Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Zemi.mk - Веб хостинг провајдер и домен регистрар / Промо тема

coNNectMKD

user
13 март 2017
1.308
1.546
Skopje
Колку време е потребно за мк домен, после Евротруст, да биде валидиран доменот? Т.е „барањето да се обработи“.
Пошто на телефон не ве добива човек.

Вчера е купен во период од 16.30/17ч.
 

wolverine

user
27 јуни 2012
1.340
1.576
Голема Македонија
wolverine's setup  
Processor & Cooler
Intel i5-13600K / Arctic Liquid Freezer II 360
Motherboard
Gigabyte Z790 GAMING X AX
Storage
1x 2TB 980 Pro | 2x 980 PRO 500GB | 1x 1TB MX500
PSU
NZXT C750
RAM
2x32GB G.Skill TridentZ 6400
Video card
ASUS 7800 XT 16G
Case
Phanteks Eclipse P600s
Mouse
Logitech G502
Keyboard
IBM Model M / F12 Kailh BOX White
Monitor
2x Dell 27" S2721DGFA 166Hz
OS
Fedora (GNOME)
Колку време е потребно за мк домен, после Евротруст, да биде валидиран доменот? Т.е „барањето да се обработи“.
Пошто на телефон не ве добива човек.

Вчера е купен во период од 16.30/17ч.

Кај мене во рок од 1-2 часа се валидира секогаш и спремен за користење, незнам дали ова им е автоматизиирано или човек проверува па одобрува, но секогаш е брзо.
 

Zemi.mk

Верификувана компанија
27 ноември 2020
34
39
Почитувани,

Во работни денови, во периодот од 10:00 до 12:00 часот, поради зголемен обем на повици, можно е понекогаш да биде потребно повторно јавување за воспоставување телефонска врска. Во останатите термини, повиците вообичаено се одговараат веднаш, при првото ѕвонење.

Се надеваме дека ситуацијата е веќе надмината. Доколку и понатаму се соочувате со истото, Ве замолуваме да отворите тикет за поддршка, со цел нашиот тим да може да реагира во најкраток можен рок.

Со почит,
Земи.мк
 

coNNectMKD

user
13 март 2017
1.308
1.546
Skopje
Почитувани,

Во работни денови, во периодот од 10:00 до 12:00 часот, поради зголемен обем на повици, можно е понекогаш да биде потребно повторно јавување за воспоставување телефонска врска. Во останатите термини, повиците вообичаено се одговараат веднаш, при првото ѕвонење.

Се надеваме дека ситуацијата е веќе надмината. Доколку и понатаму се соочувате со истото, Ве замолуваме да отворите тикет за поддршка, со цел нашиот тим да може да реагира во најкраток можен рок.

Со почит,
Земи.мк

Надмината е ок е. Искрен ќе си бидам, не дека сум падавичар ама пошто све е на брзање, таква ни е средината се е на ура-бура, мора одма се да се заврши, ради тој форс и јас почнувам да сум таков.

Сугестија мала ако прифаќате, меилот за верификација пристига во спам па ако истиот меил кој е само едно обично копче „Потврди“ , и е цела препрека за валидација/активација (или како и да се вика) за да биде пуштен доменот, можеби треба во кориснички панел како нотификација нешто да стои... пошто цел ден чекаат/ме да кликнете едно обично копче на емаил.
 

Zemi.mk

Верификувана компанија
27 ноември 2020
34
39
Почитувани,

Со новите барања од МАРнет, .mk домените, од 11.02.2025, мора да бидат целосно усогласени со Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, вклучително и електронско потпишување со акредитирани електронски шеми за идентификација.

Истовремено, Правилникот за организација и управување со врвниот македонски .mk домен јасно дефинира дека регистрантот е крајниот корисник на доменот. Регистрација преку трети лица или т.н. trustee модели, со цел заобиколување на овие правила, не е во согласност со Правилникот.

Zemi.mk обезбедува целосно усогласена регистрација и управување со .mk домени, без посредници и без ризични модели.

Цената за регистрација на .mk домен, и понатаму останува 799 денари, со вклучен ДДВ. Во цената е вклучено и едно бесплатно потпишување и идентификација, а целиот процес се завршува онлајн.

Регистрирај .mk домен – Zemi.mk

5gygkk5QR22B93M
 

Zemi.mk

Верификувана компанија
27 ноември 2020
34
39
Бесплатна WHOIS заштита за сите активни .mk домени!

Отсега, податоците за активните .mk домени се заштитени од јавен приказ во WHOIS системот на МАРнет, а оваа промена важи бесплатно за сите активни домени.

Конкретно, повеќе не се јавно достапни чувствителните податоци за регистрантот и контактите, како што се:
  • телефонски број
  • улица, број и поштенски код
Останатите информации, како име и презиме или име на компанија и е-маил адресата (во заштитен формат, со цел да се намали злоупотребата и автоматското собирање на податоци), остануваат видливи.

Ова претставува позитивен исчекор за .mk екосистемот и за сите негови учесници, МАРнет, регистраторите, регистрантите и целата домашна онлајн заедница. Поголемата приватност значи подобра заштита на корисниците и посовремен пристап кон управувањето со домените.

Во Zemi.mk ја поздравуваме оваа промена и продолжуваме да работиме во интерес на нашите корисници и на развојот на .mk интернет просторот.

mJezsTkkbqyQ3eD
 

Diablo

hello world
5 ноември 2014
92
166
Дечки вака планирам да купам хостинг од кај вас.
Целта ми е страната да биде со доста сообраќај.
Прашањето е:
Дали би било изводливо најпрвин да земам поевтин хостинг, па потоа доколку ми успее бизнисот, да одам на поскап за повеќе сообраќај?
Фала
 

Kiro619

hello world
5 август 2015
142
106
Имате наведено техничка поддршка 24/7/365, но за време на викенд одговорите на тикетите доцнат и по 10+ саати. Исто така за одговор поставувате прашање и потоа повторно нема одговор со саати. Подобро воведете и телефонски број кога веќе има некој што е на работа и одговара на тикетите.
 

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.785
33.895
roka.mk
Разговарав со техничка поддршка во рaботен ден во работно време, беа многу брзи и експедитивни, ми дадоа одговор и помош за сите мои прашања и проблеми, ми рекоа да им пратам email со новите податоци за промената на податоци за домајн, тие ќе ја пополнеле и ќе ми ја врателе за да можам да ја однеам во марнет за да променат. Мејлот им го пратив буквално 3 мин по завршувањето на разговорот 22.04.2026, 10:20, сеуште не ми е вратен документот со поплентите податоци.
Пишувавме за контролниот панел и го средивте, сеа уште ова да го средите со поддршката и на добар пат сте.
 

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно