Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Mеханички тастатури

ivmartina

read-only
4 октомври 2022
28
54
Ако може да прашам, зошто баш таа тастатура? Што е посебно кај неа за тебе?
Може ќе ме распнете за одговоров тука, ама искрено, веќе немам ни време, ни нерви ни желба да менувам се и сешто на тастатура за да е по мој вкус (да речам, имам подруги приоритети) , сакам out-of-the box да ми се свиѓа како звучи, да ми одговара ергономски, да е квалитетна. Keychron ги меркам одамна, а тастатурата што ја имав последно ја снајде лоша судбина и се одлучив на овој чекор :) Знам дека има и поефтини, и поскапи, избор колку сакаш, меѓутоаа оваа е мојот избор :)

Светот на модс на механички тастатури е без крај, и ептен почнав да се опседнувам еден период, многу нездрава опсесија хаха. Секој месец нешто менував. Сега сакам само вади од кутија и работи.

Btw, успеав да ја најдам во еден продажен салон во Анхоч неотпакувана. Ми ја резервираа и ќе одам после работа да ја земам.
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.055
14.134

Благодарам. Апсолутно нема да противречиме на твојата одлука. Штом имаш искуство со модинг и знаеш точно што добиваш со оваа тастатура тогаш останува да ти посакаме со здравје да си ја служиш. Баш ми е мерак што ја имало неотпакувана низ Скопјево. Ете твоја среќа.

Па пофали се откако ќе ја покуцаш малку да се насладиме и ние тука од твојата набавка.
 
Ти благодарам @gokica ! Чивијата пак ме фати, сакам да си сменам кикепс. Овие ги имам намерачено: Double Shot OSA PBT Side-Printed Full Keycap Set

Дали имаш некогаш порачувано директно од Кикрон да споделиш искуство? Или пак, да ми препорачаш некои други кикепс, ама ОСА профил, од Тему/Алиекспрес/кој и да испорачува до тука? РГБ секако ми е исклучено цело време, така да реално било кој профил може. Одамна немам пребарувано.

Исто, ако ти налетаат некад пак оил кингс, извести ме хаха (тие за другата забаталена тастатура).

Инаку, за 3 дена ја поминав цела тема, од 1ва до 128ма страна, имам да кажам само дека ви се восхитувам на знаењето на сите! Никогаш не бев претерано активна на форумов, ама ќе почнам посериозно да го следам :)
 
Баш ми е драго што ни се придружи во темава. Мене а и верувам на сите ќе ни биде драго да не дружиш тука на форумов.

Кикрон колку што знам нема достава до нашата земја. Јас нарачав KSA профил од Али. Меѓутоа изборот таму не секогаш е обемен. Има по еден или два комплета обично.

Тие што ги гледаш бараат RGB да е вклучено цело време. Посебно црните. Но не сум ги сретнал на али. Или на било кој друг сајт за да се купат. Баш ОСА профил е чедо на Кикрон. Не верувам дека ќе најдеш некој друг бренд кој продава ваков профил.

Кикрон на V Max серијата става капачиња со дебелина на ѕидовите од 1.3мм за да имаат малку повисока звучна фреквенција на гаскет маунт со низа на пени за модификување на звукот. Мнозинството ги сака баш такви. Капачињата на Q Max серијата се со дебелина од 1.6мм. А и тие што ги посочи во линкот се 1.6мм.

Оил кингс искрено тешко дека ќе ги купам повторно. Само заради RGB. Но ако твојата друга тастатура е без пена за звук и/или со метална плоча, тие се одличен избор. Штета што во последно време цената по која се продаваат е вртоглава.
 
Фала ти за деталното инфо! За тие ОСА од Кикрон, планирав или кога ќе одам во Германија да си ги нарачам, или да ми ги донесе другарката кога ќе доаѓа. Ама тоа е понатака, се мислев дали има некој побрз начин, хаха.

Другата тастатура ми е Redragon Pollux Pro што ја купив пред 4 години мислам, дојде со red switches, и ставив brown некои од Алиекспрес, не се сеќавам кои беа, ама мислам дека беа исто Redragon брендирани, ама на крај пак и ги вратив црвените. И имам ставено од онаа "пенана", не е пена, не знам што материјал е, сличен на тој у кој беше спакувана Кикронот у кутијата при достава црната, и исто над ПЦБ-то од онаа другана тенка "пластична хартија" (стварно сум скарана со имињата на материјаливе) у која најчесто пакуваат монитори, телевизори итн. Подобрен е звукот и не штрака толку, ама не ми е по ќејф. Многу лоши капачиња though, тие што дојдоја со тастатурата. Дефинитивно не беше за у канцеларија.

Кикронот сеа е бомбонче, буквално уште да си ја земам у кревет да спијам со неа :D Ама реков дека ќе застанам само кај кикепс за неа, ништо друго не чепкам, хаха!
 
Baltatzar

hello world
21 декември 2014
91
50
Скопје
Baltatzar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen™ 7 7800X3D, NZXT T120 RGB
Motherboard
Gigabyte B650 GAMING X AX
Storage
SAMSUNG 980 PRO SSD 1TB PCIe 4.0 NVMe
PSU
CoolerMaster MWE Gold 750 80 Plus Gold
RAM
Kingston HyperX Fury Beast 32GB (2x16GB) DDR5-6000 CL36 EXPO Whit
Video card
SAPPHIRE Radeon Pure RX 7800 XT 16GB 256bit GAMING OC
Case
be quiet! Pure Base 500 DX White
Mouse
Glorious Model O Wireless
Keyboard
Keychron K8 Pro
Audio
beyerdynamic DT 770 PRO 80 ohm +FiiO KA11 DAC
Monitor
Gigaybyte G27Q Gaming Monitor 2k 144hz 1ms
OS
Win 11
Фала ти за деталното инфо! За тие ОСА од Кикрон, планирав или кога ќе одам во Германија да си ги нарачам, или да ми ги донесе другарката кога ќе доаѓа. Ама тоа е понатака, се мислев дали има некој побрз начин, хаха.

Другата тастатура ми е Redragon Pollux Pro што ја купив пред 4 години мислам, дојде со red switches, и ставив brown некои од Алиекспрес, не се сеќавам кои беа, ама мислам дека беа исто Redragon брендирани, ама на крај пак и ги вратив црвените. И имам ставено од онаа "пенана", не е пена, не знам што материјал е, сличен на тој у кој беше спакувана Кикронот у кутијата при достава црната, и исто над ПЦБ-то од онаа другана тенка "пластична хартија" (стварно сум скарана со имињата на материјаливе) у која најчесто пакуваат монитори, телевизори итн. Подобрен е звукот и не штрака толку, ама не ми е по ќејф. Многу лоши капачиња though, тие што дојдоја со тастатурата. Дефинитивно не беше за у канцеларија.

Кикронот сеа е бомбонче, буквално уште да си ја земам у кревет да спијам со неа :D Ама реков дека ќе застанам само кај кикепс за неа, ништо друго не чепкам, хаха!

И јас ја мислев мојата К8 Про за бомбонка, додека не ме просветли @gokica со Gateron Oil King 3.0 свичевите. Сега е еротика од звук. Нема сопирање со модирање хихихи

I am not a mystic, my views are realistic, simplistic.
 
Последна промена:
20 декември 2015
1.156
856
Skopje
steelseries's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 7 1700 w/Stock Cooler (Wraith Spire RGB)
Motherboard
Asus x370 Prime PRO
Storage
WD10EZEX Blue
PSU
Cooler Master Vanguard 750+ Gold
RAM
HyperX Predator 2x8GB // 3200Mhz
Video card
Asus GTX 1060 6GB
Mouse
SteelSeries Rival 310
Keyboard
Gigabyte K85 Mechanical RGB
Monitor
Benq RL2455HM
OS
Windows 10 Pro
Sakam da se podnovam so nova tastatura.

Preferably :

Wireless 2.4
up to 8KHz Pooling Rate
Hall Effect (Rapid Trigger, SOCD/SnapTap)
Premium build
Gledam Epomaker, Nuphy 80WH i Asus 96 HE.

Nekoj da predlozi iskustvo so each brand?
 
FikanA

hello world
3 април 2025
195
244
Средe никаде...
Дечки да не има некој идеја што ми се случува со батеријата на тастарутата? Некако кратко, дали 3 4 дена ми трае.
И тоа нагло се празни, сабајле кога станав од чист интерес ја проверив преку ЛЕД лентата што ја има, да речеме имаше околу 85%, сега ја проверувам после 4 и пол саата, на 45% е спуштена??
Осветлување ми е на најслабо и на минимално само копчињата светат да ги гледам боите. И полнета е само преку УСБ од компјутер, не е во ѕид никогаш уклучена.
Модел е AULA F87Pro
Ако има некој идеја и дали е можно да си ставам сам батерија со поголем капацитет?
 
