petkotrajko
poweruser
- 16 јуни 2017
- 2.584
- 3.058
Абе види, de jure и ти си во право, не дека не...Правно гледано, а и реално, сте биле известени. Ако пратеа писмо, ќе речевте кој птвара писма, ако пратеа мејл ќе речевте кој чита мејлово бе, маркетинг само праќаат. Секогаш има оправдување.
Околу законитоста, овие промени им се законски. Исто како што есм крева цена на парно на пример или на струја. Поднесуваат пресметка дека имаат зголемени трошоци споредено со 2012та (на пример) кога сте потпишале договор и одтогаш терате со истоте услови и реално, во право се.
Јас пред десетина години имав некоја претплата од 50 денари. Да, 50 денари. Со тек на време јас си мигрирав во друг пакет, не ми одговараше веќе тој ама за мајка ми беше ко измислен, секад ние ја баравме, не и требаше интернет и секад беше достапна за само 50 денари месечно. Пред некоја година стигна известување дека се укинѕва пакетот и треба да прејде во друг. Реално, бев ок со тоа, иако мораше да прејде на пакет од 200 денари мислам, што е 4 пати поскапо(!!!), ама пак ќе речам, ок бев со тоа. Доби пакет кашто и она сега имаше неограничени разговори и плус интернет па така кога бев во странатво можев да ја барам на вибер и кога ќе пресметам дури и поефтино ми искача само со тас заштеда што она доби интернет.