Nikola100
poweruser
Рачунај дека е „Корона -тајм„ - така да на одмори и скапи хотели не се потрошивме неколку години наназад, на кафани ресторани исто слабо фрламе пари - така да и тоа како може човек да си дозволи да преплати графичка. За меракот ако ништо друго!Абе една е математиката на nVidia и за мсрп - као ова е цената шо ние као нВидиа сакаме да ја платите за да имате вакви графички перформанси - а друго е колку уствари просечен човек би платил за тие исти перформанси.
Значи криптото не е едини проблем со тоа шо ги дигна цените. Тоа дека цените растеа и без крипто заради едно или друго е исто проблем.
Така шо некои и ќе седат на 1060 дури не излезат релативно достапни графички пошо не секој може цела плата да фрли на графичка. Повеќето би требало да собираат шо ќе им остане од трошоци на крај на месец цела година за една мочана графичка. Поарно на одмор ќе идат некаде или не знам шо таму.
Така шо која треба да е реалната цена на една графичка е дебативно. Најреално се виде која е - коа имаше графички на кило се виде дека уствари не се вреднуваа баш многу многу. Шо значи не се некоја неопходност графичките, иако ние ко заедница малку повеќе ги цениме и сакаме - ама не сме будали да се осакатиме само за да имаме јака графичка (најчесто не сме ххахаха)