1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Електронски цигари втор дел

Дискусија во форумот 'Електронски цигари' започната од Metuzalem, 9 Април 2019.

  1. krema

    krema
    Professor

    9,525
    9,207
    24 Јуни 2009
    Машко
    Ако им е толку цената на алиекспрес тогаш се поскапи, од ФТ ќе ги добие побрзо а и секако ФТ е проверен продавач.
     
  2. Chaeld10_8

    Chaeld10_8
    On your way to fame

    869
    684
    29 Март 2011
    Дадов само предлог

    Испратено од Redmi 7 преку IT.mk форум апликација
     
    На krema му/ѝ се допаѓа ова.
  3. krema

    krema
    Professor

    9,525
    9,207
    24 Јуни 2009
    Машко
    Ок тогаш. :)
     
    На Chaeld10_8 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. crcic

    crcic
    Gaining Experience

    345
    181
    2 Април 2014
    готово, нарачано од fasttech и течности си нарачав од Шарловски, спремен сум ко пушка.
     
    На krema и Saso Trpenoski им се допаѓа ова.
  5. fis1976

    fis1976
    On your way to fame

    460
    876
    15 Март 2016
    Машко
    Вчера (по негде 2 месеци од претходната дешавка) пак бев во Амбрела Рамстор да земам ПГ и ВГ и сеуште им беше цената на ВГ од 500 мл 400 ден. Се јавив во централа и после кратко објаснување ми ги пребија и претходните 150 иако се откажав ама пошто долго време не ја оправиле грешката ме фати инат и решив да си ги побарам и тие. Артиклот во Растор им е внесен со погрешна цена, не знам како е во другите дуќани. Секоја пофалба за вработената, супер услужлива.

    Една работа не ми е јасна, како никој од муштериите да не примети дека има толкава разлика во цена.
     
    Metuzalem, Chicco69, krema и на уште 1 им се допаѓа ова.
  6. Chicco69

    Chicco69
    Unstoppable

    559
    2,419
    21 Април 2016
    Машко
    Пред три недели пазарив ПГ/ВГ од Капитол.
    IMG_20191027_151612.jpg
    Цените беа стандардни, а си добив и 10% попуст со нивната клуб картичка. :)
    Вработените секогаш биле културни и услужливи. Обично се јавувам на телефон и си резервирам ПГ/ВГ на мое име. До сега не ме изневериле. Слични (позитивни) искуства имам и со тие од Сити Мол.

    Проблем е што често ја немаат на лагер едната компонента (најчесто ВГ), или пак треба да се оди на 2 пункта за да се комплетираат. И тоа се решава со планирање на набавката, а не е лошо да се има одредена резерва (литро, две) за "црни денови". :innocent:
     
    На Ace Lud, fis1976, Metuzalem и уште 2 други им се допаѓа ова.
  7. crcic

    crcic
    Gaining Experience

    345
    181
    2 Април 2014
    Конечно се охрабрив и направив ова се како на видеото и ми испадна супер, онака на лик, арно ама кога ке го уклуцам на модот ми вика atomizer low

     
  8. krema

    krema
    Professor

    9,525
    9,207
    24 Јуни 2009
    Машко
    Вероватно грејачот ти е со многу ниска омажа модот не ја поддржува истата.


    Sent from my иПхоне using Tapatalk
     
    На crcic му/ѝ се допаѓа ова.
  9. crcic

    crcic
    Gaining Experience

    345
    181
    2 Април 2014
    шпанско село за мене. батали ке си ја користам ендурата.

     
  10. krema

    krema
    Professor

    9,525
    9,207
    24 Јуни 2009
    Машко
    На кој мод ти го покажува ова, и колку ома ти искача грејачот?
    Можеби и не ти е добро стегнат грејачот па игра омажата.
     
  11. crcic

    crcic
    Gaining Experience

    345
    181
    2 Април 2014
    стегнато е се ко шо треба. на било која јачина, и на 20 и на 30 и на 60.... ikuu i 200 e модот и еве кој tank e:

    [​IMG]

    а еве што ми јавува:

    [​IMG]
    и ова
    [​IMG]
    еве како се наместени жиците, игнорирај го памукот така лошо лиши бидејки го расклопував
    [​IMG]
     
  12. krema

    krema
    Professor

    9,525
    9,207
    24 Јуни 2009
    Машко
    Ќе треба да премоташ оти имаш 0,08ohm а модот ги поддржува следните минимални омажи:
    Resistance range: 0.05-1.5ohm (TC modes) / 0.1-3.5ohm (VW mode)
    Пробај извади го едниот грејач и види колку ома ќе добиеш.

