SaleSk
Arzt
- 20 април 2007
- 4.697
- 5.491
Би требало да е подобро изработено чим издржува кросфајр со појаки картички не е сигурно како делукс од 900 денари што ги има по продавнците.
Не се работи за појако, него за поквалитетно и постабилно. Јакост кај напојувањата не постои...
Исто ова стварно нема логика што ги форсирате Chieftec и Spire.
Искрено јас не приметив дека некој ги форсира овие напојувања...Ако нешто на форумов е форсирано, тоа се напојувањата на Кулер Мастер.
Овие напојувања се наведуваат и спомнуваат како најдобро алтернативно можно решение во поглед на цена квалитет во конфигурации кои ги користиме секојдневно за нормална работа...
Еве да земеме некоја си просечна конфигурација. Некојси Pentium Dual Core или Целерон, 4 гб рам и графичка од рангот на 5450 или GT 220. Сигурен сум дека 60 посто од луѓето имаат вакви компјутери. На обичен PC корисник ич не му е битно дали има Чифтек,Делукс или Хантол напојување. Важно компјутерот се пали и не му кочи. Па да бидеме реални они прво не разбираат што има во компјутерот(во куќиштето) а не да се замараат со напојувања. И сега конфигурација од погоре можда би коштала 18, 20 илјади денари со се монитор (отприлике), а со тоа напојување би била 23 или повеќе. А исто е компјутерот ке се вклучи.
Баш и за ова ти зборувам...
И баш дека луѓето не се разбираат...Затоа за 800 денари + од 15 000 ке имаш наместпо Гембирд, Хантол или Делукс, соодветно квалитетно напојување од типот на :
- Spire SP-ATX-420WTN-PFC (355w real power)1790 денари
- Spire SP-ATX-420WTN-APFC (365w real power) 1840 денари
-Chieftec Arena 405w real power ANP-405A12-bulk - 1920 денари
кои се 80% поквалитетни и постабилни од најскапото 1000 ватно Делукс напојување кое ке го платиш 1200 денари...Значи разликата не е ни 800 денари него и помалку....
Еве ти да речеме како трговец кој ке продаде некому конфигурација од 20 илјадарки, би му ставил Делукс со цел да му заработиш 800 денари повеќе, а треба да му дадеш гаранција од 3 години колку што даваат за цели конфигурации???
При првото прегорување на напојувањето постои веројатност да исчуриш и 15000 зошто може да ти рикне матична, може да ти рикне графичка, хард и напојување...Ке ти остане тенекијата од куќиштето, двд ромот и евентуално рам меморијата....Можам и да ти сликам како изгледа се тоа изгорено од чкарт напојување..
Значи за година ипол еве нека се и две, ти со твојата заштеда од 800 денари, а воедно и заработка на конфигурацијата ке бидеш у була од 15 000 заради тоа што си сакал да поминеш со поефтино напојување...
Ова не го сваќај лично него ете така дадов пример која е разлика од 800 денари за чкарт и саглам напојување...
Не дека сега не се случува и на овие напојувања да изрикаат, но процентиуално шансите за такво нешто се намалени до минимум...
Поздрав и секое добро...