Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Авто електрика, поточно реглер <> алтернатор

ARMac

Epic
2 октомври 2010
9.259
12.092
Скопје
androgaming.com
Имам некој проблем со електриката во кола, волтите додека работи варираат (слики), со тоа варираат и светла и инструмент табла и се што свети или дува.

Прво бев кај еден мајстор во Козле, ништо не направи. Рече нормално било.
После бев кај друг мајстор во Хиподром, ко бајаги мењаше реглер, можда се стабилизара напонот кратко ама брзо се врати проблемот.

Совет кај да одам? Возилото е Ford C-Max 1.8 бензин (без плин) - 2007. Мида се блеклист, и јас нив и они мене.

Ова е цело возење да речеме од центар до ѓорче петров. Долната линија е време, вертикалната се волти. Ако некој мерел на кола како алтернатор и реглер треба коректно да ги регулира волтите нека постира да видам. Не верувам дека ова е нормално, а до сега никад не сум мерел волти во возење на други коли пошто не ми требало.

1667845479856.png

Пресек од релативно право возење по партизанска

1667845506139.png

Пресек од успорување, паркирање (вртење волан) кога повеќе струја се троши.

1667845542297.png
 
supergamer

Gaining Experience
1 октомври 2022
157
187
Нешто сервото за воланот да не не е у ред, повлекува многу струја, па го кутка напонот. Кога возиш право нема некој проблем.
 
gamon

Practice makes perfect
15 септември 2014
1.400
1.685
orgrimar
четкици на реглер/алтернатор, нормален напон имаш само премногу осцилира, 99% е до тоа, нормално полнење е од 13,7 до кај 14.4, кај тебе е се океј смао спајкови и падови имаш, 1000-2000 ден секој аутолектричар ќе го сдреди за 2 сати.
Слично се случува и кога имаш лоши клеми на акумулатор или не е добар акумулаторот. Пробај прво со тоа позајми некој лесно ќе знаеш дали е ок.
 
ARMac

Epic
2 октомври 2010
9.259
12.092
Скопје
androgaming.com
четкици на реглер/алтернатор, нормален напон имаш само премногу осцилира, 99% е до тоа, нормално полнење е од 13,7 до кај 14.4, кај тебе е се океј смао спајкови и падови имаш, 1000-2000 ден секој аутолектричар ќе го сдреди за 2 сати.
Слично се случува и кога имаш лоши клеми на акумулатор или не е добар акумулаторот. Пробај прво со тоа позајми некој лесно ќе знаеш дали е ок.

На оваа кола за да дојдеш до акумулатор треба да вадиш филтер за воздух и куќиште за филтер за воздух :/ имаш некој добар авто електричар или контакт нешто?

hehe

View: https://youtu.be/o8IZyfMPx7M?t=19

Carclub форумот е подобро место за овој проблем.

Ме избркаа од таму одавна :D

Нешто сервото за воланот да не не е у ред, повлекува многу струја, па го кутка напонот. Кога возиш право нема некој проблем.

Има проблем и во место во лер кога стојам. Трепнуваат светлата на најмала промена на волтажа, а таа варира и во место од 13.6 до 14.1 затоа прашувам дали некој мерел вакво нешто дали се нормални осцилации во лер/возење или не.

На шткодата закуцан беше алтернаторот односно реглерот на 13.8 и не мрдаше, ама ја немам мерено во возење само во лер.
 
gdamjan

Unstoppable
3 април 2008
3.574
2.551
Скопје
damjan.softver.org.mk
gdamjan's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 Pro 4650G / Cooler Master Hyper 212 Black
Motherboard
MSI MAG B550m Mortar Wifi
Storage
NVME: 1TB AData XPG SX8200 Pro / HDD: 2x 2TB Toshiba P300
PSU
Gigabyte G750H
RAM
G. SKILL Ripjaws V Series 2x 16GB / DDR4 3200Mhz/CL16
Video card
Vega 7 on APU
Case
Bequiet! PureBase 500
Mouse
Logitech MX Anywhere 2S
Keyboard
ThinkPad USB Keyboard With TrackPoint (sk-8855)
OS
Arch Linux

gamon

Practice makes perfect
15 септември 2014
1.400
1.685
orgrimar
99% мислев дека се четкици, ама викаш сте сменале, другиот1% ми личи на некој лабав штрав на главните дебели клеми или лоша батерија другите 2,7% (102,7% е целото) може да биде било што. Јас во мојата кола имам дигитален волтметер кој мери со 0,5 сек периодичност и кога палам од 13в до 14,1 дига за 10 сек и така стои цело време
 
ARMac

Epic
2 октомври 2010
9.259
12.092
Скопје
androgaming.com
Mida сега не е некоја друга фирма? Само името е останато колку што знам.

Да, со новите ја спукав на големо. Им оставам колата за друг проблем, при прием убаво објаснувам кој и кој дел треба да се замени по Part# од Ford директно.

Ја примаат, 3 саати акам ко будала во тоа пустелијата чекајќи да ми јават. Ѕвонат, дојдете готова е колата.

Одам, еве господине, направивме дијагностика треба да се смени соленоид тој и тој (истиот што им кажав). Тоа коштало (дијагностиката) 2100 денари. А го сменивте? Не, немаме. За нарачка се чека 2 месеца....

И после си почнав мајки шајки и слично па и директорот на мејл ме изнервира и веќе не одам таму. Секако пари ми земаа за дијагностика... 2100 факинг денари и 3 саати да прочитаат код што го покажува на OBD за 2 секунди. СО ЗАКАЖАН ТЕРМИН ПРЕДХОДНО

Уствари што го вртам бе еве го со име и презиме. И лагите што му ги кажал тој што вршел прием.

1667854504265.png

И после мојот одговор прекина комуникација.

1667854532645.png
 
Последна промена:

gdamjan

Unstoppable
3 април 2008
3.574
2.551
Скопје
damjan.softver.org.mk
gdamjan's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 Pro 4650G / Cooler Master Hyper 212 Black
Motherboard
MSI MAG B550m Mortar Wifi
Storage
NVME: 1TB AData XPG SX8200 Pro / HDD: 2x 2TB Toshiba P300
PSU
Gigabyte G750H
RAM
G. SKILL Ripjaws V Series 2x 16GB / DDR4 3200Mhz/CL16
Video card
Vega 7 on APU
Case
Bequiet! PureBase 500
Mouse
Logitech MX Anywhere 2S
Keyboard
ThinkPad USB Keyboard With TrackPoint (sk-8855)
OS
Arch Linux
„и мене така ми прави“

:ROFLMAO:
 
spiritBreaker

LaravelMaster
27 октомври 2015
3.650
4.640
Писти Охту
fdebeab8799125a7fadb40fdd39e8ebf.jpg

Зоки е измеѓу порта влае и кружниот пред сп маркет (ако сакаш во пп ќе ти пратам локација) кај него го праев фордот и сум презадоволен а и нема да те ошури
 
ARMac

Epic
2 октомври 2010
9.259
12.092
Скопје
androgaming.com
fdebeab8799125a7fadb40fdd39e8ebf.jpg

Зоки е измеѓу порта влае и кружниот пред сп маркет (ако сакаш во пп ќе ти пратам локација) кај него го праев фордот и сум презадоволен а и нема да те ошури

Утре го барам фала ти многу
 
Speedy

Gaining Experience
21 август 2010
612
193
Сервото нема апсолутно никаков ефект на проблемов што го имаш со променливиот напон.
Како што посочија некои членови, може да имаш проблем со дотрајан акумулатор, четкици или реглер на алтернаторот или лош контакт на клемите на акумулаторот. My guess is четкиците на алтернаторот ако новиот реглер што ти е стаен е Нов/Исправен
 
flashgordon007

On your way to fame
15 септември 2012
871
943
Имаше еден лик во гаражите на паралелната сервисна уличка меѓу Партизанска и Педагошка академија во Тафталиџе, Скопје што се занимаваше со електрика на коли. Мислам дека му беа пристојни цените, ама не беше толку софистициран, за четкички и слични елементарни работи беше тата-мата. Одамна не сум бил негов пациент.

Секоја пофалба за браќата авто-електричари на Зелени рид во Куманово. Пред многу години ми решија проблем со компјутерот на аутото, проблем на кој сите извикани „мајстори“ во Скопје се засрамија. Беа поштени и не беа евтини. Ама го решија проблемот.
 
Паланчански

Gaining Experience
18 август 2019
604
448
Сервото нема апсолутно никаков ефект на проблемов што го имаш со променливиот напон.
Како што посочија некои членови, може да имаш проблем со дотрајан акумулатор, четкици или реглер на алтернаторот или лош контакт на клемите на акумулаторот. My guess is четкиците на алтернаторот ако новиот реглер што ти е стаен е Нов/Исправен
На дотраен акумулатор овие падови не треба да се појавуваат. Ниту автомобилот ќе стартува. Лош контакт на клемите јас исто би склучил. Ќе го покаже тоа при стартување.
Ми изгледа како повремено роторот да губи контакт со регулаторот (четкиците). Претпоставувам дека регулаторот (на напон) е директно на алтернаторот, па нема дополнителни проводници кои би го создавале проблемот.
Една можност е оштетен колектор на роторот, па повремено го губи контактот со четкиците. Втора можност е одлемен спојот на колекторот (реткост, ама се случува). За регулаторот нема да дискутирам бидејќи (наводно) е сменет.
 
