро сите се исклучени. Цените си го направија тоа.
Постари жители ми имаат кажувано, топланата барала од тие што ќе се поврзуваат, да си платат копање на пат, поставување цевки и цела опрема. И нормално, скоро сите продолжиле со ќумбиња и дрва.
(Муабетов е за период 1965-75, и од тогаш нема никаков напредок)
 
  • ми се допаѓа
Реакции: marv

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.861
5.569
До топланата во Топанско, само 1 зграда има парно. (50% од зградата се исклучени.) Скопје север, скоро сите се исклучени. Цените си го направија тоа.
Постари жители ми имаат кажувано, топланата барала од тие што ќе се поврзуваат, да си платат копање на пат, поставување цевки и цела опрема. И нормално, скоро сите продолжиле со ќумбиња и дрва.
(Муабетов е за период 1965-75, и од тогаш нема никаков напредок)
Ама неееее, види погоре. Викаат у Скопје кај имало згради од времето имало парно

Sent from my Telefon using Tapatalk
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно