Користите застарен прелистувач. Тој можеби не ја прикажува оваа или други интернет страници како што треба. Би требало да го надградите или да користите алтернативен прелистувач.
Еве едно позитивно искуство со НЛБ.
На последен ден од одмор ми прочури термостатот на колата.
Како корисник на лично банкарство , платено смештај за наредни 3 дена за 4 лица + шлеп служба + рентакар од Переа до Прилепа града... Се со едно јавување.
На мојот телефонски број имам поврзано две трансакциски сметки, но сепак функционираа сите електронски услуги.
Иако платата лани ја префрлив во друга банка, сепак дебитната картичка од двете НЛБ сметки успешно се дигитализираа во GPay. Сега кога го сменив телефонот, од стариот одјавив од НЛБКлик, но не одјавив од НЛБ Пеј, ај што треба директно да се јавувам за секое преинсталирање, не може да се дигитализира едната картичка, и по неколку јавувања во контакт центарот упорно ме убедуваа дека во Гпеј не може да стојат картички од две сметки, нешто што не е точно затоа што 2 години наназад ги користев баш така. Туку и го имаат сменето телефонскиот број од едната трансакциска сметка и сега не можам да ја дигитализирам картичката и од таа сметка.
И додека го правам сево ова неколку дена со ред, по сто обиди регистрации, сфатив дека обична порака за верификација на плаќање со смс МОЖЕБИ е побезбедно отколку преку апликација, во случајов НЛБПеј.
За да злоупотребиш верификација преку смс, треба цело време да имаш простап до телефонот или до смс сервисот.
А за да злоупотребиш нлб пеј доволно е само еднаш да имаш пристап до смс за верификацијата при најавување, потоа го имаш верифицирано на твојот уред.
Ова е за исклучителни ситуации, но кога имаш податоци за картичката, пинот, поправете ме ако грешам, сепак мислам апликација како нлб пеј е помалку безбедно.
Други банки имаат поинаков пристап за најавување во нивните апликации, но овде е полесно, доволно е да го знаеш матичниот број и да имаш еднаш пристап до смс сервисот