TheMarshal
user
- 3 јануари 2019
- 1.761
- 2.775
Со мерак да си ги слушаш!
Мој совет за подобар (поприроден) звук: тонската контрола treble стави ја на минимум („-6“), а контролата bass на нула („0“). Тоа е така затоа што скоро сите вакви евтини звучници имаат пренагласен високотонски спектар, а редовна појава е да имаат матни средни басови без вистинска длабочина.
Ако претходно си слушал само некакви компјутерски звучничиња, сигурно ти се чини дека Edifier R1700BT е фантастичен звучник. Не е така - вистинските студиски мониторски звучници иако се барем два пати поскапи, подобри се два милиона пати. Ама па за тие пари што си ги платил тешко се наоѓа нешто значително подобро, особено што другата понуда е испразнета и доаѓањето на нови количини и модели е неизвесно.
Битно е да ужива. Колку поедноставен ми беше животот кога Лоџитек 2.1 системче ми беше супер.