ARMac

Epic
2 октомври 2010
9.259
12.092
Скопје
androgaming.com
Се слушнав со Зоки од погоре, патем и со уште 3-4 механичари и сите ми рекоа да одам кај „КРЛЕ“ кај Канал 5 телевизија.

Чим толку луѓе го препорачаа, тами и ќе одам. Само човекот нема тел. па ќе морам од понеделник да фатам по рано тоа.

Ќе ви пишам што ќе се деси. Фала на советите.

Е ама заради истиот проблем мењав реглер летово, со нов. Е сега не го видов јас тоа дека е стварно сменет ама ај да веруваме.

Некој постови на нет викаат лабави штрафови за земја на шасија. Сепак ќе оставам на крле да види па се надевам ќе среди.

Најважното го заборавив, кога има вакви испади и падови до 11.8 волти, знае колата да изгаси. На пример на патарина застанувам, додека кочам ABS модулот (претпоставувам) повлекува струја, реглерот не накачува волти, паѓаат RPM моторот гаси.
 
coki

:(){ :|:& };:
26 ноември 2021
343
475
/home/coki

Ти треба број од Крле? Ќе ми треба малку време да го најдам каде ми е запишан, али го имам.
 
ARMac

Epic
2 октомври 2010
9.259
12.092
Скопје
androgaming.com
Ти треба број од Крле? Ќе ми треба малку време да го најдам каде ми е запишан, али го имам.

Да, прати по ПП кога ќе го најдеш чисто да го имам, ама секако ќе одам до кај него. Не е итно.

чек да те заследам, спам протекшн.
 
Паланчански

Gaining Experience
18 август 2019
604
448
Најважното го заборавив, кога има вакви испади и падови до 11.8 волти, знае колата да изгаси. На пример на патарина застанувам, додека кочам ABS модулот (претпоставувам) повлекува струја, реглерот не накачува волти, паѓаат RPM моторот гаси.
Ова веќе вели дека имаш проблем во инсталацијата. Кога кочиш реглерот не мора да зголемува напон, акумулаторот е тука. Можеби некаде има слаб контакт, оксидирани проводници на некој спој.
Ќе чекаме што ќе каже мајсторот.
 
borcep

Practice makes perfect
12 септември 2013
1.038
1.815
Скопје
Сервото дали е електро хидраулично? Јас би прочепкал по англиските форуми за форд, така си го решив глупиот проблем на мондеото на времето.
 
ARMac

Epic
2 октомври 2010
9.259
12.092
Скопје
androgaming.com
Сервото дали е електро хидраулично? Јас би прочепкал по англиските форуми за форд, така си го решив глупиот проблем на мондеото на времето.

Не ми текнало, течноста е во граници. Нека каже крле што како, па ќе терам. Да ми го испегла напонот прво пошто светлата „трепкаат“ и во место кога стојам во лер.
 
ARMac

Epic
2 октомври 2010
9.259
12.092
Скопје
androgaming.com
@ARMac
Се среди ли проблемот? Или мајстор Крле е презафатен?

Не бе се разболев, не сум отишол уште. Денес прво кај зоки бев, мењав уље филтри и држач на мотор десен, па другава недела ќе одам кај Крле.

@spiritBreaker Свака част на Зоки, се договоривме четврток сабајле, си дојдов за неколку сати заврши работа, одлични делови стави, одлично масло, нов носач на мотор. Ептен профи му реков да ми отвори картон за матичен механичар.
 
spiritBreaker

LaravelMaster
27 октомври 2015
3.650
4.640
Писти Охту
Не бе се разболев, не сум отишол уште. Денес прво кај зоки бев, мењав уље филтри и држач на мотор десен, па другава недела ќе одам кај Крле.

@spiritBreaker Свака част на Зоки, се договоривме четврток сабајле, си дојдов за неколку сати заврши работа, одлични делови стави, одлично масло, нов носач на мотор. Ептен профи му реков да ми отвори картон за матичен механичар.
Зоки пред три години фордот ми го оправи, нешто шо не можеа неколку други механичари да најдат шо е проблемот. фер, реални цени, без маткање ова било она било, чоек на место. Баш ми е мило шо сте средиле :)
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
47.093
Мислења
974.364
Членови
35.399
Најнов член
smartonetech
На врв Дно