Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења во прв пост)

moongose

poweruser
19 јули 2013
4.387
5.531
Ако не ви е тешко појаснување(за помалку упатените ко мене) или потврда ако сум разбрал добро, за таа цена да не летаме кон Gree, пошто баш и не грее, така
Не дека не грее, туку сега знаеме точно колку грее. Потврдено од независна институција а мерено по прецизно утврдена методологија. Досега имавме само податоци од производителот, кои како што се покажа, не соодветствуваат со резултатите од мерењето на начин на кој се мерат останатите марки.

Со тоа се побија сите неточни информации кои неколку години се пласираат по форуми за супериорноста на Gree климите и се виде дека перформансите се тука некаде со конкуренцијата.
Некои модели се подобри, а некои се полоши од конкуренцијата во соодветниот ценовен ранг, што всушност е и нормално да се очекува.

Оттука е јасно и постојаното омаломажување на одредени марки и модели, за кои сега споредени на еуровент, се гледа дека се со подобри перформанси од моделите на gree за истите пари.

Сето ова не значи дека Gree се лоши или не греат, туку само дека имаме резултати од рамноправна трка.

Досега беше вие тркајте се, а ние за нашиот натпреварувач ќе ви го испратиме времето и нема што да проверувате дали е точно и дали навистина трчал.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.583
19.290
Јас (и уште неколку други) цело време тврдевме дека Gree и другите кинези (Midea/VIVAX, Haier итн) не се лоши клими за парите и во ценовен сегмент до 500 евра се единствен логичен избор.

Проблемот настана кога фанатиците од Gree почнаа со една ултра глупа и погубна кампања за величање на Gree над се останато дури и над брендови кои практично ја измислија климата (Carrier, Mitsubishi Electric, Fujitsu, Daikin..)

Кампањата им се состоеше во навреди, закани, поткуп на админи на други форуми, извртување на вистината, лажги со мерачи на потрошувачката... практично не се добројуваат "методите"

Паралелно со тоа си дозволија да бидат безобразни па лансираа клими со идентични цени со Mitsubishi Electric (за иста снага)
Па така U-Crown 5,5-ка беше 90.000 исто колку и Mitsubishi FH50VE
U-Crown 3,5-ка беше иста цена со FH35VE (околу 60.000)
Да не заборавиме дека овие цени ги држеа околу една година. Потоа ги намалија.

Како и да е, Eurovent ги разобличи и ги соголи до гола кожа. Наеднаш климите кои работеа до - 15 сега се на - 10. Тие од - 30 сега се - 15.

Што им требаше да пуштат онакви ликови. Добри си беа со нормален маркетинг.
 
7n00dle7

Баниран/a
26 февруари 2012
566
360
Скопје
Не дека не грее туку
Не дека не грее, туку
Во ред во ред околу тоа не ни мислев буквално дека не грее но за мене битен е факторот или фактот Флегма што го спомена дека сите Gree се до -10 а они декларираат од -15 па нагоре. Реално Скопје ретко зими со температури ко од пред некоја година со -15-20 и да држи подолго од една недела но да треба да палам ќумбе на -8;-9;-10;-11 а сум ја купил климата (независно кој бренд) со спецификација (ГРЕЕЊЕ/ЛАДЕЊЕ: ОД -15℃ ДО 43℃) не иде...

Ондак ај вака по конкретно, што да се земе од ова:
TESLA TC35V3-12410IA
TESLA TT35X21-12410IA
HAIER TUNDRA GREEN AS35TADHRA-CL/1U35MEEFRA
HYUNDAI AC120 ECO M INVERTER
TOSOT MUSE LCLH TWH12AFC-K6DNA5D
GREE LOMO LC GWH12QB-K6DNB4I
GREE FAIRY LCLH GWH12ACC-K6DNA1D
VIVAX ACP-12CH35AUJI R32
VIVAX ACP-12CH35AERI R32
HYUNDAI AC180 ECO М
SAMSUNG AR12TXHQASINEU / AR12TXHQASIXEU, 3,52kW / 3.81kW
BEKO BBVCM120/121, 3,5/2.8kW

Отприлика тоа успеав да најдам за 25к +-2к е сеа што од ова да се земе, или ако имам нешто пропуштено предложете...
 
petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.527
2.980
Се зачленив на форумов специјално за да побарам совет, и прав си, не сум побарал поубаво.
Како и да е, бидна веќе, се сторив со Ventus Supreme 42QHC018D8SW / 38QHC018D8SW.
Ако сум згрешил, нека изгорам.
А во однос на бучавата, моментално имам две стари on-off 3.5-ки, трактори тоа надворешните единици. Сигурно новава ќе биде потивка. :)
Па, сигурно ќе е потивка :)
Со здравје да си ја брчиш :)
 
noviot

hello world
1 февруари 2008
153
132
И шо сеа? Се заебав што земав Gree G-tech за 29990 ден? Не ги бива толку? :(
 
triki123

Баниран/a
4 мај 2019
85
65
Дечки, некакво искуство со мобилни клими?
нешто вакво Shiny

Имам инвертер во дневна, ама во работната соба во лето нема шанси да стигне од дневна, плус компјутерот ми грее ужасно во лето и не можам да работам, једино што се секирам е издувот за воздух и вода, дека ќе треба подотворен да е прозорот... Инаку собата е 6 квадрати.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.096
6.040

Мобилна клима е за во шатор. Тебе ти треба некој 2.5кв инвертер. Целата куќа ќе живне кога се лади од 2 страни, ако викаш неможе да стигне од едната до другата страна една клима.

Башка и за греење ќе послужи по некогаш.
 
Darko-Sk

read-only
17 јуни 2020
3
1

Еден период имав мобилен климатизер, не ми текнува со какви спецификации, и бидејќи не ми се отвораше дупка у ѕид за цревото, го користев со отворен прозор колку за цревото (што не беше воопшто тесно), ама ми бркаше работа. Мојата соба беше барем 12м2.
 
triki123

Баниран/a
4 мај 2019
85
65
Мобилна клима е за во шатор. Тебе ти треба некој 2.5кв инвертер. Целата куќа ќе живне кога се лади од 2 страни, ако викаш неможе да стигне од едната до другата страна една клима.

Башка и за греење ќе послужи по некогаш.
Да. држи муабетот, ама станов ќе оди на продажба за некој месец, па мобилната клима би си ја земал со мене, греењето ми е супер, парното е изгор кај мене.

Еден период имав мобилен климатизер, не ми текнува со какви спецификации, и бидејќи не ми се отвораше дупка у ѕид за цревото, го користев со отворен прозор колку за цревото (што не беше воопшто тесно), ама ми бркаше работа. Мојата соба беше барем 12м2.

Tоа е прашањето, гледав у manual-от на еден vivax, има додаток за прозор, ама функционира само на прозори што се отвараат вертикално. секако прашањето беше колку е ефикасна и со подотворен прозор.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.583
19.290
Да. држи муабетот, ама станов ќе оди на продажба за некој месец, па мобилната клима би си ја земал со мене, греењето ми е супер, парното е изгор кај мене.

Tоа е прашањето, гледав у manual-от на еден vivax, има додаток за прозор, ама функционира само на прозори што се отвараат вертикално. секако прашањето беше колку е ефикасна и со подотворен прозор.
Ќе си направиш термопан стакло со димензии колку до адаптерот. Ако е PVC дограма стаклото се менува за 2 минути. Ако е дрвена ќе се помачиш малку.
На заминување си го земаш адаптерот а двете стакла ги оставаш на новиот сопственик.

Нормално, прозорот нема да можеш да го користиш. Или пак ќе можеш ама ограничено.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.096
6.040
Прашањето е што кога ќе си одиш? Што ќе ти е таа никаква клима за во друг стан? Реално.

Ако одиш со шатор често, сосема океј.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.771
6.482
SK
Ако не ви е тешко појаснување(за помалку упатените ко мене) или потврда ако сум разбрал добро, за таа цена да не летаме кон Gree, пошто баш и не грее, така?
Тоа ти е едно овдешно интерно подје*авање на форумов, ќе мора повеќе да ги следиш работите за да разбереш. :)

Во глобала наједноставно кажано:
- добро е да може да се видат податоци од еуровент
- лошото е што еуровент си тера ЕУ пазарна политика и протажира одредени брендови, и фирмите ги кошта тестирањето па тоа се одразува на цената (посебно тие што имаат стотици разни модели, како Кинезите кои идат на минимум профит максимален обрт и постојано нешто менуваат во понуда)
- за мене многу подобро е ако за одредена клима има искуства од десетици луѓе од твојот град (пошто во лабораториите на еуровент се секогаш фиксни температури, и не се истражуваат субјективни работи како на пример кои уреди се расипуваат повеќе или помалку)
- јапонците прават најдобри клими, ама цената е повисока (и генерално вредат за парите)
- корејските клими не се лоши, ама се со јапонски цени а без јапонски перформанси
- од кинезите, Gree е скоро секогаш изборот со најдобар price/performace коефициент. Овде кај нас увозниците се искурназија и ги дигнаа цените, цените би требало да се пониски и како кај ребрендираните Гри како што се тие TCT (или така нешто)

не видов/најдов совет за нешто(инвертер) со мојот буџет 20-25к све е над 30к.
Gree. Не следам актуелни модели, ама да има LCLH во името... И секако растегни го буџетот барем до 30К, пошто под 25К реално и нема пролазно добри клими за греење (освен ако не налеташ од некој редок дил/акциска цена).
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.387
5.531
Во ред во ред околу тоа не ни мислев буквално дека не грее но за мене битен е факторот или фактот Флегма што го спомена дека сите Gree се до -10 а они декларираат од -15 па нагоре. Реално Скопје ретко зими со температури ко од пред некоја година со -15-20 и да држи подолго од една недела но да треба да палам ќумбе на -8;-9;-10;-11 а сум ја купил климата (независно кој бренд) со спецификација (ГРЕЕЊЕ/ЛАДЕЊЕ: ОД -15℃ ДО 43℃) не иде...

Ондак ај вака по конкретно, што да се земе од ова:
TESLA TC35V3-12410IA
TESLA TT35X21-12410IA
HAIER TUNDRA GREEN AS35TADHRA-CL/1U35MEEFRA
HYUNDAI AC120 ECO M INVERTER
TOSOT MUSE LCLH TWH12AFC-K6DNA5D
GREE LOMO LC GWH12QB-K6DNB4I
GREE FAIRY LCLH GWH12ACC-K6DNA1D
VIVAX ACP-12CH35AUJI R32
VIVAX ACP-12CH35AERI R32
HYUNDAI AC180 ECO М
SAMSUNG AR12TXHQASINEU / AR12TXHQASIXEU, 3,52kW / 3.81kW
BEKO BBVCM120/121, 3,5/2.8kW

Отприлика тоа успеав да најдам за 25к +-2к е сеа што од ова да се земе, или ако имам нешто пропуштено предложете...
Која било клима да ја имаш, постои една вредност на надворешната температура на која нема да може веќе да ја оддржува бараната внатрешна температура и ќе и треба помош од друго грејно тело. Која е таа зависи од јачината на климата, но исто така и од топлинските загуби на просторот што се грее. Со намалување на надворешната температура растат топлинските загуби а опаѓа капацитетот на климата.

Не можам да те советувам која од понудениве клими да ја земеш. А не може да очекуваш ни од кој било член на форумов да ги бара и споредува спецификациите за сите овие 10-15 клими и да ги најде најдобрите, поготово што за пола од нив прашање е дали може да се најдат, а и да се најдат колку се веродостојни.

Тоа си е твоја задача, а исто и твоја добра воља е да ги споделиш наодите до кои ќе дојдеш.
 
CeeTour

hello world
18 септември 2014
127
135
Skopje
Ако не ви е тешко појаснување(за помалку упатените ко мене) или потврда ако сум разбрал добро, за таа цена да не летаме кон Gree, пошто баш и не грее, така?
Да прашам пак, имав побарано совет неколку страни поназад, како што видов и после мене беа побарани совети на кои не беше одговорено, претпоставувам ви е здосадено а и можеби веќе покриено со одговор претходно но не видов/најдов совет за нешто(инвертер) со мојот буџет 20-25к све е над 30к. Треба да посочам конкретни модели или? Мислев да не има нешто што го препорачувате, модел што е сосема задоволителн кај евтините инвертери...

Нешто во слична ситуација бев и јас пред некое време, кога дојде време за нова клима. Од неколкуте обиди тука одговор добив од @Lokvan и @mdeni на кои им благодарам за одвоеното време и одговорите.

На кратко тоа што го добив како одговор, за кинески клими до 500 евра.

1. Haier Thundra Green AS35TADHRA-CL/1U35MEEFRA (Во Енергија чини 26к без монтажа со вклучен Wi-Fi модул + 4500 монтажа. Во Сетек ја има на промоција за 23.5к ама без Wi-Fi модулот + 3700 за монтажа. На клими. мк ја имаш за 26к денари со Wi-Fi модулот + 3700 за монтажа). На оваа клима имаш 3 години безусловна гаранција.

2. а) Gree LOMO LC GWH12QB-K6DNB4I (која чини 21к денари со вклучено Wi-Fi +3700 за монтажа од клими. мк. Оваа клима има извадено одлични резултати со оглед цената на Eurovent)
b) Gree FAIRY LCLH GWH12ACC-K6DNA1D ( која чини 26к денари со вклучено Wi-Fi + 3700 за монтажа од клими. мк)
Овие клими имаат 10 годишна условна гаранција, што значи дека секоја година треба да даваш одредена сума (800+ денари), за да ти биде важечка.

3. Vivax ACP-12CH35AERI R32 ( ја има на неколку места со цена од 25к денари без вклучен Wi-Fi модул, + 3700-4000 денари за монтажа зависно од кај би ја земал. Моментално е на акција на повеќе места). Оваа клима има 3 години безусловна гаранција.

Бидејќи во меѓувреме читав и на други форуми, ситуацијата со Gree е тоа што има ликови кои го имаат преплавено просторот во МК со лажни информации за моќноста и температурниот опсег во кои можат да работат. Тоа е поткрепено со инфо од Eurovent, каде што реалните вредности се измерени и ставени во табела, и сега дечките што лажеле се у дип шит.

На другиот форум @tigar има составено табела, која би била корисна и тука.

Второ таа арогантност и правење будала во здрав памет, нема нешто што ќе ме натера да им остаам мои пари у салон. Али тоа е мое мислење.

На крај нешто што научив дека кинеските клими не се во никој случај исти со јапонските, ама во тој ценовен ранг што е спомнат, само и Кинез има.
 
Последна промена:

Strezo

read-only
6 јуни 2020
7
3
Последниов пост е мошне корисно скоцкана информација за клими до 500 евра 3.5

Јас сеуште се трудам да се пронајдам соодветен пазар за 5.5kw клима, ценовен ранг до 50 000 денари, која би била примарно решение за греење :)
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.096
6.040
Последниов пост е мошне корисно скоцкана информација за клими до 500 евра 3.5

Јас сеуште се трудам да се пронајдам соодветен пазар за 5.5kw клима, ценовен ранг до 50 000 денари, која би била примарно решение за греење :)
Во тој ранг кажана е Daikin FTXF50 како идеална опција ако се има простор за Јапонска клима. Во спротивно Хаиерот Тундра 18ка е одлична клима за понизок буџет.

Сите овие се со еуровент и знаеме дека се многу солидни за парите. Незнам каде е дилемата.
 
Strezo

read-only
6 јуни 2020
7
3
Во тој ранг кажана е Daikin FTXF50 како идеална опција ако се има простор за Јапонска клима. Во спротивно Хаиерот Тундра 18ка е одлична клима за понизок буџет.

Сите овие се со еуровент и знаеме дека се многу солидни за парите. Незнам каде е дилемата.

Даикинот ми е над буџет, гледам најефтино 59 000, би сакал ако е возможно да е до 50 000.
Иначе во последно барав инфо за Samsung и LG, Тундра 18 е дефинитивно во ранг
 
tigar

hello world
28 јули 2011
165
139

На ова би се надоврзал, за уште подобра клима 18ка, во Хидрост ја имаш
FUJITSU ASYG 18 KMTA INVERTER 5.2 (0.9~6.0) / 6.3 (0.9~8.7) 68,100.00 денари.

Ако имаш буџет оваа ти е за мене многу подобар избор.

Инаку еве ја табелата (со нов update) за 3,5ки достапни во Македонија со Еуровент сертификат, со цена до ~53.000 денари, што верувам дека е доволно за оваа категорија на клими, нормално дека има и поскапи (нормално и подобри) кои што не се наведени во листава, но незнам колку би ја оправдале разликата во цена низ годините.

upload_2020-6-19_21-3-32.png

Ако имам испуштено некоја клима којашто има Еуровент, со цена до 53К кажете ми ќе ја допишам... :)
 
Даикинот ми е над буџет, гледам најефтино 59 000, би сакал ако е возможно да е до 50 000.
Иначе во последно барав инфо за Samsung и LG, Тундра 18 е дефинитивно во ранг

Да се надоврзам, во многу слична ситуација сме, како во буџет така и за потреби, иако ти имаш некаде околу 7м2 повеќе за ладење/греење :)
Јас моментално ако одам со 3,5ка би зел некој од Панасоник моделите.
За мене изгледаат најдобро на хартија, во пракса многу малку ги имаат овде и на другиот форум, па нема многу корисничко искуство, тука мислам дека имаше еден член Z35VKE во канцеларија и беше многу задоволен, ако ја видиш табелата ќе се изненадиш колку малку топлина дава на -7, што за мене е софтверски ограничен (не дека неможе да даде повеќе) за да биде А+++ на греење...

И другата опција е 14/16ки клими т.е. 4ки, е сега до 50.000 е многу ограничен изборот, односно јас најдов 2 Тошиби, едната е Сеија 50К, другата е Мираи (сега е на промоција 45К), останатите што ги најдов се >= 60.000денари...
 
Strezo

read-only
6 јуни 2020
7
3
Јас во принцип треба да купам 3 клими :) 1 Поголема за најголемата просторија и 2 за во спална, двете спални се по 18 квадрати, а сите 3 простории ги поврзува еден ходник. Е сега можеби ќе се пресметам одново, да купам поскапа 4ка - 5ка, па да балансирам со останатите клими.

Иницијалниот план ми беше една од 50 000 во дневна и две од по 30 000 во собите. Моментално цел стан се реновира, па ќе видам како ќе поминам и со останатите трошоци, можеби ќе зголемам буџет за 10 000 - 15 000.

По форумиве се вртат во круг неколку клими/производители, за останативе е потешко да се стигне до лично искуство, но имам доволно време до следна зима
 
Stojan Gocev

read-only
11 декември 2019
13
2

Druze eve ti klima so odlicni performansi za tvojot budzet:
https://setec.mk/index.php?route=pr..._10172&product_id=73067&mfp=manufacturers[98]
 
bajramo

hello world
25 јуни 2008
491
292
Нешто во слична ситуација бев и јас пред некое време, кога дојде време за нова клима. Од неколкуте обиди тука одговор добив од @Lokvan и @mdeni на кои им благодарам за одвоеното време и одговорите.

На кратко тоа што го добив како одговор, за кинески клими до 500 евра.

1. Haier Thundra Green AS35TADHRA-CL/1U35MEEFRA (Во Енергија чини 26к без монтажа со вклучен Wi-Fi модул + 4500 монтажа. Во Сетек ја има на промоција за 23.5к ама без Wi-Fi модулот + 3700 за монтажа. На клими. мк ја имаш за 26к денари со Wi-Fi модулот + 3700 за монтажа). На оваа клима имаш 3 години безусловна гаранција.

2. а) Gree LOMO LC GWH12QB-K6DNB4I (која чини 21к денари со вклучено Wi-Fi +3700 за монтажа од клими. мк. Оваа клима има извадено одлични резултати со оглед цената на Eurovent)
b) Gree FAIRY LCLH GWH12ACC-K6DNA1D ( која чини 26к денари со вклучено Wi-Fi + 3700 за монтажа од клими. мк)
Овие клими имаат 10 годишна условна гаранција, што значи дека секоја година треба да даваш одредена сума (800+ денари), за да ти биде важечка.

3. Vivax ACP-12CH35AERI R32 ( ја има на неколку места со цена од 25к денари без вклучен Wi-Fi модул, + 3700-4000 денари за монтажа зависно од кај би ја земал. Моментално е на акција на повеќе места). Оваа клима има 3 години безусловна гаранција.

Бидејќи во меѓувреме читав и на други форуми, ситуацијата со Gree е тоа што има ликови кои го имаат преплавено просторот во МК со лажни информации за моќноста и температурниот опсег во кои можат да работат. Тоа е поткрепено со инфо од Eurovent, каде што реалните вредности се измерени и ставени во табела, и сега дечките што лажеле се у дип шит.

На другиот форум @tigar има составено табела, која би била корисна и тука.

Второ таа арогантност и правење будала во здрав памет, нема нешто што ќе ме натера да им остаам мои пари у салон. Али тоа е мое мислење.

На крај нешто што научив дека кинеските клими не се во никој случај исти со јапонските, ама во тој ценовен ранг што е спомнат, само и Кинез има.
Одличен ти е постов. Само те молам дај ми линк од еуровент за Ломото ЛЦ
 
CeeTour

hello world
18 септември 2014
127
135
Skopje
Одличен ти е постов. Само те молам дај ми линк од еуровент за Ломото ЛЦ

Повели резултатите за Lomo LC. :)

InuqhVG.png

eFpaaWF.png

eFpaaWF.png

GYIvRlh.png
 
sostius

hello world
16 јануари 2017
339
796
Кочани
sostius's setup  
Processor & Cooler
Intel 13700K
Motherboard
Gigabyte Z790 Aero G
Storage
2x2TB kingston KC3000 2x 8TB WD Red
PSU
Corsair H850i
RAM
64GB ddr5 Corsair Vengance
Video card
3070 rtx
Case
Fractal North wh
Mouse
G305, MX master 3
Keyboard
FL ESPORTS FL750
Audio
Focusrite Solo MK2, B&W LM1 on Nobsound amp, Langsdom FA890 and Samson SR850
Monitor
Asus PG279q
OS
Win 10
членови онлајн
мислења
теми
членови

Нови мислења

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно