patton
read-only
- 11 јули 2024
- 6
- 0
Здраво на сите,
Се надевам дека сум на вистинско место за вакво прашање.
До сега сум работел на помали фриленс преокти - некој лендинг пејџ, мал веб шоп, едноставни апликации. Но скоро ми се јави клиент, организација од Македонија со 10000+ членство, и она што го бараат е на сосема друго ниво од она на што сум навикнат.
Станува збор за проект - веб платформа + мобилна апликација (iOS и Android) со некаде околу 6-8 модули (со можност за надоградба со нови модули во иднина) — регистар на членови, комуникација и известувања, аналитика и уште некои работи. Мобилната апликација ќе служи како дигитална членска карта.
Проблемот е - немам поим колку да барам т.е. како се одредува цена за ваков проект. Со малите проекти некако интуитивно ја одредував цената, но сега кога гледам ваква спецификација, буквално не знам од каде да почнам. Се плашам и да не го преплашам клиентот и да не останам кус на крај.
Како вие пристапувате кон вакви проекти? Фиксна цена, и колкава би била проценката? Го земате ли предвид типот на клиент и локалниот пазар? Колку cost buffer ставате за непредвидени работи?
Фала однапред на секој што ќе фрли совет.
Голем поздрав!