Ron26

poweruser
4 мај 2019
2.215
2.644

Кај мене на Аџаз АК820 Про се гасат светлата ако не ја користиш. Види у тоа софтверот што ти е со неа да не има да ја подесиш да не ти ја троши нон стоп да работи ледот.
 
FikanA

hello world
3 април 2025
195
244
Средe никаде...
Кај мене на Аџаз АК820 Про се гасат светлата ако не ја користиш. Види у тоа софтверот што ти е со неа да не има да ја подесиш да не ти ја троши нон стоп да работи ледот.
Се гасат светлата после 2 3 минути.
Плус дополнително пробувам да не заборавам пред спеиње да ја гасам :/
 
FikanA

hello world
3 април 2025
195
244
Средe никаде...
Штом така изгледа батеријата нешто не ти чини.
Ај да видам некој друг дали нешто ќе пише од искуство, ако не ќе си ја отворам денвовие и да видам што како батеирја е.
Па здравје можда ќе успеам некоја со поголем капацитет да сменам
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.055
14.134
За жал батериите кај механичкиве тастатури се мачка во вреќа. Засегнати се и брендови како Keychron. Некои побрзо откажуваат.

Единствено чаре е да пробаш да ја испразниш до крај па да ја наполниш 100%. Остави ја да полни 7-8 часа. Контролерите се буџетни кај сите. Но можеби ќе се калибрира, ако сега не успева да пријави точен капацитет.

За поголема батерија, би требало да може, под услов силиконот да не мора да лежи целосно порамнето на дното. Зашто поголем капацитет ќе биде и помасивна. А и не знам како оди со нарачки само на батерии со царина. Едно време не беше можно да се нарачува. Ако може, дури и 4000 милиампер часови ќе ти биде доволно. Е сега и таа што ќе ја нарачуваш не знаеш колку е квалитетна и колку е стоена по магацини.
 
FikanA

hello world
3 април 2025
195
244
Средe никаде...
Единствено чаре е да пробаш да ја испразниш до крај па да ја наполниш 100%. Остави ја да полни 7-8 часа. Контролерите се буџетни кај сите. Но можеби ќе се калибрира, ако сега не успева да пријави точен капацитет.
Епа ајде ќе пробам тоа како last resort, после одам на менување батерија :geek:
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.055
14.134
Sakam da se podnovam so nova tastatura.

Preferably :

Wireless 2.4
up to 8KHz Pooling Rate
Hall Effect (Rapid Trigger, SOCD/SnapTap)
Premium build
Gledam Epomaker, Nuphy 80WH i Asus 96 HE.

Nekoj da predlozi iskustvo so each brand?

Немам поим колку е добра и како се држи споредено со тие тастатури кои си ги навел. Но ми изгледа интересно. TMR нуди можност за аналогни и магнетни свичеви истовремено.
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.055
14.134
Бев до Нексио по капачиња. Беше изложена Nubi 68HE:

product_19523_0-600x450.jpg

Куцнав неколку пати и ми се виде солидна. Звукот веќе наликува на тастатури од типот на Aula F75. А и филинхот на копчињата е солиден со подмачкани свичеви и солидни капачиња со CSA профил кои се провидни од страните.

Станува збор за магнетни свичеви кои најчесто немаат добар звук кај други производители.

Интересно е што позади има копчиња за брзо подесувања на рапид тригер и сл. Пластична е, жичана, а тежината доаѓа најмногу од силиконот во куќиштето.

Верувам дека и NK68 Pro има солиден звук и филинг со аквамарин нормални аналогни свичеви. Би требало да е за нијанса потивка со истиот филинг (јас би рекол и подобра за куцање):

Оваа е веќе безжична со 8000 милиампер часови батерија.

Звукот кај двете е повеќе токи и помалку кремаст. Аула на пример има малку повисока фреквенција звукот со леобог рипер свичевите.

Можда ќе купам некоја наредниов период па ќе пишам повеќе. А доколку вам ви се допаѓа лејаутот може да ги ѕирнете. Мислам дека за нашиот пазар се добро ценовно позиционирани.
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.055
14.134
Пред некој ден ги земав Dark Project Candy капачињата:

1778508197689.png

177 дабл шот PBT капачиња кои се и шајн тру односно одговараат на тастатури со северно осветлување. CSA профил.

Планирав комбинација која не ми испадна како што сакав.

Ако на некого може да му се најдат пишете ПП па ќе се договараме за цена.
 
FikanA

hello world
3 април 2025
195
244
Средe никаде...
Епа ајде ќе пробам тоа како last resort, после одам на менување батерија :geek:
Да си се надоврзам сам, ја оставив да се исразни до 0 и ја оставив 12 саата на полнач. Тргната од полнач 5.5. 17.05ч. и траеше до моментот на пишување на пораката 14.5 21.55. Релативно често користење, односно околу 12 часа во ден, а се гаси самата на околу 3 минути некористење, јачина на лед осветлување на најслабо.
Такашто океј била батеријата, можеби некад во иднина ќе си сменам батеријата for fun.
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.055
14.134
Не дека некој чита но ете да напишам уште збор два за Nubi NK68 Pro.

1779179378970.png

Цената е 50 евра што за тастатура од ваков калибар со гаранција од наша продавница е навистина одлично.

Тастатурата е 68 процентен лејаут и има копчиња за движење на курсерот што за мене е пресудно. Тешка е околу 800 грама но зафаќа многу мал простор на биро. Безжична е. А производителот тврди пулинг рејт од 1000 херци со ваерлес адаптерот. Има целосно РГБ и 8000 милиампер часови батерија што е зачудувачки добро во овој ценовен ранг. Внатре има пена меѓу пцб и плочата како и на дното од куќиштето. Самото куќиште е изработено од квалитетна пластика која не звучи како кутија за штрафчиња.

Во пакувањето имаме низа на додатоци како неколку капачиња, свич пулер комбо, пластичен „нож“ за отворање на пластични компоненти без да се оштети пластиката, 4 резервни свичеви, штрафчиња и резервни држачи за гасткет маунтот. Кабелот е USB-C то USB-A и е плетен:

1779179854164.png

Повеќе фотографии има на следното ривју:

Капачињата се CSA профил, дабл шот, АБС, проѕирни од страна заради јужното осветлување. Истите се со дебелина од 1.5мм што е одлично со оглед на ценовниот ранг на тастатурата.

Свичевите се G3MS Aquamarine. Производителот вика дека имаат век на траење од 80 милиони кликови. Линеарни и подмачкани од фабрика. Во најголем дел конзистентни, без забележително клатење на стемот со само еден свич кој сепак малку повеќе отстапува од ова. Но може да се замени зашто тастатурата е хот свапабл а доаѓаат и резервни свичеви.

Стабилизаторите се оние стандарни дарк проџект, подмачкани и без ронка ѕвецкање.

Плочата е од поликарбонат и е мека со флекс катс.

На задната страна има копчиња за селекција на snap tap како и за тип на конекција, жичана, ваерлес или блутут.

Софтверот е веб бејсд односно онлајн. Не треба да се инсталира.

На долната страна има дво степени ногарки а под една од нив се крие и ваерлес донглот.

Нема да должам повеќе со тоа што ќе кажам дека тастатурата има одлични карактеристики за цената. Нуди солиден звук кој е повеќе токи него кремав. Споредено со Aula F75 и leobog reaper свичеви, оваа тастатура звучи скоро исто толку гласно, но со подлабок тон кој доаѓа од за нијанса повисоките капачиња a и пред се и од свичевите. Како и од конструкцијата на самата тастатура. G3MS Aquamarine се одлични, потешки за притискање од леобог рипер. Јас би рекол дека се некаде околу 50-55 грама (иако на неколку веб сајтови пишува 45гр со 55 ботом аут) што дава филинг на премиум производ. А и додава на звукот заради поголемиот потисок кој е потребен.

Мислам дека во моментов, во нашите продавници нема друга кастом тастатура со ваков звук и чувство при куцање. Би рекол најблиску е до оној модел на тастатури како Aula F75 и на нив сличните.

Единствена негативност која сакам да ја споменам е фактот што оваа тастатура многу тешко се отвора. Во кутијата доаѓаат додатоци за замена на деловите од гаскет маунтот како и пластичен нож за отоврање. Меѓутоа куќиштето е споено со пластични држачи и е неверојатно силно затегнато. При обид да се отвори сигурен сум дека ќе се скршат држачите. Производителот навел дека отворање значи губење на гаранција. Па малку нема логика зошто се ставени делови за гаскет маунтот.

Edit: тркалцето кое се наоѓа на десна страна се вади лесно и е со метални ногарчиња. Има солиден фидбек и не се клати како тркалцето кај Аула. Метално е. Истото може да се премести кај копчето Esc. Таму исто има лежиште за металните пинови. Единствен проблем е што оригиналното лежиште на тркалцето нема дупчиња за да се стави свич. Па така ако се премести самото тркалце нема што да се стави во неговото оригинално лежиште десно. Претпоставувам дека производителот планира да продава тркалца засебно. Па ако некој сака може да си докупи за на местото каде сега е Esc копчето.
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно