Vladimir Filevski
hello world
- 17 февруари 2019
- 273
- 630
Нема глупави прашања, евентуално може да се глупави одговорите (предлозите)...Едно преглупо прашање... ама ми треба привремено решение.
Имам Infinity RS4000 поврзани со појачало Pioneer.
Проблемот е што звучниците се 4 омски а појачалото е 8 ома.
Ми предложија да ги поврзам сериски т.е да ги поврзам да свират како еден звучник.
Плус и минус од двата звучника да ги врзам во едно, за да немам проблем со гасење на појачалото.
Ми треба привремено решение, додека не најдам нови звучнци или појачало.
Со сериско поврзување на два 4-омски звучника ќе добиеш 8-омско оптовараување на засичувачот, вака: плусот од засилувачот оди на плусот од првиот звучник, потоа минусот на првиот звучник се поврзува со плусот на вториот звучник, па минусот од вториот звучник се поврзува назад кон минусот на засилувачот. Ама тогаш проблемот е што така ќе ти свири само едниот стерео канал, па нема да чуеш ништо од другиот канал - да кажеме нема да ги чуеш гитарата и трубата што се на другиот канал! Затоа, ова поврзување не го препорачувам.
Ако не го пушташ (многу) гласно засилувачот, нема да имаш никакви проблеми, слободно терај ги звучниците со Пионерот. Кога ќе присобереш пари, купи си некој засилувач што може нормално да работи на 4 оми. Нови извучници не ти требаат, добри си се тие.
Последна промена: