1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Телекабел оптички пакети

Дискусија во форумот 'Телекабел' започната од pipelin, 4 Јуни 2018.

  1. TexasUS

    TexasUS
    Gaining Experience

    190
    109
    25 Февруари 2017
    Машко
    Вака сега, добредојдена е секаква дискусија само ќе ве замолам поткрепена со факти.

    Чисто ме интересира, во периодите кога имаш загуби, отвори повеќе тестови. Направи traceroute до некој сервис (гугл или до кој пингаш) и пингај ги и ИП адресите (па и локалната еве 192.ххх која и да ти е), посебно првите истовремено. Претпоставувам доколку е до оптиката ќе јави веднаш после локалната загуби.

    Бтв, не знам не сум сигурен но мислам дека сообраќајот после ТК иде кон Неотел па кон надвор Франкфурт мислам.
     
    Последна промена: 3 Април 2019
  2. Rukfash

    Rukfash
    Gaining Experience

    361
    185
    24 Јануари 2019
    Машко
    Не ме занима
    Да, ја мислев за мобилен е. Па коа е оптиката у питање исто сум на телекабел, за неа ама уопште неможам да се пожалам. На 20/30 сум и цело време си тера на максимум. Се зависи од тоа во кој град и кој реон.
     
  3. Skorp

    Skorp
    Gaining Experience

    310
    240
    25 Август 2016
    Машко
    Друже, брзината може и 1 gb/s да биде па пак да е џабе ако сака да гејма онлајн. Битно е да нема packet loss и да има добар и стабилен пинг.
     
  4. smole

    smole
    Unstoppable

    2,926
    3,277
    18 Април 2007
    Испрограмирајте едно RPi што ќе мери брзина, пинг, packet loss и слично константно, се нафаќам да го ставам кај што имам ТК оптика еден месец па ќе ги видиме заедно резултатите после.
     
  5. toplel

    toplel
    On your way to fame

    553
    550
    18 Август 2016
    Машко
    Спушти PingPlotter, пингај на јавната IP адреса на гугл симултано цела рута едно 200 до 500 hop-а и прати го резултатот овде. Да се увериш дека имаш минимум (best case scenario) 10% загуба на пакети и латенции до 500ms. На WireShark имаш уште подетални информации, ама не знам колку е корисен бесплатниот план. Телекабел влечат интернет од Неотел (мислам целосно?), а Неотел се епицентар на загубените пакети. Не сфаќам како (Телекабел и Неотел) ги вработуваат тие во „техничка поддршка“ кога процесот за решавање проблеми се сведува на:

    • Добар ден, *Именка Презимоска* тука, како може да ви помогнам?
    • Здраво, имам проблем со огромна загуба на пакети интернетот не фунционира како што треба
    • Господине немате никаков проблем на линија, брзината е како што треба
    • Сфаќам дека брзината е во ред, се јавувам да пријавам дека губам голем процент пакети. Собрав информации да ви ги кажам IP адресите кај шт...
    • (отсечно) Господине сѐ е во со линијата не гледам проблем, пробајте исклучете го модемот и рутерот од штек и уклучете го за 3 минути
    • Немаш опција се јавуваш после 5 минути се надеваш дека ќе добиеш соодветен оператор (не се случува)
    • Repeat ad infinitum
    • Стегаш диазепам со ракија уз онлајн игра по избор и индиферентно зјапаш кај шо ти пишат: EZ LOL
    • Гуглаш на Tor Browser "10 easiest painless ways to die", не ти го пушта пребарувањето ради загубата на пакети
    • Мислиш дека е чудо Господово инаку зошто баш во тој момент не би пребарало нели? xdd
    • Се пријавуваш за ѓакон во локалното црквиче си живејш happily ever after
    Шала на страна, Телеком се класа над сите. Штета шо немаат разгрането мрежа колку што имаат другиве оператори, а тоа се должи на фактот што квалитетна оптика значи квалитетна (скапа) мрежа, а веќе доминантен дел од пазарот е обврзан со кооперации од типот на Неотел и Телекабел, така што вложување во оптиката за нив е неисплатлива во моментов. Од недоволен надзор на одговорните за контрола на квалитетот електронските комуникации сме доведени на ова дереџе.

    Впрочем, дупка во оврзникот (протоколот) за квалитет на овие услуги е тоа што загубата на пакети никаде не е евидентирана. На секој договор се обврзани да ги достават наведените* брзини во (мислам) 90% од времето зошто голем дел од населениево го оценуваат квалитетот на интернетот по тоа колку брзина имаш. Пошто нели, колку побрзо толку подобро. Остај ти шо џабе имаш 100/100Mbps кога пакетите не стигнуваат на време и чекаат нов циклус (освеж) па не мојш да гледаш стрим од 720p/60FPS без латенција од една-две минути до серверот.
     
    Vlecka, Skorp, Mr.Jack и на уште 1 им се допаѓа ова.
  6. TexasUS

    TexasUS
    Gaining Experience

    190
    109
    25 Февруари 2017
    Машко
    Од каде ова со Неотел? Најсериозно, не сум запознаен со нив, од неколку пријатели што имам слушнато велат ОК се. Инаку да, и од мобилната на Телекабел и од фиксниот нивен интернет од кај ТК сообраќајот до Неотел оди сигурно.

    Затоа и го пишав тоа да прави тест до сите hop-а да види каде најпрво губи.

    Како што знам Неотел има директ линк до Франкфурт и целиот сообраќај право таму оди, а исто имаат со др сервиси директен пиринг.
     
    Последна промена: 3 Април 2019
  7. mviktors

    mviktors
    Practice makes perfect

    957
    1,288
    25 oктомври 2012
    Машко
    Брка ли работа овој резултат?
    ping Google.png
     
  8. Sukhoi

    Sukhoi
    Practice makes perfect

    1,689
    1,133
    16 Јуни 2010
    Машко
    Не влечат само од неотел, ниту пак неотел има проблем со загубени пакети. Не можеш таков заклучок да извлечеш поради тоа што губите пакети, а не сте у мрежата на операторот. Еве кај мене е перфектно(неотел), не паметам кога последен пат сум имал packet loss.
    Баш напротив, среќа е што уопште други провајдери и покриваат GPON а не само телеком, зашто ако они само правеа мрежа цените ке отидоа у небо а најверојатно и не би ги имале сегашниве брзини. Која среќа што на пазарот има и помали провајдери градски и поголемите вип,неотел, телекабел инаку лошо би било за сите наш и за развој на пазарот воопшто.
     
    Последна промена: 3 Април 2019
    На TexasUS и Astraion им се допаѓа ова.
  9. toplel

    toplel
    On your way to fame

    553
    550
    18 Август 2016
    Машко
    Губам пакети само на нивните IP адреси низ целосната рута без разлика која е крајната дестинација. Во пракса, доколку имав загуба на пакети предизвикана надвор од нивна надлежност тогаш ќе имав загуба на пакети на крајната дестинација, како и на дел од пропратните „отскоци“.

    neotel.jpg
     
  10. Sukhoi

    Sukhoi
    Practice makes perfect

    1,689
    1,133
    16 Јуни 2010
    Машко
    Тоа е edge рутер којшто не дава приоритет на ICMP пакети, на крај како што гледаш нема загуби. Истото се случува и кај мене, нормално работа е тоа.
    Еве ти добар guide за пинг плотер. Доста корисен програм за дијагностицирање на проблеми од другата страна. Како што видиш во guide-тот баш првата точка го обработува твојот погоре "проблем".
     
    На bkyceh и toplel им се допаѓа ова.
  11. toplel

    toplel
    On your way to fame

    553
    550
    18 Август 2016
    Машко
    Зошто сметаш дека е нормална работа и зошто не се случуваше на бакар интернет од Телеком? Загубава е приметлива на игри, страници шо се рефрешираат пофрекфентно, чест buffering на стриминг и drop-out во конекцијата. При CMD traceroute, pathping, ping обичен и слични команди пак дава загуба.

    Сме се нашле во слични дискусии и претходно и сметам дека имаш големо познавање во сегментов па предложи соодветен метод за тестирање на загуба на пакети па да пробам со тој зошто немам лиценца од WireShark. Имав соодветни информации пред четири месеци ама Телекабел не сакаа да ме поврзат со техничар од повисок ранг за да ги прочита, дијагностицира и евентуално поправи.
     
    На Sukhoi му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Sukhoi

    Sukhoi
    Practice makes perfect

    1,689
    1,133
    16 Јуни 2010
    Машко
    Баш овие недели учев Cisco QOS (class-maps, policy maps, service policy) на факсот ама не наидов на информации во книгата зошто провајдерите го прават тоа. Инаку од аспект на изведување, многу е едноставно, правиш class-map каде го селектираш ICMP сообраќајот, после бираш начин како со policy maps да го средиш и после apply на одреден интерфејс на рутер. Ама стварно не знам зошто би правел такво нешто. Прво што ми паѓа на памет е тоа да се избегне оптоварување на рутерот од констатно враќање одговор на такви пакети, ама пак денешниве рутери се доста моќни па не гледам резон за тоа.
    Кај PingPlotter најважно е доле да немаш загуби, и последниот резултат е меродавен. Ако кај еден и неколку хопа имаш загуби, ама накрај си чист како во твој случај, нема проблем, 100 посто.
    Инаку да напоменам,испод еден traceroute има многу повеќе рутери од оваа, ние гледаме само јавни адреси така да испод се случуваат уште покул ствари што не може да ги видиме.
     
    На toplel му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mkiptv

    mkiptv
    Gaining Experience

    378
    176
    28 ноември 2014
    Машко
    Здраво дечки, дали телекабел почнува да блокира IPTV сервиси?
    Земав еден тест за iptv и се објаснуеме со дечково дека не му чини... и ми даде милион докази дека се е у ред. Ок викам, ај да пробам преку 4G и така работи. Пробав со DNS така воопшто немам интернет. Некој инфо зошто? Пробав се, рестарт бла бла... нејќе.
     
  14. Mar tiN

    Mar tiN
    Gaining Experience

    502
    350
    2 Јануари 2014
    Машко
    Optic 20 - Хиподром 2
     

    Прикачени датотеки:

    На ТАТА_МАТА и Sukhoi им се допаѓа ова.
  15. pipelin

    pipelin
    On your way to fame

    1,147
    701
    8 Мај 2010
    Машко
  16. Balanar

    Balanar
    Practice makes perfect

    1,012
    1,056
    6 Декември 2016
    Машко
  17. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,956
    3,953
    18 Септември 2013
    Машко
    Еве само шо ставија кај девојка ми оптички 20/20 и иако и рекле дека у цената за приклучок има и wifi модем/рутер на користење монтажериве ме уверуваа дека не следува и дека немаат таква опција. Свашта. Како може така дезинформации?

    Испратено од s8+ преку IT.mk форум апликација
     
  18. Balanar

    Balanar
    Practice makes perfect

    1,012
    1,056
    6 Декември 2016
    Машко
    Koј и рекол дека даваат рутери? Никогаш не давале, нема ни да даваат.
     
  19. smole

    smole
    Unstoppable

    2,926
    3,277
    18 Април 2007
    Даваат ТК со оптика рутери со вифи, црни Arrow Fibre мислам дека се викаат
     
  20. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,956
    3,953
    18 Септември 2013
    Машко
    У салон и рекле експлицитно, пред да потпише. Сеа ќе идам и таму ќе прашам за недоразбирањето.

    Дечките од монтажа прашаа у штип нивна централа и после 2 мин муабет шо јас не можев да го чујам кажаа дека порано давале сеа веќе не сеа само ако стави и телевизија па коа ќе добијат нова тура од тие тв + вифи модем рутери...

    Се на се споредено со телеком (кои ги користам јас) замерки имам у ова со вифи рутер шо немаат и тоа шо не пуштаат ни лан кабел (освен малото метро ипол кабелче шо иде со модемот) до компјутер дури и коа прашав да доплатам за кабел до другата соба...

    Телеком идат со котур лан кабел и до кај сакаш ти пуштаат.

    Испратено од s8+ преку IT.mk форум апликација
     
  21. Balanar

    Balanar
    Practice makes perfect

    1,012
    1,056
    6 Декември 2016
    Машко
    Каков ЛАН кабел кога ти носат оптичко влакно? Не е нивна должност да пуштаат ЛАН кабел од ONT до кориснички рутер. Ќе ти го сместат ONT било каде во домот и ќе пуштат влакно до таму, ама ЛАН кабел не е логично да даваат зошто не е нивна опрема рутер купен од трето место.

    Не може да ти стои нивниот оптички модем во едната соба, а да сакаш да ти пуштат ЛАН кабел до рутер купен од Анхоч во другата соба. Или до твој компјутер. Не е нивна опрема тоа, утре ќе цркне нешто заради струја, има луѓе се бунат дека е заради кабелот од модемот ШТО ГО СТАВИЛЕ од Телекабел.
     
    Последна промена: 9 Мај 2019
  22. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,956
    3,953
    18 Септември 2013
    Машко
    Не се нервирај. Ко шо кажав телеком прават така. Оптичкиот кабел е осетлив и кај шо е разводната кутија таму ставаат и модем. Не пуштаат преку 2 соби оптичко влакно ако имаш вградена инсталација у зградата. Можда би пуштиле ако инсистираш ама после шо ако се сопкаш или го газиш. Нема да трае ќе треба неделно да ги викаш да го заменуваат.

    Како и да е правев споредба меѓу 2 компании. Едната нуди таква за тебе нелогична услуга и дава и вифи рутер (ти ги обезбедува сите потреби) а другата ти мести модем и ти вика за понатака снаоѓај се.

    Не те нападнав или нешто само сшоделувам импресии.

    Испратено од s8+ преку IT.mk форум апликација
     
  23. Balanar

    Balanar
    Practice makes perfect

    1,012
    1,056
    6 Декември 2016
    Машко
    Не се нервирам, немам никаква врска со Телекабел. Еве и овие давале вифи рутер, како што вика Смоле, не сум знаел. Зошто не даваат повеќе - кој ги знае.
     
  24. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,956
    3,953
    18 Септември 2013
    Машко
    Па евтин о добар пакет имаат ама изглеа не им се крати профит за да даваат бољи уреди. Ама бар со 500че доплата можеа да нудат или слично... не е битно. Треба да ги апдејтираат продавачките бар да сите се сигурни кои пакети и дали имаат вифи опција. Дури и на сајтот барав не пишува. Инконвинијнс е вака трчав сеа да купувам рутер непланирано. Иначе нетот делува добар дури и 26 мегаботи аплоад даде на спидтест. 19мбити даунлоад. 2мс пинг.

    Испратено од s8+ преку IT.mk форум апликација
     
    На Balanar му/ѝ се допаѓа ова.
  25. Mar tiN

    Mar tiN
    Gaining Experience

    502
    350
    2 Јануари 2014
    Машко
    Kaj mene stavija wifi-modem ured
     

    Прикачени датотеки:

    На smole и toshex им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...