1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Електронски цигари втор дел

Дискусија во форумот 'Електронски цигари' започната од Metuzalem, 9 Април 2019.

  1. krema

    krema
    Professor

    9,086
    8,814
    24 Јуни 2009
    Машко
    Така,
    ендура вели да се полни со чарџер 5v/1A (не навел дека може со послаб или појак чарџер), толку max. ампери може да дозволи (повлече) регулаторот за полнење TP4056. Овој IC е употребен во голем број уреди кои користат литиумски батерии поготово соло 18560 батерија.
    Е сега зошто не помалку од 1А, ќе се повторам, ако чарџерот е 500mA ендурата ќе ги цеди сите 500mA додека батеријата се наполни некаде до 90% после ова TP4056 ја намалува пропусната струја до 100% наполнетост, заради ова можно е чарџерот од 500mA да грее како лудо а постои и опасност истиот да „чурне“.
    Вакво нешто нема да се деси со чарџер кој што испорачува н.пр. 2А, ендурата ќе влече 1А од полначот т.е. истиот ќе работи со пола снага, затоа и истиот нема да грее.
    Чинам дека сум појасен, ова важи за секој уред со литиумска батерија.
     
    На Chicco69 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Sharlovski

    Sharlovski
    Unstoppable

    1,009
    2,252
    28 Јануари 2017
    Машко
    Јасен си ама не си во право дека Инокин не навел со која јачина да се полни, убаво си пишува "only charge with 5V/1A".
    Од многу Ендури, 2 батерии цркнаа и баш тие двајца не запазиле со каков полнач ја полнеле, не верувам дека е случајно.
     
    На fis1976 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. fis1976

    fis1976
    On your way to fame

    442
    835
    15 Март 2016
    Машко
    Стигна XS Centrepin-от за Kayfun Lite 2019 (оригинал е, Кинезите сеуште не направија клон и кој знае дали ќе направат), колега беше до Атина па му нарачав.

    [​IMG]

    Пасува без проблем на YFTK клонот. Lite-от како друг атомајзер е со потесниот пин (1.2мм во однос на првичниот кој беше 1.8мм). Цугот е потесен, што мене многу ми одговара, потивок е, регулацијата на воздух е попрецизна и зтомајзерот помалку грее и пареата е поладна дури мислам и со металниот дрип тип ќе може да се пари. Се на се полн погодок за мене и го враќа Lite-от во дневна ротација.
     
    cacko1, Metuzalem и на Chicco69 им се допаѓа ова.
  4. krema

    krema
    Professor

    9,086
    8,814
    24 Јуни 2009
    Машко
    :) идам да барам стрикно 1А чарџер пошто "only charge with 5V/1A" да не се самозапалам :)

    sorry за недоразбирањето
    ________________________________
    Морам да едитирам:
    (не ми е идејата да контрирам, далеку од тоа)
    Во упатството вели “Charging:Micro USB DC 5V/1A“ или во превод “полнење со 5v 1А“, а тоа значи дека при полнење влече 1А струја, е сега каква чорба ќе му понудиш - таква ќе с`рка.
     
    Последна промена: 17 Септември 2019
    На zoki977 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Alex M

    Alex M
    Gaining Experience

    68
    51
    1 Февруари 2016
    Машко
    E Aroma Shop растура со испорака...За 5 дена нарачката ми стигна на врата...Браво...
     
    kosata, krema, Metuzalem и на уште 1 им се допаѓа ова.
  6. fis1976

    fis1976
    On your way to fame

    442
    835
    15 Март 2016
    Машко
    Добро е што на некои им оди, јас баш немам среќа со последниве порачки, две од две ќорак. Прво нарачав Brunhilde MTL RTA од Али и на крај излезе дека испратиле една нарачка со дупли тракинг број и мојата испадна ќорак. Отворив dispute ама по се изгледа ќе се изначекам дури да се реши, уште 39 дена дур да пресече Али, се ми личи дека продавачот ќе ја тегне работата.

    Вчера нарачав 2 бази и 2 ароми од inawera.com и денес ме известија дека порачката е откажана поради регулатива на ЕУ, не испорачувале никотински бази до кај нас. Ми ги вратија парите на PayPal, сега и од таму чекам да легнат на сметка, и така :( .
     
  7. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,244
    11,314
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    На inawera.com гледам само капки за очи. Или такви нарача?
     
