G4M3R
user
- 26 јуни 2012
- 1.081
- 1.380
^This. Најпаметно да се одигра е како што кажа moongose, да се земе диск кој е наменет и предвиден за дадената работа. Кај Purple дисковите мислам имаше опција да се изгаси ignore-от за CRC грешки и да си работи класично ама секако непотребно бидејќи сосема различна намена има...Порано дисковите кои беа наменети за dvr, pvr и останати vr варијанти, (purple од WD, Skyhawk од Seagate итн.) се разликуваа по тоа што ги игнорираа евентуалните грешки во запишување и читање на сметка на задржување на перформансите. Значи дозволуваа да има грешка во записот што резултира со некаков ситен дефект на сликата, за да нема прекин во снимањето (drop frames).
Тоа е сосема различнен начин на функционирање од податочните дискови, каде и еден бит погрешен запис може да предизвика корумпиран документ или да го падне оперативниот.
Затоа секој диск треба да се користи според намената.
@StalkeR колку TB сторејџ се планира? Астро праша и погоре, ако не ништо битно, нема ни потреба од raid конфигурација мада неверувам мислам дека не би било лошо да има барем некаков бекап/redundancy на податоците.(бидејќи одговори само капацитет). Разгледај опции на raid конфигурации. Пример можеш со RAID5, со минимум 3 диска од 6TB да си добиеш 12ТB сторејџ и плус redundancy до еден диск (да откаже).