    Вероватно си мотал на тепка па ти искочило вака. :)
     
  13. crcic

    crcic
    Gaining Experience

    345
    181
    2 Април 2014
    Значи треба да добијам пониска или повисока омажа?
     
  14. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,309
    11,422
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Повисока. Многу повисока. За мене се` под 0,4 оми е жешко и неподносливо. Дробно може неколку повлекувања, ама ми треба екстремно низок никотин (1 мг/мл). Мислам дека и кај тебе, како почетник за дробно, би требало што повисок отпор.

    Кај овој атомизер хендикеп е што е со две намотки (паралелно врзани отпорници), па отпорот се дели на два (ако се исти намотки). Зголеми дијаметар на намотките и број на навивки за да добиеш нешто поголем отпор. Јас на почетокот правев „гасеници“ кога користев дебела жица (многу долги намотки), но не може да бидат предолги затоа што во еден момент ќе почне да го гори памукот во средината пред да се загреат краевите. Двете намотки треба да бидат со приближно исти димензии и број на навивки, а со тоа и отпор, за да се загреваат рамномерно.

    И провери без намотки, само атомизер навртен, дали модот отчитува некаков отпор (дали има внатрешен спој). Не би требало, но што знаеш. Исто и на изграден, намотките не смеат да се допираат до никаде, тоа веројатно ти е јасно.
     
  15. crcic

    crcic
    Gaining Experience

    345
    181
    2 Април 2014
    Ок ке пробам утре се што ми кажавте. Интересно е што дечкото што ми го даде атомизерот на него ми стави исти овакви грејачи и работеа, истовремено ми направи уште 50-60 такви и ми ги даде за да имам резерва, проблем е што кога јас пробав да ги извадам старите и ставам нови не работи. А модот е ок бидејки кога ке го ставам атомизерот од ендурата си работи без проблем.
     
  16. crcic

    crcic
    Gaining Experience

    345
    181
    2 Април 2014
    Ги извадив грејачите и нема ништо, она омажа што е е нула. Така треба нели?

    Намотките никаде не допираа го видов тоа од видеото.

    Али ок, еве да речеме жицата не ваља. Препорачајте ми каква жица да купам, од каде да купам, и што ке ми треба допочнително со неа? Како на пример памук добар кој ке ми го препорачате, онакво за мотање како пенкало што е итн... Значи комплетна апаратура што ке ми треба за да правам сам грејачи без да бидам технички лимитиран, па да удрам уште една нарачка.

     
  17. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,309
    11,422
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Не би требало да е толку лоша жицата, пробај да домоташ некоја навивка и да ги раздвоиш навивките (да не се допираат една со друга). И за двете ќе треба да ја ставиш намотката на некоја шипка со ист дијаметар (шрафцигер, бургија или што ќе најдеш). За раздвојување, кога е на шипката, само фати ги последните навивки на краевите со нокт и растегни. Потоа набиј ги краевите еден кон друг и ќе испаднат совршени раздвоени намотки. Навивиките што се допираат, додека не се создаде слој од оксидација, прикажуваат краток спој баш како кај тебе. И во првото видео мислам дека греши што ги спојува, требаше да ти го кажам тоа.

    Еве отприлика што опрема ти е потребна, најважно за моталиците. Не знам точно која од нив е најдобра. Можеш и пинцета и клештичка за сечење (ако немаш добра ноктарица :hay:). За памук овој пост или следниот.

    За жица сум малку во дилема што да препорачам. Традиционално за дробно се користи Никел-хром (Nichrome, NI80) поради помалата отпорност по единица должина и побрзото реагирање, но кај тебе премалата отпорност е проблем, па не знам. Можеби е проблемот со премалиот број навивки, нивното допирање и дијаметарот, но треба да се утврди што е. Јас би ти ја препорачал оваа жица од кантал за почеток, а традиционално се користи оваа. Може да ги земеш и двете, не се скапи. Инаку понатаму за облачење, ако испадне се` во ред, оваа или оваа, атомизеров е наменет за такви. Понатаму некоја клептонска жица (плетена), на пример оваа (појма немам дали е добра и дали одговара, но ми изгледа дека да затоа што е многу популарна). Засега јас би ги зел само првите две. Може ќе има попуст на Фастек околу 29-ти.

    Почнав да пишувам, па нека стои:

    Кај овој дек намотките може да се допрат до метал секаде - и надолу до дупките за воздух (што ми е најверојатно) и до страните откако ќе го зашрафиш бурето, и кон столбовите и нагоре откако ќе го ставиш капакот. Главно е шрафчињата да бидат затегнати цврсто и да провериш да не се протнала жицата покрај нив - да не не ја притискаат. Исто така, кај повеќето атомизери, не само кај овој, откако ќе пуцнеш еднаш или неколку пати, треба да ги дотегнеш шрафовите - металот од загревање се шири и шрафовите знаат да се олабават. Не мора премногу често да проверуваш, но во зависност од клонот, кај некои тоа може да се случува често.

    Исто, може и крајчињата на жицата да не си ги отсекол доволно блиску и да прават спој. И тоа треба да се провери, четири ги има.

    Исто, кај овој дек бидејќи се вади целиот проверуваш да не ти упаднало парче жица во базата.

    Важно е што ќе каже кога ќе пуцнеш. Треба да биде NO ATOMIZER или нешто слично. При мирување може да прикажува нула или да ја памти претходната отпорност, не е битно тоа.
     
    На Chicco69 и krema им се допаѓа ова.
  18. crcic

    crcic
    Gaining Experience

    345
    181
    2 Април 2014
    Ги раздвоив намотките како што ми кажа и проработе модот, 0.28 оми јавува. Добро е тоа?

    И колку волти да го ставам на почеток? Да не сјебам нешто поради јака волтажа?
     
    Последна промена: 22 ноември 2019
    На krema му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,309
    11,422
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Супер е, само пази на осет да не ти биде јако. Реков, почни од 15 вати (W) па качувај. 15 веројатно ќе биде слабо за тие намотки (ќе дава малку пареа), но пробувај.

    Од јака волтажа можеш само да се изгориш, особено ако попиеш dry hit (ако нема течност во фитиљот/намотката).
     
    На krema му/ѝ се допаѓа ова.
  20. krema

    krema
    Professor

    9,525
    9,207
    24 Јуни 2009
    Машко
    Ќе си легнат работите полека, треба само да ги научиш и да имаш трпение.
    Се што е нејасно прашувај.
     
  21. crcic

    crcic
    Gaining Experience

    345
    181
    2 Април 2014
    Многу ми тече, а го стегнав топ. Му ставив течност исто како на видеото, прво на намотките со памук, после тоа со склопив и го наполнив до пола.

    Исто така кога ке потегнам многу малку дим прави, и се случува да повлечам течност во уста.

    Течноста ми ја направи Sharlovski со јачина 2 исто како што ми препорачавте на фоумов така да тој "дефект" го отклонувам уште во старт.
     
  22. krema

    krema
    Professor

    9,525
    9,207
    24 Јуни 2009
    Машко
    Покачувај ватажа и пробувај, исто пробај и со повеќе памук.
     
    На crcic му/ѝ се допаѓа ова.
  23. crcic

    crcic
    Gaining Experience

    345
    181
    2 Април 2014
    колку ватажа да не претерам е онака макимално препорачана? верувам дека ако го ставам на 150 нешто ке се сјебе па да знам која граница да не ја преминувам.
     
  24. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,309
    11,422
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Ќе те изгори на 150. Гледај на осет (колку ти е жешко во устата/градите). Мислам дека реално би работел добро од 30 до 60 вати.

    А модот си има заштити, како што не пуцаше на премал отпор, така и ќе се буни ако е преголема снага (во пракса веројатно ќе спушти и нема да ти каже).

    Едит: Сега гледам за течењето. Стави многу повеќе памук одошто мислиш и добро наполни околу дупчињата (да биде притиснат до нив). Памукот кога ќе се натопи ќе набабри, но тоа значи дека може и да се мрдне. А може и да се мрдне кога ја зашрафуваш комората. Само проверувај дали е допрен, на пример кога ќе испразниш еден резервоар.
     
    На crcic му/ѝ се допаѓа ова.
  25. krema

    krema
    Professor

    9,525
    9,207
    24 Јуни 2009
    Машко
    Нема да сјебеш, качувај на 30 - 35 - 40 - 45w и пробувај со кратки цугови, гледај каде највеќе ќе те задоволи.
     
    На crcic и Metuzalem им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...