  8. fis1976

    fis1976
    On your way to fame

    442
    835
    15 Март 2016
    Машко
    ^ Да (лошо се изравив во претходниот пост), сакав да земам 2 пакетчиња и 2 ароми и да ги проследам на двајца пријатели.
     
  9. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,244
    11,314
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    IMG_20190927_195113.png

    Не смее да се остане покусо, па макар тоа задоволство чинело 17,7 фунти. :hay:

    Сега кога ќе размислам, си викам „што ми требаше ова“. :rolleyes:

    Па добро, беа ставиле и бонбонче, убаво беше, карамела некоја. Не е сликано од очигледни причини. :D
     
    На gokica, aalekso0, Sharlovski и уште 5 други им се допаѓа ова.
  10. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,244
    11,314
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Кој вика дека не е помал од Пико?

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    Можеби е малку подебел, но не се забележува. Исто така и тоа што е малку „подолг“.

    Проблемот со тоа што е толку низок е што веќе по малку станува незгоден за држење (малиот прст се чуди каде да оди кога ќе го стиснеш), па нема некоја предност над Пико во однос на големина (а бев заборавил колку е мал Пико без футрола). Но сепак, за упола цена од Пико...

    Едит: Линиите на екранот се дефект, не биле од камерата како што мислев. :mad: Се јавуваат во сите режими на работа. Ќе им се бунам.

    Инаку, многу лесно се работи со него, во менито се влегува со fire и + и одбираш Watt, Ni, Ti, SS или TCR. Fire и - е превртување на екранот, + и - заклучување на копчињата. Нема ништо комплицирано или непотребно.
     
    На Ace Lud, ТАТА_МАТА, aalekso0 и уште 4 други им се допаѓа ова.
  11. fis1976

    fis1976
    On your way to fame

    442
    835
    15 Март 2016
    Машко
    ^ башка батерија не ти треба :)
     
    На ТАТА_МАТА и Metuzalem им се допаѓа ова.
  12. ТАТА_МАТА

    ТАТА_МАТА
    Practice makes perfect

    1,386
    1,519
    25 Март 2013
    Машко
    ^ ^Мод со батерија од фастеч е поефтин од само батерија од амбрела
     
    На krema и Ace Lud им се допаѓа ова.
  13. krema

    krema
    Professor

    9,086
    8,814
    24 Јуни 2009
    Машко
    Кодот GOLD15 на FT е веќе во функција. :)
     
    Ace Lud, nino.09mk, Metuzalem и на уште 1 им се допаѓа ова.
  14. krema

    krema
    Professor

    9,086
    8,814
    24 Јуни 2009
    Машко
    Катастрофа :)

    [​IMG]

    [​IMG]

    Ваљда дека е пирекс стакло и си остана така стаклото, да беше обично стакло ќе го збирав со лопатка:)

    Sent from my ипхоне using Tapatalk
     
  15. fis1976

    fis1976
    On your way to fame

    442
    835
    15 Март 2016
    Машко
    Дали некој (освен @gokica ) користи Cotton Bacon Prime или V2? Може споредба со Koh Gen Do и/или Muji? Парчињата ми изгледаат понепрактични (поготово за MTL атомајзери поради дијаметарот на грејачите) и потешки за работа од плочките и мислам дека ќе оди многу фира. :oops:
     
    На gokica и Sharlovski им се допаѓа ова.
  16. Sharlovski

    Sharlovski
    Unstoppable

    1,009
    2,252
    28 Јануари 2017
    Машко
    Баш заради непрактичноста користам коцки. Разликата за мене не вреди замарањето, ако ја има.
     
    На gokica и fis1976 им се допаѓа ова.
  17. gokica

    gokica
    Модератор

    8,392
    10,200
    13 Јуни 2009
    Едно котон бејкон (10 ленти) е некои 4 долари. Немам точно приметено но сигурно ме трае 6 до 9 месеци. Значи 50 центи т.е. 27 денари месечно. Лично за мене колку е поефтин било кој друг памук е занемарливо. Па дури и да има фира, а нема.

    Кај мене фирата е помала од кората на коцкичките која барем јас ја вадам.

    Една лента е долга точно за две МТЛ намотки. Онака ѓутуре оддвојувам со прст стандардна дебелина за грејач. Ако сум оддвоил многу можам да вратам. А ако е малку можам да додадам без да го пореметам памукот што останува за наредни намотки. Со тек на време нема ни одземање ни додавање зашто си се навикнал колку точно ќе оддвоиш.

    Сечам на пола и имам за два грејачи. Фира е само крајчињата после вовлекување во намотката. Лично таква фира имам и кај коцкичките. Не го развласувам делот кој сум го засукал за да протнам памук во грејачот.
     
    Ace Lud, aalekso0 и на fis1976 им се допаѓа ова.
  18. zoki977

    zoki977
    Gaining Experience

    106
    211
    6 oктомври 2009
    Машко
    Користам Прајм веќе 10-тина дена. Вкусот за мене е многу почист од КГД и помалку се загадува. За практичност, брзо се влегува во штос за дебелината која ти е потребна.
     
    На gokica и fis1976 им се допаѓа ова.
  19. MikickoHC

    MikickoHC
    Practice makes perfect

    1,776
    1,345
    26 Февруари 2016
    Машко
    Дегустатор на Е-Течности
    Јас и е најдобар за мене

    Sent from my FIG-LX1 using Tapatalk
     
  20. Saso Trpenoski

    Saso Trpenoski
    Intern

    63
    35
    21 Мај 2019
    Машко
    Некој пост за мтл рда линк на форумов имаме?


    Sent from my iPhone using Tapatalk
     
  21. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,244
    11,314
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Еве некое мое мислење, отприлика уште важи. Јас (а мислам и повеќето) главно ги користиме дриперите како сквонкери, инаку многу брзо здосадува цело време да го полниш (а за МТЛ мора да бидат мали, па имаат мал капацитет). Исклучок е ако ти треба за пробување течности, но тогаш било кој би завршил работа.
     
    На Ace Lud и Saso Trpenoski им се допаѓа ова.
  22. Saso Trpenoski

    Saso Trpenoski
    Intern

    63
    35
    21 Мај 2019
    Машко
  23. krema

    krema
    Professor

    9,086
    8,814
    24 Јуни 2009
    Машко
    За мене е многу пари, би ги купил одделно алатките што ми требат и ќе биде далеку поевтино.
    А ако не се проблем парите тогаш звизни го без проблем.
     
    На Metuzalem и Saso Trpenoski им се допаѓа ова.
  24. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,244
    11,314
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Не ти требаат сите работи. Најмногу крева цена ова, а секој регулиран мод ја врши сосема истата работа, плус и можеш да вејпаш на него. :hay:

    Моталицата исто им е прескапа, не знам колку ќе спушти купонот MAP, треба да се проба. Има и поевтини: 1 2 3 4 . Не знам која од нив е подобра од другите, сите ми изгледаат како да ќе вршат работа. Или како вистински муж да моташ на стапче. :hay:

    Освен моталицата, друго што потешко може да се најде кај нас е ваква пинцета, мене ме служи од 2014. Јас би зел и ваква за секој случај. Има и поевтини, мислам дека и тие ќе бидат добри. Керамичка не е премногу потребна (може и без неа), но може да ја земеш ако сакаш.

    Трета работа што ќе ти треба се вакви клешти за сечење жица на тешко достапни места (за да не стрчи многу и да направи спој). Тие се најпопуларни, но имаат тенки врвови што знаат да се скршат, јас сум позадоволен од овие (но им смрдеше рачката на гума/пластика, па долго време ги ветреев надвор, под сенка). А инаку, ноктарица врши 90% работа од клештиве, па можеби не мора ни нив да ги земаш. :)

    Ножички, клешти, шрафцигериња веројатно имаш или можеш да најдеш поквалитетни и/или поевтини.
     
    fis1976, krema, Saso Trpenoski и на уште 1 им се допаѓа ова.
  25. fis1976

    fis1976
    On your way to fame

    442
    835
    15 Март 2016
    Машко
    Јас пред некој ден на Зелено пазарче налетав на подобра пинцета (подобра од првите што ги зедов од FT кои изгледаат дебело на сликата a се тeнко лимче). Цена 120 ден (како за мене инаку 150, да праша некој друг што не го познава може и за 100ка ќе му ја даде :) ). Pодебела е, потешка, од внатрешна страна е сплосната а од надворешна е овална. Оваа многу ми личи на неа.

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    Последна промена: 7 oктомври 2019
    На Chicco69, Ace Lud, Saso Trpenoski и уште 2 други им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...