Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

33% работна сила ќе се замени со роботи наредни 20 години

25 ноември 2014
1.536
1.967
Скопје
Isak Keyten's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-4460 Processor 6M Cache, 3.20 GHz Haswell 22nm Technology
Motherboard
ASUS H81M-K (SOCKET 1150)
Storage
Samsung SSD 850 PRO 120GB
PSU
Thermaltake TR2 Bronze 700W
RAM
Kingston HyperX DDR3 16GB 1600Mhz Dual-channel
Video card
ASUS AMD Radeon R9 280x 3072MB
Mouse
Logitech G603 LIGHTSPEED
OS
Windows 10 :(
ако 1/3 луѓе станат не вработени поради замена со роботи кој ќе има пари да троши на услуги и производи на фирмите што ги замениле работниците со роботи? како функционира таа светска економија?
 

TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.783
10.104
ако 1/3 луѓе станат не вработени поради замена со роботи кој ќе има пари да троши на услуги и производи на фирмите што ги замениле работниците со роботи? како функционира таа светска економија?
Одлично прашање, тука очекувам @xenon малку подетално да ни објасни, иако веќе имаше неколку теории.

Во принцип како што се движи светската економија, не треба да размислуваме на ниво на држави, туку мега корпорации (пример Idiocracy, Wall-E стил).
 

xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.726
12.654
Skopje
www.wemaxa.com
Прашањето на @Isak Keyten држи вода само ако економијата ја гледаме низ призма на 20-ти век со на пр. Фордов модел на капитализам. Х. Форд ги плаќал работниците над просекот за да можат самите да ја купат колата што ja произведуваат. Тој циклус (производител > работник > потрошувач) создава масовна средна класа. Но, тој модел е мртов. Мега корпорации денес немаат потреба од средна класа за да генерираат огромен профит (Nvidia е најнов пример, не и требаат гејмери повеќе). Економијата во иднина нема да колабира поради недостаток на куповна моќ на отпуштените 33%, само ќе се реструктуира во неколку затворени системи. Еве како се решава тој парадокс во Давос зад затворени врати:

1782538185161.png

1. Премин од масовен кон B2B (high end) капитализам. Кога 1/3 од глобалната работна сила ќе стане технолошки вишок, пазарот се стеснува но не исчезнува. Остануваат преостанатите 60-70% кои сè уште имаат висока додадена вредност (инженери, научници, менаџери, сопственици на капитал, високоспецијализиран кадар). Корпорациите ќе се фокусираат на B2B (Business-to-Business) сектор и на опслужување на преостанатиот (по)богат слој. Наместо да продаваат 1 милијарда евтини производи на сиромашна маса со мала маржа, автоматизираниот систем произведува со речиси нула маргинален трошок и таргетира помали но екстремно ликвидни пазари.

1782538224229.png

2. УБИ (универзален базен приход) или модел на корпоративни ваучери. Како ќе се контролира бунтот на оние 1.2 милијарди луѓе без работа? Не со социјализам туку со суров нео-феудализам преку UBI (Universal Basic Income). Маск, Алтман, Безос и др. елита од тој калибар не го заговараат UBI затоа што се хуманисти, туку затоа што ќе им треба апсорбер на пазарниот шок. Државите (кои до тогаш ќе бидат, ако веќе не се, само марионети со празни буџети) ќе штампаат пари или ќе воведат минимален данок на роботи за на невработените да им префрлаат фиксна сума на програмабилни дигитални пари (CBDC). Тоа нема да биде приход за достоинствен живот туку за преживување. Овие пари ќе бидат дигитални купони со рок на траење кои ќе можеш да се потрошат САМО за основни намирници, евтина претплата за стриминг/VR (за да седат мадро дома и да не прават зулум) и синтетичка храна. Тука кругот се затвора: Х корпорација произведува со роботи за нула трошок > Државата/корпорацијата дава дигитални ваучери > Плебсот го троши ваучерот кај истата корпорација. Парите кружат во затворен и строго контролиран систем каде што рајата е само статистика за одржување на ликвидност.

1782538266850.png

3. Корпоративна автономија и пад на државите (она што го збори @TylerMkD ). Државите ја губат моќта бидејќи ја губат даночната база (нема даноци од плати, придонеси, здравствено). Моќта целосно се сели кај мега корпорации кои ги поседуваат: Енергетските мрежи, фузионите/нуклеарните централи, сателите за комуникација (Starlink итн.), дата-центри, автономни AI модели, автономна логистика и дистрибуција на храна, здравство итн. Ако утре некоја држава реши (екстра) да ја даночи х корпорација за да даде повеќе на рајата, Х корпорација едноставно го гаси софтверот/услугата во тој регион и ја остава без навигација, логистика и струја за 15 минути. Тоа e слично сценарио како во Idiocracy, корпоративен бренд е помоќен од пасошот/држава.

Сумирано, економија нема да пропадне ако (33%) луѓе (с)немаат пари. Економијата ќе се трансформира така што луѓето повеќе нема да бидат (битен) фактор во профитот. Тие ќе станат трошок за социјален мир кој мега корпорации ќе го менаџираат преку дигитален panem et circenses (леб и игри). На овој тип на капитализм не му требаме како потрошувачи ако машината може самата да се репродуцира, одржува и тргува со друга машина. Стив (Тек Џизус, GamersNexus посебно е преокупиран со NVidia/AMD/Intel итн. последно време за тоа како тие веќе не ги боли паторот за основната база потрошувачи, гејмери и сл, и се фокусираа стриктно на ВИ, па цените отидоа во плафон).
 
Последна промена:

petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.500
2.950
Прашањето на @Isak Keyten држи вода само ако економијата ја гледаме низ призма на 20-ти век со на пр. Фордов модел на капитализам. Х. Форд ги плаќал работниците над просекот за да можат самите да ја купат колата што ja произведуваат. Тој циклус (производител > работник > потрошувач) создава масовна средна класа. Но, тој модел е мртов. Мега корпорации денес немаат потреба од средна класа за да генерираат огромен профит (Nvidia е најнов пример, не и требаат гејмери повеќе). Економијата во иднина нема да колабира поради недостаток на куповна моќ на отпуштените 33%, само ќе се реструктуира во неколку затворени системи. Еве како се решава тој парадокс во Давос зад затворени врати:

Погледнете го атачментот 162681

1. Премин од масовен кон B2B (high end) капитализам. Кога 1/3 од глобалната работна сила ќе стане технолошки вишок, пазарот се стеснува но не исчезнува. Остануваат преостанатите 60-70% кои сè уште имаат висока додадена вредност (инженери, научници, менаџери, сопственици на капитал, високоспецијализиран кадар). Корпорациите ќе се фокусираат на B2B (Business-to-Business) сектор и на опслужување на преостанатиот (по)богат слој. Наместо да продаваат 1 милијарда евтини производи на сиромашна маса со мала маржа, автоматизираниот систем произведува со речиси нула маргинален трошок и таргетира помали но екстремно ликвидни пазари.

Погледнете го атачментот 162682

2. УБИ (универзален базен приход) или модел на корпоративни ваучери. Како ќе се контролира бунтот на оние 1.2 милијарди луѓе без работа? Не со социјализам туку со суров нео-феудализам преку UBI (Universal Basic Income). Маск, Алтман, Безос и др. елита од тој калибар не го заговараат UBI затоа што се хуманисти, туку затоа што ќе им треба апсорбер на пазарниот шок. Државите (кои до тогаш ќе бидат, ако веќе не се, само марионети со празни буџети) ќе штампаат пари или ќе воведат минимален данок на роботи за на невработените да им префрлаат фиксна сума на програмабилни дигитални пари (CBDC). Тоа нема да биде приход за достоинствен живот туку за преживување. Овие пари ќе бидат дигитални купони со рок на траење кои ќе можеш да се потрошат САМО за основни намирници, евтина претплата за стриминг/VR (за да седат мадро дома и да не прават зулум) и синтетичка храна. Тука кругот се затвора: Х корпорација произведува со роботи за нула трошок > Државата/корпорацијата дава дигитални ваучери > Плебсот го троши ваучерот кај истата корпорација. Парите кружат во затворен и строго контролиран систем каде што рајата е само статистика за одржување на ликвидност.

Погледнете го атачментот 162683

3. Корпоративна автономија и пад на државите (она што го збори @TylerMkD ). Државите ја губат моќта бидејќи ја губат даночната база (нема даноци од плати, придонеси, здравствено). Моќта целосно се сели кај мега корпорации кои ги поседуваат: Енергетските мрежи, фузионите/нуклеарните централи, сателите за комуникација (Starlink итн.), дата-центри, автономни AI модели, автономна логистика и дистрибуција на храна, здравство итн. Ако утре некоја држава реши (екстра) да ја даночи х корпорација за да даде повеќе на рајата, Х корпорација едноставно го гаси софтверот/услугата во тој регион и ја остава без навигација, логистика и струја за 15 минути. Тоа e слично сценарио како во Idiocracy, корпоративен бренд е помоќен од пасошот/држава.

Сумирано, економија нема да пропадне ако (33%) луѓе (с)немаат пари. Економијата ќе се трансформира така што луѓето повеќе нема да бидат (битен) фактор во профитот. Тие ќе станат трошок за социјален мир кој мега корпорации ќе го менаџираат преку дигитален panem et circenses (леб и игри). На овој тип на капитализм не му требаме како потрошувачи ако машината може самата да се репродуцира, одржува и тргува со друга машина. Стив (Тек Џизус, GamersNexus посебно е преокупиран со NVidia/AMD/Intel итн. последно време за тоа како тие веќе не ги боли паторот за основната база потрошувачи, гејмери и сл, и се фокусираа стриктно на ВИ, па цените отидоа во плафон).
Чаре?
 

Speedy

lurker
21 август 2010
634
207
Така е треба да завземеме перспектива на мега корпорации бидејќи таму е крупниот капитал. Idiocracy и Wall-E поготово првиот многу заличува на сегашноста. На крупниот капитал му одговара а тоа кој ќе ги плаќа аи/робо производите ако се отпушти 1/3 од луѓето е следната голема депресија/криза која може нема да се осети зошто мал дел од тие 1/3 веќе не ни оставаат потомок. Пресметан е соодносот т.е. економската стабилност уште пред да биде јавнава паника за roboti/llm/ai
 

xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.726
12.654
Skopje
www.wemaxa.com

Ова прашање не носи до следната логична фаза од овој техно-економски инженеринг. Крупен капитал не остава системски ризици на случајност. Ако гледаме реалност надвор од ПР, процесот веќе се одвива на многу паралели, еве на пример две:

1. Кастинг на држави - глобално геополитичко собирање на "отпад" преку процес на селекција и шалтање на луѓе кои системот ги смета за неефикасни или неподобни. Ова нема да биде наеднаш туку ќе се нормализира преку бирократски и геополитички филтри. Ако си сиромав, дигитално неписмен или едноставно технолошки вишок во развиениот свет, трошокот за твојот социјален мир (оној UBI од претходниот пост) е прескап за Париз, Минхен или Њу Јорк. Затоа, решението е географска сегрегација:

- Тампон (бафер) зони: Ова што моментално го глеаме во Европа со репатријација и менаџирање на мигрантски кризи е само бета-верзија. Земјите од периферијата (како Македонија и Западен Балкан) веќе свесно или несвесно се позиционираат како зони за филтрирање.

- Категоризација на територии: Развиениот свет ќе го задржи кремот (хај-енд инженери, менаџери, венчр капиталисти) а останата боранија ќе биде суптилно и институционално истисната кон земји од третиот свет или транзициони економии каде трошоците за живот и контрола се драстично пониски. Не треба скапи затвори или полиција кога можеш едноставно да го депортираш проблемот таму кај што тој ќе мора да се бори за гола егзистенција во матичната земја, додека елитата не реши дека повторно има потреба од евтина физичка работна сила.

2. Започнува ера на транзициони професии. Бидејќи транзицијата до целосна автоматизација нема да се случи преку ноќ со притискање на дугме. Помеѓу овој полу функционален капитал и целосната доминација на автономни машини ќе се отвори прозор за нови транзициони занаети. Исто како што dot-com бумот креира армија од луѓе што склопуваа конфигурации и кодираат базични HTML сајтови или како што експлозијата на градежен сектор кај нас ги направи мајсторите, лепачите на плочки, водоинсталатерите, заварувачите, клима-монтерите најбарани луѓе во државата, така и новата реалност ќе бара специфичен профил на интерфејс работници:

- Локални AI интегратори и хардвер сервери - машините мора некој физички да ги постави, поврзе на мрежа и одржува. Дури и во Македонија, тој што ќе знае да сервисира роботска рака, да калибрира сензори на автономни системи или да конфигурира локален AI модел за мала/средна фирма ќе прави сериозни пари.

- Посредници помеѓу стар и нов свет: Луѓе кои ќе ги преведуваат аналогните бизнис модели/процеси во дигитални патерни за тренирање на ВИ моделите.

- Нова класа на дигитални питачи и инфлуенс-пролетери од оние кои нема да се снајдат ниту во транзиционите занаети и се почесто чаре ќе бараат онлајн како модерна класа на кловнови за забава на масите. Веќе глеаме бета верзија на TikTok и др. стриминг сервиси: луѓе кои буквално питаат онлајн, се понижуваат, јадат бизарни работи или прават екстремни глупости во живо само за да привлечат внимание. Во свет каде класични работни места изумираат, следбениците и бр. на прегледи се како злато. Вниманието на рајата станува ресурс што се монетизира, а на боранијата и се фрлаат дигитални трошки (виртуелни крофни, виртуелни подароци, лајкови) кои потоа се менуваат да го комплетираат она претходно наведено UBI. Ништо повеќе или помалку од една модерна верзија на римски циркус, човек да се понижува пред камера за да му капне некоја пара за следната претплата или синтетички оброк.

Чарето за обичниот поединец во следните 20 години е да не биде дел од статистиката што ќе биде извезена во бафер зоните и позиционирање во нови транзициони професии каде што сеуште луѓето ќе бидат потребни како мост меѓу крупниот капитал и автономните машини (роботи). Кога мостот ќе се направи правилата на игра пак ќе се сменат ама до тогаш глеј да си тој што ја монтира климата.
 
Последна промена:

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно