Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Телекабел оптички пакети

fstanojkovskii

read-only
7 април 2025
5
4
Кај мене брзината не паѓа под 230 Mbps, ни во пик саати. Зависи од колкав oversubscription имаат направено на таа OLT порта како ви се погодило, со оглед дека лимитот е 2.5 Gbps.

Ипак Телекабел веројатно се у законски рамки, ова е директ од АЕК правилникот

Брзината на пристап и за симнување и за праќање, треба да е поголема од 50% од договорената брзина во најмалку 95% од времето.
Брзината на пристап и за симнување и за праќање, треба да е поголема од 75% од договорената брзина во најмалку 50% од времето.
Брзината на пристап и за симнување и за праќање, треба да е поголема од 90% од договорената брзина во најмалку 20% од времето.
Просечното време на доцнење не треба да е поголемо од 100мс
Просечната варијација на доцнење не треба да е поголема од 20мс
Загубата на пакети во 90% од времето треба да е помала од 1%
 
Halaf

hello world
27 јуни 2015
89
140

Не не се, пакет 300/300 на спидтест континуиран 10 минути, брзината е 140-150 скоро 5 минути. Пуштена е жалба до телекабел и аек, само што добија потврда за жалба ставија QoS 150/150, претходно брзината паѓаше на 80-90.
 
PeroLozac

hello world
11 јули 2018
195
225
А,мислиш дека Телеком нема да ги прават истите финти? Сите тие големи фирми си го чуваат раатот и имаат некаков тротлинг во позадина која ја држи мрежата во баланс.
Телекабел не може ни за ноктот на малото прсте од ногата да му се фати на Телеком во однос на оптиката.
 
DrMTR

senior
27 март 2014
7.918
8.409
Телекабел не може ни за ноктот на малото прсте од ногата да му се фати на Телеком во однос на оптиката.
Друже локален кабловски интернет оператор има подобра оптика од онаа на Телеком бе овде. Локален кабловски оператор! Кабловски оператор кој што има два оптички нодови, еден од Скопје, а вториот со Бугарија. Телеком е една голема НУЛА во однос на однос со корисници и ширење на нивната оптика!
 
PeroLozac

hello world
11 јули 2018
195
225
Затоа што телеком ја носи до помалите градови оптиката, а потоа локалните кабелски оператери си пуштаат свои оптики до домовите во малите градови.

И да, скоро сите локални кабелски оператери ги знам, ајде редоследно:
Тран кабел од Крива Паланка, Бив Пирамида од Делчево која има и во Каменица, Вива Нет во Берово, Винсат од Виница кои ги има и во Радишани Скопје, Кабел Нет од Струмица, Спајдер од Гевгелија, Канал 16 од Ресен, Кејблкалл од Струга кои ги има и во Кичево, Телеком Мултимедија од Брвеница, Глобалсат во Стајковци и тоа се оптики се, или оптика до бандера, а лан кабел до кај тебе дома, ама повеќето од овие се со оптика директно до твојот дом.

Со сите оператери наведени сум имал искуство, така да Телекабел ? Ни на ѓавол не му го препорачувам.
 
mihovkris

poweruser
1 јуни 2016
4.761
4.480
Неготино
Друже локален кабловски интернет оператор има подобра оптика од онаа на Телеком бе овде. Локален кабловски оператор! Кабловски оператор кој што има два оптички нодови, еден од Скопје, а вториот со Бугарија. Телеком е една голема НУЛА во однос на однос со корисници и ширење на нивната оптика!
Не е лага богами.
Еве локален оператор од Кавадарци, има оптика во Неготино и Росоман.
1771537466137.png

Во овие 6 години откако имам оптика, 15 - 16 пати дали има паднато се на се. Најголемата утка им беше кога им скинаа кабел за бадник годинава, па едно 30 саати бевме без интернет, а имав роднини од странство дојдени :D
 
DrMTR

senior
27 март 2014
7.918
8.409
Не е лага богами.
Еве локален оператор од Кавадарци, има оптика во Неготино и Росоман.
Погледнете го атачментот 158893

Во овие 6 години откако имам оптика, 15 - 16 пати дали има паднато се на се. Најголемата утка им беше кога им скинаа кабел за бадник годинава, па едно 30 саати бевме без интернет, а имав роднини од странство дојдени :D
Тоа и го зборам. Имам симетрични брзини 50/50 и тоа сеуште преку Cat5e кабел. Уште не ја имаат довлечкано оптиката до мене, а имаат доста раширено низ градот. Телеком уште сонува за бајката дека се најдобри во нивниот виртуелен свет.
Screenshot-20260220-095827-Speedtest.jpg
 
PeroLozac

hello world
11 јули 2018
195
225
Телеком живее од рента и од бизнис корисници, така да на Телеком му е поисплатливно да ја донесе оптиката до градот а потоа локален кабелски оператер да си ја надгради мрежата во секој град.

Затоа Телеком во малите места и не е заинтересиран да шири оптика.

И да, во малите градови доколку живеете и имате локален кабелски оператер на оптика, слободно ставајте бидејки се стабилни.

А телекабел никако, во претходната фирма на некои локации го користевме Телекабел оптика како примарен интернет и тоа само поради нужно зло, и беа зло, рандом губење конекции, па им текнало си играле мајтап мењале ИП адреси.

И се јавуваш во контакт центарот, дечко штекерот ви нема струја.

Единствен оператер каде што во кол центар ќе те убедуваат дека штекерот ти е проблематичен. иако сите уреди во рак ормарот ми се уклучени на продолжниот рак ормарски продолжен кабел и сите работат освен на Телекабел, џабе, тие убедени дека нема проблеми кај нив, во штекерите било проблем
Најјакиот момент е јас директно на локација гледам дека нивното модемче им жарат сијаличките, пријавувам во кол центар, 5 минути се убедувавме, упорни беа дека штекерот бил проблем.
Морав тон да повишам, да објаснам дека разговараат со стручно лице, а не со 80 годишен пензионер.

Косата ми побелуваше секој пат кога требаше да се разговара со Телекабел.

Се ежам од самото име кога ќе го слушнам, бидејки искуството ми е базирано на ниво на цела држава во секој град и затоа одговорно застанувам зад ставот дека Телекабел за ништо не може да му се фати во стабилност на оптичката мрежа во однос на Телеком.

И таму каде што имавме Телеком оптика, проблемите беа сведени на 0.1% во годината.

А телекабел беа на секои две недели падни стани каде што ги користевме како примарна линија на оптика.
 
DrMTR

senior
27 март 2014
7.918
8.409
Незнам зошто Телекабел не го реши тој проблем еднаш за секогаш? Треба да сменат инфрастеуктира? Нека сменат и готово. Ем губат корисници, ем ги бил лопќш глас а фураат агресивна кампања дека се најдобри дрн дрм
 
vibrasphere

read-only
28 декември 2025
6
1
Телекабел оптика имаат динамична IP адреса или статична? Минатата година мислам редновно ми се менуваше адресата на секое ресетирање на рутерот, сега гледам цело време имам една иста адреса подолг период.
 
zemakius

hello world
17 октомври 2020
278
286

Динамична имаат или CGNAT
 
^^GoRiLLaZ^^

hello world
7 април 2008
253
184
Ова со CGNAT стварно им е безвезе, баш размислував за префрлување на Телекабел но тоа некако ме кочи.

Ги контактирав денеска и ги прашав за статична IP адреса и ми рекоа дека единствена понуда е во пакетот Fiber Turbo PRO, 500/500 Mbps и тоа би коштало 3,500 денари месечно.

Тој пакет е 2.500 денари, но ако сакаш статична IP адреса мораш да плаќаш плус 1.000 денари месечно... што реално е премногу 12.000 денари годишно за една IP адреса.
 
vibrasphere

read-only
28 декември 2025
6
1
ако не ти треба статична побарај јавна динамична.. бар пред 2 години мене ми одобрија без проблем

Динамична ми треба, по можност да се менува барем 1 дневно или неделно. Инаку минатата година приметив се менуваше скоро на секое ресетирање на рутер, но последниве месеци имам една иста адреса подолг период.
 
zemakius

hello world
17 октомври 2020
278
286
Веќе цела 2026 пакетот од 300/300 на speed test покажува 300/300 но после 3 до 4 минути добиваш throttle упола брзината, исто е со торенти, стим...
 
Vlad944

lurker
3 март 2015
781
1.744
Дали некој се соочува со намалена брзина при симнување на steam? Пакетот ми е 300/300, но 90% од времето е 150.Погледнете го атачментот 159944
При спуштање игра на ЕА апп спушта со 32-33mb паѓа на 17 пак ќе искачи на 32 и така во круг.
Вчера бев во Телекабел,запознаени се но заради "заштитa'' тоа го правеле.
 
TexasUS

user
25 февруари 2017
1.283
1.315
Дали некој се соочува со намалена брзина при симнување на steam? Пакетот ми е 300/300, но 90% од времето е 150.Погледнете го атачментот 159944
Дали има некој успеано некој со basic QoS ова да го заобиколи? Пример да линитира кај него брзина на карикирам да се проба 200/200, 250/250 и да зголемува дали ќе го прави истото. Знам дека не е идеално да али идк чисто идеа давам да се проба.
 
Godlike

lurker
11 октомври 2014
881
1.012
Дали некој се соочува со намалена брзина при симнување на steam? Пакетот ми е 300/300, но 90% од времето е 150.Погледнете го атачментот 159944
Прочитај неколку страни наназад, јас сеуште чекам од АЕК да ми вратат. Пријавено е од повеќе корисници со истиот проблем.
 
20 декември 2015
1.156
856
Skopje
steelseries's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 7 1700 w/Stock Cooler (Wraith Spire RGB)
Motherboard
Asus x370 Prime PRO
Storage
WD10EZEX Blue
PSU
Cooler Master Vanguard 750+ Gold
RAM
HyperX Predator 2x8GB // 3200Mhz
Video card
Asus GTX 1060 6GB
Mouse
SteelSeries Rival 310
Keyboard
Gigabyte K85 Mechanical RGB
Monitor
Benq RL2455HM
OS
Windows 10 Pro
Дали има некој успеано некој со basic QoS ова да го заобиколи? Пример да линитира кај него брзина на карикирам да се проба 200/200, 250/250 и да зголемува дали ќе го прави истото. Знам дека не е идеално да али идк чисто идеа давам да се проба.
Ништо не помага, џабе ќе бараш workaround
 
tomskibt

hello world
12 јули 2022
109
86
Имам мака со телекабел, преѓе се јавив да ми дат Public IP и таја таму ми рече океј ресетирај модем, е сега од ко ресетирав модем цел ден немам интернет, се и сешто пробав, ресетирав, поврзав, преку рутер на модем дирек, изгасив firewall, се јавив 3 пати тој од таму ми рече дека се е океј од нивна страна, дури и дека тој ресетирал нешто од таму. Модемот добива public IP адреса ама не можам да пристапам до интернет никако.
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

На врв Дно