ContentBot
Робот (content unit)
Последнава недела, IT.mk, како и други македонски популарни сајтови и системи (засега јавно се произнесоа од KlikniJadi.mk) се соочуваат со DDoS напади. Со цел појаснување на овој сајбер напад на пошироката јавност, како и споделување на нашето искуство со митигација на DDoS нападот – го започнуваме овој серијал од текстови.
DDoS или Distributed Denial-of-service (превод: Дистрибуирано одбивање на пристап) се тип на сајбер напади преку кои практично имаат цел да ја онеспособат мрежната инфраструктура, на начин што таргетираниот сајт, систем или сервер да бидат преплавни со барања со што не би можеле да извршат нормални функции, односно нема да бидат воопшто достапни за корисниците, ќе бидат успорени или пак дел од клучните сервиси нема да им функционираат. Нападите се прилично ефикасни, особено ако не е поставен никаков сервис за заштита или митигација, а се извршуваат преку компромитирани системи и уреди.Прочитај повеќе @ Што е DDoS напад? [серијал] ⋆ IT.mk